1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зголемување мускулна маса

Дискусија во 'Фитнес' започната од sweet25, 18 април 2012.

  1. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    488
    Rapidcuts

    Нема подобро апче од слабеење од калориски дефицит.
    Какво брзо слабеење(Rapidcuts) move your ass from the chair,and work that butt off...
     
    На MishellBN му/ѝ се допаѓа ова.
  2. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    За поголема мускулна маса, поздраво и поиздржливо тело треба да се збогуваме пред сè од месото и да се јаде повеќе сирова храна. Навидум неверојатно, но многу логично и вистинито. Интервју со светскиот шампион во бодибилдинг Вејд Лајтхарт, кој е веган повеќе од 10 години:

    http://www.youtube.com/watch?v=IPpYENUHde0
     
    На Ella.313 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Сурова храна, сирова е на српски :).

    Со секоја храна богата со протеини се качува мускулна маса, нејадењето месо се базира најповеќе на здравствени или етички причини.
     
  4. Hiphoperka1

    Hiphoperka1 Активен член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2013
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    3
    Мојот фитнес ден (+ мотивации)

    Задоволна сум од моето тело,вежбам редовно во теретана веќе година дена,се хранам здраво со минимален внес на јагленохидрати и зголемен на протеини.Е сега имам еден проблем.Се разболев и не вежбам 10тина дена од прилика, се разлабавив и како да ја изгубив целата мускулната маса за толку кратко време.Прашањето ми е како да ја задржам мускулната маса во тој минимален период кога правам пауза со вежбањето?
     
  5. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    488
  6. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Вежбам пилатес + кардио, кардио поретко, досега постигнати резултати ми се, стопени масти на бутовите, оформени нозе - целосно, намален обемот на стомакот и оформени раце. Проблемот е што јас не сакам да ослабам но, заради стопените масти на нозете ми изгледаат послабо. Сакам да ја зголемам мускулната маса за да не изгледам слабо и да го намалам обемот на стомакот уште повеќе. На групер денес видов понуда за згоелмување на мусклулната маса.

    Пакување на суплементи - стимуланси по избор:

    SynNovator Crea+ (во пакување од 300 капсули) или
    SynTsize Pump (во пакување од 600 gr.)

    Дали би помогнале за мојата цел? Повеќе за нив во споилер.

    Опис

    SynNOvator Crea - e моќен синергистички напиток. Тој е мешавина од двојно ублажен креатин и состојки кои ја поттикнуваат енергијата. На спортистите им дава невероватна сила, го стимулира побрзото закрепнување, го подобрува дотокот на крв во мускулите , ја подобрува издржливоста на мускулите и ја поттикнува слабата мускулна маса на раст.

    Клучни состојки во дневна доза 7.2г на Triple Action NO Matrix e составен од 4г Аргинин АKG, 2г Цитрулин Малат и 1.2г Орнитин – Овие три синергетски состојки го зголемуваат нивото на Нитрик Оксидот (NO level). NO го контролира протокот на крв и количината на хранливи состојки кои што се пренесуваат до мускулите. Ја оптимизира контракцијата на мускулите, го зголемува производството на кислород, ја стимулира детоксификацијата што доведува до поголем волумен на мускулите и нивни подобар раст.

    4г на Креа-Трона (SynNOvator Crea)-Двоен ублажен, ултрачист креатин за повеќе моќ и забрзан мускулен раст. Креа-Tрона целосно се апсорбира и не предизвикува задржување на водата, што е идеално да се здобијат двете - сила и чиста мускулна маса и го убрзува зајакнувањето.

    4г на Бета – Аланин ( SynNOvator Beta ) - Бета – аланинот е лактик кој што ги ублажува киселините со што се зголемува концентрацијата на карнозин во мускулите со што се одложува заморувањето на мускулите на ефикасен начин. Тој исто така го спречува заморувањето на мускулите и го убрзува опоравувањето после напорно вежбање.

    1г на Мешавина за Енергија и Ментален Фокус – е произведена од 500мг на Гуарана и 500мг на Теобромин - Овие супстанции ја зголемуваат концентрацијата, го подобруваат времето на реакција и помагаат во намалување на заморот.

    Пакување 300 кап. = 60 дози
    Употреба Дневна После тренингот
    SynTsize Pump е продукт од најновата генерација кој се користи пред вежбање и го зголемува нивото на енергија во телото, го зголемува волуменот на мускулите, ја оптимизира продукцијата на Адено трифосфат (ATP) и доведува до побрзо опоравување на истите. SynTsize Pump ги пумпа мускулите на зачудувачки начин го зголемува капацитетот на вежбање и растот на мускулите.

    Клучни состојки во дневна доза

    5г на Double Action NO Complex – Оваа мешавина се состои од 3г на Аргинин Алфа- Кетоглутерат со 2г на Цитрулин Малат. Повисоките нивоа на нитроген го зголемуваат дотокот на крв во мускулите со што го забрзуваат нивното опоравување и ги “пумпаат” мускулите за време и после вежбањето. Зголеменото ниво на нитроген исто така значи и зголемен раст на мускулите. Комбинацијата од аргинин и цитрулин малат е поефикасна за растот и цврстината на мускулите отколку само употребата на аргинин!

    3г на Креа-Трона -Двоен ублажен, ултрачист креатин за повеќе моќ и забрзан мускулен раст. Креа-Tрона целосно се апсорбира и не предизвикува задржување на водата, што е идеално да се здобијат двете - сила и чиста мускулна маса.

