1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Здравата исхрана како опсесија

Дискусија во 'Диети' започната од rossonerka, 15 мај 2012.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Во ова денешно оштество многу често имаме крајни случаи од вишок килограми со нездрава исхрана па се до здрава исхрана која е опсесија.
    Колку е добро или лошо да си преоптеретен со здрава исхрана?
    Познавам една личност многу добро, а слушам и за многу други лица кои претеруваат според мене со здравата исхрана. Не дека е убаво НАЈУБАВО Е да се храниш здраво, но има лица кои јадат само семки, исклучиво макробиотска храна, никако месо, млечни производи ретко, овошје и зеленчук пред се јадат дури и за тоа внимаваат во калории, леб не дај боже не јаделе со години. Ако изедат пола парче торта одма после вежбаат со часови. Ако изедат коцка чоколадо чуствуваат грижа на совест и одма на трчање 2 саати.
    А интересно одговори другаркава на прашањето што ако е утре крај на светот? ,,Па би отишла да изедам пица, ќе одам и ќе јадам скара и некој огромен колач за десерт"
    Не е тоа претерано? За мене тие се казнуваат себеси.
    Самата вели дека повеќето јадења се безвкусни. Таа не ужива најчесто во храната. Не само таа, сега така е зборот, туку се поголем е бројот на вакви случаеви кои здравата исхрана им е опсесија.
    Не се стремат само на добро тело, туку и за подобро здравје. А има толку многу примери каде и во овие опсесивни лица за здрава храна имаат здравствени проблеми.
    Колку е нормално тоа за вас?
    Можеби имаме и тука некој кој е опседнат со здрава исхрана.
    Дали би можеле вие да се најдете во таа улога да се откажете речиси буквално од се освен од овошје, зеленчук и семки. М? Да се откажете од убавината на храната. Не дека целам на нездрава храна, напротив здравата исхрана без брза храна и маснотии но со пилешко, со салати, со млечни производи, тестенини е одлична. Ама да не јадеш воопшто мевце (добро не зборам за вегетаријанците кои се друго јадат), да не јадеш торта дури ни на сопствен роденден, да не јадеш една мекица за раѓањето на внучето, да не пробаш еднаш годишно кивлична и бар лажичка руска салата за нова година? Зошто да не пробаш од ова? Зашто вечерта нема око да склопиш од совест? Ма ајде.
    Јас сметам дека тие си се казнуваат себеси и не знаат да уживаат во животот и убавината на храната.
    Вие ги оправдувате?
     
    На Trendafilka и teddybear им се допаѓа ова.
  2. faye

    faye Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    648
    Ги оправдувам и им се восхитувам доколку си го истераат животот со таква храна. Тоа е карактер. Ти го сфаќаш како казнување, јас како дисциплина.

    Верувам дека брзата храна, преработуваната храна, шеќерот и белото брашно ствараат зависност. Можеби сега дур сме млади немаме гајле, но кога-тогаш ќе се одрази на здравјето.

    Речиси сите мои познаници имаат проблеми со здравјето, во 20тите години. Имаат алергии, проблеми со тироидната, дебелина, кандида, депресии, често настинуваат итн... да не набројувам но се жалат како пензионери. И тоа не е од вчера. Примаат медицинска терапија и ништо не е сменето, само им олеснува, но не се излечени. За жал никој не се ни обидува да ја промени исхраната. Само кога би се обиделе...

    Здравата исхрана не треба да се сфаќа како измачување, туку како начин на живот. Начин на живот за кој треба да се спреми човек физички (да го излечи телото од храната која ствара зависност, детокс) и психички (да биде свесен дека одредена храна му штети на здравјето).

    На почеток е секогаш тешко. Со тек на време се стекнува навика, свесноста се подига и повеќе не е опсесија.
     
    На Dea85 и sweetyears им се допаѓа ова.
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.005
    Пол:
    Женски
    Сè што е претерано не чини. Така и здравата храна, поточно опсесијата со изгледот, здравјето и опсесивното трошењето на секој залак што сме го гризнале. Не велам дека не треба да се обрне внимание на тоа што го јадеме, ама денес, за жал - немаме поим за потеклото на храната, барем за 90% од неа, а тука спаѓа и т.н здрава храна. Најважна е умереноста, редовната физичка активност и живот без стресови и нервози. Тешко се влијае на ова последново, ама првите две и тоа како можеме да ги контролираме.

