1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Здрава исхрана или?

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од rikita7, 12 август 2012.

  1. rikita7

    rikita7 Активен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    1
    Луѓе помагајте озбилно незнам што да направам. ОД мартот почнав да се хранам поздраво и не гладувајќи да ги симнувам вишокот килограми.Сега ми е страв дека сум анемична. Сакам да се осигурам дека крвта не ми е слаба и да не си ги вратам килограмите.Што да правам како да јадам? Имам 50 кг на висина од 160.(изгубив 10тина кг) и имам 16 години. Фала ви однапред.
     
  2. Simone1516

    Simone1516 Активен член

    Се зачлени на:
    15 август 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Kazi gi tvoite simptomi za da znaeme dali si anemicna ? Zatoa sto ti velis deka ne si sigurna za toa.
     
  3. Simone1516

    Simone1516 Активен член

    Се зачлени на:
    15 август 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
  4. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    106
    А да продолжиш ти со оваа храна и понатаму со тоа што паралелно да почнеш да гледаш во сонце?
     
  5. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    543
    Пол:
    Женски
  6. iva85

    iva85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    27
    Луѓе ај помош ве молам.Значи бев на спортска медицина од кошарка пред некоја недела.И таму ме мереа -имам 53 кила и висока сум 162.Ама таму ми кажаа за да сум зајакнала,да јадам многу протеинска храна.Која храна поточно спаѓа таму?
     
  7. 0nika

    0nika Активен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2012
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    12
    ^
    Најбогати продукти со протеини се: месото, рибата, млекото, млечните производи (кисело млеко, павлака...) и јајца. А од растително потекло се: житарки, производи од житарки (брашно, леб, тесто, пециво, кекси...), компир и мешунки (грав, грашок, боранија, леќа, соја...).
     
  8. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.681
    Свежата храна е еликсир на младоста


    Жива е неготвената храна што содржи ензими во изобилство, кои со готвењето на 47 степени се уништуваат. Поради тоа, телото краде метаболички ензими од клетките, одземајќи им ја животната сила и намалувајќи им го векот. Виталност се добива само со храна што поседува животна искра, бидејќи само животот може да даде живот

    Дегенеративните промени во човековиот организам не се природна последица на стареењето, туку се резултат на погрешниот начин на живеење: лоша исхрана, недоволно изложување на сонце, недоволно движење и влијанието на токсините од нашата околина, сметаат голем број стручњаци.

    Д-р Слаѓана Велков вели дека со промената на начинот на живот можеме да се подмладиме и да си го продолжиме животниот век.

    - Со употреба на индустриска храна, полна со шеќери, масти и хемиски додатоци, како и со продукти од животинско потекло, старееме рапидно и создаваме основа за развој на дегенеративни болести, како карцином, шеќерна болест, артритис, ментални и срцеви заболувања. Правилната исхрана, детоксикацијата и сонцето може да лекуваат многу хронични болести, па дури и рак. Сѐ повеќебројни се медицинските центри низ светот што лекуваат од таканаречени неизлечливи болести со свежа храна и сокови. Едни од најуспешните се Герсоновите центри. Најблиску до нас е оној што се наоѓа во Будимпешта, Унгарија - објаснува д-р Слаѓана Велков.

    ЧОВЕКОТ ПОБЛИЗОК ДО ТРЕВОПАСНИТЕ ЖИВОТНИ

    Таа долги години се занимава со едукација на луѓето за самоизлекување со правилен начин на исхрана и водење здрав живот. Според неа, човековиот дигестивен систем е сличен како оној на тревопасните животни, па според тоа, месото не е вистинска храна за нас.

    - Месојадците имаат киселина во устата, каде што почнува варењето на месото, потоа 20 пати посилна киселина во желудникот и многу кратки црева низ кои месото поминува за неколку часа и се исфрла. Луѓето и тревопасните животни од друга страна немаат киселина во устата, имаат многу слаба киселина во желудникот, што не може целосно да го вари месото, па доаѓа до негово распаѓање, а не варење. Исто така, поради долгите црева, месото се задржува долго во дигестивниот систем во нашето тело. Продуктите на распаѓање на месото, кои ќе се ресорбираат повторно во телото, предизвикуваат рак и многу други болести - тврди д-р Велков.

