1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Здравата исхрана како опсесија

Дискусија во 'Диети' започната од rossonerka, 15 мај 2012.

  1. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    A виталија па 'многу' се здрави :D :D
     
    На MarchelineAmaru и Trendafilka им се допаѓа ова.
  2. faye

    faye Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    648
    Сакав да кажам дека сигурно оние кои се опседнуваат со таква исхрана не го прават тоа подолго време, сигурно им е почетна фаза и затоа толку се опседнуваат. Лошо е ако тоа им предизвикува стрес и на нив и на околината, но од друга страна добро е што се навикнуваат на здрава исхрана. Со тек на време телото и психата се навикнува и ќе нема потреба од толку потресување и опседнување, ќе можат да си дозволат ,,нормална храна,, без да имаат грижа на совест.

    Под дисциплината мислев дека кога ќе го навикнат организмот на таква храна нема да кризираат за се друго, бидејќи искушенијата се секаде околу нас.
    Сите некогаш не фаќаат кризи за нешто да јадеме, обично навечер. Дали некогаш ве фатило криза да јадете јаболко, криза за свеж зеленчук, за било што здраво? - Сигурно не или пак многу ретко. Признајте си дека најчесто кризирате за нешто благо, или брза храна, грицки. Отворете ја темата ,,што ви се јаде во моментов,,.

    За случаите кои ти ги наведе се согласувам дека е претерано да бидеш исклучиво на здрава исхрана, особено ако ти преставува мака. Факт е дека поголем процент од нас јадат околу 20-30% свежа храна а останатото е готвена и преработена храна. Моја препорака е процентот да биде спротивен, 70% свежа храна и останатото што сакате, дали пица, чипсови, тостови итн.
     
  3. marina.m.g

    marina.m.g Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    91


    Ништо не е здраво ако се претерува,дури и здрава исхрана.па што живот ми е тоа да не уживам во јадењето,не дека сум некој јадач,ама сакам да готвам и сакам убави јадења,интернационални кујни,зеленчуци и овошја што не сум ги видела досега,нови вкусови,комбинации,ехее колку вкусни работи има да се пробаат на светов,ќе грицкам семки нема грешка. Умереноста е клуч на успехот во секое поле од животот,и на оваа тема исто,ако јадеш по малку,ако не се прејадуваш и ако имаш разновидност во оброци,скрати алкохол,додај пола саат трчање два-три пати неделно и ете ти до 101 и назад,среќен и здрав.слушај си го телото,си знае што му треба и ако го лишуваш од тоа со спартански начин на исхрана ќе си има свои последици
     
    На faye му/ѝ се допаѓа ова.
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Како прво незнам што е здраво во исхраната вклучувајќи и овошје, зеленчук и разни ти видови семки. Ај да речеме дека органска храна е здрава :wasntme: ама и таа што ни се нуди е под знак прашање кај нас.
    Неможам јас а ниту сакам да се оптеретувам со таква опсесија. Си имам една кон чоколадото и си ја гајаам успешно :$ . Па еве жива здрава права и слаба :)
    Ако денес претерам во нешто а знам тоа да направам, утре малку повеќе активност или ќе поднамалам исхрана ама не и да гладувам.
    Ако е здравје во прашање нормално дека ќе пазам малку повеќе ама не дека и ќе ми стане опсесија. Неможам јас толку да се замарам а и несакам :P
     
  5. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.197
    Допаѓања:
    235.282
    Јас уживам во храната.
    Слаба сум на добра храна, убаво зготвена, а особено на торти, слатки и чоколада.
    Дури и сама ги правам. Моја единствена зависност, која ми ги носи оние вишок на килограми.
    Не можам да седнам во ресторан и да нарачам салата и вода.
    Не, не и не. Секогаш пробувам некој нов специјалитет.
    Исто и дома. Сите сме си гурмани, мајка ми е одличен кувар, па покрај неа тешко дека би можела да јадам семки :D .

    Јас под нездрава храна подразбирам фаст фуд и премногу мрсна храна.
    Онаа што дома се готви од типот на манџи ми е здрава храна.
    На организмот му е потрено апсолутно се. Од протеини, до масти и шеќери.
    Зошто да се лишувам од оваа, кога може умерено, ем да не се лишам од добра храна, ем да немам проблеми со здрвајето и тежината.
    Вишокот од неколку кг воопшто не го сметам за аларм кој би требало да ме натера да јадам семки.
    Вежбам, внимавам да не претерувам со благото и вечерата и ете еден килограм минус.

    За мене, добрата храна е исто како и добриот оргазам. Уживање на ниво бре :D .
    А она со мочкањето на Саја, јас би го споредила со утринското, кога те мрзи да станеш од кревет, особено зима, и кога ќе се решиш и чуството е ООО МАЈ ГАААД :lol: .
    Е така се чуствувам јас кога јадам чоколадна торта 8) .