    Се согласувам со росоњерка дека оваа опсесија со здравата храна е самоказнување, никако не ми личи на дисциплина или силна волја. Најверојатно тие луѓе имаат некоја мазохистичка жичка во себе, или пак се control freaks - а не можат да контролираат ништо во животот освен себеси, поточно својот изглед и она што го јадат. Здравјето не им е толку важно, иако го тврдат спротивното. Никој не гарантира дека нема да се разболат ако јадат само здрава храна - каде е тука стресот како фактор број еден во денешниов начин на живот? А тие се нонстоп под стрес, што и како јадат, колку изеле, колку потрошиле - и тоа си има свои негативни последици.

    И за крај...
    [​IMG]
    можеби споредбава не ми е на место - сепак, има разлика меѓу човек кој ужива во животот и човек кој е опседнат со здрав начин на живот.
     
    На marama, srcekrsacka, imelda и 4 други им се допаѓа ова.
  4. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    535
    Пол:
    Женски
    Sekoj si ima pravo da si go rezira svojot zivot spored svoi pravila,jas poddrzuvam zdrav nacin na ishrana i takov stil na ziveenje,mozam da kazam i jas sum edna od niv,megjutoa da ne odime vo preterizam,od druga strana i se sto e preterano ne e tolku zdravo za coveckiot organizam...
    Po povod slikava nad mojot post,smetam deka mladolikosta e posledica najmnogu na genite sto sme gi nasledile,a posle sledi nacin na zivot kozmeticki preparati i slicno.
     
  5. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Задоволството кое го добивам од храна по мој мерак, пред се вкусна храна, е често потценето. Јас би го ставила на пиедестал веднаш до мочањето после цела вечност, бакнеж од саканиот и чешање на место што не можеш да го почешаш со саати. Навистина, јас во храна премногу уживам. Ме прави среќна, и освен што ми го исполнува мешето, ми ја исполнува и душата.

    Никогаш не би се лишила од храна што е вкусна, а не толку здрава. Мислам, тоа ми е ко лето без сладолед. Освен ако немаат некоја посериозна здравствена причина за тоа, ме нервираат луѓе кои ја калкулираат храната, ја цепкаат на шеќери, белковини, што ти не, па ова внес толку, ова внес волку. Јас сум непоправлив гурман, ама фала богу имам здрав разум па знам дека ако изедам тегла мајонез ќе има последици. :D

    Премногу дисциплина имаме во животот, во режимот на исхрана не ми треба. Обожавам да шетам, да пробувам нови работи без притоа да се опседнувам што и како ќе ми направат во организмот. Само без прејадување, а со максимална уживанција во секое вкусно залче.
     
    На marama, Trendafilka, Hipster и 3 други им се допаѓа ова.
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.657
    Допаѓања:
    95.767
    Пол:
    Женски
    Тетка ми е цел свој живот на здрава исхрана, трици, пахуљици, семки и јогурт, да може и за ручек би ги јадела, но ајде тугаш се почастува со салата барем. Единствениот калоричен детаљ во исхраната и е кафето, 3 у 1. Не дека изгледа лошо, но претерува, за жена од 50 годни изгледа одлично, но кога на некакво собирање кога ќе ја видам како претка по тањирот ич не ми се допаѓа. Здрава исхрана не е мусли и семки, здрава исхрана е 5 пати на ден избалансиран оброк, со протеини, јаглехидрати и масти, од се по малку, и се разбира шеќери, онолку колку што твојот организам има потреба секако, не за џабе се рекло дека организмот има потреба од одредена количина калории во денот, јас внесувам на пример дневно до 1000 калории и тоа е мојот максимум, веќе имам неколку пат пишувано за мојот начин на исхрана и да не полнам само постови со тоа, навистина е важно здравото хранење, но тоа не подразбира изгладнување и јадење само семки и салати.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  7. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Здрава исхрана, е сега има разлика од здрава до ептен здрава исхрана.
    Ептен здрава е онаа што ја опишавте, јадење (за мене) глупости, семки, некои си таму макробиотски прозводи и сл. Па притресување од ова 10 грама, од ова 15, денес 17 семки сусам, утре кафена лажичка ленено семе и сл.
    И демек се поздрави они, а уствари сиот тој стрес кој си го наметнуваат оптеретувајќи се толку со храната негативно им се одразува на здравјето исто како да изеле 10 хамубргери и 5 литра Кока-кола. Така да, она ептен здрава паѓа во вода.

