Моето има 22,5 месеци. Последниов период, недела дена ептен се заинтересира за зборување, брбма, повторува по негово, ама сум поопуштена бидејќи гледам желба за учење кај него. Има следен фонт: мама, баба, кола, ѕид, ам ам, був, ги имитира животните. Особено ми е така повпечатливо што ги кажува последните букви од зборовите, првите букви ги испушта, особено за кратки зборчиња. Пример: за дедо мраз - аз, мед -ед, воз- оз, кок за сок. Се надевам по роденденот ќе има напредок поголем.
Изгледа нормално. Е даа не мачи нештп нас мајките.. Ние сме 19 мес и говор мн напредеен иммаме сврзува зборови.. За тоа што кажива по двебукви тоа е океј и кај нас такаа беше ама после сси почна цело.. Само цел збор каѓување.. Кај нас за мајмун викаше ма.. За банана бан за топка та.. За пиле папа.. Ама сега убааво си ги кажува.. Мене ме мачи пример кога преспива дење и стани и одма дали ссонува и одма кажува нештп... Сега ее опседмат со маша и медо саамо ги гледа и само шго стане одма маша медо дури како исплашен.. Или риба дека...
дете 3 години и 10 месеци возраст, по направени детални анализи на крв, ЕЕГ, магнетна резонанса, доктор генетичар по видување на резултатите кажа дека има покачен хомеоцин во крвта, на детето му недостасува фолна киселина. Сега предлага да се изврши испитување комплетен неурометаболички тест и теста за неуротрансмитери. дали некој има вакво искуство.
Да не мислите на покачен хомоцистеин? Зошто покачено ниво на хомоцистеин во организмот укажува на недостаток на фолна киселина и на В12 и В6. Претпоставувам сте во процес на дијагностицирање, така што направете ги испитувањата кои ви ги препорачал генетичарот.
Здраво, Дали имате искуство со проценка, во Калинка, Гаспар или Даскаловски од кој сте задоволни?Бевме во Центар за стимулација, раст и развој Старс, и ок се, беше само консултација, ни рекоа дека е во ред со детето, нема потреба од дополнително испитување. Детето е 2 години и 3 месеци, и не зборува, само мама, тата, баба, деде, дете... и не баш со значење. За се ме фаќа за рака и ме носи до местото што има потреба. Доколку имате некои искуства пишете. Ви благодарам!
Имаме правено и во даскаловски и во кслинка и од двете места сум задоволна со проценката, во калинка ти е и др олга јотовска така да може и она да го зирне убаво детенцето и кај нив се праи проценката 3 дена, а кај даскаловски во 1 ден
Дали може да споделите колку време трае проценката? Исто така што сѐ содржи извештајот кој го добивте, на пр. кај Даскаловски? Ние бевме на проценка во тимот А, ама беше обичен разговор, траеше 40тина мин, наредби упатени кон детето и слично, и не добивме писмен извештај туку само препорака за тоа колку често би требало да се работи со детето за напредок во говорот и сега не знам колку беше релевантна проценката.
На писмено добив детално за фина моторика груба моторика говор совијални вештини, во секој сегмент што задоволува што не, на која возраст секој проценет сегмент се однесува, што треба да се совлада итн, околу 3 страни имаше
До втората година не зборуваа. ништо. Бевме на логопед. Не се препорачува пред трета година ама бевме. [предвремено родени] Супер поминавме. Научија некои гласови, вежбавме прво крупна моторика ама пред се Јас научив мобилен никако. Сега супер комуницират. 4 год и вежбаме ситна моторика. Има давам да чистат ориз, за ми наденат конец во игла
@srekice и останатите мајки на деца со слаб говор. Најдобронамерно ви препорачувам градинка. Синко оди две недели, една цела поточно, оваа не оди заради настинка. Има многу голема разлика. Почна да врзува и по 3-4 збора и почна многу да збори. Сам си почнува муабет.
Мојава оди во градинка од 1г, па ем касно прозборе, ем со куп тешкотии во зборувањето поради неправилно изговарање на букви. Јас од 2ипол им досаѓав во градинка со тоа нејзино незборување, ми викаа да чекам. Чекав и на крај сепак на 3ипол год ни рекоа да си посетиме дефектолог и логопед поради незадржување на вниманието и слаб говор. Без логопедот ништо не правевме, зошто има голема тешкотија со одредени букви и тие само со вежби ќе ги совладаше. Голем број букви се во прашање и затоа е неразбирлива, иако се труди сега да зборува. 4г и 3м е моментално и вежба веќе од Септември со логопед и има напредок, но има сеуште доста работа Е јас друг проблем имам што не сака дома со мене да соработува. Во тетратка и пишува логопедот се што треба и јас треба и дома да вежбам со неа. Ама кога ќе ја земам тетратката одма бега, кенка, се жали уморна била, не сакала. Сум пробала на сите можни начини, па демек ќе проба ајде и воопшто не се труди тоа да го изговори како што треба, па со плачење и лигавење ми влече зборови.... Поради ова и ни оди процесот и поспоро...
Јас таа опција никогаш не ја затворам. И јас сум одела на логопед за две букви. Логопед е помош, мене не ми е табу. Ама кај син ми ете има ефект што почна со градинка. Од поврзување два збора премина на три па и четири, некогаш пет. Има нечисти зборови ама се труди. За чекај велеше текек сега вели текај.
Ќе се пушти, битно е што се труди да комуницира. За тешкотиите затоа е тука логопедот... Мојава на 3+ почна да сврзува зборчиња за реченица, но зборчиња кои само мама ги разбираше Сега зависи што ќе каже, може некогаш одма да се разбере, некогаш ни јас неможам да ја разберам. Битно што од Лала, дојдовме на Сала, па ќе биде и Сара, па и други зборчиња се почисти, речениците појасни (Сара се вика).