1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зборување во сон

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од N1ky, 4 мај 2012.

  1. Ognenija

    Ognenija Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    586
    Досега ми немаат кажано дека зборувам па што знам. :lol:
    А сестрами зборува, не толку често ама некогаш си фаќам сеир на нејна сметка. :D
    Она зборува и јас ја потпрашувами одговара детето мрмла нешто едвај разбирливо и после ја зафркавам и велам "абе знаеш што збореше у сонот? :geek: " и она целата се штрекнува да не испуштила некоја тајна. :wasntme:
     
  2. simon4etooo

    simon4etooo Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    186
    Сега предмалце се пресмеав. Си седам јас на компјутер, а сестра ми спие. И бидејќи често зборува во сон почна нешто да мрмори. Јас ја прашувам: XXXXXXX шо прајш? Сестра ми: Чекај прво да исчистам. :rofl:

    Инаку мене ми немаат кажано дали сум зборувала во сон. Недај боже, зошто јас како што сонувам некои безвезални сонови можам да изнадрдлам глупости. :x А сестра ми е друга прича - комедии.
    Еве уште еден случај:
    сестра ми зборуваше и ја прашувам: XXXXXXXX будна си? Ми вика: Ај ти прва кажи. :lol:
     
    На the.child и LittlePinky им се допаѓа ова.
  3. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    319
    па и ја си зборам у сон и тоа почесто мн пати дечкоми го имам извадено од такт ахаахх :rofl:
    ја сум зборела еј ај де ке го јадеме сега ,и он шо збориш ти и ја сум му рекла не можам сега кај ке идеме :lol:
     
  4. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Обично не зборам во сон, само ако сум премногу уморна :D нешто неповрзано си зборам, барем така ми кажале :D којзнае што зборам :D
     
  5. AnGel.fire

    AnGel.fire Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    222
    Јас не, но брат ми...
    Некогаш збори нешто јасно и разбирливо но некогаш само нешто тивко ке промрмори што не се ни разбира а утре дента му кажувам и се газиме од смеење. Исто така има и месечарено али ај да не бидам офф топик. :)
     
    На Hkikica му/ѝ се допаѓа ова.
  6. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Секоја вечер |-) хахах така ми викаат ама за среќа неразбирливо сум зборела , инаку се ќе изнакажев до сега :lol:
     
  7. Elena-97

    Elena-97 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    2.107
    Jaс до сега незнаев дека зборам во сон. Завчера брат ми ми рече дека ме слушнал како сум викала Бегај,бегај. :^) А јас си немав појма што се дешава, не се ни сеќавам што точно сум сонувала :D
     
  8. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    Јас многу зборувам во сон, а воопшто не се сеќавам на тоа.
    Еднаш мајка ми ми кажуваше дека не слушнала мене и сестра ми како се караме во сон. Прво едната зборува, па кога ќе престана, другата почнува. Дури и си помислила дека сме будни. А уствари ништо не се сеќаваме, во сон сме зборувале. :lol:
     
  9. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Не зборам толку често, но сепак еднаш до два пати годишно сигурно ќе ми се случи да прозборам нешто во сон. Едно време додека спиев со мајка ми ми кажуваше дека сум и филозофирала нешто за животот.

    Сега не знам кога последен пат сум зборела пошто спијам во друга соба така да не може да ме чуе ако си правам муабет во сон, а сигурно сум правела.
     
  10. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Пред две три недели мајка ми ме слушнала како зборам во сон.
    Сум зборувала нешто за некоја сина ташна.. :^)
     
  11. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Сестра ми ми вели дека многу често се случува да зборувам во сон, да се карам, да плачам или да тепам некого.
    Кој знае што зборувам, и што глупости тресам.
    Некогаш се будам и паметам делумно што сум зборувала, па од срам заспивам пак.
    Претежно неповрзани работи, мисли, како да сум во свој свет.
     
  12. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Зборувам. Понекогаш дури и со нозете и со рацете мавам. :D А сестра ми секоја вечер си дрдла нешто. Понекогаш и плаче. :rofl:
     
  13. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    па сега не (мислам) ама порано многу зборував и плачев.. во една седмица барем 3 пати плачев во сон :/ :D
     
  14. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Зборувањето во сон уште е познато како сомнилоквија. Се работи за парасомнична појава, т.е. абнормално однесување во текот на спиењето. Зборувањето во сон е многу честа појава и воопшто не се смета за медицински проблем. Некои луѓе зборуваат неразбирливо, други пак јасно, некои неутрално, други вулгарно.

