Не знам, по интернет сум сретнала доста жени што мислат дека е секси. Ама нели различни вкусови. За првиот дел од пораката, колку што знам обвинувањата против него беа отфрлени. Јас верувам во innocent until proven guilty и не поддржувам лов на вештерки во 21ви век.
Мене Здравко Чолич од касни 70ти до средни 80ти ми е симбол за лепота, шарм, глас и стас, целосен пакет. Ако ми текне на некои други у меѓувреме ќе ги постирам. Пример, на спотов е прекрасен:
Харизматичен, енергичен, посебен, за згоден да не правам муабет, a кога пее е чиста емоција. Ladies and gentlemen Dan Reynolds
Јас нашите познати момци ги нарекувам убијци, убиваат либидо кога ќе прозборат, повеќето јавни личности ни се мртви пувала со харзима на накисната мачка, досадни и безлични Ламбиња. Но, сакам да ја испочитувам темата и во прилог следуваат двајца згодни, модерни Македонци, по мој вкус. Иван Наумовски - оперски пејач. Лука Ѓоргиевски - Вокалист (Фанк Шуи).