Не си единствена, и јас после прегледот бев разочарана, ама сепак почнавме на часови. По случајност ни се падна Ненад и дечкото ми остава многу убав впечаток, ама просторот веќе толку го испозаградија, изгледа заради голем интерес, што и во ходник малтене почнаа часови да држат. Прегужва е и сите од секаде викаат.
Јас сум ок задоволна кажав и претходно за скоро 4 месеци достигнаа многу. Син ми завршува со часовите па после ќе го следиме како напредува.
Ме збунивте синоќа тука што пишувавте и цело време на тоа мислам сега. Мислам ајде уште е мало кај мене детето ама кога читам дека некој на една година почнале да кажуваат нешто ме буни. Година и 5 месеци е сега, и уште ништо не кажува, пред да наполни година цело време викаше мама, баба, а сега веќе ништо, само нешто по негово си зборува цело време. На име кога го викам се врти цело време, некој работи ги разбира, не се, пример кога ќе му речам "ќе одиме чао" одма си ги зема патиките и оди кај вратата чека, за нешто да му побараш да донесе "пример топка, количка" кога е расположен ќе донесе, кога не, не. И сега не знам што да мислам според ова.... Има едно дете во комшии 2 години е и само мама вика до сега, па според него се водам и затоа мислам дека е уште мало моево.
Мислам дека до 3 г. и не е толку страшно а често таквите деца знаат и одеднаш да се расприкажат сепак можеш да се консултираш со некој. Или еве јас ја пратан на инста logopedski.uslugi има често совети за како да се поттикне детето на говор
Мајка, не споредувај деца плус твоето е мн мало. Побитно е се друго да е во ред ,како контакт со очи, да се врти на име ,да разбира. За команди не очекувај се да исполнува иако се тие деца си имаат и карактер. Сега како расти така и ќе се инаети. Ти прави и интересно да му е кога му командаш. Прво треба да го посочиш што да направи па како расти понатака треба и без посочување тоа да го прави. А говорот ќе си дојде ,дај му време. Нормално е.
Нас прегледот ни траеше мн кратко и ми кажа дека нема што да прегледува. Дека само ако треба да се стимулира во иднина тоа би било за фокусот. Ама дека не е ништо страшно. Ми кажа ако имаш било какво прашање ќе сме во контакт. И ок. Помина време. Сакав да прашам нешто имав некоја дилема. Не ми кренаа. Пишав на вибер ми вратија културна порака - јавете се на нашиот број. Звонав, ништо. Им пишав и порака да ми се јават штом ќе имаат време - ништо. Затоа сум разочарана.
Ние одма скокнавме на фаза "Знам што треба, без да ми кажеш". Нема разбирачка ниту објаснувачка Имаме голем напредок во кажани зборови. Слатки детски и по две три букви. Ги учи доста преку песни на Дарко биберко. Бои, букви и поими. Ги наоѓа сама без да и речам. Ги слушаме на усб. Значи не гледа слика. Ме изненадува многу. Мислам дека повеќе знае него што мислев. Мама не вика ич. Ал ако чуе други деца како викаат, е ги повторува Го земав прирачникот на Др. Слаѓана. Како да го поттикнеме детето на говор. После почнувам со читање Читав доста е фален.
И јас ви се приклучувам во обелувањето.И паника на моменти ме фаќа.2ги5мес.Кога како разбира,емитира кога како,се врти на име кога како...едвај го натерувам првиве вежби од логопед да ги направи.Го гледам дека ги знае.Ќе ги намести и бега.На наредби на некои реагира на некој не.Ми викаат дека е тврдоглав,несоцијализиран.Тргнав скроз мобилен,тв многу малку.А се приметува.Се го интересира.
Браво за Андреа! БРАВО! Многу ме израдува. Се следиме тука генерациски, и иако никој ама баш никој не знам лично, се осеќам ептен ко да ве знам, затоа искоментирав, ја мислев малата. Браво
@srekice нашиве двајца директ по име ќе не викаат. ‘Мама’ е за бебиња Инаку за инфо, кажано од логопед, сите тие гласови, по две или три букви кажани со значење, правилно изговорени или не, се рачунаат за кажано зборче Приемер ‘ма’ за мама се брои како кажан збор
Секако дека се бројат. После ке почне да превртува зборови и тоа се брои како збор со значење. Пример моево дете вика пазува за пауза и сонот за телефонот. Му ги бројам како зборови со точно значење