1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Здрава исхрана, најефикасен начин за здраво тело

Дискусија во 'Диети' започната од Sparks, 9 јули 2011.

  1. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Најчестата заблуда кај луѓето е дека со диета, гладување и откажување од задоволствата кои им ги носи омилената храна се слабее. Но, најлесниот, можеби не најбрз и најсигурниот начин за губење на вишокот килограми е здравата исхрана и добра физичка активност. Jас со оваа метода ослабев 9 килограми и го зацврстив телото.

    Најбитно од се е да се јаде разновидна храна, да се испробуваат нови вкусови и пропратно да се јаде многу овошје и зеленчук. Исто битно е секој ден да се јаде во приближно исто време, односно ист период од денот, доста важно е да се јадат мали порции, да се џвака бавно храната и да се пие многу, многу вода.

    Најголемата човечка заблуда е дека со не-јадење се слабее. Со апстинирањето од храната може да се постигне само јо-јо ефектот, привремено слабеење за потоа повторно враќање на старата тежина, а неретко добивање на некој килограм вишок. Човечкото тело има 3 видови на извор на енергија: шеќери, масти и протеини. Прв извор е шеќерот, односно глукозата. Кога човекот не внесува доволно глукоза во организмот, тој најпрвин ќе ја потроши таа глукоза, нејзините резерви, а потоа ќе почне да го топи масното ткиво со цел да добие извор на енергија. Тоа е нормален процес и се дури се случи неколку пати не е страшно. Но, доколку организмот се научи да ги користи мастите како прв извор на храна а не глукозата, потоа од секоја храна ќе ги користи само нив, и тоа сосем малку затоа што така ќе се навикне, а потоа ќе почне остатокот да го складира во сало, што е доста штетно за здравјето, мислејќи дека нема повеќе да се внесува храна и затоа ќе користи малку, чувајќи го остатокот за понатаму. Затоа тој што мисли дека со скокнување на оброци ќе ослабе е во голема заблуда :!:

    Диетите исто така можат да бидат многу штетни затоа што бараат откажување од омилените задоволства (Чоколадо, чипс, газирани пијалоци и сл.) во рекордно време, нешто што физички е невозможно. Обично луѓето сме зависни од таквите задоволства и ни е многу тешко да пресечеме и од денес до утре да не внесуваме повеќе од тоа. Организмот си се научил и на таа храна, и како и секоја друга потреба така и оваа треба да се оствари. Кај нездравата junk food добро е најпрвин да се почне со купување на амбалажи со помала грамажа, за организмот полека да се навикне на тоа, а потоа и несекојдневно примање на таа храна. Нема потреба од целосно откажување, јас така бев зависна од чипс, полека го откажав но и ден денес знам да си купам. Плус диетите не се индивидуални, исто како што и лековите не се. Еден банален пример, некој глава престанува да го боли од аналгин, друг од бруфен, трет од кетонал. Така и диетите, не можат за секого да се погодат. Затоа најдобра диета е онаа во која само ќе се редуцира бројот на внесување на нездрава храна.

    Најубаво е да се јаде разновидна храна и доста битно е како се јаде. Најдобро е да се јаде 3 пати во денот (Појадокот е најбитен и обавезен) по мали порции, наместо еднаш и многу. За појадок лесна храна, јогурт, житарки, млеко, млечни производи... Па по тоа порција овошје. За ручек обавезно салата и тоа салатата да биде во сите бои (марула, зелка, рукола, цвекло, морков, слатка пченка, црвена пиперка...). Сето тоа се меша, и со маслиново масло е прсти да излижеш. По оброкот обавезно овошје, или домашен цеден сок. Јас обожавам кога самата ќе си исцедам сок од портокал. Јас имам навика кога се хранам или кога порачувам некаде нешто, секогаш тоа да биде различно јадење. Досега не ми се случило да каснам 2 пати иста храна од менито. Секој ден јадам различно, мексиканска храна, кинеска, наша домашна, италијанска... Кога прима различни состојки организмот е поактивен, лачи повеќе киселини за да ја разложат храната, а доколку се храниме монотоно тогаш лачи едни исти, во помала количина и е помрзлив и понеактивен.

