Што мислите дали е предност да имаш млада и згодна мајка, како јас или е тоа маана бидејки во секоја ситуација те засенува и повеке и обрнуваат внимаие нејзе отколку на вас?
Tи твојата мајка ја гледаш како конкуренција или мене така ми се чини. Ти што би сакала и каква би сакала да бидеш,утре кога ќе станеш мајка?Нема да обрнуваш внимание на својот изглед или небитно ќе ти биде? Ако со титулата мајка,се намалува обрнувањето внимание кон себеси,мислам дека никој нема да посака да има дете еден ден.Без разлика што си,секогаш треба да си посветуваме внимание на нашиот изглед,зошто тоа ни ја зголемува самодовербата и позитивно влијае врз нас жените.Нема никогаш да патиме од комплекси,во однос на изгледот. За мене лично,голема предност е кога ќе видам жена која е мајка,и која успешно се грижи за својот изглед.Да имаш убаво тело,а си родила дете е навистина нешто на што секогаш ќе се восхитувам. Треба многу труд,и во тоа успеваат само упорните.И токму поради таа упорност,тоа заслужува да се почитува. Ти си убава на свој начин,и мајка ти исто.Сите сме убави на свој начин. Незнам на каков начин мајка ти те засенува или те кочи во нешто? Не разбирам.. Треба да се гордееш со тоа,исто онака како што она се гордее со тебе.
Па еве пример ке дојде екој другар кај мее или да ме земе да скитнеме негде, пола саат зјапа во мајками као врти муабети ова она а всушност гледам дека ја голта со поглед, инаку моите другари се постари од мене имаат 22-23 год. Невикам дека таа дава повод за тоа, но спак. Секогш е скоцкана средена и има тело како авион, и многу често кога сме заедно се чувствувам бедно. Мислам дека и да се соблечам гола никој нема да ме примети покрај неа.
И мене не ми е јасно она: Мајката да ја засени ќерката? Повеќе да и обрнуваат внимание на мајката? Кој тоа? Врсниците на ќерката ли? Па ако ова си го дозволи мајката тогаш нешто не е во ред со нејзе. Еден ден ќе бидам мајка, но не и конкуренција на сопствената ќерка. Ќе сакам да сум секогаш убаво средена и дотерана, но во согласност со годините. Не смее да се заборави кој е мајка, а кој ќерка! Имав другарка која имаше згодна мајка. Многу во класот коментираа дека недолично се облекува. Немаше миничи, но стегнати фармерки и деколте до папок кое не и доликуваа на една мајка и жена во тие години. Имаше дофрлања од соучениците: Аууу каков задник има мајка ти, што би и правел на мајка ти и сл. И што мислите ќерката се гордееше или се срамеше од својата мајка? Детето ќе се гордее со својата мајка само ако таа се однесува и облекува пристојно и во согласност со годините и пригодата! И јас ќе сакам да бидам згодна мајка, но згодна за својот сопруг а не за врсниците на ќерка ми. (Уф ама одвратно ова звучи) Има згодни и пристојни мајки и згодни и непристојни. Јас би се срамела да имам мајка која припаѓа во втората категорија. И да, имам видено МНОГУ, ама МНОГУ мајки кои го злоупотребуваат својот добар изглед! Ти штом се чувствуваш лошо, треба да разговараш со мајка ти и да и го кажеш тоа!
Мајка ти е мажена жена. Како можеш да се сомневаш дека може да ти краде дечковци(така испаѓа). Ако веќе сака да се швалерисува,попрво би отишла со некој друг,одколку со твоите другари. Лошо мислење имаш за мајка ти,која и сама кажуваш дека не дава никаков повод за тоа.Она можеби не е ни свесна дека ти имаш некој другар дома,а ти од тоа правиш навистина голема работа..
Нормално дека е предност! Зарем вие не би сакале да сте згодна мајка па кога ќе отидеш на родителски состанок уф уф мераци.Сите мајки ќе љубоморат и цел ден за тоа ќе зборуваат
Под услов да е класниот раководител машко добро е да имаш згодна мајка, во спротивно може да биде котра продуктивно. Да не ме разберете погрешно мајками не прави ништо за да јас така се чувствувам, далеку од тоа. Таа е скрома и културна жена која се облекува нормално за нејзини години. Па побогу има 38 години и секако дека во нејзиниот гардеробер има и мни, и затегати фармерки и се оа што е сега модерно и во тренд. А дали ја свакам како конкуренција? Па не, но јас сум особа која секогаш сака сите погледи да се фперени кон мене а во нејзино присуство не е баш така. Проблемот е можеби во тоа што се поголем број машки сакаат повозрасни дами, со поголемо искуство.
Јас имам згодна мајка и воопшто не ми сметало, а ниту ми смета тоа, баш напротив.И секогаш соодветно се облекува, пристојно, елегантно.Џоа Џенифер Лопез е :geek: Атрактивна си е жената
Колку што видов ти имаш 18 години,за мајак ти 38 значи те родила на 20 години. Но во секој момент мижеш да ја прашаш за совет..доколку сакаш...и милсам дека тоа ти е предност а не мана...
Како е можно такво размислување за мајка бе?! 38 години имала и убаво изгледала? Па нормално, не се многу 38. И не ми е јасно како проблемот можеби бил во тоа што се поголем број машки сакале повозрасни дами, со поголемо искуство и што?! И јас сакам јаки глумци од холивуд, па..? Као мајка ти да е крива што на пубертетлиите им вријат хормоните. Дечишта. Ако не се вртат по мајка ти ќе се вртат по мајка ми или по некоја сосем 3та. Демек ние не се загледуваме по секси, млади, грижливи татковци со дечињата во рака.. Па што ако ја коментирале и ја гледале кога ќе дојдат кај тебе? Да сте другарки ај ќе разберам некој некого да засени ама кај мајка и ќерка тоа е невозможно душо зашо никој нормален не ги става нив две на кантар и не ги споредува. Така да биди си задоволна и среќна што имаш таква мајка. Тоа е убаво. Ако не се осеќаш ти доволно привлечна поработи на случајот на себе.
Ако мајка ми е згодна не би ми сметало. Па зошто, кога ќе ги имам и јас тие години сакам да сум згодна и убава.
Не гледам зашто ова би можело да биде маана. Мојата не е лоша, баш ми е мило за тоа зашто да ми смета, и јас ако сум згодна мама баш ќе ми биде мило, кога одам по него во градинка ќе мислат постарата сестра дошла да го земе. И мажето нека се плаши малце, убаво да ме чува.
Дефинитивно е предност. И јас имам згодна мајка и воопшто не е лошо, туку напротив е подобро. Најдобро ќе те советува на тоа поле, исто и како што кажаа погоре, ќе ти биде мотивација. Кога ќе бидам мајка, нормално, сакам да изгледам убаво.
Би требало да е предност. Секако и после раѓањето деца и бракот, жената треба да продолжи да обрнува внимание на себе како и пред тоа. Незнам дали е до мене ама јас не го сфатив девојчево што ја отворила темата на начин како некои членки погоре . Не мислам дека таа и љубомори на својата мајка, дека има лошо мислење за неа или мисли дека ќе и ги краде дечковците. Едноставно и е непријатно кога некој од другарите или дечкото зјапа во неа или дофрлува некои коментари на нејзина сметка, а доколку мајка и не би била така згодна таквите непријатни ситуации би ги немало, па затоа и насловот на темата е под знак прашалник, дали е тоа предност или маана
Bаш е убаво да се има згодна мајка, мајка ми делува 10 години помлада и сите кога ќе не видат мислат дека сме сестри и само викаат по нас девојчиња, девојчиња