1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зборување со стомачето

Дискусија во 'Бременост' започната од Snow-Queen, 3 септември 2012.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Дали зборува(в)те со вашето стомаче?Дали тоа ви стана секојдневие, или ретко кога му зборувате?
    Некои стари луѓе велат, бебето се осеќало од мајката-па затоа и и го распознавало гласот додека е уште тазе новороденче.
     
  2. ivanovicka

    ivanovicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    227
    Јас веќе 20 недела ја терам ама никако да се натерам со стомачево да почнам да зборувам, пробувам по нешто ама никако не ми оди .... БОГ ДА ЧУВА што ќе бев :x како ли ќе биде незнам а викаат дека треба што повеќе да се зборува за да се направела конекцијата помеѓу мајката и детето а ЈАС го имам проблемот да му зборувам на мешето ... го галам тоа се ама со муабетов сме некако тешки. :( :( :(
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  3. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    зборувањето со стомачето е многу добра работа, јас претежно навечер кога си легнувам додека го мачкам стомакот со крем и му зборувам, и ако некој ме слуша од страна ке пукне од смеа, оти зборам се и сешто, од пуфле мое, златно бебе најубаво, па сама се смеам и ако баш тогаш мрдне и пак почнувам, знам дека ме слушаш и јас те сакам тебе, абе комедии во живо :D битно убаво ни е
     
    На Arthur, Danni79 и kravina им се допаѓа ова.
  4. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Не си единствена , јас сум на прагод на 33н а до сега ниту еден муабет си немаме направено :x
    Неможам и јас некако да се опуштам, незнам што мака ќе имав до толку да не си ја ослободам душата. :?:
    Единствено знам да ја наречам зверче , багабонт, праска на мама и да ја погалам кога ќе ме тресне квалитетно. Тоа е се :wasntme:
    Ајде нема веза, нека се живи и здрави ,па кога ќе излезат нема уста да затвориме :lol:
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  5. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Не му зборам нешто посебно. Онака ај мрдни еднаш за татко ти да се израдува , не ме тепај ако ме удри посилно и слично.
    Кога бевме во болница со мм имаше една бремена веќе при крај и со мажот и седнати на клупа го галат стомакот и му зборат.
    Нашата реакција беше леле види ги чукнативе :D
    Се надевам ќе ми дојде инстинктот после раѓањето :o
     
    На Safira26 и Arthur им се допаѓа ова.
  6. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Море не се ич чукнати, туку наместо си се луѓето. Според сите медицински испитување, анализи и сл е докажано дека треба и многу е препорачливо да се зборува со бебушот, ама што е со нас , дури понекогаш како изрод се осеќам ,да неможам да се поврзам со бебето кое го носам во стомак, кое расте благодарение на мене, во кое тече моја крв :worried:
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  7. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    И мене ми беше многу чудно и никако не ми одеше. Само си се галевме :D
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.390
    оо си правиме ние муабет секој ден , посебно последниов период само му зборам а мм и мајками ме слушаат и се газат од смеење, инаку му викам што инат дете ке беше не сака да излезе или пак кога ке ме клоцне посилно го прашувам што му е , а и секогаш му кажувм дека го сакам и нон стоп си го галам мешето ова ми е многу чудна навика , постојано сум со раката на стомак, а и имам прочитано дека во последниот месец од каде ке слушне звук натаму ја врти главата, еднаш мм му збореше и беше многу блиску со устата на стомакот и ова се сврте и наеднаш се подигна стомакот до неговата уста, хаха од цела бременост овој момент најмногу ке го паметам , исто и мм нон стоп и збори кога ке дојде од работа и кажува еве јас дојдов и бла бла , абе комедии сме ...
    Како да се поврзете со вашето неродено дете


    Емотивната порзаност на мајката и бебето во утробата, што со векови се сметаше за суеверие сега има научна поткрепа. Кога мајката е загрижена и бебето е загрижено, кога мајката е среќна и бебето е среќно. Направен е експеримент со прикажување на тажен и среќен филм на мајката. Кога мајката гледала несреќни делови од филмот бебето во стомакот реагирало несреќно, кога мајката гледала радосни моменти бебето реагирало со радост. Одговорноста на родителите спрема нивното дете е огромна уште пред неговото раѓање, а последиците од односот кон него и емотивната состојба на мајката има долгорочно дејство во неговиот живот.

    Некои родители се прашуваат кога да започнат со поврзувањето со бебето, одговорот е веднаш. Веќе околу 3 седмици по зачнувањето се формира неуралната туба, од која се развива мозокот и рбетниот мозок. До осмата седмица сите базични делови на мозокот се веќе на место и нема да се заменат. Од таа основа на мозокот ќе се развијат гранки, кои ќе формираат милијарди на синапси, неопходни за совршена координација на целиот нервен систем. Процесот на развојот на мозокот ќе продолжи во годините после раѓањето. Она што е најсигурно е да започнете со поврзувањето со бебето уште веднаш по зачнувањето.

    Имајте во предвид дека бебето слуша и е свесно за светот околу него. Кога на мајките им била пуштана рок музика бебињата насилно клоцале, кога пак ќе им пуштеле класична музика се смирувале. На музика од Вивалди бебињата реагирале со смирување, но на Бетовен станувале повознемирени. На силни и ненадејни звуци бебињата се штрекнуваат или почнуваат да клоцаат во знак на протест. Вашето бебе има уши кои разликуваат уште додека е во стомакот. Зборувајте му и пејте му на бебето, нека почуваствува дека е сакано од обата родитела.