    Ова е доста важно! Кога купувате житни производи, барајте каде што пишува 100 процентни. Затоа што за да се добие поголем квалитет, најчесто на житото се лупи обвивката и се дава само внатрешноста. Тоа не е добро, затоа што житото е изградено од два шеќери, амилоза и амилопектин, а амилопектинот го има само во обвивката. Тој е доста битен шеќер и е доста хранлив а со рафинирањето се истребува. Лебот го прават на овој начин. Затоа кога ќе купувате, купувајте онаму каде што пишува дека житото е искористено 100 процентно.

    Гледам доста се прави забуна за шеќерите, прочитав дека некој не јаде овошје затоа што било полно со шеќери. Има разлика, во медицината се познати како "добри" и "лоши". Разликата е во тоа што добрите се полни со природни влакна, додека кога се рафинираат, тие шеќери ја губат нивната првобитна функција и стануваат лоши. Добрите шеќери ги има во житните прозводи (Оние 100%), овошјето, зеленчукот, грашокот, гравот(По можност јадете кафен грав, не бел!). Лошите ги има во белиот леб и белиот ориз. Јадете црн леб и кафен ориз. Јадете кафен шеќер, маслиново масло, масло од семе од тиква (Малку е поскапо, но е неверојатно здраво). Сончогледовото фрлете го. Помфритот од МекДоналдс е најштетното нешто што може да го изеде некој, пропратено со нивните сендвичи.

    Многу важно е да се јаде риба. Рибата е богата со омега 3 и омега 6 киселини и е доста здрава за видот посебно. Свежа риба (Не конзервирана) да се јаде барем еднаш во месецот. Да се јадат јаткасти производи, (Тука не спаѓаат кикиритки пржени и солени).

    Свежо овошје, не пакувано во конзерви.
    Свежи компири, грашок, зеленчук, не замрзнати!
    Јас практикувам кога било да си измијам зелена пиперка и така без ништо да си ја изедам.

    Да се пие многу вода, некогаш повеќе и од два литри, затоа што водата е најдобра за организмот, нејзиниот ефект е доста познат и некогаш дури и 2 литри се малку. Шише од 2 литри во фрижидер и постепено пиење е најубавото нешто за телото.

    Исто битно е да се јаде полека. Нервите во нашиот организам се поврзани на тој начин што информацијата дека сме сити стигнува до мозокот по неколку минутки, и на мозокот му треба време да ја обработи таа информација и да ја испрати назад, па затоа некогаш по јадењето ни е тешко и сме се прејадиле. Затоа треба да се јаде и џвака полека за организмот сам да ни каже кога е сит.

    Спортската активност е најбитна за добар метаболизам и добро варење на храната. Најдобро е да си спортуваме она во кое сме најдобри, јас лично играм кошарка секој викенд, а секој ден трчам инаку. Велосипед да се вози е одлично. Зумба не сум играла, пилатес не сум пробала никогаш, но на некој доколку му е тоа најубаво тоа нека го прави.

    Ова е најдобар начин за убаво и витко тело, ако се истренира организмот на овој начин сам ќе си го исфрли вишокот (Како во случајов со мене) и ќе си ја најде формата што најмногу му одговара. Најдобро е постепено намалување и откажување од мрсна и штетна храна, јадење многу овошје и зеленчук, пиење вода и спортување и килограмите сами ќе се стопат.

    Текстов е инаку пишуван лично од мене, базиран е на досегашно учење на оваа тематика и лично искуство во слабеењето. Можете да ме прашате што сакате, иако не сум професионалец во оваа тема, се надевам ќе можам да ви одговорам на прашањата.
     
    На Asja, endlesslove, Cacuvche и 18 други им се допаѓа ова.
  2. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.935
    Јас сум ти еден чуден тип на човек.
    Обично нели, се што е нездраво за внесување, луѓето го обожаваат. Јас пак, сосема обратно. Не ми прави мерак мрсната, висококалорична, зејтинеста храна. :x Не разбирам како можат да го јадат тоа секојдневно без осет. Најпрво мрсната храна не е убава за естетиката. Мозолчиња, целулит итн итн..

    Според мене здрава исхрана е внесување што повеќе витамини. Најзначаен сегмент за здравиот начин на исхрана е внесување на свежи нискокалорични производи. Најмногу препорачувам овошје и зеленчук во секојдневната исхрана, како ужина и вечера. Нема подобар начин да го намалите гадот во вечерните часови, а притоа да не внесете калории освен со овошје и зеленчук.

