1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Згради - одржување, безбедност

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од friendy, 11 септември 2021.

  1. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски
    Затоа секоја висококатница треба да има надворешни скали.
    Секој станар треба да е запознаен со план за евакуација, а хидрантите треба да бидат редовно контролирани дали се исправни за да функционираат кога (не дај Боже) затреба.
    Во старите згради имаше и упатства и планови. Во новите немам видено, нека ме исправи некој ако грешам.

    *Модератор - дискусијата е преместена од темата Изгоре модуларната болница во Тетово
     
    На Dust, cresa-jagoda, VDT2906 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Нема надворешни скали во новите згради.
    Никаде.
    Иако е по закон и упатено е барање до општина (барем од нашата зграда), за да се изградат... нема ни одговор.
     
  3. Grungie

    Grungie Популарен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2013
    Пораки:
    1.099
    Допаѓања:
    2.165
    Мислам дека над 5 ката задолжително е да има противпожарни скали за евакуација,но немора да се надворешни, може да бидат и внатрешни одвоени од останатата конструкција како армиранобетонски јадра
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.321
    Во моја населба околните згради се сите градени во последниве 20 години и на ниедна нема посебни скали.
    Во една ситуација во друга зграда кога имаше пожар во еден стан, станарите се евакуираа преку нормалните скали. Среќа не беше голем пожар, брзо го изгасија.
    Како што реков - сите се смешкаат дека нема шанси да се случи нешто такво па не мора толку да се замараат. Све дур стварно не се случи.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Знаеме сите што е задолжително, ама не ни е јасно како сепак! ни една зграда нема противпожарни скали, а на сите им е одобрена градба од Аеродром.

    Ќе да има некој подлабок џеб сега, оти им “заштеди пари“ на 'инвеститорите' за железо за скалите

    Море да ги фатиш со еден стап и да ги рушиш од мање!
     
    На black-angel, Leat, Mikha4 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.110
    Допаѓања:
    18.294
    Пол:
    Женски
    Единствена зграда што ја знам е зградана Горење во Карпош 3 која има помошни противпожарни скали.
     
    На cresa-jagoda, tina2018, Leat и 2 други им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Абе за грев сме шо муабет прајме.
    Ко да сме во гето во Њујорк.
    Да ти се приповраќа
     
    На Среќа, cresa-jagoda, fana и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.229
    Допаѓања:
    165.884
    Стап е решението богами.
    Сите згради во Скопје на времето имаа и пожарни скали, и беа градени така да може да дојде пожарна. И шкафче со пп апарат и црево имаа.
    Скалите се еден проблем, колку згради, па и куќи, се сега пристапни за пожарно возило да дојде. Оти планско градењето, овај крадењето, нели:|
     
    На Mantub, Idedemja, cresa-jagoda и 10 други им се допаѓа ова.
  9. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    27.788
    За кое време зборуваш? Зградите градени во 70-80ти немаат противпожарни скали ако мислите на оние надворешните. Такви имаат оние во Автокоманда кои не се одржуваат и не би ми паѓало на памет да одам по тие скали зошто се руинирани.
    Настрана од скалите, поголем проблем е непристапноста како што пишавте.
    Инаку во однос на материјали, важна е изолацијата за пожар, некои нови згради ја имаат, некои ја немаат. За жал во недостаток на стандарди, мораш сам да се информираш. Инаку, има добри нови згради со изолација издржлива неколку саати пред ширење на пожарот. Само се бројат на прсти. А старите згради може би биле подобри да се одржувани, ама ни инсталација, ни нешто друго се одржува, така да се ист ризик како новите. И јас живеам во стара зграда сега, ама си има бајаги проблеми од неодржување. А тоа е искрено повеќе проблем до луѓето, зошто едноставно побитно му е денес да си купи цигари и пиво, отколку да се откачи сајла во лифтот.
     
    На WildMk и LejlaD им се допаѓа ова.
  10. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Народот нема свест за пп заштита.
    Во наша зграда. Има пп систем кој законски треба да се проверува еднаш годишно. Прскалки, дојава, хидранти, боци… поминува една година не се проверува. Реагираат група соседи кај управителот ништо. Поминува уште една година, ништо. На крај овие пријавуваат во инспекторат. Резултат - инвеститорот не го наполнил системот со вода (џабе хидрантите) и не дај боже немил настан отиде се.
    Одговор на останатите станари - сега заради вас треба да платам 1000 денари за системот.

