Доручек - мусли со млеко Ручек - блитва со ориз и ржан леб Вечера - најверојатно ќе јадам микс од сушено овошје и јаткасти плодови. За ужинки измеѓу - јаболко, некое крекерче може или интегрални бисквити, црно чоколадо.
Супер ти е доручекот, енергетска бомба. Во остатокот од денот пробај да не јадеш овошје, мислам дека ти е доволно ова наутро.
доручек-смуди(авокадо,банана,јогурт,ѓумбир,чиа семе) ручек-стек и шопска салата вечера-палачинки од хељда со мед и ореви
Се трудам секој ден да јадам барем за ручек месо. А по што е поразличен лебот од тестенините, за според тебе едното да е добро а другото не? Јаглехидрати содржат и двете во изоблиство.
. Супер избор,баш она што ти треба од сабајле.Ама во текот на денот,ако сакаш овошје како ужина касни некое со повеќе вода,како портокал,мандарина,јаболко,бидејќи од сабајле си ги земала тие помасните и покалоричните,што е и идеално,тогаш ти треба енергија. Се е ок,ама вечерата според мене ти е малку утната.Тоа е потешка храна за периодот пред спиење.Подобро ова да си го каснала како попладневна ужина,после 2,3 часа од ручекот,а за вечера некоја зелена салата или воопшто да не си јадела ништо.
Фала на одговорот, да, но се прејадов и да не се ова премногу калории тоа ми беше прашањето и еве не ми јаде ама ич после 4-5 саати.
Па авокадото е доста калорично, но тоа се добри калории баш поради тоа што те држат сита подолго, а не дебелеат ако ги јадеш умерено. Не е премногу ако не претераш со јадење во остатокот на денот. @crazyinlove19 вежбаш нешто? Да не си анемична? Имав и јас сличен проблем со килограмите, не можев никако да дојдам до здрава тежина и бев преслаба еден период. Кога поработив на здравјето, се среди тоа. Твоето мени не ми се допаѓа. Премногу леб и сувомеснати. Може да ти помогнат да ставиш спојлер, а нема рамномерно да се распоредат килограмите доколку се поправиш. Ти треба авокадо, многу овошје и зеленчук, мед, и чисто месо наместо сувомеснати. И да јадеш повеќе пати на ден.
Почнав да вежбам во теретана со тежини и понекогаш дома пилатес. Кардиото целосно е исфрлено. Активна сум ,студирам, а и вака како личност сум доста нервозна и константно под стрес па не знам дали тоа влијае? Во секој случај знам дека е премала килажава за мојава висина и очајно сакам да станам некое кило. Дури и малце спојлер нема да биде на одмет зашто личам на дете во телото а не на девојка. Сепак јас мислам дека калориите се калории и ако внесуваш премногу и од "здравата" храна може да накачиш тежина, која ако не вежбаш секако ќе биде сало а не толку мускул. А и не знам зошто сте сите толку против лебот не е тој извор на секое зло. Напротив, според мене е и доста корисна храна. Не сум анемична, проверив и тироидна, се е тоа ок, така што најверојатно имам брз метаболизам. Сум пробала да се храна и онака, типично здраво. многу јаткасти плодови, бело месо, овошје, интеграни житарки и уште повеќе ослабев... Значи не е тешка само борбата за слабеење, верувајте и ова спротивното е исцрпувачко, посебно сега кога облините се во мода.
Доручек: Вегетаријанска паштета и две парчиња леб Ручек: Исто (денес посно, а грав не јадам, ниту ајвар) Вечера: Кафе, чај. Совет Доколку сите оброци ви се на време во текот на денот, многу побрзо се слабее. Еве јас сум вегетаријанка од 7-8 години, а тоа не значи дека сум шланг. Само оброците да се распоредени како треба. Ни изгладнување, ни прејадување
Доручек:ржан леб,2 јајца варени,2-3 маслинки путер и малку печеница Ручек:Свински плескавици со зелена салата(зелка и марула),2-3 маслинки Вечераслич со зелка салата
Појадок: омлет со три цели јајца, две парчиња леб, 50тина грама сирење Ужина: банана со путер од кикиритки, протеински шејк Ручек: Стекови со компири, павлака, салата со домати, маслинки и пиперка Ужина: 50тина грама чоколадо, една рака бадеми Вечера: конзерва туна со две парчиња леб И најверојатно ќе имам уште една ужинка пред спиење, најверојатно мешани јаткасти плодови
Јајце ко јајце е супер бидејќи содржи витамини Д, Б12 и Б6. Ама со 2 јајца веќе ја надминуваш дневната граница за холестерол, па мислам дека не е во ред секое утро да јадеш толку.
По будење: 300мл млака вода со лимон и 1 лаж.ленено малсо+ 1 лаж.рибино масло + пола лажиче кокосово Претеризам со маслава ама се нафурав дека ме пролепшаваат Доручек: 2 варени јајца, мало авокадо и свежи ливчиња спанаќ како салата со маслиново сол бибер и балсамико. Со ова фали домат и превкусно. Со ова јадев и мафин од секакви семиња дека тешко ми паѓа авокадото. (10h) Ужнина црвено смуди (ананас+ свежо гоџи +аронија) - 13h Доцен ручек пилешки копан со мнооогу зеленчук -18h 20h имам вежбање HIIT по вежбањето чаша јогурт или цеден сок што ќе ми бара душава. Сите предлози критирики и забелешки од вас би ми биле добредојдени, сакам да слушнам мислења дека стварно се вложувам на секаков начин и нејќам да биде џабе. Нешто ми се увртело да направам карбонара некој ден по овој рецепт http://blogirame.mk/g/2a847c70/. Сега, пастава со што да ја заменам? Нешто интегрално, полнозрнесто?