Доручек: кисело млеко, две лепчиња со ајвар и малце кашкавал Ручек: ориз со сос од печурки Вечера: две палачинки со крем
Доручек: Две тонус лепчиња намачкани со сенф, по пола парче гауда кашкавал на секое лепче, сосот со печурки што ми остана од вчера и кисело млеко со ким и лен. Ручекот не е за кажување
Доручек: мусли со јогурт и боровинки. Ручек: мимоза салата со солено стапче. Вечера: пита со павлака. И две еспреса . Добро почнав, ама не завршив најдобро
Доручек: Омлет со спанаќ Ручек: Салата (зелена салата, краставица, морков, пилешки медалјони, оригано, ленено семе, хималајска сол, бадеми и лимон ) Вечера: Тост со путер од кикири, банана, цимет и чиа семе За ужина зелен чај и некое овошје, во последно многу сум по цитронот
Доручек: овесни снегулки со чиа и ленено семе, малку мед, банана и јагоди. Ручек: туна, малку печен кокпир, зелка, зелена салата, шампињони и тиквички на грил. Вечера: вратено јајце,зелена салата и од ручек што останале тиквици
Пробувам да зголемам на здрави масти а да исфрлам јаглехидрати една недела: 1. 7-8 бадеми и црно кафе. 9h 2. авокадо-краставац-марула 12h 3. варен ослич во доста маслиново со мешана салата 16h 4. 3 варени јајца 20h пс. Нели имавме едно време на форумов член нутриционист - советник - билдер нешто такво? Ми требаат стручни совети беcпари
Јајца, месо, риба здрава храна?! Доручек: просо, ореви, свеж нане, Ручек: тиква, грашок, црвена пиперка, морков (изрендан) домат,лимон, (ова се сецкано) за прелив користев индиски орев, и лимон. @Neodlucna пиши ми лп ако нешто те интересира за здрава храна.
Д: Кафеав леб со семки од тиква и лен и салата од домати, кромид и морков У: Сок од фалса (вода, фалса и неколку урми во блендер) Р: Ориз со лук и џакфрут во домашен доматен сос У: Какао (вода и какао, со малку шеќер) В: Сирова веган торта од кикирики, урми, индиски ореви, банани, јагоди и фалса (слично на боровинки), едно парче
Има ли некоја друга идеја за ручек освен ориз,зеленчук, пилешко месо и салата? Сакам да почнам со здрава исхарана со ручекот ми прави проблеми... не знам што да зготвам.
@Ketchup шпагетите од продавница не спаѓаат во здрава исхрана Еве рецепт за здрави шпагети: 4 поголеми тиквички 2 чаши млад грашок 1 чаша исечкана црвена пиперка 1 поголем морков, изрендан 1 чаша од прилика домати исечкани на четвртина 2 лажици свеж босилок листовите да му бидат исто така исечкани 2 лажици свеж магдонос 2 лажици лимон изрендан (кората) бибер За прелив: 4/5 чаши индиски орев (предходно натопен во вода и така да стои околу два часа) 3 чаши вода 1 бел лук, исечкан 1 чаша сок од лимон Припрема: Тиквичките се сечат на ленти, потоа се додаваат сите останати состојки и се добро се меша во поголем тањир , додека во блендер се мешаат оние состојки кои спаѓаат во делот за преливот, се блендираат на најголема брзина, се прелива со сето ова '' пастата"' и се меша. Спојлер: слика од интернет *Вака треба да ти испаднат, јас ги имам правено и убави се!
Доручек : Банана и млеко Ужина : Микс овошје ( круша, модра слива, кајсија, праска и аронија ) Ручек : Компири и салата со домат и краставица Вечера : /
смени доручек и јади си вечера. јас доручек овес+чиа+мелени семиња потопени во вода, лажица путер од кикирики и одозгора насецкани суви сливи, аронија и кајсија. ќе ручам печена риба со салата некаква валда а вечерата после тренинг обично ми е шејк од сурутка, урми, какао...
