Зголемување на цените на основните прехранбени производи, гориво и слично

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Luciferka, 21 јули 2022.

  1. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.742
    Пол:
    Женски
    Секојдневно гледаме зголемување на цените на основните прехрамбени продукти, гориво, електрична енергија и сл, мелничарите најавуваат зголемување на цената на лебот и пекарските производи за дополнителни 25% поради зголемите трошоци за електрична енергија.
    Како вие се справувате со оваа ситуација и дали влијаеле на вашиот буџет ?
    Дали сметате дека владата треба да превземе мерки за справување со кризата и какви ?
     
    На sj *O*, SeaMermaid и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.477
    Допаѓања:
    13.715
    Влијае секако. За да не трпи мојот буџет рационално ги планирам трошоците. Владата мислам дека веќе е доцна да преземе мерки. Прво Собранието не гласаше за повисоки плати за 2.800 денари. Да гласаа, тоа ќе потегнеше нов раст на сите плати.
     
    На sj *O* и Ева33 им се допаѓа ова.
  3. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.661
    Допаѓања:
    39.921
    Пол:
    Женски
    Џабе што ги покачија платите кога тие пари ние ги дадеме во покачувањето на цените на сите намирници,горива,струја и сл.
     
    На sj *O*, Just.do.it и Ева33 им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.293
    Презеде.
    Ако не преземеше, ќе беше уште поскапо... ко што е во другите земји се' поскапо.

    Еве ти еден пример:
    Владата го презеде централното парно, оти не е профитабилно за приватник.
    Од буџетот пренаменија сретства, за илијадници семејства да имаат греење зимава

    *Иначе, високиве цени се диктирани од глобалниот пазар.
    Секаде ги има последициве.
    Не само кај нас и не зависи ич од нас.
     
  5. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.742
    Пол:
    Женски
    Да презеде шминкерски мерки колку да се замачкаат очите на слепците што сеуште им веруваат а тие дополнително да си го полнат џебот на сметка на средната класа која веќе изумре и на ранливите категории граѓани кои не можат да сврзат крај со крај.
    Еве некои мерки кои би дале резултати
    Намалување на акцизата за горива.
    Замрзнување на цените на основните прехрамбени производи.
    Реална пресметка.

    Најефикасна мерка за справување со кризата е владата на СДС и ДУИ да си поднесат оставка.

    Пред да пишиш ваково нешто погледни се во огледало и разбери дека не треба да и служиш на власта.
     
    На Snowflake97, Billy Idol, sj *O* и 9 други им се допаѓа ова.
  6. Didajo

    Didajo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    514
    Пол:
    Женски
    Не е точно, самиот Бектеши кажа дека има нерелано зголемување на цените и дека фирмите ке бидат објавени, а најверојатно и дел казнети, ама кај нас е уста рекла уста одрекла и според тебе пак сме криви ние нели :)
     
    На sj *O*, Осе и Ева33 им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.293
  8. Didajo

    Didajo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    514
    Пол:
    Женски
    Никој не спори дека само во Македонија има инфлација али имало "превземано мерки" ако може да ни посочиш кои се тие, оти овие ние кои ги гледаме смешни се.
    И да не гледаме во туг двор да го гледаме нашиот што тука се прави за амортизација на истата. Аkо гледаме така Србија маслото го земав 90ден , Грција класика како и секоја година 2,20евра, кај нас 163.
     
    На Snowflake97, sj *O* и Осе им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.293
    Пишав погоре една шо знам.
    Не ги знам другите, ама знам дека ако не вбризгаа пари од буџетот за модерирање на кризата, ко Турција ќе бевме.
     
  10. Didajo

    Didajo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    514
    Пол:
    Женски
    Ама затоа сега ке градиме пруга до Бугарија. Има пари оваа земја само нема за народот, а мерките се смешни искрено и од оваа која ти е напишана ке го чекаме зимово за резултат ке дојде парно по 6 часа у ден а може ни толку.
     
    На Осе и elimkd им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.293
    Шо пари сакаш ти?
    За нас ќе е пругата?
    Рачунај, транспорт на луѓе и стоки колку ќе се олесни.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Didajo

    Didajo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    514
    Пол:
    Женски
    Баш во време на инфлација транспортот е најважен тоа што некој нема 60денари за леб кој го е...Пругата се гради 20години наназад и уште 20 да не се изгради не е проблем. Ама изгледа немаш осетено како е за корка леб да се бориш.
    Битно мерките се тоооп може маваат накај тенк.
    Пари сакам да за секој еден во оваа смрдлива земја да може да има достоинствен живот, а не само програмерите и чат пат уште некое профилче и мислам дека не барам многу.
     