    не е само Филипче крив. Ние сме труло општество.
     
    На Dust, Bozica1980, cresa-jagoda и 8 други им се допаѓа ова.
  11. Hisha

    Hisha Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.292
    Допаѓања:
    4.666
    Пол:
    Женски
    Е да во право си, и ја живеам у стара зграда, има скали посебни за симнување али не се одржувани , али за чудо па има на секој кат противпожарен апарат кој се проверува на 6 месеци, за жал имавме два пожари па мислам тоа не опамети нешо од нешо.
     
    На WildMk, LejlaD и Celltica им се допаѓа ова.
  12. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    27.788
    Кај нас и тоа нема и абер нема да се набави, празни и оштетени стојат сите кутии за пп и за прва помош, а си ги има на секој кат. За жал луѓето ѓубре во нив си фрлаат.
     
    На cresa-jagoda, WildMk, nextredstyle и 4 други им се допаѓа ова.
  13. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.385
    Допаѓања:
    34.196
    Пол:
    Женски
    Ептен офтопик сме ама... на новие згради, за разлика од постарите, скалите им се градени согласно стандардите за пожар и земјотрес. Градени се во бетонско јадро и се одвоени од становите (тресам глупости, не знам стручно како се вика ова) затоа и немаат новиве посебни пожарни скали.
    Јас едно време живее во постара зграда (војна) која немаше посебни пожарни скали, туку беше градена на принцип како што се новиве згради. А бидејќи беше војна зграда, верувам дека била градена како што треба, па затоа се надевам дека и новиве исполнуваат барем основни стандарди :worried:
     
    На kukla21 и LejlaD им се допаѓа ова.
  14. Hisha

    Hisha Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.292
    Допаѓања:
    4.666
    Пол:
    Женски
    Хаја буквално, да си жива и здрава исто! Ѓубре, особено љушпа од банана им е фаворит. Јесте надвор од темава али редење на точааци покрај скали им е втора омилена работа. А колку пати е речено у случај на земјотрес не ставајте да не се отепаме дополнително, but no.
     
    На tina2018, VDT2906, nextredstyle и 2 други им се допаѓа ова.
  15. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Пријавуваш во инспекторат и да видиш како се ќе се среди.
    Сакаш да кажеш дека скалите во случај на пожар се како коридор на некој начин.
    Ни мојата зграда нема пп скали, ама има систем за пп заштита и пп врати према становите.
     
  16. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.836
    Допаѓања:
    2.073
    И како општество да не кажам ама заостаната сме грото од народот.
    па ако секој ден лупам даваш пари за пиво и цигари, па кога се работи за одржување на зграда па ке платам асе што треба за утре недај божае.малце и ние како народ ни треба свест.
    Али се слагам и дека Инвеститорот има должност да ги спроведе овие работи не да шттѕтедат.н
     
  17. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Инвеститорот и да има вина, по технички прием се прават редовни проверки. Станарјте не сакаат заради трошоци. До сите нас е.
     
  18. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.279
    Допаѓања:
    101.229
    Пол:
    Женски
    А бре во зграда од 72 година живеам. Цревото од хидрофорот е украдено!!! А противпожарни скали нема!!! И таму кај што има заградени се зашто лопови влагаа преку нив. Околу наместо куќите згради никнаа. Од коли нема место пожарна ни брза помош да дојде..
     
    На kukla21 и LejlaD им се допаѓа ова.
  19. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.836
    Допаѓања:
    2.073
    И сега кој е крив за ваквите ситуации?
    Што може да се поправи?
     
  20. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    27.788
    Еве јас да ти кажам дека за неодржувањето на старите згради се виновни само и само станарите. Ние и уште еден стан се буниме само оти има и такви што не знаат ни миленик да чуваат, кучињата и мачките им мочаат по ходници и лифтови. И затоа ќе се селиме во нова зграда, оти овие стариве не ги бива само и само ради народот. Особено оние каде живеат постари, тоа незамарање/неплаќање никаде го нема.
     
    Последна измена: 12 септември 2021
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.