Зголемена анксиозност пред испит

Дискусија во 'Психологија' започната од Guns N` Roses, 24 ноември 2021.

  1. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    16.980
    Пол:
    Женски
    Со оглед на тоа дека на форумов имаме многу студенти, а инспирирана од лично искуство и од искуствата на многу колеги мислам дека има потреба од ваква тема.

    Што претставува анксиозност пред испит?

    Анксиозност пред испит се манифестира со интензивно чувство на страв или паника пред или во текот на испитот.

    Има два типа на анкисозност пред испит:

    Умерена анксиозност: студенти кај кои се јавува умерена анксиозност може да чувствуваат мала доза на нервоза поради испитот којшто претстои, но се способни да се фокусираат на учењето и на прашањата во текот на полагањето. Студентите кај кои се јавува умерена анксиозност немаат присилни мисли и добро се справуаат со ситуацијата.

    Висока анксиозност: кај студентите со висока анксиозност во текот на полагањата и испитите се јавува интезивна реакција на анксиозност при самата помисла на студентот со ситуацијата којашто го очекува, полагањето на испит.

    Без разлика дали студентот се соочува со умерена или висока анксиозност во текот на полагањето секој студент реагира на различен начин. Истражувањата покажале дека ефикасното менаџирање на анксиозноста пред испит, помага во подобар перформанс при полагањето, но и при спремањето на самиот испит. Анксиозноста пред испит треба да се препознае, затоа што во голема мера може да влијае врз способноста за учење и успешно спремање и завршување на испитите.

    Присилните мисли пред полагање на испитот се доста интензивни, вклучуваат замислување на негативни сценарија: ќе паднам, ќе се посрамотам, се откажувам, не можам да се фокусирам, страв, чувство на вина, беспомошност.

    Физички реакција вклучуваат, забразна срцева фрекфенција, потење на дланките, отежнато дишење, гастрични тегоби, намалена концентрација,


    Стратегии кои се неопходни за справување со стравот од испит:

    1. ПОДГОТОВКА: Секогаш треба да се почне со учење доволно рано, за да се има време за повторување на материјалот. Учете со разбирање. Колку сте поподготвени за испитите, толку се помали шансите стравот да ги покаже своите негативни ефекти. Додека учите не размислувајте за испитите, само совладувајте го материјалот.

    2. ОРГАНИЗАЦИЈА: Направете јасен и прецизен план за учење и држете се до него! Поставете краткорочно мали и остварливи цели и остварувајте ги – секој ден според планот! Учете во време кога се чувствувате најсвежи. Некој е дневен тип, некој е ноќен тип. Најтешкиот материјал учете го на почеток. На крајот на денот, кога ќе го остварите краткорочниот план, наградете се со некоја пријатна активност. Не се залажувајте дека ако не се држите до планот, сепак ќе постигнете. Нема! Бидете организирани, дисциплинирани и истрајни. Не е лесно, ама е ефикасно.

    3. ПОВТОРУВАЊЕ: Колку повеќе го повторувате материјалот, толку ќе бидете посигурни во себе. Последните денови употребете ги во повторување на материјалот. Не учете во последен час. Ноќта пред испит добро наспијте се. Заблуда е дека ноќта пред испитот најмногу се научува. Ова особено важи за студентите кои се борат со страв од испит.

    Темава ја отварам со цел да споделуваме искуства.
    Дали имате зголемена анксиозност пред испит?
    Како се справувате со истата?
    Дали сте посетиле стручно лице за справување со анксиозност пред испит?
    Кои стратегии ги применувате?
    Дали користите средства за смирување пред испит?
     
