Дали имате искуство со тој центар? Како се цените? Колку е времето на часовите? Ако знае и некој друг нека сподели искуство
Внук ми одеше на логопед таму и сестра ми беше задоволна многу, коректни, пристапни, си им даваа и за дома вежби и со обострана работа и труд значително се подобри говорот кај внук ми. Мислам дека плаќаа 500 денари од час
Пред да направи година почна со мам, тато, баба, деде... и после кога почна да проодува прекина скроз со зборување. Прооде стабилно на 16 месеци (на 14 почна да се отпушта...first steps) Откако прооде почна пак со мама, бабо, ајде, не... Сега има 21 месец околу 20 зборчиња кажува заедно со ономатопеи и извици мама, тато, баба, дедо, да, не (некогаш со збор некогаш со главчето), аму (таму), ајде, па (пак), або (за јаболко, портокал...), ауу ауу за кучето, знае и маче, крава, волк, прасе, кокошка, аам аам (кога вози кола) бам, бау, тао, папа, јупиии... 34+4 е роден, многу дрдори по негово, се надевам до две години да кажува повеќе зборчиња.
Нешто слично е и син ми. Уште кога имаше 2 месеци имитираше звуци кои му ги правев. Мислев ќе прозбори пред да прооди. Пред да направи година кажуваше мама, баба, дете, ете... Потоа бидна скок и се смени скроз. Почна да брбори по негово и чат-пат да кажува мама, папа, некои извици и околу 20 ономатопеи. Така тера и сега на 19 месеци, цело време е како навиен, брбори и често знае нешто што ќе кажеме да го повтори. Не ме грижи премногу затоа што се ме разбира и извршува наредби. Цело време го стимулирам со директен говор, читање книги, песнички, му поставувам прашања и исто така се надевам дека фондот на зборови ќе му се зголеми околу 2 роденден.
Да и јас тоа си велам, се разбира и извршува наредби. Така се плашев и за проодувањето дека беше помлитав седеше стабилно дури на 9 месеци, некои тогаш прават и први чекори. Но ете си прооде, сега трча. Наше е да ги стимулираме.
Ние уште месец ипол полниме 2 годинки. Многу малку зборува . Знае да каже мама, тато, баба, деде, чичко и го вика тите, ништо , дожд, памперс , капа, маче , око, нос... ама тоа кога она ќе сака. А вака да сврзува неколку збора незнае. Наредби извршува и се разбира. Во последно време бега од непознати се крие и се срами бара во раце....
Вчера додека шетавме со синко ж, фатени за раче, без да го прашувам ништо, ја слушнав најубавата реченица: Мамо некоја баба вози токак.
Се надевам ќе помине и тој период ,ќе почне да зборува . Таман од 2.5 годинки ги земаат во градинка кај нас па летово очекувам да се одвикнеме од памперс и да почне да зборува па полесно ќе биде.
Здраво мајки. Јас сум малце загрижена за моето дете, утре ќе полни 9 месеци и во последно време не гуга. Само си мрмори нешто. Све разбира, се смее на глас ама нејќе да збори. Почнува слогови да поврзува само кое е нервозен, тогаш кажува меме, мама, бебе ама тоа е баш со нервозен тон. Како да го мотивирам да почне да збори ...
Ме загрижи зошто не гуга а претходно си гугаше. На името се врти кога како, ако е нешто заигран може и да ме изигнорира а знае и да се сврти. Кога како..
Мало е ептен и нема што да те загрижува. И они си имаат моменти, мојот не гуга веќе скоро 7 месеци е ама пеее и писка колку што го држи глас.
Здраво!Да се приклучам и јас во темава.Имам дете од скоро 2 ипол години.До скоро беше со кандида во цревата.Која влијае на развој на говор.Не зборува,малку некои зборови.Повторува на пр.Ако се чешлам,ќе се чешла.Ако сака нешто да јаде,земе ме носи до местото или зема сам.Препознава банана,бебе,дома не зане сите.Беше агресивен,потемпераментен од кога е на терапија се смири.Сака песнички.Почна да игра.Прави бррм за кола.Кога чистам носи се што треба.Се знае кое каде стои.Контактот со очи е слаб. Ако му кажам нешто веднаш не повторува.По некое време.Не реагира на наредби,ретко.Некогаш ќе каже што знае еднаш и толку.На името кога како се врти. Моментално ја нема бактеријата.Оди приватно на логопед.Го носев и во завод за слух и говор.Заостанува со развојот на говор.Таму ќе продолжиме со логопед и дефектолог.Има ли некоја мајка вакво искуство?Носи ли некој дете во завод?Како сте задоволни?Премногу сум засекирана.Претпоставка на докторите е дека е се од бактеријата,несоцијализација ради коронова и тоа што гледал на мобилен кој веќе 10дена не го бара.И цртани кои е минимизирани.
Почна и тоа што го знае да не го кажува.Тантруми,пискање од сите.По препорака на педијатар направив копрокултура.Така ја откривме.