Јас многу се нервирам...кога одам да се депилирам, нозе и на препони, одма, после 4-5дена почнат да ми раснат на интимата влакненца...може да одам на 2 недели да се депилирам, а нозе на 4-5недели... ахх... и незнам да не е не штетно нешто да почнам на 2 недели да одам за интимата на депилација. јас иначе еве 8 месеци се депилирам, а претходно цело време со брич. па дали можда и тоа има врска, или секогаш така ќе ми брзо раснат. незнам јас за лето што ќе правам секоја недела депилација.. ццц
Па пробај со некои кремови за намалување на растот на влакната. Ете пример на авон,од скин соу софт по 200 денари е и гел за туширање има,пробај види,има сигурно и други не е само на авон. Се надевам ти помогнав.
Ова влакнава ужас... Премногу ми згуснаа незнам што да правам позади на газот што ѓавол ме тераше ги бричев и сеа ги има мн... А срам ми е на депилација да одам..
Незнам од каде излезе сега овај рецепт и колку е ефикасен, но ако некој сака може да го проба. http://mkd-news.com/oslobodete-se-od-vlaknata-bez-brichene-i-depilatsija-zasekogash/ Се работи за третман кој ќе го практикувате два до три пати неделно во текот на еден месец, а после тоа влакната потполно ќе исчезнат. Измешајте една лажица мед со половина лажица овесна кашаи неколку капки лимонов сок. Добиената смеса ставете ја како маска на лице (или на местото каде сакате влакната да ги нема). Оставете да делува околу 15-тина минути, а потоа измијте. Нанесете крема по третманот. Ова маска навистина делува, уверете се и сами!
кај да најдам овесна каша каква е таа леле мене на брадата ми излегоа и пиев апови бетер бре. се зголемија јебем ти и гинеколози и све. за ласер требало поише третмани шо траат 3 месеца не е за парите туку ја сум во скопје само на еден месец и после си работам си идам на брод и цело време ми е така скоро 3 години како работам не сум доволно време тука за да се заангажирам. дај кажуј за кашана кај да ја најадам по маркетиве сигурно има да пробам и тоа чудо
http://www.kafepauza.mk/zivot/oslobodete-se-od-nesakanite-vlakna-bez-depilacija-ednash-za-sekogash/ На овај линк го има истиот текст, а во коментарите долу пишува дека овесна каша биле овесни снегулки што можеш да ги најдеш во маркет. А подолу во коментарите има уште некој рецепт против влакна Narodno sredstvo protiv vlakna na lice Za priprema potrebno e: 2 ml jod, 1,5 ml amonijak, 4o ml 96% alkohol i 10 ml ricinovo maslo. Site sostojki dobro da se promesaat i da otstojat dodeka smesata ne stane bezbojna. Ova smesa se vtriva vo site delovi na liceto kade sto imate nesakani vlakna, nautro i navecer. Vlaknata ke pocnat da opagjaat posle nekoliko dana koristenje, na ovoj nacin kaj mnogu osobi doslo do trajno otstranuvanje na nesakanite vlakna. превземно од:https://www.facebook.com/zdravjeiubavina1?fref=nf
Луѓе, и кажувам на мајка ми дека имам влакна на грбот и дека ми сметаат, дури и покажав, и таа ми вели дека сум била чудна, се нешто ми истекнувало, сите имале влакна на грбот.. А мене стварно ми сметаат. Бидејќи се темни и густи и не можам да носам маици со отворен грб. И што да правам сега?
И јас го имам истиот проблем. Деновиве решив да закажам депилација и на грбот и на стомакот, друг спас нема.
Женски и јас ви се придружвам .Цела сум влакнеста.. Денес бев на депилација,дел од влакненцата на стомакот,ми ги зидепилира.Ама оние на грбот,кои се многу,не ми ги отстрани.Оти ако ми ги издепилирала,бидејќи утре ми е полуматурата,ќе сум се испотела и ќе сум се нафрлела. И сега побргу нека иди 1,07. да ме издепилира,комплетно.
Инаку кога сум веќе на темава би сакала да прашам дали боли депилацијата на стомак? Јас пред неколку недели пробав дома со топол восок и болеше премногу па не завршив целосно. Исто така, боли ли на грбот/половина? Иако се сомневам дека на грбот боли депилацијата..
Девојки во врска со ласерсково отстранување има некоја што била кај Анчевски? Ме инетересира цената која е, и колку третмани се одприлика доволни? Мене пред месец два ми се појавија влакненца на брадата/ вилицата. Нема многу и не се нешто да речеш јаки и воочливи ама јас сепак си ги приметувам и ме нервираат. Ме интересира колкава би била цената на така мала површина, и колку третмани би биле доволни? Знам дека зависи и од тоа колку се јаки влакната ама еве од прилика?
Никако отстранување на влакна од лице! Само ја влошувате ситуацијата и го иритирате лицето. Јас имав зголемена влакнетост и акни па пиев 6 месеци контрацептивни пилули и доста ми се подобри ситуацијата, но еве сега повторно почна нагло да ми се појавува влакнетост под брадата и на лицето. Испитував хормони два пати пред два месеци и се беше во ред, тестостеронот беше нормален, полицистични јајници немам... гинекологот вели дека највеќе сувомеснатата и конзервирана храна доведува до вакви хормонски дисбаланси. Ќе пробам со чај од нане и со Б6 витамин, читав дека помага при зголемена влакнетост.
Jas imav pod bradata nekoi blakna sto mi se poznavaa i gi fanav so cupalica i se mi rasnat kako na vegite i se poznavat ako ne gi fakam dali znaete kako mozam najdobro da gi otstranuvam?
Ако имаш повеќе и ако ти се ептен видливи,издепилирај ги со восок или шеќерна паста што можеш сама да си ја направиш. А ако ти се две,три евентуално четири фаќај ги со чупкалица немај мака
Првиот пат кога се депилирав на стомакот и половината абе ич не ме болеше! Ама затоа вториот пат многу,ама се издржува а и зависи колку ти се долги влакната.. кога се подолги повеќе боли. А за грбот мислам дека ептен боли и мислам дека и ми имаат така кажано.
Вчера бев на депилација и нозеве под колена пак имаат точки црни. Се депилирам со ладен восок на месец- месец ипол. Претходно по дома со електричен и цеееела бев со поткожни. Дали некој бил на трајна да сподели искуство? Дали постојат некои креми за намалување на раст? Витамини било што...многу ме нервираат зошто растат црни и јаки...не е до хормоните уште од дете си бев влакнеста
Сакам и јас да прашам нешто ако знае некој нека ми одговори.нормално ли е да имаш сивкасти влакна по цело тело видни на око (не ептен многу)а на допир не се осеќат,плашеме да не имам некој проблем,на кој и да речам нормални биле само се глупирам....ако може некој нека одговоре фала