Па пр. Игра со количињата ќе ги паркира па ќе ги вози и ќе игра вака некој 5-10 мин. Па после ќе ги собере на куп и ќе ги буричка само и ќе си бабла нешто не разбирливо. Или игра со диносауруси ќе кажува како грчат ќе си трчка со нив и после и нив ќе ги расфрла од едно на друго месѕо подолго време. Друг пример ќе си бои ќе чкрта па пак ќе ги собери на куп боичките и ќе ги буричка. Ова го прави од време на време периодично. И исто на вечер пред спиење е хиперактивен ова ваљда е нормално незнам. Ама сакам да си прашам.
И мојот е хиперактивен и тоа многу, така кога е ептен по препорака му давам б6 и се смирува. Со играта вака мислам дека нее никаков проблем дали има премногу играчки на куп па си ги меша. Или сака да игра уште па снемува концентрација и трпение и ги буричка се нервира. Мојот така нешто во играта не му успева и се нервира вика.
Колкаво на возраст е детенцето? Ние сме 21 месец и е премногу активна, брзо и здосадуваат и играчки и се. Премногу трча и се качува по столови по маси .... Каков Б6 даваш и од колку може да се дава ?
Кај нас се смешаа 3 јазика, македонски, германски и англиски, и ја приметов дека кога сака да каже нешто на брзина се подамислува и ќр каже пр не кажува добра ноќ ми кажува гутр нахт, или мама миј раци иии wash your hand Почнува да брои на англиски и кога ја накарувам ајде мама број еден, два .. се подзамислува или дури после одреден период почнува да брои. Баш ќе ја прашам педијатерката за билингвалните деца.
А може да ми кажете што едукативно правите со децата точно? Бидејќи освен сортери, и и пишувам пример бројки па да пробува да чкрта, учиме бои, животни се, читаме, ама што плус? Неа додуша активностите дома само со тетратка не и држат некое внимание, брзо смислува ново нешто да сме правеле. Надвор бевме нонстоп ама сега многу дува (на ветер не ја носам надвор попладне), буквално ко смотана се осеќам, не знам да го анимирам детево овие 2-3 дена... 2 год и 3 месеци е, ја сметаат прематурче, зборува скоро се, приказни раскажува што се вели, кој се бил во шумата, што тие јаделе пример, сврзува цели реченици ама во последно време ќе зборува зборува и нема да и текне нешто па ко да се задткува (појасно да објаснам, ко во средно ко ќе не прашаа нешто па не знаеш и следи ееее, ааа ), не може да се доискаже и се замислев да не е проблем нешто или пак и фалат само уште зборови? И што правите дома друго за развој, надвор ни е се истражено, пробано и изиграно. Стварно немам идеи за внатре.
Почнувам да се загрижувам за моево ѕверче.. 2 години има уште не зборува салам. Има доста ограничен фонд на зборови. Животни секако имитира, најблиските ги кажува (мама тата баба деде тие секако, но и од пошироко семејство имињата ги знае и ги кажува, поедноставните точно, другите си ги упростува). Моето име скоро точно го кажува кога ќе го прашаш како се вика мама, неговото исто по негово го изговара, потешко му е името. Кажува уште по некој збор чат пат, за омилените играчки исто си има имиња, блиску до вистинските поими. Неколку глаголи знае исто, бања, нана.. Инаку комуницира и наоѓа начин да си каже што сака иако има многу ограничен фонд на зборови. Ќе ми каже нешто што знае да изговори, а е блиску до тоа што наумил и јас почнувам да нагаѓам, како асоцијација да играме, ми одговара со да, не и се разбираме. Не повторува зборови. Повторува уствари, тоа што си знае да го каже и му е безбедно. Некогаш го гледам пробува да каже ново зборче, ама ако не му оди, како да се откажува. Инаку е тежок карактер и многу своеглав, па верувам дека и тоа има удел во неговото незборење. Кога се носи на евалуација дете? Си слуша наредби и учествува, ама еве не се пушта да каже нешто ново..
