Ви го препорачувам филмов на сите. Модерна приказна за убавицата и ѕверот и уште еден доказ дека надворешниот изглед не е се. Филмот е базиран врз книгата која го носи истото име, "Beastly" by Alex Flinn. Не сакам да ви откривам премногу, филмот е фантастичен, има многу романтика и се е поврзано со значењето на белата роза. Всушност и корицата на книгата е со бела роза. Ако нешто повеќе ви значи, во филмот значајна улога има и Neil Patrick Harris (Barney Stinson од How I Met Your Mother) и го прави филмот 10 пати поинтересен. Во главните улоги: Alex Pettyfer and Vanessa Hudgens.
На почетокот се мислев дали да го гледам затоа што Ванеса е во главна улога, а не ја обичам многу многу...Ама сепак го изгледав и не зажалив Малце глупо беше изведено тоа кога мораше демек кај него да живее, можеле да поработат малку повеќе за тој дел, но во основа убаво филмче
Eве ја мојата љубов - Алекс На почетокот типов ми беше толку антипатичен, дури и се мислев дали да го исклучам филмот, па и Ванеса како капак на сето ова, ама стискав заби и продолжив да гледам. Е, веќе кога стана грд, нашаран со лузните ми беше посебно драг, и си заплакав на крајот кога си се врати во првобитниот облик, бидејќи повеќе ми се допаѓаше таков повлечен, ненаметлив.
Филмска верзија на Убавицата и Ѕверот. Убаво и интересно филмче, лимонатка. Морам да кажам мене глумецот многу повеќе ми се допаѓаше кога беше како ѕвер. Уф каков поглед имаше.
Мене филмот многу ми се допадна.Конечно да ја видам Ванеса во некоја озбилна улога, не само во тие тинејџерските,лигавите.. Глумецот е преубав како ѕвер. Еден поглед што има, да ти се стресат колениците. Ми се допаѓа што ја одбрале Mary-Kate Olsen во негативна улога. Навикната сум и неа да ја гледам во лимонатки, ме воодушеви тука.
Доволно симпатичен за романтична комедија. Мене ми се допадна исто улогата на Мери Кејт, се покажа во добро светло. Алекс секси бист Поминува некако
Ја читав книгата и поинтересна беше, филмот беше убав ама некако се разочарав. Некако го немаше тој шарм како книгата. Алекс преубав е.
Го гледав пред некој ден и доста добар филм е иако не очекував дека ќе ми го задржи вниманието повеќе од половина час