Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Звучно загадување

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од INNERBEAUTY, 28 јули 2023.

  1. Gentlewoman!

    Gentlewoman! Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2023
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    585
    Пол:
    Женски
    Уште ли сме на тоа ,,getting old"?:rofl:
     
  2. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    2.414
    Пол:
    Женски
    Ако се счучува еднаш во година и некој мрчи за тоа - скроз :)
    Истите оние кои рокаа музика од утро до мрак, сега се бунат за прегласна музика. Мене ми се жалат, затоа и знам :)
     
  3. Gentlewoman!

    Gentlewoman! Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2023
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    585
    Пол:
    Женски
    Да јасно.Муабетот ми беше дека не е тоа некоја навреда, како што рече и ти на шега беше кажано.
     
    На NoirSerpentine му/ѝ се допаѓа ова.
  4. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.517
    Допаѓања:
    5.604
    Пол:
    Женски
    @NoirSerpentine

    Не избрзав со заклучоци јас, реков доколку ти=во смисла ти или било кој што нарушува јавен ред. Баш зошто не се доискажа.

    Не, не е себично од мене или било кој на кого му смета, себично е од оној кој буквално го прекршува законот/јавниот мир и ред.

    Слободно вади си заклучоци тоа нема да ги направи вистинити. ;)
    За мое справување јас се справував на добрососедски начин=човечки, но на тоа не добив добрососедски=човечки третман назад, баш напротив, земање здраво за готово и усилување. Да, буквално секој ден(без преовеличување галама трештена музика just because, како и реновирање односно столарство од дома, (во 5ч., 3ч ноќеска you name it, и едното и другото, исто just 'cause/и Маќедони' а), на оваа тема можам слободно книга да напишам.
    Ама ете мојата среќа била таква да налетам на такви.
    Е потоа се справив на друг начин, и престана.

    Така што дали се чувствувам виновна? Апсолутно не.
    Дали беше проблемот до мене? Не.
    Дали е потребна твоја валидација за ова да биде вистина? Не.
    И така.
     
    Последна измена: 17 февруари 2024
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  5. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.517
    Допаѓања:
    5.604
    Пол:
    Женски
    Не ни беше ко навреда сфатено, не е навреда, гаслајтинг е. Во смисла не се проблем оние кои галамат(пак, прекршуваат јавен ред, мир и закон) проблем се оние на кои им смета и им е нарушен. Не.
     
    Последна измена: 17 февруари 2024
    На eliesaab и Gentlewoman! им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.113
    Допаѓања:
    269.096
    Мене лично не ми смета, ми одговара да има галама. Кога се преселив овде, мислев дека ќе ми смета галамата од сообраќајот, ама не ми смета, ми прија.

    Локациски зградата претходно и оваа се небо и земја во однос на метеж, пред сè. Во претходната имав мнооогу повеќе мали деца кои нормално правеа многу галама, точно кај мене под балкон си играа и апсолутно ги слушав внатре и тоа многу. И ми сметало, да дојдам утепана од работа и сакам да одморам, а под балкон имаш 20 деца кои си играат на цел глас. Зборам за 5-6 попладне и до 00 па и покасно летно време, нели, не е баш по "закон" и "бон-тон". На крај памет не ми паднало да правам проблем, пошто ако ми е неподносливо:

    1. Ќе си купам тампони за уши
    2. Ќе се преселам кај што не е зграда/не е атрактивно за фамилии со мали деца

    Овде имам други деца, поголеми :D Непосредно има 2 средни училишта, тинејџерите си се гласни. Плус вежбаат некаков спорт во еднава сала, баш се слушаат кога викаат :) Од сите страни се булевари, логично од сите страни 24/7 има бучава од возила. Кога имаа матури, мај некаде, од памет ме извади музиката (трубачи) во 6 сабајле од едниот школски двор :)
    Итн. галама има постојано, не ми смета. Ако ми смета решението го напишав погоре.

    Највеќе ми смета во близина се гради нешто и звукот од различните машини, ама тоа е.

    Живот во поцентрално место и во зграда или кајшто е погусто населено, подразбира дека животот се случува 24/7. Не работат сите 8-4, некој бил и трета смена, па ај да го запреме сообраќајов за сабајле да спие. Живот во цивилизација е компромис, кој не е способен да се навикне, не му е местото меѓу густо населен народ.

    И тоа е сосема ок. Има доволно секаков простор за сите и по сечиј вкус.