    На NoirSerpentine, Mia-K, BlackMistery и 12 други им се допаѓа ова.
  2. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.361
    Допаѓања:
    9.324
    Пол:
    Женски
    Ова е добра тема. И точно е дека овие стратегии може да помогнат.
    Моето лично искуство беше со анксиозност пред испитот, а за време на испитот ја снемуваше. Моментот кога ќе почнев да одговарам целото внимание ми се насочуваше во пишувањето или зборувањето и анксиозноста ја снемуваше. Кога се спремав за првиот испит, кој беше усмен баш се ова горе што го наброја го имав направено, со план и со придржување до него. Од тогаш сфатив дека со такво учење имам добри резултати т.е. дека така научувам добро, добивам висока оценка и плус имам најмалку стрес и сум најсигурна сум во знаењето и во себе и го применував низ целите студии колку можев. Но, ми се случи нешто необично една недела пред тој прв испит: успеав да се држам до планот што го направив и дури и порано ги завршував дневните цели од планираното. На една недела пред испитот како завршив таа вечер со учење за дента, пред да оставам книга и да легнам да спијам, се пресметав со страниците, видов дека сум понапред од планот и сфатив дека ми остана повеќе време за повторување од што планирав. Мисловно ми олесна дека имам време и си легнав. Не се осеќав ни нервозно, ни загрижено, ни срце да ми бие ниту пак мислев што би било, како би било. Наеднаш, по 10-15 минути лежење во кревет пред да заспијам, ми дојде нагон за повраќање, скокнав во вц и се исповратив. Ни стомак ме болеше по тоа, ни некој друг симптом имав. Се вратив во кревет и заспав најнормално. Никогаш после немав таква реакција пред испит. Не ми се повтори. Дури ни дента пред испитот. Мислам дека потсвесно ми работела нервозата, без разлика на планот, на трудот и на сознанието кое многу свесно го имав дека ќе биде се во ред. Без разлика на мислите, мене стресот ми работеше без да сум свесна за него, под сета таа мирна надворешност и под тој исконтролиран тек на мислите, си собирало како некој активен вулкан спремен да еруптира :D. Искрено, мислам дека што и да сум применувала техники за релаксација, само справувањето со она што предизвикува анксиозност вистински ја решавало таа анксиозност, т.е со самото градиво што треба да се научи. А тоа значи да се организираш добро, да направиш план на учење и да се фатиш за работа. Се друго знаеш дека не е учење и не ти помага.
     
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Star_dust

    Star_dust Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2019
    Пораки:
    1.165
    Допаѓања:
    9.300
    Пол:
    Женски
    Мене анксиозност ми се појавува пред секој испит, па макар и обичен квиз да е.
    Е сега во зависност од тежината на испитот ми варира и јачината на анксиозноста. За потешките испит ми е поголема, а за полесните помала.

    Исто, имам заприметено дека доколку некој предмет го учам долго време и ако имам вложено многу труд во него, тогаш анксиозноста е мноогу голема.
    А пак за некој предмет на кој одам само да си ја пробам среќата,без да имам учено премногу тогаш не чувствувам голема вознемиреност, но сепак постои. Не ми се десило досега да отидам да полагам нешто, а да се осеќам ко да одам на кафе :D

    Чаре за ова немам најдено, а и се сомневам дека ќе најдам.

    Најстрашно ми е кога полагам усно, кога морам да одговорам веднаш на прашањето без многу размислување или без правење на концепт.
    Најлош ми е денот пред испит затоа што цело време си правам сценарија што би било, какви прашања би имало, дали ќе ми стигне време, дали ќе се збунам, блокирам итн.

    Лоша работа е ова, стресови при секое полагање ич не се добри за здравјето ама ете едноставно немам начин како да се ослободам од анксиозноста.
     
    На sj *O*, Dream-Girl и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  4. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.361
    Допаѓања:
    9.324
    Пол:
    Женски
    Цел факултет завршив, ниеднаш не пробав на среќа да полагам. Или учев ко што треба или не одев на испит. Читајќи те сфатив дека неможам да правам разлика во однос на времето и трудот што сум ги вложила на испитот. Сега ми е криво што не пробав бар еднаш, онака за искуство бар...:D

    @Guns N` Roses за ова: Заблуда е дека ноќта пред испитот најмногу се научува.

    Не можеш да научиш во една ноќ пред испит се, тоа е факт, ама дека добро се помни тоа што е последно прочитано повеќе пати ми се има докажано. И секогаш сум сакала откако ќе научам се, уште еднаш да препрочитам многу брзо се, од почеток до крај, ден-два пред испитот. Брзо читам и сакав само некако визуелно да си ги потврдам. За еден обемен испит некако успеав и научив се до дента на испитот, ама ми остана само една лекција, која ја немаше во книгите, туку беше од белешки од предавање. И тоа предавање од последниот час, значи најтазе слушан материјал ми беше и затоа го оставив на крај од учењето, демек ајде најсвеж е и ако не стигнам да го прочитам, нема да е битно толку. Решив да ги прочитам белешките додека доручкував дента, саат време пред испитот, колку да не ме мачи мислата дека нешто не сум научила. Не ни верував дека ќе се падне како испитно прашање, зошто не ни беше во книгите и не беше долго. И се случи баш тоа да се падне. Од 1500 страни материјал, едно од 3 испитни прашања, зошто професорот тоа го предавал и сметал дека е битно. Сега не знам дали ќе го напишев добро ако не го прочитав утрото-најверојатно немаше.
     
