Според мене предност, поготово ако имаат исти стил. Јас и мајка ми сме сосем различни, никогаш ништо не ни се погодува. Мајка ми и не ни носи штикли(само кога има свадба знае да облече) и се нервира кога и барам нешто да позајмам(што се случува 1 годишно). Јас имам другарка што мајка и личи како да и сестра и убаво се облекува и тие се си позајмуваат и се согласуваат, а мене мајка ми не ми ни дозволува да направам надограгба на ноктите или слично дури за неа престрашна би била помислата дека имам дечко, а на другарка ми мајка и и знае дека одат со дечко и подолго време и и дозволува дури и цигари да пуши на 15год и се што ќе посака.
Како е швалерисувањето на мајката предност за детето? Ќе ги фаќа професорите за швалери да пишат повисоки оценки?
А и да не се однесуваше на детето, зарем да се има швалер се смета за врвно достигнување и предност од убавината на жената?
Мојата мајка беше позгодна од мене.. Послаба,повисока со убави заби и убаво лице пред да се разболи. сите ми велеа дека е како барбика и дека е позгодна од мене. Многу жени и завидуваа бидејќи родила две деца а сепак ја задржала фигурата. Некои во негативна смисла знаеја да кажат дека не и личи толку да се дотерува и да се шминка кога веќе има 35+, откако се разболе изгледаше како да има 50+ но нормално никој тогаш ништо не се осмели да каже. Мене не ми пречеше што и да кажеа.