    Икрено, сите знаеме дека чорбите и супите се најздрави за варењето на храната, но ретко кој ги прима во секојдневната исхрана. Експертите препорачуваат да се јаде супа пред секој ручек. Јас најчесто се придружувам до ова правило. И онака обожувам супа. :lol:

    Се на се, здравјето можеме лесно да го контролираме, само треба да внимаваме на исхраната, да не претеруваме со една храна постојано и најмногу од се, да го сакаме она што го јадеме. Поздрав :*
     
    На Ariel-555 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Имав спомнато за храната, неколку пати и колку јадам, мислам дека нема потреба човек да прескокнува еден оброк, пример или пак диета да држи, сосем доволно е здрава исхрана и вежбање, ништо друго. Значи да има дисциплина кога станува збор за храната, колку и што јаде, јас никогаш немам држено диета, нити пак се разбирам во однос на диети кога станува збор за тоа, едноставно ги поминувам трите оброка, внимавам да не се обилни, премногу пијам вода, вежбам и тоа е тоа.Месо не јадам, риба не јадам, а нема шанси ни да јадам :!: :D , ми текна дека во воведот се спомна рибата :D Треба да се внимава и тоа ќе биде сосем доволно :) но сепак тоа е индивидуален избор.
     
  4. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    606
    Девојко само сакам да ти пишам едно ГООООООЛЕМО БРАВО за текстов (искрено мислев дека е превземен од некаде) и за тоа што постепено си се навикнала на овој здрав и пред се правилен начин на живеење кој во денешно време со овие извештачени вредности стана се поштетен за обичниот човек.
    Јас ова го практикувам и секако дека беше потребно време и трпение за да се создаде таква навика.
    Формулата е еноставна-природни состојки без многу фабрички и термички обработки, свежо овошје и зеленчук и како што напиша многу многу вода која е од огромно значење за правилна функционалност на целиот организам пред се дететоксикацијата.
    Секако дека е многу битно во животов да не се претерува со ништо па ниту со ова зашто од корисно многу лесно може да се претвори во штетно... Парче пица, чоколадо или она што ви е најголемо задоволство (привремено) од ваквата храна ќе направи сето ова да изгледа најобично и лесно издржливо. :)
     
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Фала богу :D некој сватил дека нема магично стапче и јо јо ефект од диети.
    Сувишно е понатаму да се дискутира
     
  6. aleksandrappo

    aleksandrappo Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    12
    немам збор за текстот.не треба човек да с еоптеретува со диетите кои докажано е дека не се здрави за организмот.Јас искрено си појадувам мусли со јогурт и јадма мн овошје и зеленчук.Вода си пијам кога како некогаш по 2 литри некогас повеќе а можи да се случи и помалку.Не можи човек да стани совршен од диета и лежејне, тоа можи да го постигни само со активност и здрава храна браво чупенце.
     
  7. cooLive

    cooLive Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2011
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    11
    Губејне на килограмите без диета

    Никој не е совршен секој сака да изгледа совршено во летото.Губејнето на килограмите се постигнува со здрава исхрана и активност во текот на целиот ден.
    Започнетего денот со чаша вода со лимон и вежбајте 15 минути.



    ПОЈАДОКОТ е мн битен за организмот со цел да има енергија.Се појадува 1 час по станувајнето.(стануваш чаша вода со лимон вежби 15 минути и појадок).Периодот 1 час по станувајнето се нарекува ЗЛАТЕН ЧАС храната од појадокот се сврзува со мускулите.Најважно е појадокот да биде некое овошје можи и лубеница или пак мусли со јогурт нискокалоричен и чај поради тоа что топлината од чајот по појадокот помага во согорувајнето на калориите.


    РУЧЕКОТ доаѓа 4 часа по поручекот.Ручекот треба да се состои од свеж зеленчук или зеленчукова салата.Белиот леб треба да се одбегнува заменете го со црн леб и можите во текот на ручекот да касните 1 парче.