    Е сега има и друг начин здраво т.е. поздраво да се храни човек, без толку притресување, со оглед на тоа што сум гурман, и што како Саја и јас уживам во секој залак вкусно приготвена храна, за мене ваквиот начин на исхрана не е ниту поздрав, туку без потребно притресување.
    Сакам и си дозволувам да уживам грицкајќи чипс и помфрит, да уживам и во некој голем калоричен сендвич, пржени меса и сл. едноставно сето тоа ми предизвикува статисфакција, и јас никогаш не би се одрекла од сето тоа.

    Кој може нека се жртвува, јас не би себе да се казнувам, едноставно сакам да уживам во животот, а вкусната храна е битен момент за уживање.
     
    На rossonerka, Annath и imelda им се допаѓа ова.
  8. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Секогаш пред да излезам каде знам ќе се пие, дали со колеги дали со друштво, јас ќе се најадам бургер сендвич(ок де, и со здрава салата во него :!: ) и помфрит, па да се кладеме утре на која ќе и е потешко кога ќе стане, дали на мене или на таа што јадела марула со цеден лимон и 5 семки сусам :P

    Се е до рамнотежа, а не до дали е етикетирано како здраво или нездраво. На телото му требаат и масти, протеини, витамини, шеќери, целулоза, и не знам какво не веќе гориво за да функционира како што му е ред, јас може грешам ама си мислам дека телото најубаво знае да ни каже што му фали со тоа што ни кажува што ни се јаде. Колку изедеме од нас зависи, или во обзир каков ни е метаболизмот дали сме физички доволно активни. А како што се рече претходно за стрес, од стрес најубаво ќе се покачи холестеролот во крвта. Малку ми е справувањето на секојдневните сопки во животот, треба сега да му се тресам при секоја состојка во мојата храна, и да седнам да гуглам немој случајно некои „експерти„ од вчера и медот да го прогласиле за нездрава храна.
     
    На srcekrsacka и CrazyStupidLove им се допаѓа ова.
  9. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.092
    Досега се зборуваше дека е битно да се јадат витамини и минерали и тоа никогаш не е исклучок за прашањата поврзани со здрав режим на живеење.Секогаш истата формула се повторува-здрава храна и спортување.Ретко кој кажал дека здравата исхрана може да биде опсесивност,а точно е дека може :!: Се што е претерано не чини.Дури и ако ептен јадеш брза храна или многу си внесен во здравјето.Некоја средина треба,а тоа би било спортување и сепак припазување на што јадеш но не премногу за да не направиш некој исклучок.Инаку порано никој не се замарал дали е здраво или не туку јаделе што има од дворот,нивата и биле поздрави па може и да е до мислата.
     
  10. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    faye ти го сваќаш како дисциплина а јaс не го рабирам така.
    Не ја сваќам дисциплината да изедеш ретче чоколадо со 100 калории да речеме и да се чуствуваш каење, да неможеш вечерта да заспиеш зашто си погрешил и утредента да трчаш 7 километри и да изгубиш 2000 калории за изедените 100. И што? Кај е тука дисциплината и што е тука нормално?
    Јас ако трчам ќе трчам за поубаво тело, за да се издувам што би рекле.
    А не додека трчам да мислам на 3те коцки чоколадо што сум ги изела претходната вечер.
    Тој немир не е нормален дефинитивно.
    А дека здравата исхрана гарантира и здрав живот без здравствени проблеми апсолутно неточно. Не гарантира и постојат мал милион примери за жал.
    Добро е да се зимаат витамини, да се јаде овошје и зеленчук тоа што е потребно за човечкиот организам да функционира подобро. Ама да се претерува со таа исхрана и таа да ти е преокупацијата и сите проблеми да си ги поврзуваш со неа, ма не фала!
    Човекот не е создаден за да јаде исклучиво брза храна од сендвичариве, ама уште помалку е создаден за да јаде само трици и овошки. Постои една убава средина која е и најздрава.
     
