Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зборување за старите девојки и авантури

Дискусија во 'Канта' започната од Erena, 15 декември 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Erena

    Erena Активен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    Здраво девојки и џентлмени доколку ве има...
    Во врска сум со дечко кој многу ми зборува за неговите минати авантури со другарите, девојките, мувачките... Во почетокот тоа беа муабети поврзани со другарите, а од минатиот пат и за авантурите со женските што му се пуштале, за што правеле... Не ми изгледа дека го кажува ова со некоја задна намера, мислам дека ме сака и дека ова може да го прави чисто сметајќи ме за другар, но ме погодува фактот што ете.. се погодува да биде и некоја што ја знам. Кога јас ќе спомнам бивш... не му е баш најпријатно!
    Минатиот пат му кажав дека ако сака да се врати на стариот начин на живот, дека слободен е и не сакам да го држам со сила таму кај што не може да стои, иако го сакам. Се побуни и рече дека не го сака тоа!
    Навистина не знам што да мислам со муабетите за бившите....
     
  2. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    На некои мажи тоа им е болест. Постојано да зборуваат за бивши, и тоа со име и презиме, и во детали. Веднаш отворено кажи му дека ти смета ама онака строго.Тој веројатно не е свесен дека тоа ти смета и затоа нагласи му го тоа, дека во некое идно време не сакаш и ти да бидеш таа споменуваната пред некоја друг девојка. И тоа плус е лоша особина и не остава добар впечаток. Па нека се замисли малку.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.