Дoручек: цеден пoртoкaл и кaфе Ужинa: Тoнус сo тaaн Ручек: oмлет сo печурки Вечерa: смути oд бaнaни, дињa и јoгурт
@Luciferovog zlo♧ гледам дека доста знаеш за здрава исхрана Веке подолг период исфрлив благо, леб, газирано, шекер и почнав во домашни услови да вежбам Но баш немам идеи што да имам дома за здрава исхрана Пробував овесни снегулки, мусли такви раб неможам никако да ги јадам искрено ми се гади Риба не јадам, тиква, грашок, пиперки и затоа неможам да смислам какви да ми бидат менита за јадење Ако можеш да ми помогнеш како да комбинирам Поздрав
Дали домашно кисело млеко може да се вклопи во здрава исхрана? Гледам многу луѓе ги исфрлаат од исхраната млечните производи.
@m.bt23 не постои унифицирана дефиниција за тоа што е здрава исхрана. Различни луѓе ќе ти дадат различни мислења и ставови. За еден тоа е веганска исхрана, за друг е нискокалорична исхрана, за трет е исхрана со (скоро) исклучени јаглехидрати, четврт ќе каже дека тоа е исхрана со акцент на протеини итн. И сите истовремено до некаде ќе бидат во право, но тоа не ја дава целосната слика. Ниту сите нитриционисти се едногласни на темава. Многу од нив денес зборуваат за интуитивно хранење. Да не должам, немам многу време за пишување, се надевам нема од контекст да биде извадено мислењево. Еве, види погоре на странава некој мисли дека јајца, млеко и риба не се здрава храна. И се сложувам и не. Еве зошто - сами по себе, овие продукти имаат нутритивна вредност, за разлика од класичен чипс, да речеме, но ако истиве се произведени во индустриски фарми, каде што цел е само профит, а не се внимава на добросостојбата на животните/живината, тогаш ниту млекото, ниту месото, ниту јајцата се здрави за конзумација. Овде ќе ја вклучам и етичката страна на добивање на овие продукти. Ти прашуваш за домашно кисело млеко. Под тоа подразбирам дека млекото е од животно одгледувано и чувано на традиционален начин, како што тоа го правеле нашите предци. И не гледам проблем зошто да не се конзумира. Згора на сè, ферментираните продукти се благодет за дигестивниот тракт. Дури сметам дека денес е привилегија да имаш пристап до чисти, традиционално произведени млечни продукти. На цена се и има зошто. Затоа уживај во домашното кисело млеко и помалку гледај што другите прават. (Можеме само да нагаѓаме зошто некој донел некоја одлука. Може тие луѓе исто не сакаат индустриско млеко, а немаат достап до квалитетен продукт.)
Мене цел ми е да јадам цели оброци и да зголемам протеин во исхрана, а не да преживувам на грицки и благо. Така да дал ќе ме примите тука јавно да се "исповедвам" шо сум јадела иако нема да е ултра "чисто" и броено? Ај пошто не знам дали и "вакви" примате во темата, ќе пишам во спојлер денес. Спојлер Појадок: пола тегличка салса со две јајца, зачин и две парчиња леб. Тука едитирам, лимонада исто. Ужинка: пола пакетче од протеински палачинки на био космос (ги испржив сите ама пола порција дадов на брат ми) со боровинки внатре низ смесата ги прам. Од горе ставив мед, пола банана, 1/4 јаболко, и една кива. Турско кафе без шеќер. Ручек: чили лазања (порцијата иди околу тортиња и пол мала), внатре има грашок, црвен грав, морков, пченка, доматен сос, зачини, варена црвена леќа, малку џекфрут, гоџуганг и се е пропржено, редено меѓу тортињи, печено. Вечера: пита лепче, лажица од прилика павлака, кисели краставички внатре и малку мајонез, и едно веган "месо" пропржив и малку BBQ сос. И ова едитирано: испадна пола да ми е доволно и друго или ќе го остам за leftover појадок, или пак ќе го поделам со брат ми. П.С. Денес немав благо ужинка, шо е огромна победа за денес за мене.
За појадок јајца (2 во микро) со печурки (5 помали), спанаќ (шака млад) и црно семе (1 лажичка) и р'жан леб (1 ипол кришка или околу 80-85 гр). За ручек овес (4 лажици), чиа (1 лажичка), сурутка (1 лажичка), млеко (150 мл), грчки јогурт (2 лажици), малини (10), боровници (10), банана. За вечера боранија (околу 100 гр) со мелено месо (околу 100 гр), морков (1 голем), грашок (околу 70-80 гр), спанаќ (3 брикети), црно семе (1 лажичка), грчки јогурт ( 2 лажици). Периодов сум опседната со боранија. Спојлер: Close up