    ВЕЧЕРАТА доаѓа 4 часа после ручекот.Вечерата треба да се состои од белковини и протеини значи од јогурт и зеленчук.Најдобро е доколку не чуствувате голема глад да испиете една чаша јогурт нискокалоричен.Можи д авечерате туна со лимон и салата од марула или било кој друг зеленчук.Вечера никако ОВОШЈЕ


    Не комбинирајте ЈАГЛЕХИДРАТИ со БЕЛКОВИНИ во никој случај.
    Пред секој оброк пијајте по 2 чаши вода на тој начин ќе внесите помалку калории.Пиете 2 литри вода тоа се приближно 8 чаши вода на ден.Пиете чаеви по секој оброк на тој начин ќе согорувате калории.
    Овој планер ќе ви помогне да ослабете видливо за една недела.Благите работи заменетеги со витанова која содржи само 110 калории наместо чоколадо кое содржи 550 калории.Најдобро е да јадете темно чоколадо и овошен сладолед.
    Ова не е диета само еден планер за ЗДРАВА ИСХРАНА која ќе ви донесе ВИТА СТАВА
     
  8. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Браво бе Спарксче, алал да ми ти е. Преубаво напишан текст и премногу точен. Не му е потребен не знам каков факултет на човек за да сфати дека ова ти што го зборуваш е сосема едноставно само доколку човек се научи вака да живее, да се храни, да промени навики.

    Не е работата - денес утре нема да јадам чоколадо, ама после ќе се напукам 3 плескавици и слично, Рамнотежата е битна во се.

    Јас одамна чув многу добар совет од мајка ми - во еден оброк треба да има што повеќе бои. Е сега не велам дека треба да внесеме кило жолто, кило бело, кило зелено итн. ама колку поразновидни се оброците, толку поубаво.

    И точно, здравиот начин на исхрана води кон поздрав живот, витко тело, и пред се човек многу поубаво се чуствува, затоа што конечно може да дише и да се движи послободно.
    Не дека се работи за тешка филозофија, едноставно е ова :)

    Браво уште еднаш :clap:
     
  9. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.448
    :clap: :clap: и од мене...
    Супер текст, одлично, браво за трудот, некој ден кога нема да бидам ифрит ко денс, ќе имам живци и волја и јас ќе надополнам од она што го знам на оваа тема, а за сега само една мала исправка, имено овошје не се јаде непосредно после јадење, создава подуеност и гасови ...
    И исто така навечер не се конзумира овошје, мислам не е препорачливо, па затоа секогаш се потенцира до пред ручек, до кај 3, најкасно 4 часот да е завршено со овошје, а за навечер се резервирани салатите, а кој е мнооогу гладен, во комбинација со протеини ;)
     
  10. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Браво за текстов! Баш е напишано се како што треба и објаснет начинот! Јас не сум против диети и вежбање, ама не можам ни да ги додржам диетите. Кога знам дека сум на диета тогаш ми се јаде. Затоа не држам некоја посебна, туку внимавам што „гнетам“. И сметам дека така е најдобро. Здравиот начин на исхрана е најбитен и за слабеење, а и општо за одржување на здраво тело и здрав организам.
    Уште еднаш браво за текстов!
     
  11. cooLive

    cooLive Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2011
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    11
    јас појадок си јадам овошје или мусли со јогурт за ру4ек зеленчук нешто или салата можи.Благото го заменувам со витанова.4итав дека пиењето 4ај псоле оброк го спречува таложејнето на маснотиите те дебелеејнето па си пијам по секој оброк цај
     
    На Hellen му/ѝ се допаѓа ова.
  12. pato

    pato Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2012
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Здрава исхрана и здрав живот

