Значи вака.. Имам многу влакенсто тело ... Имам видливи влакна на стомакот,грбот,околу градите,кај препоните.. и на мн др места. Лани летото се зафркнав и на стомакот се избричав и сега ми растат многу поголеми.. како мов, а на грбот се многу видливи... и не знам што да правам :/ Пред околу 2 недели на стомакот ги издепилирав со домашен восок.. и првите дена ми беше преубаво.. ептен мазен беше стомакот но сега како што почнаа да ми растат излегуваат како црни црнки.. и многу е грдо, незнам што да правам :/ Сега како што иде лето.. мене не ми е проблем ке се депилирам постепено.. но кога ке поцнат да растат тие ситните како ке правам?? Не можам поосле ситните влакна пак со восок да ги фатам,а ако ги избричам одма za 2-3 дена пак ке ми порансат и пак иситите проблеми одново :/ Ај ќе ве молам да ми помогнете.. што мислите дека требам да направам.. Сега како што иде лето ни по купајќи нема да можам да се слечам .. Ве молам за совет!
Aj ke ve molam ! Најубаво е да си почнеш редовно да си одиш на козметичар, и без многу пипкање по бричови дома. Само така ќе успееш да ги изретчиш со тек на време. А кај сите е така, кога малце подникнуваат додека не стигнат до должината за депилирање малце е незгодно, но ќе си носиш нешто полесно и што покрива,сепак за неколку дена од кога ќе почнат да ти се познаваат ќе се стрпиш за плажи и базенти, до следното депилирање. Друго чаре нема.
Aj ke ve molam ! А да си одиш прво на гинеколог хормони да си испиташ. Зголемена влакнавост кај жени најчесто е резултат на хормонско пореметување. Ако е така, кога ќе ги средиш хормоните, и влакнавоста ќе се намали. Ако хормоните се во ред, не ти останува ништо освен редовна депилација или евентуално трајна депилација да направиш, барем на стомакот и на грбот.
Aj ke ve molam ! и јас имав влакна на грбот и вчера конечно ги отстранив. случајно во една аптека имаше акција некоја и имаше со купен крем за депилација гратис четки за шминкање кои ми се допаднаа освен таа за руж ужасна е цената веше 155 ден па ми се исплаќаше за четките и ај си реков да пробам и се намачкав на стомак и на грб дада ме намачка и сега сум мазна ама ќе видам до кога и ќе ти кажам . иначе кремов стреп се вика мислам
Aj ke ve molam ! А имаш отидено на лекар да провериш да не ти е хормонално? Најдобро најпрвин тоа провери си го зошто не е нормална толкава влакненост. И никако немој да ги бричиш така само ги згустуваш.
Aj ke ve molam ! Машкиот хормон - тестостерон го има и во секоја жена. Тој се произведува од надбубрежни жлезди. Ако кожата е повеке податлива на това, тестостерона поттикнува растежа на влакната. Този процес е од пубертета до менупаузата, после тоа влакната намалуват, со исклучок на растењето на влакна по лицето. Најчесто таа се наследява.Майка ви или тетка ви можеби имала истиот проблем. Полицистично оваријален синдром е причина за повекето влакна кај некои жени. Овој синдром обично настанува од нерамнотежа помеѓу хипофизата и надбубрежните жлезди со цисти на јајниците. Како резултат на тоа нивото на машкиот хормон се зголемува.Тој обично се развива во крајот на тинејџерските години и обично има и други симптоми освен влакна. Полицистично оваријален синдром понекогаш е и наследен. Тој се дијагностицира преку крвни тестови и, обично, ултразвук скенирање на јајниците. Може да се лекува со лекови. Често се случува на жени со прекумерна тежина, и влакната намалуваат, ако ослабнат. Симптомите на синдромот на полицистично оваријално на јајниците: Зголемување на влакна Оскудна или нередовна менструација Акни и мрсна коса Потешкотии при забременување Дебелина (обично) Белење е добар начин за прикривање на влакната на горната усна, освен ако кожата ви е темна. Водороден прекис за белење е достапен од фармацевти, но може да предизвика силно надразнување на кожата. Оскубването може да се користи за отстранување на долгите влакна на брадата, но генерално не е добра идеја за лице, бидејќи може лесно да предизвика лузни. Никогаш не скуби влакната на брадавица или на околните розови површини. Истражување покажа дека пиењето 2 чаши нане чај дневно можат да го намалат нивото на тестостеронот кај жените, и може да намали влакната. ...и faye ако се зафркаваш - срамота, ако не - глупо е да предложиш пинцета кога станува збор за многу влакна по цело тело... Од сета таа информација, аз те советувам да идеш на лекар заедно да решите тој твој проблем. Успех
Најдобро ќе биде прво да одиш на лекар да ги испиташ хормоните. И никако брич! Со тоа само ќе ги направиш влакната уште поцврсти. Оди на козметичар, таму ќе те средат како што треба.
дали има апчиња за намалување на тестостерон или за зголемување на женскиот ? и дали е ризично на своја рака да се земаат ?
Да, има апчиња за намалување на тестостеронот и да, ризично е на своја рака да се земаат! Ако тоа ти е толку голем проблем, ќе побараш помош прво од матичниот лекар, кој мислам дека ќе те упати на Клиника за ендокринологија.
Никако немој на своја рака, НИКАКО! Тие апчиња не се играчка, најдобро ти е да се консултираш со лекар, тој ќе ти даде најдобар совет.
Обавезно провери ги хормоните, зошто може во иднина да ти претставува проблем и забременувањето. Исто така, ако јадеш многу пилешко месо, салами, во Мекдоналс намали со таква исхрана, многу ги пореметува хормоните. А за влакната, доколку имаш финансиска можност оди на трајна депилација. Скапо е, ама вреди за парите.
Мојот најголем непријател. Влакна на стомакот, на брадата, на градите...барем на грбот немам...сеуште.
Значи имам проблем со зголемена влакнатост на лицето и телото....дали некоја од вас го има овој проблем и како се справувате со тоа?
А дали сте запознаени колку чини таа трајна депилација и колку е навистина трајна,мислам колку време трае бидејќи и јас го имам тој проблем
i jas go imaf istiot problem bef kaj maticen lekar i me upatija na endokrinologija, tamu mi gi ispitaa hormonite, primaf terapii skoro polovina godina i nema nikakov efekt. a dali znae nekoj kolku e od prilika trajnata dipilacija cao pozdrav odnapred
Зависи за која површина на телото и колкава е регијата која ке се третира.Знам дека во Анчевски е 100 евра за цело лице,а за др незнам,иако претпоставувам дека е над 100 евра за стомак или грб,конкретно во поставеново прашање.
Не знам точно, ама во секој случај не е вечна ако може така да се изразам. Можеби пола година или година