    Арно вели еден мој професор „Оној што не пробал свинско не знае ништо“ :D
    И има право :!: .
    Исто кажуваше дека мрсната храна е најдобариот лек за депресија.
    Инаку професорот е професор на медицина и тоа го тврдеше врз основа на факти.
     
    На Sweetlove_0312, eli25, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  6. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Животна желба ми е да ослабнам а притоа неможам да и оддолеам на храната на мама. How ironic!
    Неможам да одолеам на храна. Си признавам.
    Затоа сега имам газ ко руски телевизор и кошулите на фудбалски терен ќе ми ги пеглат уште малце!
    Ама јебига,мама е одличен кувар и несакам да ја повредам па да не јадам од ручекот.

    Сепак сметам дека сум во голема заблуда и дека е за мое добро да внесам нешто здраво во исхраната па макар и најголем гурман на свет да сум.
     
  7. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    И јас едно време се опседнував со калории и пресметки, ама не им досадував наоколу. Среќа што си го имам форумов и темите за диети па си пишував тука и не дојде ред да ги гњавам луѓето околу мене :D
    Си имав килца плус кои ненормално ми сметаа и признавам дека бев опседната и се лишев од омилена храна зашто не се чувствував убаво во своја кожа.
    Сега кога се доведов во ред некако се навикнав повеќе на здрава храна и самиот огранизам не ми бара повеќе. 90% од јадењата ми се манџи, салати и овошје кои си ги обожавам. Ама никогаш нема да седнам до друштво во ресторан и додека сите нарачуваат лазањи, пици, тестенини, јас да јадам салата. Сакам и да пробувам нови рецепти, нови ресторани и не планирам да се лишам од тоа. Ама гледам ова да е еднаш неделно, со граница.
    Најголема предност ми е сега што од периодот кога се "измачував" со диета, научив кога ми е доста па сега си јадам тоа што ми се јаде, без прејадување и нема проблем.

    Неазнам, вака размислувам и не сум сигурна дали сум уште опседната или не. Дека не гњавам никого околу мене тоа сум 100% сигурна, ама ете на пример ако ми се пријаде благо, нема да идам да купам милка туку ќе побарам некои интегрални колачиња, или ако ми се јаде солено, место чипс купувам печена пченка, ги избегавам другарките кога идат во сендвичара, кога дома јадат пржени компирчињ јас јадам печен компир....секогаш барам некоја поздрава алтернатива. Јас не се сметам за опседната ама што знам.
    Повеќе уживам во рамно стомаче одколку во хамбургер :)

    И да додадам дека мене ваквиот начин на исхрана не ми е воопшто мачен и тежок. На почетокот да, ама сега покрај вежбањето самиот организам не ми поднесува тешка храна. Кога ќе се сетам како сум јадела мајонез сега ми се лоши. Неможам ни четвртина бурек за изедам од што ми доаѓа мрсно и тешко. Порано кока колата ми беше нешто неопходно, сега ако испијам една чашка ќе умрам од мачнина, ако сум жедна помислувам на јогурт. На свинско не сум помислила 2 години, да ме тепаат сега - нема да го јадам

    А не сум имала такво искуство што велите некој одоколу да ти брои што и како јадеш, колку јадеш...ваљда е напорно. Секој треба да си биде свесен сам за себе, кој како убаво се чувстува така нека прави.
    Некој е среќен во сендвичара, некој во теретана :D битно да има лав, хепинес
     
    На Lux и LivingGlam им се допаѓа ова.
  8. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.545
    Допаѓања:
    6.311
    Сакав да отворам нова тема за оваа тематика, ама ја најдов оваа. Го гледам она шоуто Eat yourself skinny со Gillian McKeith, кај што даваат луѓе навлечени на нездрава исхрана, цело време јадат торти, колачи, благо, газирани сокови, пица, бургери. И сега, доаѓа оваа "нутриционисткава", ја ставам во наводници зошто колеџот од кај што ја земала дипломата не е ни признаен, а и по ново мислам дека е затворен. Од торти и колачи, женава наеднаш ги става на режим на исхрана што изобилува со зеленчук и овошје, семиња и многу ретко риба. Кафе, алкохол, сокови, благо се строго забранети. Во една од епизодиве, една жена фала богу потпадна од што прегладне јадејќи само брокули, боровинки и овес и изеде парче пица. Нутриционистов ја стави на "детокс" 4 дена да пие природен сок од манго со некои семиња, за да оди во вц на 5 минути. Тотално, ама тотално погрешно! Не знаев дали да се смеам или плачам кога го видов тоа.

