Цреп ! Кој те шиша ! Небитен/а си ка ланскиот снег ! Знаеш колку ми е гајле ? Уште малу па ич . Брат ( дури и на сестра ми и викам брат ) . Шутрак еден . Не брмчи ка мотор без уље оваа ми е најнова коа се карам со некој што нема аргументи и докази дека е у право
Не се замарам, Ќе те скршам, Не ми се верува, Што му е филмот? Е добро де, Како не, И? Да, апсолутно, Страшно, Аиии супер.
Јаоооо... (и во убави и во незгодни ситуации) Опааа Куку леле Пу јазк А бе така е 100% Нема грешка Јак/а си
Врв! (и за убаво и за лошо, некој си глуп коментар коа некој ми раскажува дешавки по два саати) Леле, ок (одјеб) Бог да чува (ова се трудам да го исфрлам више нз ни која година по ред) Јаој (неверица)
Баш сега се замислив... нема таква фраза. Чудно. Ако приметам дека употребувам нешто почесто, ќе се вратам да пишам
Бела лала/како попче Вејка на ветрот Ветер у магла Свински прд*ж Кружно па на ќош Цигули мигули На ти го-дај ми го
1. Л е л е е е Ај маани ми се. Мчи-тчи (или молчи толчи, како сакате) Зарем никој не вика: Мајко мила за шо си ме родила?
Фраза што најмногу ја употребувам: "ич не ми е гајле" Spoiler Не разбирам како вакви одвратни и некултурни зборови пред сите употребувате, вака и на децата дома им се обраќате? После не е ни чудно што секое второ дете кажува вулгарности или навредува.