    На faye, Saya и Annath им се допаѓа ова.
  11. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    А ај оди сфати машко кога претерува !!
    Имам еден многу добар другар, кој понекогаш знае да ми иде на живци токму поради опседнатоста со здрава исхрана. А ќе ме види како јадам чоколадо и почнува - "Oва не е здравооо, ова е ѓубрее. Земи јади урми, ете ти замена за благо ем здраво е". Урми ? Да си го скратам уживањето со чоколадо, за едни црни урми |( На роденден / гости и слично не јаде ништо, само бадеми, лешници ако се наоѓаат. А не фала тоа вакво е, а не тоа сол има. Не дека е на некој посебен режим бидејќи мора, туку он така сака. Алкохол не пие, само вода и строго цедени сокови. Добро е да се внимава во искраната, ама за мене ова е претеризам :|
     
  12. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    кога најмалку очекуваш, тогаш ти дога некој од некаде што сака да ти помогне

    пред некој месец на медитација запознавме јас и тазе дипломираната другарка, жена малку повозрасна од нас-искрено да ме прашаше мене на колку ти личам , ке речев на 30 години, а таа е 36, ама изгледа супер, и е докторка по професија-а од вчера дознав дека е и хомеопат :)една од двајцата лекари во групата, а другиот е еден од тие т.н. инструктори што ја водат цела група ама јас тој човек не можам да го поднесам, незнам зошто, а дознав дека на една девојка од истата група го решил проблемот со јајниците лани-по пат на хомеопатија.
    да се вратам на докторката-ми предложи да поразговара со мене 2 часа, да и ги кажам сите маки, проблеми, па да видиме дали хомеопатијата ке успее кај мене и :!: ме предупреди дека оди бавно, но сепак вреди да се обидам :) а најтешко ми падна кога ме праша дали може да дојде кај мене дома, во мојата соба пример 2 часа никој да не не вознемирува ;( си мислам во себе подобро е во Бардовци болницата отколку кај мене дома-а еве под претпоставка да дојдеше кај мене, и татко ми да беше под дејство на алкохол :x што срам ке беше тоа, не ке можев во очи да ја погледнам. Пред да се разделиме гушки гушки, мислиш се познаваме 100 години :D Тазе дипломираната е смешка, постојано нешто не смее, а оваа докторка-хомеопат. И двете се прекрасни личности :* до нив.
     
  13. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Умереноста во исхраната во комбинација со физичка активност е клуч за добро здравје.

    Не сум опседната со здрава исхрана, иако се трудам да внесувам доволно овошје, зеленчук и вода, и да ја сведам солта и маслото за јадење на минимум.
    Јас сум огромен гурман, дури и во диетите се трудам безличната храна да ја разубавам и збогатам, како на изглед, така и на вкус :lol: , зашто за мене не е живот ако јадам варено месо без ништо.
    Ко да ми дал некој лист хартија од тетратка или парче пластика и - ајде, повели, пријатен ручек. :^)

    Здравата исхрана не треба да стане опсесија, прекумерно броење калории, опседнатост со грамажа на продуктите и нивните состојки.
    Но, треба да биде присутна во животот.
    Можеби сега во овие години, некому не му се познава ако после литар алкохол, мавне една лесковачка и едно чоколадо, утредента појадува пица со пола литар кока кола и се' е топ, нормално, млад организам кој работи 100 на саат што се вика.

    Арно ама нездравите навики ќе си го земат данокот подоцна, барем јас така сметам.
    Татко ми во младоста преживувал од ајвар, пржени јајца и месено, па затоа денес си има куп компликации; додади на тоа нездрави навики како пушење, недоволна активност, па добиваш и артритис, срцебиење, висок холестерол, дијабетис, итн.

    Се' се плашам дека ваквите луксузи во исхраната на овие години ќе се манифестираат лошо многу години подоцна.
    Затоа треба да се внимава, првенствено од здравствени причини.