    На sj *O*, Star_dust и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  5. Regina.Phalange

    Regina.Phalange Популарен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2020
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    1.429
    Пол:
    Женски
    Ги мразам деновите пред испити. Такво чувство на повраќање имам, ама со денови, и се убивам од кашлање, минимално јадам, минимално спијам. Во постојана состојба на паника, а мислите ми се на граница за самоубиствени. Ги мразам тие денови. Ми требаат недели после секое да се смирам и да сум повторно океј..
    Барем не сум сама, се тешиме со другарка, ќе си поплачеме, ќе прошетаме, се бодриме па тоа помага, ама само со нејзе единствено споделувам.
     
    На BlackMistery, nextredstyle, penelope10 и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.389
    Пол:
    Женски
    Ја гајле немам, толку не се замарам што моиве ми се чудат.Повеќе ме фаќа нервоза дур чекам резултати или дури ги отварам, тогаш не препотување, Нијагарини водопади имам, а вака пред испит не се замарам пошто ниеден факултет не вреди да си го ебавам здравјето, а и да паднам нишо страшно, никој не ме форсира за 4 години да го завршам.Ако си го зезнам здравјето или нервите уште толку нема да научам и положам
     
    На Ana.99, TheDreamGirl, Hellobeautiful и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.361
    Допаѓања:
    9.324
    Пол:
    Женски
    Нели е ова истиот страв во прашање-од неуспех, само е одложен моментот?
     
  8. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.389
    Пол:
    Женски
    Не знам, јас во принцип имам проблем со чекање.Мрзам да чекам макар и 5 минути да е и ми прави нервоза.А и ме копка што сум направила.А немам стрсв од неуспех.Баш после секој колоквиум сум среќна, дури и тие што ги паѓам
     
    На TheDreamGirl и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  9. .hopeful.dove.

    .hopeful.dove. Активен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2021
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Имам многу слично искуство со твоето иако сум уште во средно. Всушност, моментално сум во еден таков период. Се тресам, плачам, повраќам, едвај спијам, едвај јадам и имам суицидни мисли. Ненормална работа. Соочување со проблемот ми прави уште повеќе анксиозност. Секој пат кога ќе си речам готово е, доаѓа нов бран. Едвај чекам да завршам со цело школување (иако сум далеку од тоа) бидејќи не се трпи ова.
     
    На Regina.Phalange и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  10. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.907
    Допаѓања:
    130.110
    Пол:
    Женски
    Јас сум за никаде пред испити.
    Ми се вртат куп сценарија во глава дали ќе поминам,што ќе направам.Ако полагањето е усно да не се укочам и посрамотам...
    Главата ме заболува ептен и цела се тресам.Дишењето ми се ремети.
    Некогаш успевам да се справам сама,некогаш не.Размислувам пак да барам стручна помош.
     
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.
  11. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.219
    Допаѓања:
    8.438
    Пол:
    Машки
    И јас немам гајле ниту страв, само чуствувам напнатост и чекам што побрзо да дојде и заврши за да ми олесни оти како некоја тежина да имам се додека не заврши.
     
    На TheDreamGirl, злоба и Feminka22 им се допаѓа ова.
  12. злоба

    злоба Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.132
    Допаѓања:
    3.718
    Пол:
    Женски
    Исто, го чувствувам како нагон кој ме влече, а јас сум некој кој што го цени времето.
    За жал нашиот образовен систем има фрки и се случува услувен испит да ти го преместат порано или подоцна, па се нервираш.
    Овака ми беше минатата недела со два предмета, стиснав заби ја истерав неделата и ги положив.
     
    На quattro му/ѝ се допаѓа ова.
  13. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.235
    Додека студирав, си имав направено свој систем на подготовка пред испит што не ми дозволуваше да имам многу (негативна) трема или страв.

