Не ,општо прашувам, дали не е тоа нормално да дете кога е во нова средина да се понаша малку поинаку од дома. Кога ќе види нови играчки не е ли нормално да сака со повеќето да игра во краток временски интервал ? Дали е тоа доволно стручно лице да кажи дека нема фокус детето. Едит: мене баш тоа ми го посочи ми рече еве види од една на една играчка оди. И син ми се испроба баш како во игротека. Во базенот, сортерите, зидните играчки.
Фала ти Се удира кога ќе ја искараме ,кога нешто не може да направи некогаш се удира сама некогаш удира по тоа што не може пример замислила коцка дека ќе стави во тоа тањирче а не ја собира и или сама ќе се удира или коцката ќе ја фрли. По нас удира најчесто кога ќе дојдам од работа прв пат ко ќе ме види веројатно од радост. Ама може да се случи и на сред цицање да се удира. Прво мислев за тоа удирање кога ќе ја искараме да не ја тепа свеки (она ја чува ) ама еве мм месец дена е дома на боледување беше она пак прави така. Ако е поврзано со забите па ,ама не се удира да речам само по образи па да е со забите поврзано Педијатарот ми отиде во пензија а тука баш педијатар немам други семејни лекари се ,приватен ако не да барам
Се е ова нормално што го кажа. Удирањето е причинско. Зборувај да не прави така, објаснувај дека не е убаво да ги мава другите дека ги боли и т.н
И мојата се удира кога нешто не и е погодено. Дури знае и по подот да лежи и да урла ако нешто не е по нејзино
Мојов не се удирал сам себе, ама кога ќе се налути обавезно удира играчки или што му се најде од земја. Читав и јас за тоа, во принцип не знаат како да се справат со емоциите и затоа удираат. Нас не мава исто периодов, тоа мислам дека му е игра зошто се смее кога го прави. А кога ќе види дека не изнервирал најсреќен на свет е . Сосема нормално ти е детето според мене, исто како и сите на таа возраст.
Ве молам за совет препорака за логопед и дефектолог... 3години има мора да работи со некој не зборува И искуство некој со училница даскаловски?
Синко уште десетина дена и 20 месеци. Зборува мама, тата, баба, тета, деде, брм брм, папа, не, да. Ми е страв тоа да не е малку за неговата возраст? Ако има некој искуство на оваа возраст нека ми пише. Да знам дали да превземам со време некои работи? Благодарам однапред.
Исто, плус некој збор Сега е 2г,се консултирав со логопед, вика дека сега треба да се пушти со зборчиња најмногу. Многу вежбање по дома и така. Тоа е моето искуство до сега. Мислам дека ќе биде и тоа зошто совршено разбира се што му кажуваме.0
Читајќи низ темава, баш се загрижив повеќе од тоа што баш се секирав. Малиов ништо не кажува, каков фонд на зборови пишувате сите. Само ам ам за јадење, на за топче, буу за правосмукалка. И толку. Какво мама, тато, баба, деде, ништо. Кажува баба ама не со значење, така си бапка. Само вика и покажува ако сака нешто, се нервира. Знае која е мама, кој е тато, но не нè именува. Инаку сè разбира, брзо учи и памти, имитира постапки, слуша наредби. Некој совет? Да барам помош? Има 20 месеци.
Мојот плус мама, тато, тета баба дедо и името си го кажуваше. Со целосно зборење и чист говор почна сега. И тогаш се консултирав со логопед викаа само стимулација и сам ќе се пушти. Да си бидеш ти мирна конслутирај се. Пишав јас го носам во Тимот А. Побарај ја Викторија на телефон она ќе ти каже што и како.
Ништо.. ако основни мислиш мама тато ..не... распознава букви некои да ги види ако читаме и да ги каже некои , вика за азбука агуга , повеќето и е на г изговор тоа што го кажува, вика чао некогаш ама и тоа е гао, сега почнавме и пољупци чат пат да праќа кога сака, сега ја приметив дека некогаш вика не ама го изговара ме, си збори нешто по нејзино измеѓу ..знам да ја слушнам нешто дека ни објаснува или дека збори ама мн нејасно и брзо и дур ја скопчам дека уствари има тоа некое значење ќе се изнервира.... вежбавме мама да каже и покажував накај мене викаше мама ма така си го изговара, ако читаме или ако гледа нешто знае да го повтори некогаш зборчето ама сама да зборува како дечиња на нејзина возраст за жал не Веќе закажавме во училницава ќе пробаме неколку часа да видиме како ќе оди... затоа барав мислење да не губиме време веќе .. Сакавме и порано да работи со некој ама викаа почекајте до 3 ќе се пушти не ми е јасно пуштањето како функционира без работа
Дефектолошка проценка прво ќе направат за да се увиди проблемот па после со часови. А наредби извршува и се врти на името?
Наредби извршува ама она кога сака, кога не сака знае да биде тоа се драматично со трескање од земја плачење фрлање ствари играчки, иначе помага по дома празниме машина за садови, знае кое каде стои, знае дека треба во градинка да оди си ги зима кондурите шал капа сеа чека да ја облечеш ама знае што следи, зима четката за заби демек мие па не гледа што правиме... на име ретко се врти, ако и свикаш или по слогови ако ја викнам некогаш, пробувавме и името да си го каже тешко и одеше не ги погодува буквите и се нервира.. Бевме на проценка ни рекоа дека касни многу со зборување може година ипол и повеќе и мал дел од фина моторика и самостојност, другото е во согласно возраста.... се спремам и психички колку долго ќе треба да се работи и дали ќе има напредок дека мн доцни со зборувањето.. знам за случаи кај што почнуваат од одма нели цели реченици ама мислам дека нема да биде тоа кај нејзе така
А дали имате проверено слух? Или проблем со трет крајник? Прашувам заради ова што пиша дека кога ќе и подвикнеш или слог по слог и го кажуваш името. Ако генерлно нема проблем со доцнење во развој во други сфери ќе се работи со дефектолог прво на реедукација, па после и со логопед или може истовремено. Треба многу работа и трпение, за жал имам искуство со доцно прозборување кај дете и некогаш е многу исцрпувачки и фрустрирачки и за родотелите и за детето, ама освен работа и време друг начин нема.