    Поентата ми беше, не треба да се оди во крајности со здравата исхрана. И здрава исхрана воедно претставува и разновидна исхрана, а не да се убиваш од јадење банани и јаболки, да цедиш сокови и да јадеш марула салата со краставички. Или некој што ти држи лекции пет саати ако јадеш чоколадо, како тоа не било здраво и полно со шеќери. Да, не е здраво да се товеш со 200 грама чоколадо секој ден, ама ако од време на време изедеш едно чоколадо и испиеш една чаша кока кола ништо нема да ти бидне. Ако остатокот од деновите исхраната ти е избалансирана, од тоа едно чоколадо нема да се здебелиш или да се разболиш. Јас најчесто си јадам дома што има, иако признавам не е секогаш најздрав изборот, ама кога има си јадам манџи, овошје, зеленчук, зготвено нешто. Сокови избегнувам, чипсови ептеен ретко јадам, е сега благо си сакам троа повеќе, ама и тоа гледам да не јадам секој ден. Кога одам до град, иако и тоа е ретко во последно време, знам да јадам од Ла Пуерта, кинеско или Бургер Кинг. Знам дека не е здраво, ама не сакам да се лишувам од нешто што ми е вкусно. Ама, затоа не претерувам.

    Сум имала периоди во животот кај што бев па потполно свртена кон нездрава исхрана, скоро секој ден јадев од Бургер Кинг оброци и сладоледи, пиев газирано, се давев во гумени бомбони, чоколади и нудли. Со текот на месеците, накачив многу килограми, а и веќе приметив проблеми со стомакот заради гумените бомбони.

    Сега, сум многу далеку од порано. Она што сакам да кажам е дека не треба да се обвинуваме за секој изеден ред чоколадо, чололаден пудинг или брза храна. Не треба да броиме калории на се, но основата треба да ни биде здрава храна, но пак без претерување, домашна манџичка, супа, пилешки стек, риба, зеленчук со тоа, после може суво овошје, кикирики, бадеми, лешници. Кога нема тоа, ќе се намачка и некоја зденка. За частење, од време на време ќе се изеде палачинка напукана со крем внатре. :D
     
    На edna_malecka, Hugh, Biljarkata и 2 други им се допаѓа ова.
  9. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.219
    Се' што преминува во опсесија е автоматски нездраво.
    Освен тоа, денес па е толку нејасно што е здраво а што нездраво... За мене на пример, здрава храна е таа што ме прави да се чувствувам добро и не ми создава тешкотии и неподносливост. На пример, иако брокулата ја сметаат за здрава храна, јас не можам да ја јадам. Исто е и со гравот, леќата, повеќето јаткасти плодови.
    Да не забораваме дека освен за телото, треба да се грижиме и да ни биде убаво на душата. Ако човек знае како да ужива умерено, нема никаков проблем одвреме навреме да се почасти со нешто што не спаѓа во графата ,,здрава храна''.
     
  10. Dea85

    Dea85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2020
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Jas se pronaogjam vo temava.
    Eden period bev ocajna.... Jadev samo zdravo ( ne deka sega ne jadam) salati, ovosje, vareno, peceno ..... Brza hrana nikako, testenini IC.... Sekjerot pod normala mi dojde, masnotiite isto,
    Ke kasnev blago i custvuvav griza na sovest se slucuvalo da ne mi se povrakja a da odam da povratam... ZASTO??? Od pametot sto sum go nemala.

    Se e dozvoleno da sejade samo vo umereni kolicini.
     
  11. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Не била проблем здравата храна, туку твојот однос кон храната.
    Ова е познато како орторексија и е сериозно нарушување. Штета што свеста околу таа состојба е многу ниска.
     
    На theowndemon, renata77, mode-kristina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. AAKG

    AAKG Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.078
    Допаѓања:
    1.265
    Јадењето здрава храна е начин на исхрана и начин на здрав живот а не опсесија. Насловот е малку итака итака но ајде би рекол зависник од здрава исхрана. Кога долг период се јаде само една храна веќе телото се навикнува на тој начин на исхрана и останатата храна станува одбивна. Но за недела дена сето то се менува пошто на сите нас ни е послатка храната како хамбургер, кокакола, пица, торта... Под здрава храна се подразбира да се храниме здраво но и да бидиме здрави а не само да јадеме здрава храна а да имаме пад на шеќер во крвта, слабо железо и слично како што спомна членката погоре. Ајде ќе спомнам опсесија од здрава храна која шо ми се имаше десено пред карантинот, бев толку завлезен шо друга храна неќев ни да пробам освен зеленчук и месо. Имунитетот на нула,стално пад на притисокот и стално склон кон настинки.
     
