Вчера на мени: Појадок: омлет од три цели јајца, две парчиња леб, шунка и домат Ужинка1: банана, 2-3 лажици пуер од кикиритки, протеински шејк по тренингот Ручек: свинско месо, компири, две парчиња леб Ужинка2: 50 грама темно чоколадо Вечера: Конзерва туна во масло, две парчиња леб, маслинки, авокадо Ужинка пред спиење : микс од јаткасти плодови И пак не успевам да качам ни едно кило, а јадам колку што можам. Тренирам 5-6 пати неделно(тежински тренинг најчесто).
Devojki predlozete dieta koja bi mozela da ja drzam a moram da simnam okolu 7 - 10 kg, problem mi e sto ne jadam se T.e. ne jadam ovosje (samo banana) i zelencuk (samo pecurki i krastavica jadam), spanak, oriz, grav, mleko, kecap, eurokremi i takvi blagi raboti ne, riba, kikiritki, bademi i sl takvi raboti voopsto ne sakam...nemam ideja za eden zdrav obrok kako bi izgledal samo virsli, meso, jajca, majonez i puter jadam a toa konzerviranoto voopsto ne e zdravo ve molam za pomos
Диета со виршли, месо, јајца, мајонез и путер не постои. Не можеш да си правиш диета со нешто што ти се допаѓа, не е поентата во тоа. Работата е во самоконтрола. Штом не си алергична на овошје и зеленчук, значи можеш да го јадеш. Ќе се натераш. Мало парче телешко или риба со многу салата за ручек, и сакаш нејќеш ќе ја јадеш салатата за да се најадеш. Купи многу зеленчук и овошје, и кога си во маркет не ни помислувај да ја полниш кошничката со мајонез, чипс, виршли и слично. Кога имаш само здраво во фрижидер, полесно е да се држиш на прав пат.
Виршлите, саламите и другите сувомеснати производи исфрли ги од исхраната. Јас откако прекинав да ги јадам, ослабнав ептен. Ем од тоа што пораснав и се извишив, ем сигурен сум дека и тоа имало удел. Тоа што не го јадеш приготвено на еден начин, приготви го на друг. На пример спанаќ манџа никогаш не сум јадел, ама во салата и омлет ми е супер. Потруди се малку.
Утрово брмчев со блендер правејќи си смути од банана, неколку парчиња од јаболко, 4-5 малини, две лажици овесни снегулки, вода и четврт лажчка кокосово масло. Подготвен ручек од варени компири и моркови, две варени јајца, и салата од половина краставица, половина авокадо, марула, неколку ливчиња свеж босилек, неколку парчиња јаболко и маслиново масло. За вечера, ќе видиме што ќе има дома после, или на истава салата. Продолжувам антиалергиски режим со тоа што додавам по некој нов производ секој ден. Би сакала да се задржам на безглутенска исхрана, мое е да се обидам, за понатаму ќе видиме.
Појадок: киви, јаболко, банана и многу вода Ручек: боранија манџа и краставица Ужина: една рака ореви Вечера: половина од ручекот
Утрово се успав, (немав време да подготвам, едвај варев брокули) доручек омега 3 апче, вода и кафе ми е За ручек имам варен ориз со брокула и карфиол, соединето. Плус салата: марула, малку јаболко, краставица, маслинки и обарени брокулчиња и карфиолчиња и маслиново. Вечера пак салата, и белки од варени јајца.
доручек - смути од банана, јаболко, две помаранџи и лажиче мака овесни снегулки со банана, чиа, лешници, суво грозје, цимет ручек - марула со јајце, леблебија, пченка, сирење ручек 2 - ориз со пилешко ако сум гладна измеѓу оброците јадам јаболко со путер од кикирики мммљааацц
Разгледај ја Аткинсовата диета, таа е најблиску до твоите прехрамбени навики и веројатно најлесно ќе се навикнеш на тој режим. Но, сепак внимавај, иако дава инстант резултати воопшто не е лесна за организмот и не сите можат да ја поднесат па ако забележиш дека не се чувствуваш нај-нај, веднаш прекини ја.
Ja drzev nekoj den megutoa mi beese loso mi se vrtese mi se povrakase bidejki ne jadev leb nikakov skrob vo organizmot se isplasiv i ja prekinav :/
Денеска насабајле имав овес со јогурт ужина-брусница и банана ручек-3јајца,сирење,мало парче пилешко и марула салата вечера-марула салата со сирење
Кафе па чај 2 палачинки од хељдино и спелтино беашно мачкани со таан-мед 2 јајца Шпагети со туна (my favourite)
Ајде да ја живнеме темава... Најпрво топла вода лимон и ѓумбир Доручек: Мусли со јогурт Е сега сакам да направам грашок ориз морков со пилешки џигер дали да го варам или да го печам што мислите вие?
Здраво дали со ова може да се ослаби? Т.е. со здрава исхрана Што всушност претставува,што означува? кои намирници се?
Moze , ako gi isfrlis mlecnite produkti , lebot ..... povekje voda , salati peceno , vareno , Przeno NE , blago mn malce i ke imas rezultati.