    2г на мешавина од Амино киселини (BCAA Blend) – Овие Амино киселини играат клучна улога во изградувањето на мускулите и ги заштитуваат мускулите од истоштеност која се јавува како резултат на интензивни вежбања.

    2г на Бета – Аланин – Бета – аланинот е лактик кој што ги ублажува киселините што ефикасно го одложува заморот на мускулите. Го зголемува капацитетот на тренингот и нивото на енергија. Бeтa-аланин, исто така, им помага на спортистите во брзото опоравување. Тој го стимулира интрамускулниот проток на крв и ја подобрува издржливоста.

    1.5г на Таурин – Оваа состојка слична на амино киселина ја стимулира елиминацијата на млечна киселина ја зголемува издржливоста и ги подобрува спортските карактеристики.

    1.8г на Енергетски и Ментален Фокус е составен од 500 мг на Гуарана, 500мг на Теобромин и 800мг на Тиросин – Оваа супстанца ги опслужува потребите на телото за време на вежбањето и ја подобрува концентрацијата, реакцијата и виталноста и помага во намалувањето на заморот.

    Пакување - 600г = 30 дози
    Вкусови - Тропско овошје, Овошен пунч (ананас, ѓумбир и портокал)
    Употреба - Еднаш на ден една доза од 2 лажички (20г.) во 400 мл. вода пред тренинг
     
  7. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    488
    Не без средена исхрана,пилатес не гради мускулна маса.
    За да изградиш мускулна маса треба да вежбаш со тежина и тоа чучњеви,мртво кревање,исчекор напред и сите други вежби.
    Пресметај си калории и следи ги.
     
    На K.Mari4ka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Ама си јадам јас, не да не јадам па да слабеам, мене килажата ми е иста, само ги топам мастите + на пилатес вежбаме со тегчиња и правиме чучњеви и исчекор и други вежби се тоа со тегчиња, за исхраната - јадам здраво. Мислиш дека ако пијам нешто за зголемување на мускулна маса нема да има ефект?
     
  9. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    488
    Како што ти реков за мускулна маса си го згрешила спортот.
    Со тие розеви тегчиња ќе направиш промена,не ме зезај.
    Твоето бебе во иднина тежи толку и плус шопинг ќесите.
    Треба да разбереш дека мускулите за да ги промениш бараат тежини а не со не знам колку повторувања на пилатес.
    Пилатес е направен за опоравок на спортистите и за зацврстување на јадрото.
    Ако сакаш да добиеш мускулна маса на нозете треба да вежбаш интензивно и со тежини.
    Тоа значи сите тие вежби што ги пишав да ги правиш со 6-12 максимални повторувања и да удираш прогресивно на нив,секоја недела да зголемуваш по мали тежини за да не се адаптира телото.
    Ако таа инструкторката ти кажала дека ќе добиеш мускулна маса,те излажала :)
     
    На Elence93 и K.Mari4ka им се допаѓа ова.
  10. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.697
    Допаѓања:
    5.017
    Пол:
    Женски
    Eдно прашање до StefChef (ако знаат и другите супер)
    Прилично сум слаба (166цм, 54кг), проблемот е што нозете и задникот ми се послаби од што сакам и секогаш таму најмногу слабеам. Како да го зголемам задникот и бутовите, без да го здебелам и останатиот дел од телото? :)
     
  11. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Штом почнам да вежбам (конкретно во теретана), многу брзо ми се прават мускули на нозете.
    Е сега, проблемот е што јас сакам прво да ги ослабам, па после тоа да правам мускули.

    Како да го изведам тоа, т.е. кој спорт е најдобар за тоа? Трчање? :?:
    Патем, имам вишок околу 5 кг.
     
  12. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    И јас го имам истиот проблем.Порано ми успеваше со трчање,еве сега пак си ја пробувам среќата.Исто и возење точак може да ти помогне. :)
     
  13. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Уфф пусти маки... хаха и како што гледам горе доле истото друштво сме од темета како да се поправам. :tmi:
    Колку пари се од прилика тие суплементи? Незнам зошто ама се си мислам дека се штетни. И за колку време со вежбање и исхрана според постот на очила, би требало да има резултати.
    Бидејки гледам со исхраната горе доле внесувам протеини, јаглени хидрати, масти во исхраната. Проблемот кај мене е што не јадам количински многу. А здраво се хранам.
     
  14. klineco

    klineco Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2014
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Давајте луѓе нешто за дебелеење.И јас го имам истиот проблем како SparkyAngel
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    И јас ќе си ја пробам среќата од понеделник. Се надевам дека ќе успееме. :)
     
  16. enaena

    enaena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2013
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    119
    истово и мене ме интересира, конкретно за задникот, откако одам на вежбање е поцврст, но не и поголем :(
     
  17. Dee

    Dee Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    334
    Големината е генетска предиспозиција. Со вежбање може само да се затегне и да се обликува.
     
  18. anamariia.x3

    anamariia.x3 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    856
    Сакам да прашам, моментално имам рамен стомак и нозете ми се слаби бидејќи бев на диета и успеав да симнам 5-6 килограми, меѓутоа сега сакам да го зацврстам стомакот и нозете, да бидат помускулести. Како да го постигнам тоа?
     
  19. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    488
  20. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.697
    Допаѓања:
    5.017
    Пол:
    Женски
    Дали се овие добри за мускули? Ги купив за нозете, но кога веќе ги имам и за раце ќе ги користам, не е на одмет да ми се стегнат малце :)
    [​IMG]