Прилично сум задоволна, само што кај моето треба повеќе работа со дефектолог, а они немале класичен таму. Па ми рекоа да си барам. И тоа го направив. Ти кажуваат што како правел, на што внимание да обрнеш
И мене солидно ми делуваат.Искрено да ви кажам јас од памет бев извадена со моево дете.Од три одења логопедот ми ја кажа нејзината проценка и се подсмирив.Видеа,слики ми праќа како работат.Моето е 2ги5мес.
Мене не ми праќаа видеа што прави таму, јас и праќав што работиме дома, зашто на почетокот синко не соработуваше со нив. После се опуштил. Па според тоа што ми го кажаа, немале. Освен приватно. Ќе видиме, Господ е голем.
Срамота, а тие што неможат да си дозволат приватно. А и исцрпувачки е. Секако дека ќе биде се во ред ќе си зборат они само стресот е многу голем.
Навистина срамота!Ама фалат дефектолози,логопеди во нашава држава.Сите работат приватно скоро.Само децава да прозборат се ќе се направи
Каде одите?Ние одевме и приватно.Испадна завод и таму го префрлив.Сите викаат трпение.Ама јас на моменти го немам.Како се да разбира,а се инаети.И таму викаат дека е тврдоглав.
Знам.Ама такво е несотаботливо.Да се научи во завод.Уште се навикнува и во градинка ќе го пратам.Таму логопедот се што ќе му каже прави.Тоа што може,што разбира.Дома кога како.А има контакт со очи.Кога сака покажува.Има зборови не дека нема.Сака деца.Ќе пукнам.
Ние одиме во завод, @monik55 мислам не. Во земјава се фали дефектолог, логопед, анестезиолог. Нема нешто што не фали. Ќе идеме утре на проценка па ќе видиме понатака.
Само јас не се пронајдов у тимот а изгледа. Читав супер коментари и многу позитивни искуства, отидов баш возбудена, а си заминав растревожена, со милион прашалници у глава и загрижена.