  13. Sweetlove_0312

    Sweetlove_0312 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2017
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    12.852
    Пол:
    Женски
    Пред две години упорна бев за да ослабам и да јадам здрава храна односно тоа што се смета за здрава храна како житарки,салати, пецива од интегрално брашно или интегрални кекси арно ама и тоа не е здраво. Поточно јас никако неможев да се задржам на еден начин на исхрана затоа што во секоја храна наоѓав шеќери , масти и на луѓе што им кажував што јадам за диета ми викаа не е здраво. Па така некако со диети успеав да ослабам ама за жал пак си ги вратив кг лажејќи се со здрави чипсови, здрави кекси незнам ти што таму и разбрав дека нема нешто што е здраво. Ајде за салати да ама за други ствари е се нездраво. Сега пак сум во истата ситуација сакам да ослабам ама никако да си најдам план на исхрана и ме тера да гладувам и да се нервирам а никако да ослабам. Два дена јадам салати и ослабнувам 2 кг и после ден- два пак ги враќам. Тоа е затоа што после двата дена јадев нормално поручек, ручек,вечера за да не си го нарушам метаболизмот и да немам идни пречки.
    Може ли некој да сподели искуства , да каже што јаде и како се одржува да не се дебели ?
     
  14. Dea85

    Dea85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2020
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски

    Istovo i mene me interesira,
    I ne sovet od nekoj so brz metabolizam, neka kaze nekoja sto pominala niz ova.
    Bidejki spored mene kolku i da se hranis zdravo ako imas problem so metabolizmot se e djabe ( kako na pr.jas) Treba da pijam nekoj caj ili apce za da go dovedam vo normala nekolku dena.
     
  15. Alyson

    Alyson Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2014
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    170
    Побарајте го каналот "Pick up limes" на YouTube, девојката е нутриционист и знае што зборува. Прави здрави и избалансирани оброци, не мора точните рецепти да ги правите (иако многу од нив се превкусни), меѓутоа само што ги слушам општо нејзините совети е супер. За жал она е веган и има само вегански рецепти, негогаш си ги прилагодувам за да бидат вегетаријански бидејќи сакам јајца, млеко, млечни производи... Во главно 80-90% од времето се придржувам до тоа, а 2-3 оброка во неделата ми се со месо, сепак е потребно и не сакам целосно да го исклучам од исхраната.
     
  16. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    1.980
    Допаѓања:
    8.270
    Пол:
    Машки
    Незнам дали коментаров е за тука. Читам тука, гледам околу мене, луѓе држат диети и мислат дека се хранат здраво. :D
    Здрава храна не е јадење салати. Здрава храна не е изгладнување. Здрава храна избалансирана храна.
    Диетите у најлош случај може да пореметат некој хормон, у најдобар случај може брзо да се ослабе и уште побрзо да се врати килажата.
    Освен тоа повеќето "диети" исклучуваат јаглехидрати кои во телото ствараат гликоген што се главна храна за мускулите. И што се дешава во телото, бидејќи мускулите не добиваат енергија пошо нема гликоген, го трошат протеинот за енергија наместо за градба, односно се јадат самите себе. 40% од изгубената килажа во вакви случаи секогаш е од мускулите. Значи ако губите 10 кила на диета без или со малку јагленохидрати 6 кила се масти а 4 кила се мускули. Телото секогаш ги жртвува мускулите најпрво. И после една таква диета ќе си ги качите килата пак, и всушност телото е подебело од претходно пошто мускулите се изедени и телото складира масти. Ако пред диета сте имале 25 индекс на телесни масти, од коа ќе се качи истата килажа телото ќе има 30 БМИ, у превод подебело од претходно.
    Диета (исхрана) е добра ако можеш цел живот да го живееш со тој ритам. Ако не, ако после некое време прекинувач и се враќаш на старо значи нешто не е во ред.
    Решението е едноставно. Треба да се намали јадењето количински и да се распредели на повеќе оброци. Просечна жена може да обработи 300 калории по оброк, просечен маж околу 500. Значи ако целта ви е 1500 калории изведете ги 5х300 (машки 4х450=1800).
    Здрав оброк значи у чинијата да има јаглехидрати, влакна, и протеин чија комбинација ќе дозволи побрзо разградување во телото. Со тоа ќе го внесете повеќето битни нутриенти. Исто така треба да се избегнува храна со масти повеќе од 20%.
    Бавниот метаболизам буквално може да се убрза со вежбање и тоа е тоа.
    Ова го може секој жив човек на планетава. Ова не е никаква тајна, ова е нормалата на која не сме навикнати и која сите нутриционисти треба да ја кажуваат, а повеќето од нив и ќе ви го кажат истово.

    Знам дека некој може да се налути/навреди/изреволтира од пишаново, и разбирам бидејќи и мене и јас не верував дека можам да сум најаден а да не качувам килажа. Истражувајте и читајте, и ме верувајте на секакви диети. Јадете здраво. Ако имате некаков посебен проблем побарајте помош од стручно лице.
    И тоа е тоа... Едноставно е
     
    На Tan4ence, Maylin и Ugly Duckling им се допаѓа ова.