Девојки навистина мислам дека треба да ја живнеме темава, сигурна сум дека не има многу што сакаме да практикуваме здрава исхрана, а не диети кои можат да имаат и лоши ефекти. Ако не друго, барем да се потрудиме да ги споделуваме здравите оброци.
Јaс минaтaвa неделa, сo исклучoк нa викендoв, секoј ден јaдев брoкули. Тестенини сo брoкули, вaрен кoмпир сo брoкули, сaлaтa oд мaрулa, пченкa и брoкули... Ги oбoжaвaм. Викендoв мaлку прекршив сo некoи лиснaти, сендвичи, бидејќи не сум дoмa, a и денес не знaм кaкoв ќе ми биде денoт вo oднoс нa хрaнaтa. Инaче, кoгa сум дoмa леб вooпштo не јaдaм, месo истo тaкa. Пoвеќетo ми е зеленчук и пoреткo млечни прoизвoди. Мислaм декa требa пoчестo дa јaдaм јaткaсти плoдoви. Кoгa немa дa зaбoрaвaм, си купувaм бaдеми и си ги јaдaм зa време нa филм/серијa, aмa мислaм декa не е дoвoлнo.
Па добро и јас викендов направив некои грешки во однос на хранава, но најбитно е колку што можеме повеќе да се придржуваме кон некој режим, лето доаѓа. Еве да кажам, денес за доручек си спремив овесни снегулки со млеко и додадов банана и чиа семе. Се надевам и други членови ќе ни се придружат и ќе ја размрдаме малку темава.
За доручек: 2 варени јајца, малку пилешко месо, сирење, зелка салата со маслинки и 1 кришка тостиран црн леб. Типично ама
Еве еден многу добар и лесен рецепт за здрави американски палачинки кој можете да си го подготвите сами дома: -30гр. ситни овесни снегулки -100гр. издробени банани -лажичка цимет -1 јајце -2 лажички чиа семе Доколку сакате можете да додадете и 20гр. сурутка во прав. Можете да ги послужите со овошје и овошен јогурт или путер од кикирики. Еве неколку идеи за брза ужинка помеѓу оброците: -банана со путер од кикирики или со цимет и чиа семе -пуканки без сол кои сами ќе си ги подготвите сами дома -14 бадеми или ореви или било какви јаткасти плодови -било какво овошје со чиа семе. Доколку имате и вие некои идеи и рецепти, би сакала да ги споделите со нас.
Ние сме цела фамилија на здрава храна некое време веќе. Како љубители на брза храна, на почетокот ни беше тешко, ама се навкнавме, со тоа што следиме еден малку поинаков начин на исхрана, се вика Вориор диета. Почуден е затоа што главниот оброк ни е навечер после 6 Маж ми ја држи за да ослабе, јас да ја средам крвната слика и гестацискиот дијабет. Појадокот ни се јајца, варени или омлет, смути, овошна салата или овесна каша. За ручек, најчесто јадеме салата, печурки на скара, или ако за појадок сме имале јајца, за ручек јадеме овошје/ Вечерата ни е главен оброк. Месо и варен зеленчук, риба и салата или варени компири, тестенини со некој домашен сос (дури и болоњезето го правам без масло), месо и ориз и салата и сл комбинации. Ужинка ни е кефир, кисело млеко или јаткасти плодови (пред да останам трудна ова знаеше да ми биде и појадок). Јас дека трудна сега јадам и црн леб, но не повеќе од 3 парчиња во денот. Првата бременост ја помина со сите можни суплементи, витамини и апчиња и ампули за железо. Вторава бременост, еве ме 7ми месец, не внесувам ништо во вид на апче, сега за сега, крвната слика ми е супер
Ручек: два варени компира со кечап, буковец, малку сиренце и салата. Вечера: палачинки од банана, овес, две јајца, какао, цимет и капка млеко. Ги намачав со еурокрем . И плус една рум штангла изедов. Ќе припазам со вечерата од сеа.
Доручек: Мусли и овес со млеко и рум штангла Ручек: Стек со салата За вечера ќе јадам едно зелено јаболко
Две тонус лепчиња намачкани со тенок слој сенф, едно парче кашкавал на пола, јајце сварено и краставица помалце од пола. Врз кашкавалот имав ставено и семки од лен и чаша вода со лимон испив.
Доручек: кисело млеко со лен и ким Ручек: спанаќ со кисело млеко и мало парче леб Вечера: мусли со млеко
Доручек: мусли со млеко Ужина: Банана Ручек: Риба и компири Ужина: Јаболко и ореви Вечера: Исечкана банана со чиа семе, цимет и мед.
Јас веќе еден месец за доручек јадам овошје сирово или цеден сок или смути. За вечера салата. Ама во обем ослабев (не го ослабев тоа што го сакав ама сепак.... ) месо не јадам цел месец. Од утре во овошниот доручек ќе си ставам и овесни снегулки, денес си набавив. Исто чај пијам барем еднаш дневно со мед и ѓумбир и мислам дека метаболизмот си го подобрив со ѓумбирот.