Имам пишувано. Кај неа доцнеше малку говорот, накај 3 се пушти и имаше интензивен развој (брз), па период и пелтечеше (дткаше), но имаше и отворен загриз (предните заби и беа во вис, не и се ни допираа, ниту преклопуваа и носеше неколку месеци Трејнер-нешто како силиконска протеза, спиеше и со неа). Па од кога дојдоа забите на место, она сеуште со јазик надвор испружен од навика изговараше некои букви (особено С, Ж, Ш, Ц, Ч, Ѕ и беа со јазик надвор и за нив имаше една универзална буква со шшкање) , а некои букви скроз и ги немаше. Поради тие букви, голташе и други букви во разни зборови, зависи од местоположба на буквите, некаде ќе ја изговореше Л, а некаде не, некаде ќе ги изговореше Г, К, некаде не. Она веќе се обидуваше да зборува, ама не можеше... Многу беше нејасна, ретко кој да ја разбереше што зборува.. Освен јас... Со логопедот почнаа буква по буква да чистат и сега веќе С и З и се добри, убаво ги изговара со јазикот внатре, па полека и другите ќе ги научи (Ц, Ч, Ѕ, Ж, Ш, Џ и се останати). Р буквата ја оставаат на крај, таа може да се појави и сама до 5г. До летото не користеше и сврзници, сега веќе супер ги зборува цели реченици, само што нејасна е поради неправилниот изговор на останатите букви...
Значи се разбира, само му треба стимулација да прозбори. Ако сте во можност ангажирајте логопед или дефектолог за час плус во домашни услови. Ако не сте во можност, работете вие со него. Обавезно да го повторувате она што го учи со логопедот, читајте приказни, учете песнички, стимулирајте го на секој можен начин. Корисни се и вежби за фина моторика, цртање....
Не знам дали разбира се.На име кога како се врти.Ќе му покажам нос,уста не повторува.Ако јас и дадам на куклата да јаде тој не дава.Сега го прашувам сакаш банана?Тивко рече не.Вежбам дома.Му зборам.Ќе го носам на уште една проценка ако треба.Ме збунува детево искрено.И многу,многу се плашам за него.Си викам да е аутистичен не би бил радознал.
Ќе одам два пати неделно во завод за слух и говор.Ќе има интензивен третман.Саат ипол со логопед и дефектолог.Одеше еднаш неделно во Исток.Во Април две ипол години ќе има.
Можно е да се буди ноќе затоа што има огромно подобрување на говорот? Откако почна со градинка почна и да збори, јасни долги реченици, сите го разбираат. Ноќе почна да се буди и да прави муабет, па ме бара да легнам до него, бара вода итн. Знаел да ми се буди ноќе кога е гладен, ама почна да јаде и не е до тоа.
Можи.. Ние сме 21месец скооро.... Сврзува по 4 5 6збора во реченица.. Пее песни сам кога заспива.. Кога завлече мирен е... Ама многу му е се познава.. И сакаат да учат и гледам да ме го форсирам со ништо да е се смиренп
Да мозокот интензивно се развива како што се развива говорот. Плус е возбуден заради комуникацијата и се на куп ете будење.
Тимот А за нецели 4 месеци достигнавме цели реченици совладување на сите посакувани вештини. Уште нее чист целосно говорот но има време. Морам да напоменам дека многу работиме и ние дома со него дел од денот со мене дел од денот со татко му. Градинката не ја рачунам бидејки е тргни застани.
Ти благодарам, ние имаме закажано за проценка во понеделник, па чисто сакав да си прашам. Ние одиме и во завод за говор, само што таму немале класичен дефектолог, плус се труди и да каже нешто, па ќе видиме. Се надевам ќе имаме успех. Ми рекоа 800 ден е, имаат пакети нешто ако посетува дефектолог и логопед, дали знаеш?
Колку е малото? Ние сме со старата цена од лани, логопед двата заедно два часа неделно 1200 ден плаќаме.
Здраво!Видов дека одите во завод за слух и говор.Моето е 2ги5мес.Колку што знам работат дефектолог и логопед на интензивен третман е.Како сте задоволни?