    Не би земала некој двоен мрсен хамбургер, ама па сигурно нема да одберам зелена салата, без масло, сол и зачин.
    Бирам златна средина - шопска, со квалитетно сиренце. :D
     
    На marina.m.g, rossonerka, LivingGlam и 3 други им се допаѓа ова.
  14. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Jас држам диета, само за да ослабам, а не за здрав живот :) :) и ако се лишам од храна, тоа е само заради неколкуте килца плус :)
    Aма... цел живот да се откажам од вкусната храна-Mа нема шанса. Jас сум тежок гурман, и ништо не може да го промени тоа.

    Hе ме интересира дали е нездраво, бидејќи денес се е нездраво, а не е толку убаво како храната :D
    Tака да кој сака нека си биде на макробиотичка исхрана, многу овошје и зеленчук, ама јас од слаткишите, од сиренцето,тестенините, итн не можам да си се одделам :D
     
  15. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.788
    Допаѓања:
    131.404
    Со ништо не смее да се претерува, па така ни со здрава храна. Се разбира, не треба да се претерува ни со нездрава.

    Мене многу ме нервираат луѓе кои се напорни со нивната опсесија, па замараат се живо околу нив.
    Прво, ако некој решил дека нешто ќе јаде, а нешто друго нема - нема што мене да ме замара. Ако му се јаде, нека јаде, ако не - нека ќути. Тоа што нешто јаде или не јаде од некои за мене несфатливи причини, не е мој проблем.

    Чисто заради споредба, и јас не јадам да речеме сирење, па не замарам со тоа, дури ни децата мои не знаат дека всушност не јадам, а не па некој од пошироката околина. Ако ми понудат - викам не фала, а не ау тоа не јадам, или ако зборуваме за здрава храна - ау тоа има 60% маснотии, и 467 калории во 100 грама.

    А посебно ме напнуваат луѓе кои ја замараат и околината со тоа што треба, а што не треба да јадат. Имам една ваква тетка, која е опседната со здрава храна, ама истовремено има двојни стандарди, бидејќи џабе јаде салата без сол и зејтин, кога после ручек мава 3 пива, а пред спиење мези по 100 грама пршута со црвено вино, на кои им претходат 3 чашки ракија. Е истата таа тетка кога и одам на гости ми држи лекции за здрава храна, и ме тера за појадок да јадам мусли со јогурт послужени во чинија со димензии колку напрсток. А мене појадокот најчесто ми е главен и најкалоричен оброк во денот. Среќа и одам на гости еднаш на 2-3 години, не живее во Македонија. Ама кога треба да отидам, психички се спремам.
     
    На Bozica1980, Annath, eli25 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.805
    Допаѓања:
    65.525
    Пол:
    Женски
    Овие опседнативе да ви кажам право ептен ме нервираат. Ауууу како ќе го јадеш тоа, па знаеш ли ти колку калории има тоа? Па колку е нездраво, па мрсно, па... :o Не знам, а и не ме интересира.
    Ако сакаш да си на здрава храна, мило ми е за тебе, ама не мора да те знаат сите, повеќе ко тренд станало ова, еј јас здраво се хранам, нанананана. :^)

    Океј имам и јас периоди, на диета сум, јадам здрава храна, ама како што рече Ариел, не го тупам, никој не ни знае дека сум на диета, крај краева секој си знае што му треба.
    И на долги патеки никогаш не ми успеало да се откажам од, ајде да ја речам, нездравата храна, бик сум мајку му, не верувам дека тоа некоаш би ми успеало. :lol:
     