    Имајте во предвид дека вашето бебе може да чувствува. Не само што реагира на звук, туку има развиено и чувство за вкус. Кога во амниотската течност била ставена зашеќерена вода, бебето почнувало да голта позачестено. Уште во 5-от месец од бременоста бебето замижува ако се изложи на силна светлина. На надоворешни стимулации уште од 4-от месец реагира со гримаси итн.


    Вашите мисли влијаат врз неговите чувства. Затоа имајте позитивни мисли за животот и спрема него. Како што загадената храна влијае врз развојот на бебето, така влијаат и загадените мисли. Немојте претерано да се оптоварите со тоа да не му наштетите на бебето, па да си го зголемите стресот. Опуштете се, гледајте да исфрлите колку можете повеќе од стресните ситуации, стресот разрешете го колку можете побрзо, одморајте се и гледајте да му овозможите што повеќе позитивни искуства и љубов на вашето бебе уште додека е на сигурно во вашиот стомак.

    Заклучокот е дека периодот од зачнувањето до породувањето е критичен за физичкиот, емотивниот и менталниот развој на секое бебе. Интимната врска помеѓу родителот и бебето во тој период има долготрајни последици. Затоа, родители вложете го вашето најдобро во детето уште додека не сте го виделе.
     
    На Saraa и Arthur им се допаѓа ова.
  9. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    Јас телепатски со мисли почнав да му зборам уште од 5 недела :D Си замислив дека некоја енергија има меѓу нас и дека мојата љубов и мисли може да ги разбере и преку мисла и секој ден со саати си мислев убави работи и му зборев. А сега кога сум сама му зборам и на глас. И јас си го галам нон стоп стомакот, а татко му сабајле кога стануваме редовно го гали и бакнува преку стомак... Оф се стопив :$
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  10. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Уник ме подсети, пред недела време, може и две нешто бебушката не ја осеќав да мрда, и му се жалам на маж ми , му кукам, доаѓа он и ми го бацува мешето ама онака звучно, задржувајќи ја устата на стомакот и само осети како нешто го мавна, а јас конечно со насмевка до уши, тука било бебето :rofl:
    Инаку и нас тато секој ден пред одење и на враќање од работа обавезно не бацува, и му збори на бебето како било срце големо :$ , ама мама забушава :angel:
     
    На Arthur и Unique.chick им се допаѓа ова.
  11. Mari-2011

    Mari-2011 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    13
    хаха.. а јас ептен не знам што ми е.. читам низ форумов, мислења, коментари, споделување искуства... а никако да ми влезе во главава дека и јас сум една од сите овде :)
    чудна работа - ептен си се радувам на бебушов, си го сакам, си го милувам, ама многу ми е чудно и смешно- јас трудна! :D кога гледам по улица други трудни жени и на моменти си викам - е и јас ќе си купам онакво фустанче кога ќе сум трудна; или гледам една жена оди по пат, пазарела нешто и јаде - и си викам е ако де, и дошло мерак, трудна е.. :) и после тоа - ејј, па и јас сум...
    а за зборување со стомачето.. тоа онака баш во мислите пред спиење.. само со лесно и убаво да ни поминат месециве, па се ќе си биде во ред.. ;)
     
    На Arthur, Danni79 и ddevojce им се допаѓа ова.
  12. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    Јас пред некој месец кога бев да сменам пасош поради податоци, пола трудни чекавме пред кабината за сликање :D и прва мисла што ми дојде, греота трудниве да стојат на топлово, нека влезат први, а заборавив дека всушност и јас сум трудна само со помал стомак :D
    Нормално е, поготово за прва бременост, да не си свесен дека нешто навистина се случува.
     
    На Arthur и ddevojce им се допаѓа ова.
  13. Mari-2011

    Mari-2011 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    13
    Хахаха.. е баш така е и со мене :)
    ама сето тоа си има своја убавина, слатка возбуда - безброј убави чувства..
    ќе станеме ептен свесни дека нешто се случува, за некој месец - кога ќе ни дојдат бебувчињата :)
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Cacush

    Cacush Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2012
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    32
    Здраво и од мене :) Јас сум веќе во 20 тата недела и со моето мешенце си зборувам скоро секој ден, но само когај сум сама и така. Се чуствувам супер иако ми е рано, но со нетрпение го чекам. Бидете поздравени и имајте пријатна вечер. :* :* :* :* :* :*
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Dreem.Girl

    Dreem.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2012
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    118
    И јас сум 20 недела знам дека стомачето е сеуште мало :!: ама јас си зборувам знам дека бебушка сигурно ме слуша и сакам да знае колку мама си ја сака :inlove: :*
     
    На Arthur и ddevojce им се допаѓа ова.
  16. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Мало си е уште, ама јас така така ми доаѓа по некогаш да му кажам нешто пред спиење....да си се погалиме :inlove:
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  17. auroraa

    auroraa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    843
    Јас си зборувам скоро секоја вечер со стомачето ама гледам да сум сама кога зборувам :)
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Beautiful-Princess

    Beautiful-Princess Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    372
    Пол:
    Женски
    Ние со мажето секоја вечер му зборуваме и му кажуваме колку го сакаме, па се расправаме на кого ќе личи :lol: Јас му викам немој тоа да го наследиш од татко ти, мажето му вика немој тоа од мајка ти... и така до недоглед. :lol: И на крај си заспиваме со рачињата на стомачето. :inlove:
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.547
    и јас му зборувам секој ден на моето бебчо :) колку си го сакам дека со душа чекам во прегратка да го земам, а моето маже му зборува преку скајп... далеку сме и многу ми недостига ;( ;( ;( ;( ;(
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.547
    драги мамички јас сум во втората недела и со нетрпение си го чекам само се да биде во ред и Мајка Богородица да ги чува малечките ангелчиња во утробите наши
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.