Потполно исто, месецов уште 5 6 збора има по нејзино но разбирливи скоро сме 2 години. Се ме разбира и исто одговара со да не така и е полесно. Ја запишавме во германска градинка и сега скрос и е хаос ама си давам некој месец фора па можеби би ја однела на логопед.
Во разговор со педијатар ми кажа да почекам до кај 2г.и2м за поврзување зборови. Одма после 2 роденден се пушти и кажува веќе реченици. Знам дека 'по теорија' треба да сврзува на 18 месеци, ама во пракса многу е ретко тоа. Во градинка во јасли имаше девојче на 18 месеци збореше со реченици и баш коментираа учителките дека е баш ретко тоа. Не си ставај товар. Ако има фонд на зборови до 2 роденден сигурно ќе почне да сврзува. Дај му уште мссец, два фора со постојано зборување. Буквално преку ноќ прозборе син ми околу 2 роденден.
@Lovebug01 па вие супер сте биле со зборување. Тука ни се негде децава некоја недела разлика 15 месеци прави моево сега, многу помалце кажува од ова ти што го наброи тука. Ги знае животните и ги покажува на подлогата, знае како прави кучето мачето,овцата и кравата.Толку,до тука со животните. Вели само мама, и баба. На име не не кажува иако само му повторувам како се викам, и не ми е тешко името за изговор, ама не. Да и не не кажува. Знае да ме имитира,знае да ме,,чешла'' знае да ја гушка перницата кога му велам ,, нано''. Сликовници многу не сака иако упорно му вртам,му покажувам, го терам да покаже со раче.Најчесто сака да ги расфрла по дома или ако се танки страници да ги кине.Затоа само со дебели му купувам. Не знам дали да се загрижувам со зборењево , ептен вежбаме дома, цртани гледа само наутро додека спремам појадок,после исклучувам или пуштаме некои песнички. Мм вика џабе паничам. Ме теши @KuklickaSk што вика преку ноќ прозборело.
Нормално е да си загрижена, мајка си. Ама ако детето следи насоки и наредби на 15 месеци немаш причина за грижа. Еве од форумов од сите деца родени 2019 со кои 'заедно растеме', дали две имаат прозборено по книга на 15, 16 месеци. Не викам дека не треба да зборуваат тогаш, туку, во пракса, сите различно се развиваат. Ако не кажува ниеден збор до 18 месеци, или стагнира до 2 години, секако дека ќе го однесеш на проценка, ама на 15 месеци искрено мислам дека нема потреба да се грижиш ако те разбира што му зборуваш.
Да бевме. Краток беше прегледот ми рече дека нема што да прегледува. Ако нешто не било во ред од врата се гледа. Нема потреба за голема загриженост меѓутоа кога така се понаша со играчките да го спречувам за да не му стане навика.Ми напомена дека фокусот му е мал и да пробаме со градинка 2 -3 месеци ако треба може стимулација само за тоа. Ама да почекаме барем година и пол да направи па да се јавам да кажам. Исто ми рече дека е мн разгален и да бидам малку по авторитетна спрема него.Ова беше во кратки црти напишано...
@KuklickaSk, @Lovebug01 мене повеќе ми беше поентата да кажам дека детето е мало за да врзува реченици сеуште. Нкеаде накај 18 месеци почнува тоа да се случува. Секако може и покасно да се јави или порано. Ама ако детето на 14 месеци има солдеин фонд на зборови (као детето на @Lovebug01) нема простор за загриженост. Ќе сврзува реченици кога ќе му дојде време и со стимулирање на истите.
Леле, ист е и мојов. Ако му речеш повтори, нема шанса, ко да си му кажал обратно. Некои потешки зборчиња ги кажува, а нешто полесно никако, но нема голем фонд на зборови. Уште не оди во градинка, дома се чува со баби и дедовци. За зборување сите му зборуваме, ама ете таква е ситуацијата. А за разбирање, се разбира совршено. Не знам како да му помогнеме,почнувам да се секирам. Знам дека може да се пушти во секој момент, ама кога ќе биде?!
