Здраво на сите ! Се мислев да ја отворам темава во категоријата храна и пијалаци, но бидејќи темава е за диетална (здрава ) храна мислам дека тука подобро се вклопува. Ја отворив темава со цел да разменуваме идеи за здрава исхрана и доколку можеби некој има недостиг на инспирација за спремање на здрав и диетален оброк да ја најде овде помеѓу одговорите. Јас моментално пробувам да се хранам што е можно поздраво и да внесам намирници кои се и притоа добри во оформување на телото. Доколку некој од вас е на диета или едноставно само се храни здраво споделете го вашето дневно мени со нас. (доручек ручек вечера ужина ) Се надевам споделувањето на идеи за оброци ќе ни биде од голема помош на сите нас кои се храниме здраво или сме едноставно на диета. Можете да поставувате слики од вашите оброци и да разменувате рецепти
Јас моментално сум на режим за качување на некое кило, па мислам дека би било во ред да се сподели и тоа, и за оние како мене кои сакаат да се поправат, Појадок: омлет со три цели јајца, две парчиња леб, парче сирење, салата од домати Прва ужина: банана со голема лажица путер од кикирики Ручек: најчесто некој вид месо со ориз или со компири (печени или пржени) плус додаток мајонез или павлака Втора ужина: 50 грама јаткасти плодови (бадеми, индиски ореви, лешници) или 50 грама чоколадо (темно или млечно по желба) Вечера: конзерва туна со две парчиња леб или сендвич со состојки по желба (најчесто кашкавал, пршут, свински врат итн) Напоменувам ова е за оние кои сакаат да се поправат. Почнав со овој режим пред недела дена па ќе видиме како ќе биде. Не знам колку е здраво ова мени но мислам дека е избалансирано и има од се по нешто
Моето мени за денес : Доручек : макробиотски ѓеврек и чаша јогурт Ужина : житна плочка и кафе Ручек : една чинија боранија, салата од домати и кришка црн леб Ужина : јаболко Вечера : мешана салата (црврна зелка, краставица, морков, пченка) И вечерта уште едно кафе
пред-доручек: тиква и две раце грозје со кокосово масло и мед доручек: лиснато ( ова ај шо не е здрава храна туку и грозно беше од вегера) и чаша јогурт ручек: домашна пилешка чорба со брокула (без фиде) вечера: јаткасти плодови
Може некој да ми каже за костените? варени печени....имат ли калории, во какви плодови спаѓаат - јаткасти ли се ??? Ептен ги љубам уфффффффф
Една идеја која вчера ја пробав за вечера. Значи протеинска е, Диетална е, и е добра и за доручек и вечера. 3 јајца 1 рендана тиквица 2 рендани моркови 3 лажици несолена урда лажица ипол брашно ако имате интегрално малку сол малку зејтин малку сода бикарбона Се меша и се става во калапи, се пече 15-20 мин. Рецептов ми е импровизиран од хроно исхраната.
денес доручек - полн тањир сецкано овошје (банана, круша и јаболко) и чиа семе+ 4 семинја микс во бадемово млеко. Баш да видиме до кога ќе ме држи .
Доручек : две чаши млака вода.... смуди со блитва, цеден портокал и боровинки ... еден цитрон ... Ручек : салата зелка, марула и краставици и грашак .... Вечера : Салата и калинка .... ( ова ми е исхрана од нутрционист )
Прв оброк, пилешки гради и пире... Втор оброк, банана, па после половина час овесни снегулки. Ручек риба и салата и малце пире. И вечера чаша јогурт и 3 белки и едно цело јајце. Запамтете, јадењето не е само изглед и здравје, не е ниту само задоволство, тоа е и карактер, бидете силен карактер и обидете се да одолеете на вкусот бар понекогаш, немора секогаш, балансирајте, ако го чувате телото и тоа ќе ве чува вас
Доручек (2 кришки pжан леб,ајвар,сирење и печеница) Ручек (стек и зелка салата и 2-3 маслинки) Вечера(ослич риба и зелка салата)-Хроно исхрана(ем здраво,протеинско ем се слабее)
Пишав и погоре во мислењето, не ми е сосема "здрав" начинот на исхрана, затоа што сакам да се поправам и не е изводливо да јадам само зелена салата, пилешки стек и брокули. Освен тоа, според мене најздрав начин на исхрана е избалансирана исхрана, од се по нешто, во умерени количини, ништо да не се исфрли. Не гледам проблем во јадењето леб, кашкавал и свински врат, се додека не се претерува. Ова е и најодржлив начин на исхрана, тешко на оние кои си забрануваат и се лишуваат од одредени видови на храна, зашто кога тогаш ќе потклекнат. А да не зборувам и за тоа што денес веќе ниедна храна не е 100% здрава.
Има кај нас здрава храна. Али леб, кашкавал, пршута никако не е здрава храна. Ако мислиш со таква храна да продолжиш, боље не ја држи "диетава". Нема да ослабеш. И многу е битна физичката активност. Јас со здрава исхрана симнав 20 кг. Ама пак се опуштив и се здебелив и еве сега пак ја држам. Ти кажувам со искуство.
Пишав погоре дека сакам да се поправам, а не да ослабам. Се борам со месеци да качам некое кило, но не оди. 168 цм со 47 кила сум. Освен тоа сакам да уживам во храна која ми е вкусна.