    Имав неколку златни правила:
    Прво, секогаш учев редовно а пред испит само повторував.
    Второ, никогаш не учев ден пред испит туку го оставав материјалот да легне. Некогаш оставав и неколку дена без да читам ништо по тој предмет, зависи од тоа како се чувствував во моментот и за кој предмет стануваше збор.
    Трето, работев на самодовербата, на држењето, на говорот (ако стануваше збор за устен испит). Ако професорот/професорката види дека сте самоуверени во тоа што го зборувате, мислам дека имате поголеми шанси да положите.
    Четврто, никогаш не ризикував со препишување. Пишував/кажував толку колку што знаев и одев понатаму.
    Петто, секогаш се концентирав на тоа што беше кажано на предавањата (белешките), а знаењето го проширував од книгите. Пишував, цртав, давав свои примери и правев свој концепт. Го поедноставував материјалот на тој начин. Секако, ова зависи и од факултетот.

    Резултатот беше - ниеден паднат испит. Не сакам да звучи како да се фалам, само се надевам дека моите совети ќе ви помогнат.
    Инаку, малку позитивна трема не е на одмет, напротив, го подобрува перформансот.
     
    На cresa-jagoda, Feminka22, Indiegurl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    16.980
    Пол:
    Женски
    Ја отворив темата, па редно е да споделам и јас.
    Полагањето на испит за мене беше толку драматично особено усното полагање, исто како да одам на колење, а не на полагање.
    До трета година, не знам дали поради тоа што скоро секој испит е условен за запишување на година и можеш да паднеш година само поради еден испит, јас секое полагање го доживував премногу стресно. Вистинска драма се случуваше со мене пред полагање, на некого можеби му е смешна и чудна таква реакција. Првиот паничен напад го имав вечерта пред полагање на усен испит, хумана генетика беше памтам, прва година. Ништо не памтев од прочитаниот матријал, ме фати одеднаш ужасна паника, плачење, опсесивни мисли како ништо не знам, како ќе се посрамотам и тогаш го испив и првиот седатив за да се смирам. Утрото guess what, отидов на полагање, но не влегов, чувствував ужасна грижа на совест, неспособност. Усното полагање ми беше смрт. Зошто? Ниска самодоверба, срам и страв од посрамотување пред колегите и професорите, асистентите, сметав дека не знам доволно и дека немам убаво научено. Се саботирав самата себеси со тоа што ги одложував испитите и полагањата. Моментот на пресврт беше кога сфатив дека всушност сето тоа идеализирање колку другите имаат научено се и се знаат е во мојата глава, затоа што лично се уверив дека има студенти што лабаво си одат на полагање и буквално глупости тропаат и положуваат. Од тој момент си реков доста е. Интересно е тоа што после прва година воопшто немав ни паднато на усен испит, ама ете самата си се саботирав со тоа што не се појавував. Толку бев под стрес пред полагање што дома не зборував со никој, фокусирана само на полагањето, затворена во соба, а дома ме гледаа само за јадење. Пред полагање буквално целата вилица ми се здрвуваше, крв не течеше во мене :D. После трета година некако ми беше порелаксирано, можеби и затоа што не бркав услови, изградив самодоверба и верба во себе и во своето знаење, дури применувам и тактики да изгледам посамоуверено за да извадам подобра оценка. Сега иако не размислувам на тој начин потсвесно, како што кажа @Cosmic Girl телото реагира. Имам грчеви во стомакот, дијареа обавезно, гадење, несоница, мигренозна главоболка се додека не помине полагањето. После полагањето јас сум тотално друг човек.
    Кои стратегии ги применувам за да избегнам анксиозност.
    Пред полагање избегнувам студенти што паничат, затоа што ми внесуваат немир и анксиозност.
    Не мислам на моментот на полагањето, а полагањето го сметам како еден обичен разговор со професорот, преку кој ќе се оцени моето знаење за тој предмет.
    Ако пред полагање сетам дека ме фаќа паника, практикувам длабоко дишење.
    Сега после над 50 положени испити си викам будалчее бее, вредеше ли да губиш здравје заради испит, ама немаше кој да ми каже.
     
    На TheDreamGirl, BlackMistery, FridaodaMk и 3 други им се допаѓа ова.
  15. penelope10

