Денес за појадок си носев од вчерашната вечера, само додадов плус лажиче црно семе и свежи шампињони. За ручек си понесов од сутлијашот со кокосов крем што си ги правев завчера, еден од највкусните десерти што ги имам јадено во последно време, но калорично и дефинитивно не припаѓа во темава. Спојлер: Тазе напраен За ручек имав пилешко со печурки, кари и хопла, и иако хоплата не е за во темава, сепак многу малце има во порцијава со оглед на тоа дека за 4 порции ставив некои си 50ина мл. Искомбинирано со компир и брокула правени во фрајер, и зелка.
Денес за појадок измешав зелки, млад спанаќ и рукола, кога дојде време за појадување додадов туна и француски дресинг. За ручек (јас овес ручам бидејќи не ми се јаде слатко наутро ) стандардно овес, чиа, млеко, сурутка, грчки јогурт, малини, путер од лешник и банана. Помеѓу појадокот и ручекот имав за ужинка мандарина и пола пробиотско колаче, бидејќи појадокот не ми беше многу калоричен. Вечерата ми беше класика тава ориз со копани, и зелка. Не ми е баш најфотогенична вечерава, али еве ја.
Вчера појадував супер кришчиња од р'жан леб, чедар кашкавал, авокадо, рукола и варени јајца. Нешто што вчера открив како супер слатка грицка: урда со путер. А денес за ручек јадев таглијатели со "сос" од брокула, спанаќ, грчки јогурт и путер со лук и магдонос. Прекраснотии.
Здравоо не можев да најдам соодветна тема па се решив тука да прашам. Дали знаете каде има во околина на центар (плоштад), продавница или кафич каде што продаваат чиа пудинг за носење?
Да, пред некој ден купив чија од штандот карши влезот на стопанска банка, на почетокот на ГТЦ од плоштад кога се доаѓа. 150 денари го платив. Многу беше вкусен и тазе. @Minionn.
Од здрава исхрана само во цвекло можам да се удавам. Ротквици во салата исто, најомилени. Другото е под режим за средување.
Еве денес што јадев/ќе јадам, може да биде една идеа за здраво мени: Доручек: мешани житарки (без никакви додатоци) со обезмастен јогурт, лажичка 4 мелени семиња, неколку зрна бадеми непечени, 1 лажичка семки од тиква и сончоглед нелупени (за крцкавост), малку сува брусница, смрзнати боровинки, капини и јагоди Кафе Ручек: топчиња од мелено месо во сос од домати со салата од рендан морков, цвекло и зелка, маслинки Ужина: чија пудинг (со обезмастено млеко), путер од кикирики и свежо овошје (моето ќе биде киви, мандарина и јаболко) Вечера: салата марула, рукола, патлиџан, наут зрна, урда, хербални зачини. Вода и цеден сок низ денот
За моментите кога ќе ве фати криза за слатко еве нешто што е здраво а се прави лесно и брзо: Во цели урми без семка (јас користев некои од кесичка од стокомак, исчистени и полу суви) ја пресекуваш на пола и ставаш малку путер од кикирики. Ги редиш на хартија за печење и ги полеваш со лажичка-две стопено чоколадо за готвење. Битно е да е некое добро чоколадо за готвење, најдобро ако е со поголем процент какао. Малку во фрижидер да отстојат и се јадат. Едно до две е доволно за цел ден да си раат, зошто се благи и калорични. Едит: Јас ги викам бубашваби Дека се црни и крцкави однадвор, а меки одвнатре од путерот од кикирики и растечени. Знам дека е погрешна асоцијацијава ама вкусни се.
Зен Густо, на улица Македонија кај бикот одма до Амигос. Еден од најдобрите чија пудинзи во градов според мене кој не пробал правец таму
Дечки, кога купувате намази на пример, дали си ги земате овие од маркетите, или практикувате од некои домашни производители, макар и нерегистрирани. На пр дали сте ги пробале намазите на Драгана фитлајф, или на Вики органик (со тоа што мислам дека на Вики не се сертифицирани за органски, ниту па регистрирани, ама можеби и грешам) или имаше една Радиша... Почнувам сега да навлегувам повеќе во здравата храна, да пробам да направам долгорочни промени на животниот стил, па од негде да се почне.