    Прво да ве поздравам сите :)
    Уште на почеток ќе напоменам дека зборот диета не ми се допаѓа па затоа решив ова да не го наречам диета туку здрава исхрана која ќе ја практикуваме цел живот а не само 2 месеци колку да ослабнеме па потоа пак да ја вратиме истата тежина.
    Оваа тема нека биде потик на сите што сакаат да ослабат,да ослабат на здрав начин без држење на ун,аткинс и многу други кои повеќе наштетуваат отколку што помагаат.
    Па затоа на темеава ќе пишуваме кој што јадел во текот на денот дали тоа било здраво,кој колку вежбал бидејќи слабеењето се состои од вежбање и здрава исхрана.Плус тука е броењето на калории кои се важен дел од процесот слабеење до 1200 на ден.
    Битно е во текот на денот да се има 3 главни оброка т,е доручек,ручек и вечера а меѓу нив ужинка која може да биде овошје или зеленчук.Да нема јадење чипсови пиење сокови газирани колку што е можно помалку зејтин,леб.
    Знам дека сите имаме проблем кога сме на работа,школо,факултет што да јадеме или па ако поминеме покрај вегера,чичко стоилко и многу други такви да неможеме да одоолеме па да купиме нешто па затоа со нас секогаш треба да имаме било овошје,зеленчук,јаткасти плодови па и некој здрав сендвич за да можеме да ја убиеме таа желба која подоцна ќе ни наштети и ќе се каеме што сме ја изеле.
    Кажав погоре дека вежбањето е важен дел од слабеењето но и од здравиот начин на живот па затоа може секој од нас да одвои 30 мин од денот за вежбање или ако не може да пешачи.
    Се надевам дека некому му помогнав :) Ако имате некој прашања слободно можете да пишете лп
    Да напоменам дека јас го практикувам ова и дека се чуствувам многу поубаво и поздраво. :D
     
  13. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    Здрава исхрана и здрав живот

    Откако ослабнав16 килограми за 2 месеци пред2 години си воведов некој си мој начин на исхана кој што сметам дека е добар бар за мене и така си ја одржувам тежината овие 2 години без проблем.
    Значи кај мене во исхраната постои овошје и зеленчук обавезно , супи домашни , со брокула ,магданос ,мевце
    Месо обично печено во релна салати во изобиство марула,па цвекло рендано со морков рендан или пак со зелка парче сирење или пак варено јајце благо минимум скоро ич леб не и газирано не едино пијам или обична вода или добра вода велнес со мирис на праска и гумбир има така да не ми е проблем да си го јадам ова оти ми е вкусно и си уживам кога се хранам вака и пред се да напоменам еве пресна крвна слика Хемоглобин 132 и серумско железо 24 значи оглично масти и триглицериди на долна граница
    Еве додека го пишувам ова си јадам цитронче
     
    На stetoskop му/ѝ се допаѓа ова.
  14. 12masima

    12masima Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    29
    Здрава исхрана и здрав живот

    браво Ева јас како иден нутриционист можам да кажам дека ова што си го започнала е супер :) ;) и јас така би ти препорачала, онака можеш да си правиш и вежби домашни наутро и навечер, секако ке те зацврстат и ке ја зголемат самодовербата.. :) доколку имаш нешто можеш да ми пишеш што да внесиш пред вежби после вежби и др позз
     
  15. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    Здрава исхрана и здрав живот

    фала ти со две деца дома верувај имам супер вежби хахаххаха така да мислам немам потреба инаку имам мускулесто тело и немам целулоид иц ама си имам стомаче со салце :D :tmi:
     
  16. bemmy

    bemmy Активен член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    7
    Да ја замениме калоричната храна со нискокалорична храна!

    Па вака, пред се да ги поздравам на сите кои се на диета и кои не се. :lol:
    Постов го напишав со цел да им помогнам на оние кои се на диета и неможат да се контолираат кога ќе видат сендвичи, благо или калорични пијалоци.

    Да почнеме од сендвичите:
    Скоро сите ние сме слаби на сендвичи, хамбургери, чизбургери, хот-дози, тостови и слично... Но мораме да научиме да кажуваме НЕ. Место сендвичи, хамургери, чизбургери и останатите можеме да земеме двопег со парче салама и парче кашкавал. Тоа нема да не засити онолку колку наведените погоре но барем малку ќе го излаже мозокот со саламата и кашкавалот. Исто така, место двопег може да се направи и со интергално лебче.

    Благо:
    Никој неможе да одолее на слатки, торти, чоколадо... Но како што реков, мораме да научиме да кажуваме НЕ. Место да внесуваме по 500 калории со едно парче, за да си го задоволиме чувството за благо можеме да изедеме едно чоколадо Витанова или пак шолја кафе со захарин, кафето со захарин навистина премногу помага за задоволување на потреба за благо.

    Калорични пијалоци:
    Газираните и алкохолните пијалоци се посебен извор на калории, посебно газираните. Место газирани и алкохолни пијалоци можеме да земеме шолја ладна или млака вода со цеден лимон, чаша јогурт, чај со захарин или домашен сок од лимон со малку шеќер или со захарин.