    На sj *O* и Осе им се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.293
    Ој речи му да ја запрат, ко ти смета толку.

    Само не кажа, како сакаш да се пренаменат тие пари?
    Да не сакаш во кеш да ни ги исплаќаат?
     
    На Directioner005 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Didajo

    Didajo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    514
    Пол:
    Женски
    Мене не ми смета, ама ке почне на многу да му смета кога ке немат пари за леб. Нека ги вложат во инвестиции што ке носат пари во работни места не видовме една фабрика да се отвори во последниве неколку години. Нека се помогнат маливе бизнисi на кои драстично му се покачи струјата, по вокација не сум економист ама мислам дека има уште паметни глави во оваа земја за да кажат каде да се пренаменат.

    Ама твојто меше не е гладно изгледа :)

    Мене немора да ми исплатат ништо ама еве ти каков нивни верен поддржувач стварно заслужуваш да те наградат :)
     
  15. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.234
    Допаѓања:
    4.290
    Владата требаше да превземе мерки уште кога почна војната во Украина. И тоа политичко дипломатски - да не гласа против Руската Федерација, или барем да гласаше воздржано, но и да склопеше повеќегодишен договор за набавка како што го сторија тоа Србија и Унгарија. Како последица од тоа би сме имале поефтини енергенси за производство, транспорт и греење а со тоа и поефтини цени. Некои работи сепак би поскапеле, но не до толку.

    Мерките кои сега ги превзема владата се лекување на симптомите, но не и причината. Но подобро нешто отколку ништо.
    Да беше досега изградена и функционална таа пруга, економијата ќе беше подобра затоа што не е исто да платиш една комопзиција од 50 вагони, и да платиш 50 засебни шлепери. Идејата со пругата не е толку туризам колку што е извоз - увоз на продукти и поврзаност со пристаништата во Црно Море и тргување со светот (не само со Бугарија). Сето тоа е поврзано со даноци (разни давачки, царини и тн.)кои би се влевале во буџетот и тогаш ќе има леб и за народот (ако правилно се распределат парите).
     
    На sj *O* и Осе им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.293
    Да, треба да вложат во инвестиции и не се способни за тоа.
    Исто како шо не се способни за ништо друго, па пругата ја градат 20 години(твојот пример)

    Ама едниот проблем не го исклучува другиот.
    Напротив.
    Поефтин превоз - поефтина роба.
     
    На Осе и daylight им се допаѓа ова.
  17. Dumbledore

    Dumbledore Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2022
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    908
    Пол:
    Женски
    Искрено, многу ми е страв.
    Ќе расте уште.
    Оваа држава заслужува да е напуштена и осамена.
     
    На ушко, minne992, Ouravanture и 3 други им се допаѓа ова.
  18. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.083
    Допаѓања:
    174.029
    Пол:
    Женски
    Мене едино нешто шо ми текнува во врска со ова е, дека од дете секогаш цените оделе градуирано нагоре ( и сега наеднаш нагоре). Не сум забележала намалување на цени на продуктите. И само онака ми седи at the back of my head дали вака ќе ни останат цени. Дали има шанси за намалвање? Јас сум политички и економски неписмена. Па ако има некој попаметен нека ми кажи оти стварно ме интересира и мозоков не можи да сфати како би одело намалување.
     
    На sj *O* и Осе им се допаѓа ова.
  19. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.145
    Допаѓања:
    14.447
    Пол:
    Женски
    Највисоки цени во регионот, а стандардот каде каде понизок. Секако дека се сеќава на буџетот и веќе основните прехранбени продукти стануваат луксуз. Дополнително, има вештачко зголемување на цените и никој не реагира. А од владата мерки, никакви, чист популизам само. Ќе бараме зимава гас и пченица од Србија изгледа. Жално, ја уништија државава скрос.
     
    На IRBBB, minne992, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.585
    Пол:
    Женски
    Истото баш го размислував и јас како @theowndemon. Никогаш ама никогаш не сум приметила освен бензините нешто да поефтини и тоа и тие вештачки нели 5 пати по два денари поскапени па еднаш по пола денар до денар поефтинети.

    Ми се одразува и тоа многу , абе не ми се веруваше дека во Грција поефтин и текстил и храна има... во лидл кг. шеќер 0.50 € , масло за јадење голема туба 6 €.
    А допрва којзнае како ќе биде...
     
    На IRBBB, cresa-jagoda, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.