    penelope10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2021
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.267
    Пол:
    Женски
    Да се вклучам во темава како тазе студент. Откако памтам за себе сум страшно компетитивна и мразам да немам добар резултат. Како што растев тоа се претвори во солзи и нервози за секој изгубен поен на тест, да не зборувам за четворка, наречете ме бубалица. Сепак, се навикнав на тоа да имам супер оценки со планско учење без многу мака и со тек на време ја изгубив нервозата, сфатив дека не е крај на свет да не се знае баш се и пак имав супер оценки, а ја изгубив нервозата и ама баш никогаш во последниве 2-3 години немав никаква трема. Се тоа водеше кон моја огромна самодоверба, а на крај и кон тоа да сум првенец на генерација, а во околинава добив епитет како некој што учи премногу, знаете како оди тоа во мали општества.
    Сега, се запишав на студии и се чувствувам како сиот притисок на светот да го имам. Сопствената амбиција направи да мислам дека се подолу од 9 или 10 е ужасно. Сега, учам по цел ден и се чувствувам дека се што правам не е доволно. Освен тоа, сум крајно вознемирена и постојано мислам на испитите. Сега, баш оваа недела е колоквиумска и мислам дека сиот стрес во животов не може да се мери со стресот од овие неколку дена. Вечерта пред најтешкиот предмет, буквално не можев да стојам на нозе од учење. Сепак, следниот ден беше страшно. Бев преисплашена, со никого не разговарав, имав гадење, треска, смрзнав. Дури решавав, заборавив и штом завршив, повторно станав анксиозна и не можам да престанам да мислам на резултатот. До тој степен што сонував што напишав, а што би можела да напишам поинаку.
    Би сакала од вас поискусните да добијам некој совет како да се смирам и да се изборам со стресот и притисокот, бидејќи допрва ќе станува навистина тешко.
     
    На ушко, Cosmic Girl, BlackMistery и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    16.980
    Пол:
    Женски
    Прави паузи во текот на учењето. На пример саат време одвои за вежбање, медитација, прошетка, кафе, слушање музика. Прави нешто што ќе те опушти, медитација, јога. Мене ми помагаат паузи. @Cosmic Girl секогаш дава убави совети.
     
    На Cosmic Girl, nextredstyle и penelope10 им се допаѓа ова.
  17. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.623
    Допаѓања:
    40.110
    Пол:
    Женски
    Полагањата ми беа трауматични.
    Да не зборам за усно.
    Се тресев пред секој испит, па трчање во тоалет, па нагон за повраќање, вртоглавици...Но, како што има пишано погоре, добра организација, одвојување доволно време и повторување го олеснува проблемов, од аспект на самопотврда дека си спремен.
    Кога ќе ги поделеа тестовите, прво неколку минути морав да одвојувам да се смирам и да ги прочитам прашањата. Ако за поголем дел од нив бев сигурна уште од одма дека ги знам, тогаш се опуштав.
    Ми фалат студентските денови ама стресовиве не.
     
    На Cosmic Girl, BlackMistery, nextredstyle и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.307
    Пол:
    Женски
    Јас штотуку ќе ги имам првите испити.
    Најзагрижена сум само за еден предмет. :)
     
  19. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.342
    Пол:
    Женски
    Иста сум. Ништо не ми помага тие денови пред полагања, особено за усно мислам 10 дена уназад умирам од стресови. Си го прифатив стресот и тоа е тоа. После кога ќе заврши полагањето што и да сум направила се опуштам одма и сосема друг човек сум. Ама додека да помине полагањето тие неколку денови стресот што го трпам само ја си знам како ми е. Главоболки, повраќање, или ич не јадам или јадам многу од стрес, несоница, препотени дланки, тахикардија, ма што не...
    Си се навикнав, си се стресирам у себе, си ќутам и си терам више 3 години така. :rofl: Дури мислам дека и извежбав како да изглумам смиреност пред други луѓе и ко да не се замарам ич да изгледам. Само у себе си водам битки. :rofl:
    Ни учење цел месец, ни ништо не ме опушта, све испробав ама џабе. Самиот момент на полагање ми е стресен и неизвесноста што ќе направам.
     
    На BlackMistery, Yellow456, nextredstyle и 5 други им се допаѓа ова.
  20. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.168
    Допаѓања:
    5.385
    Пол:
    Женски
    Јас пак, во главно сум океј. Нормално, имам некоја трема пред полагања, особено доколку се работи за некој условен и важен предмет, ама тоа ми е во граници на нормала.

    Секогаш дента пред испит учам најмалку и најлабаво, особено ако знам дека сум научила и дека сум спремна, и секогаш се трудам да бидам. Самата помисла дека го знам материјалот, ми ја намалува анксиозноста и стравот.

    Ноќта пред испит, си легнувам порано, и си спијам како бебе, и така посвежа се чувствувам, не би можела да седам цела ноќ будна, и потоа да полагам.

    Во споредба со колеги, мислам дека добро се држам. :lol:
     
    На Waverly Raven, Guns N` Roses и Emotional123 им се допаѓа ова.