влакна низ целото тело ве молам за помош колкава тие влкнетоста девојко буквално на грб ти растат влакна?и по депилација кога почниваат да ти растат нормално е по 2ипол недели а тебе?[/qu мене по 2 недели поцнуваат да ми растат ама остај сто ми растат него и црни ми се ептен се приметуваат
влакна низ целото тело ве молам за помош јас би ти препорачала да си собереш пари за трајна депилација кога била ваква работата ако не си во можност да платиш одма и распрашајсе за цените а дотогаш брич немој да ставаш на себе никаде и само депилација со депилацијата се ретчат влакната...
влакна низ целото тело ве молам за помош Абе кај ќе собере девојчево пари за трајна депилација? Не се веѓи или надусница. Цело тело е во прашање.
влакна низ целото тело ве молам за помош Најубаво е да си ги провериш хормоните, ако ти е зголемен тестостеронот може ради тоа имаш зголемена влакнавост, исто така и јајниците ако ти се полицистични. Провери си го тоа
влакна низ целото тело ве молам за помош Tрајна депилација а и стетна депилација. Иначе јајниците ми се добри ги имам проверено(((((((((((
Како што ти кажа Анастасија провери си ги хормоноте и една моја другарка го имаше овој проблем и и препишаа апчиња и сега и нормализира. Само како да си знаеш проверувањето на хормоните се врши третиот ден од циклусот.
Затоа напишав да се распраша колку и да е мала треба да се консултира со мајкаму проблем си е проблем требада крие да се крие колку пари на 2недели дава по депилаци?да си набие комплекси на овие години така?не првода се консултира со домашните да разговарат и да се реши проблемот а трајната депилација прв пат слишам дека е штетна...
И јас исто вака цел живот се јадев дека сум повлакнеста од другите бидејки имам изразити влакна и на грбот(добро не сеа по цел грб ко на маж но на долниот дел) исто и на интимата и за разлика од повекето што им растат после 2 недели од депилација мене ми раснат после 4-5 дена .Порано многу се нервирав ради тоа и стално коа ке отидев кај жената што ме депилираше и кукав дури и срам ми беше но таа стално ме тешеше и ми викаше дека не е страшно се дешаваат и такви работи некои се повлакнести некои не .Немам проблеми со хормоните и полицистични јајници едноствно мајка природа така ме дала.Сеа јебига напорно е на секои 4-5 дена со депилаторот у рака ама тоа е ,од оваа кожа во друга не може.Ке се навикнеш дека си таква и нема што да се потресуваш толку верувај не си само ти со таков "проблем".
http://www.tuydokucukrem.com/en/what-is-tala.html Има некој слушнато за ова масло, Tala Ant Egg Oil? На страната пишува дека трајно ги отстранувало влакната? Пошто е турски производ, да не има некоја Турчинка на форумов, па уште да има чуено за ова мачкало?
SuperGirl24 истиот проблем го имам, таман си се идепилирал за неколку дена ајде пак Што е најстрашно скоро цело тело треба да го депирирам, се осеќам мажествено
Зголемена влакнатост Би сакала да ве прашам дали некоја го има овој проблем....зголемена влакнатост по целото тело, и лицето....Заедно со тоа и нередовна менструација....ве молам доколку некој од вас знае нешто за ова да одговори...или доколку го има истиот проблем...поз
Зголемена влакнатост Веројатно е некое хормонално нарушување. Но, велам ВЕРОЈАТНО зошто јас не сум стручно лице. Како и да е, ти советувам веднаш да посетиш доктор.
Треба да одиш до матичната лекарка и да и го кажеш ова, она ќе те упати до ендокринолог, а ќе треба и до гинеколог. Ќе ти дадат да испиташ хормонален статус, да се видат хормоните и исто на гинеколог(најверојатно за ехо на јајници). Мора прво да испиташ заради што се јавиле тие влакна, да ги исклучиш некои работи, па после да се средува проблемот ради естетскиот момент (на дерматолог, козметичар, кај и да одлучиш да се обратиш).
јас имам 15 години и исто си го избричив стомакот и многу е лошо а на козметичар не можам да одам и со крема не се вадат што велите за да пробам со ленти на veet?
Епа како што кажав и јас исто имам...но проблемот го решавам со помош на бланш за белење влакна ...се продава во аптеките...пробај го тоа
Но јас веќе еднаш со брич ги поминав и многу се поцврсти и погусти .. подобро ќе е прво да ги изретчам со вит ленти..