    Месото што се чува во продавниците е одамна во процес на распаѓање, а вештачката „свежа“ боја се одржува со јаглерод моноксид.

    - Освен тоа, во месото има хормони што им се даваат на животните на фармите за да растат побрзо. Тие може да предизвикаат рак на простата, на дојка, но и ран пубертет кај децата - вели д-р Велков.

    ДЕБЕЛ, БОЛЕН И РЕЧИСИ МРТОВ

    Нераскинлива е врската и меѓу лошата исхрана и кардиоваскуларните болести. Во Македонија за 60 проценти од смртноста причина се болестите на срцето.

    - Големата смртност, пред сѐ, се должи на погрешната исхрана, со консумирање продукти од животинско потекло. Маснотиите од месото и од млекото ги затнуваат крвните садови. Но тие се топат многу брзо со правилна исхрана. Многу сликовито овој процес е опишан во документарниот филм на Џо Крос, насловен „Дебел, болен и речиси мртов“, за човек што со години безуспешно го лекувала современата медицина. Но, само за два месеци јадење свежа храна, со практикување соодветни физички активности и гледање во сонце, тој ослабнал 40 килограми. Се излекувал од дебелина и многу други болести и се подмладил најмалку 10 години, бидејќи живата храна е еликсир на младоста за сите нас - објаснува д-р Велков.


    Под жива се подразбира неготвена храна, што содржи ензими во изобилство.

    - Со готвењето на 47 степени ензимите се уништуваат. Тогаш телото краде метаболички ензими од клетките, одземајќи им ја силата и намалувајќи им го векот. Луѓето добиваат виталност само со храна што ја поседува таа искра. Мртвата храна може само да ни ја одземе животната сила и нашето тело почнува да старее. Уморни сме и ни се спие кога јадеме готвена, мртва храна. Спротивно на тоа, кога консумираме жива, растителна храна, се чувствуваме свежо и одморено. Само животот може да даде живот - истакнува таа.

    За да се почне постепено во исхраната да се воведува живата храна има неколку начини.

    - За почеток, наместо бурек и јогурт, за појадок јадете овошје. Кога ќе се навикнете, за ручек земајте салати, свежи сокови и блендирани напитоци. И на крајот, за вечера може да се консумира и малку варена храна, како на пример: варен интегрален ориз, компир, овошни чорби - порачува д-р Слаѓана Велков.

    Извор
     
    На Mama25 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.383
    Допаѓања:
    9.314
    Пол:
    Женски
    Јас веќе се хранам здраво, но никако не моажам да симнам килограми.
    Како да симнам килограми по природен пат?
     
  10. AnimalLover

    AnimalLover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2011
    Пораки:
    280
    Допаѓања:
    204
    Можеби метаболизмот ти е таков да треба повеќе време да симнеш тежина.Може не се храниш правилно.Некои намирници или производи се декларираат како диетални и здрави , но сепак не се.Пример житарки со шеќер и вештачки ароми, бел леб офарбан да личи на црн,житни плочки со калории како чоколадо.Кога исхраната е балансирана , и тежината ќе биде.Не конзумирај бело брашно ,шеќер,купечки сокови и какви било други индустриски производи.
     
  11. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.380
    Порано постоеше само храна, а сега има и суперхрана. Самото име има психички ефект врз нас и со самото конзумирање имаме чувство за самозадоволство дека сме сториле нешто добро за себе.
     
  12. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.712
    Пол:
    Женски
    Здрава исхрана да, но не да се оди во екстрема, па да се трансформира во диети, изгладнување, еднолична исхрана, фабрички произведена или готова храна со етикета “здрава храна” итн. Затоа пред се’, домашно приготвената е многу поздрава од купената готова храна. (fingers)
     
    На KuklickaMoja, Lovelybaby<3, Soncence3 и 4 други им се допаѓа ова.