    На fallenangel, LilBaby, eli25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.076
    Jaс не можам да си го замислам животот без пица,месо,компирчиња,тостови,благо,грицки ..... сите овие вкусни јадења :mm: Гледам да не претерувам,ама да се откажам од нив не.
    И јас се придружувам во групата на оние кои ги нервираат опседнатите со демек здрава храна.
    Кога на маса кај нас е седната сестрата на маж ми,ми се одјадува,жими се!!!
    Леб-Ау леб :o Па не се меша со компир,месо ....
    Месо-Како можете да го јадете ,затоа после ќе си имате сало од сите страни :!:
    Паштета,виршли,колбаси-Па не сте свесни што јадете,нешто најгнасно е соберено во нив.
    Од неа неможевме на раат зимово да уживаме во пастрамајлии,зошто на секој залак не гледаше отстрана со чудење и -Како може толку мрсно да јадете :talk: .
    А не дај боже некој да остане на маса сеуште да јаде ,тогаш коментарот-дека се нема мерка.
    Исто и јадење навечер,тостови,хамбургери,бурек-тоа никогаш немало да си го дозволи.
    Требало само свежи салати,мусли,супи |(
    Убаво рекле-се умерено.
    Нека ни биде битно здравјето,а не трендот ;)
    И витаминот Ц е корисен,ама ако се претера и не е.
    Така е и со храната.Баланс и јадење на се,ама умерено.Јас сум повеќе за тоа.Диети никогаш не сум држела,еднаш само и никогаш повеќе.Гледам и мене доручекот да ми е мусли,кроасани,некое пециво со јогурт,значи нешто полесно зошто желудникот не може да ми истрпи мрсни работи рано насабајле. Опседната не сум и никогаш нема да бидам.
     
  18. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Тие бројачите на калории и дежурни коментатори кои ти ги бројат залаците ми се страшни, дури делуваат ненормално.
    Јас се интересирам за калориите и составот на храната чисто за себе, сигурно нема јавно да расправам на маса или некому да му кажувам - ова не ти оди со ова, ова ти е здраво, а ова нездраво.
    И не знам како си земаат за право и дали се свесни дека се напорни и досадни. :^)

    А кој денеска не сака помфрит со сирење, чипс, палачинки со нутела, колачи, торти, пици, сосови, кока кола, алкохол, скара, сладолед, де нека дигне две прстиња?
    Сите ги сакаме, ама не верувам дека некој го јаде ова 24/7.

    Како да имам почитување за тој што не сака свежи салати, некое лесно манџиче, супа, свежо овошје, што нема ниту една здрава навика, и живее од хамбургер, паштета и кока кола?

    Првенствено и јас држам диета за намалување на килограмите и убав изглед на телото, ама реално, како поминува времето, битна ми е грижата и одвнатре.
    Важно ми е здравјето.
    Не сакам недај боже да ме акне срцето или остеопороза на 45.
     
    На imelda, Annath, ludoto19 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.076
    Трендафилка,има и такви кои не ставаат салата,овошје,супа во уста :| Верувај имам роднини,од Србија се,на кои менито им е месо и леб.Кога доаѓаат кај нас на гости,незнаеме како на крај да излеземе.Сакаат само свинско,сите се со 100 кг и возрасни ,што е најстрашно и деца :| Насабајле јадат само сендвичи,на ручек месо,за вечера пак сендвичи.Кога одиме кај нив на гости,нема супи,салати како кај нас.Они тоа не сакаат да чујат,а ние сме си така навикнати и сето тоа нивно темпо не можеме да го издржиме.ДЕцата ги праќаат на кампови за одвикнување на храна ама џабе е се кога им е тоа од дома.Некој период,кога им забраниле обилно јадење,едната ја фатиле во веце со цел леб,кока кола и сувомеснато .Ова веќе води на болест,друго објаснување-немам.
    Кога беа малку помали,се случи еден инцидент да наречам,бевме кај баба ми собрани,они на гости,и она направи пилешко и ориз,салата,супа за ручек.Едната која патем е 120 кг,го фрли тањирот со зборовите-Сакам само свинско |( Ми се идеше да ја утепам :@ ,и оттогаш имам некоја аверзија кон неа иако ми е роднина.
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Здрава исхрана за мене лично е она што ми се јаде, а не она што го објавиле на страната на Виталија (ако имаат страна) или според најновото истражување во Здравје итн итн.
    Но! Додека изгледам нормално и се осеќам колку што е можно да се осеќа човек здраво во денешно време, ќе јадам што сакам, кога сакам и колку сакам. Кога ќе приметам дека нешто не штима може и ќе се замислам.
    Не е проблемот само до храната, проблемот е до тоа што очигледно многу повеќе се оние кои немаат, од оние кои имаат осет и самоконтрола кога се работи за храна!