Да така и на нас ни кажа дете со проблем од врата се гледа. За фокусот ние одма почнавме он е малце поголем 3 сега наполни. А од градинката никаков бенефит не видовме.
Па и јас сумљам за градинка ама па никогаш не ни бил, па може да смени нешто. Ќе пробам на пролет. За фокусов ќе се трудам јас овие два месеци па ќе одам пак на контрола. Ако од прилика знаеш што работат за стимул можеш да ми пишеш лп.
Читав доста. Еве ќе те тагирам и тебе @monik55 . Не е специфично за темава но сепак секое развојно поле е поврзано и со зборувањето. Кај тодлери до 3 години фокусот на одредена активност изнесувал од 3 до 6 минути. Е сега кога се во нова средина , нели е нормално да сака да фати повеќе работи да сака со сите наеднаш да игра ? Па да ги истражува ? Пр. Дома син ми знае и по 10 минути да си игра. Еве кога играме со пластелин ништо друго не фаќа играме со тоа додека приметам дека веќе му здосадува. Потоа кога вози количиња исто подолго време го прави тоа. Не скока на други играчки. За концентрација исто така има затоа што кога вртиме по сликовници ме слуша и ми покажува се што барам да ми покаже. Или кога ќе го прашам нешто ,присутен е. Дали во предвид се зема јасна слика кога детето е во НЕпозната средина ? Има ли некој одговор на ова ?
17 м. Тао (чао) ,даво (здраво ама само кога неа и одговара пример ако сакаш да и земеш нешто а не сака да го даде ја подава другата рака и вика даво) мама ,тато, баба ,бебе ,на и за дај и за на , џиш , цитѕе ( кога и се цица ) ,нан нан , Ниш Ниш, ѓиш (гушкање) ,бици (бакнување) маш (дедо мраз) ,пак ,ако ,ало (телефони), мац и како прави мачето ,аф аф за куче ,како прави коњ ,како прави кока (кокошка) ,му за крава , таву (таму ) ,тапа (капа ) ,тоапи (чорапи) ,беч (облечи ,соблечи) ,ам кога и се јаде, шмука со устето кога и се пие ,бана ( банана) ,опа ,чуч , како понекогаш го откачува , да ,не го користи само кога прави глупости , балу (балон ), бо (се останато што има форма на топка ) . Многу сака музика и игра кога и да слушне. Кога ќе и се рече ќе одиме надвор носи јакна и капа , да и бараш да донесе што и да е носи ,се качува цело време на се и сешто ,пример на крем. Ама ме загрижува тоа што се тепа себе си ,нас , играчки треска од земја . А ако има некој непознат само во мене се пика и не мрда а не па да изведува. Пишував и во други теми баш за ова ,некако долго време ми трае како за период....
Ќе ти кажам како родител на две деца а не како експерт - супер е твоето девојче. Има фонд на зборови , супер е што слуша команди, предобро е тоа што игра на музика. Има и ономатопеја ,баш е супер. Супер е и тоа што се пика во тебе. Во тој период најмн ја бараат мама. Е сега за тоа другото. Дали си забележала кога се мава себе си ? Зошто го прави тоа ? Зошто треска играчки од земја ? Дали е можеби поради некој револт ? Дали е тантрум ? Баш е сега во тој период. Сите деца се различни можеби така покажува револт. Или негативни емоции. Можеш за да си мирна да разговараш и со вашиот педијатар ама вака по се што пиша девојчето е одлично.
За во центарот прашуваш? Се проба едно по едно, во базенот на лизгалката, сортерите тоа како љуљашка што е. Ама се задржуваше по неколку мин. Му дојде како во игротека да е се убаво наместено ново место за него.