    Обично, најголем дел зборуваат не повеќе од 30 секунди во текот на една епизода, но некои луѓе зборуваат и по неколкупати во една ноќ. Според експертите, оваа состојба е наследна, а никој не го знае точниот број на луѓе кои зборуваат во сон, во светски рамки.

    Причини
    Научниците не се сосема сигурни дали зборувањето во спиење всушност настанува во фазата на сонување или во периодите кога не се сонува. Најчесто се работи за безопасно зборување, но во одредени случаи може да се работи за сериозно пореметување на спиењето или индикатор на кошмари, па дури и месечарење.

    Други фактори кои можат да предизвикаат зборување во сон се:
    -Емоционален стрес;
    -Треска;
    -Одредени лекарства;
    -Психички пореметувања;
    -Употреба на психотропни супстанци.

    Дали се лекува?

    До сега не постои конкретен третман за оваа состојба. Обратете се кај лекар стручен во оваа област и разговарајте за проблемот доколку со него некому му го нарушувате спиењето. Во спротивно не постои некоја валидна причина зошто да се обидувате да излечите безопасна состојба.
    Може ли да се ублажи состојбата?

    Единствен начин да се намали или ублажи зборувањето на сонот е да се работи на квалитетот на спиењето и намалување на стресот. Кога ќе ги елиминирате нештата што Ви тежат, тогаш ќе немате за што да зборувате.

    Инаку и јас сум од тие што зборуваат несврзани работи во сон, обично кога некој ми зборува додека се уште спијам. Мајка ми е сведок на милион такви случки и некогаш навистина не знам од каде доаѓаат тие работи што ги кажувам. Всушност доаѓаат од несвесното што го потиснуваме во себе, ама сепак немаат смисла. Но, сигурна сум доколку се протолкува тоа зборување во сон ќе има некакво значење, некаква поврзаност со случките од претходниот ден или од порано..
     
    На hermosa и PeaceLoveBasketball им се допаѓа ова.
  15. PeaceLoveBasketball

    PeaceLoveBasketball Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    1.177
    ау,и тоа како дрдорам. :D
    и најчесто тоа се безвезни глупости што врска си немаат :P
    а многу често ми се случува дури и да месечарам,но секогаш сама си се враќам во кревет :)
     
  16. lepa.milena

    lepa.milena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    161
    Јас понекогаш, ама мноогуууу ретко ми се случува да зборувам во сон, некогаш разбирливо, некогаш не. Еднаш ми се случи да се смеам на сон толку гласно што моите насекирани дотрчаа од другата соба. А јас и ко се разбудив се кикотев, а инаку го сонував професорот по естетика во средно како транвестит. И то истиот ден, после вечерта кога ни предаваше за убавината, совршенството... и на сон го гледам како транвестит и ни покажува како се нанесува шминка за да стои совршено и облече сукна.

    Мајка ми пак еднаш преку ден кога преспиваше во дневната соба, ја гледам дури спие како по малку со раката удира по креветот, и ја прашувам што прави, и таа ми вели дека програмира, и еве сега да завршела и притиснела ENTER.
     
    На the.child и PeaceLoveBasketball им се допаѓа ова.
  17. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    До сега колку што знам немам зборувано во сон. Ако некој почне да ме буди тогаш мумлам дека сакам да спијам,си смислувам лаги зошто треба/мора да спијам за да ги убедам и другите и себе. Знам и математички формули да мумлам. :D
     
  18. i...ja

    i...ja Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    181
    Ми велат дека зборувам во последно време, ми кажуваат и што. Проблемот е да не кажам нешто што не треба. |( :D
     
  19. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.892
    Допаѓања:
    4.896
    Пол:
    Женски
    Јас не зборувам.Но тато речи си секоја вечер,зборува па дури и понекогаш ме плаши.Неможам да го разберам што зборува.
    Иначе еднаш само сум зборувала,ми кажуваше мајка ми.И сум зборувала и сум плачела :lol:
     
  20. M.arija

    M.arija Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2012
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    268
    Јас зборувам и тоа секоја ноќ :D