Аман бе Така де Ступидо (Од ступид ) Не заебавај Ох леле Оу мај гад Бравоо Еси ми добарр? Како не Бог да чува (како бабите сум )
-Нема грешка Во последно време ова. Имам и други сигурно ама не ми текнува, а може и не се приметувам.
„Па нормално.“ *проследено со соодветна гестикулација* Особено по искажување на другиот што не сум го слушнала убаво, неам воља ни да слушам ни да преслушувам, ни да препрашувам, а сакам да бидам учтива и шубе ми е да речам нешто поконкретно за да не се избрукам. Фразата често ја користам во такви ситуации, но во такви ситуации ретко се наоѓам. Најчесто навистина сакам да исслушам и ако можам да излезам во пресрет. Но, се случува ете. „Па нормално.“
Срамота. Значи секогаш кога кажувам за нешто лошо некој што направил или без разлика што друго во негативен контекст, морам да го вметнам и СРАМОТА во фразата, најчесто на крајот доаѓа за да го засили ефектот на негативноста. Многу се нервирам, не знам од кај го ископав зборов па и толку честа употреба да му дадам.
Мајкоооо......кога е нешто зачудувачко или така нешто ова ми го стави во глава Рашид од Неправда. Како и да е.....што редовно го употребувам и незнам шо ке ми дојде тоа.....
Дефинитивно, периодов водат. 1. „Нејсе“ - најчесто на почеток на реченица; 2. „... и така“ - најчесто на крај на реченица.