Здрава сексуалност

Дискусија во 'Секс' започната од theowndemon, 4 април 2020.

  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.857
    Допаѓања:
    158.139
    Пол:
    Женски
    Денес сакам да зборам за здрава сексуалност. Делумно поттикната од темата „невиност на 20 години“ и еден разговор групен кој проникна од таа тема, сакам да зборам за здрава сексуалност.

    Што би подразбирала здрава сексуалност?
    • Здрава сексуалност е способноста да имаш секс, кога сакаш, со кој сакаш. Да бидиш способен да збораш за твојот сексуален живот без да се осеќаш валкано, гнасно ради тоа. Здрава сексуалност е можноста никој да не те деградира ради твоите сексуални избори.
    Објаснувањето погоре подразбира да се нема апсолутно никаков притисок кон луѓе кои не сме самите ние, во врска со нивниот сексуален живот. Дали некој е невин, има еден партнер, дваесет партнери, викенд партнери, friends with benifits, отворен брак - тоа се работи кои самиот човек си ги планира за себе и према своите потреби зошто во суштина, сексот е потреба. Нагон. Незадоволување на нагони води кон мојата апсолутно омилена тема - фрустрации. А, вервајте, се сеќаваат ваквите фрустрации многу, многу лесно. Вие имате секое право да изберите со каков партнер ќе бидите и дали неговото сексуално минато ќе ви влијае. Ама на тоа имате право оти се работи за вашата иднина. Секој останат, си избира и се грижи само за себе.

    Една од работите кои паднаа на „дневен ред“ вчера беше кога е идеална возраст да се почни со односи. Заклучокот беше дека нема идеална возраст, и дека дури и тоа е апсолутно индивидуално. Се согласивме дека 15 е веројатно не точна возраст пошто детето е сеуште дете, со свежи хормони и не доволно спремно не само психички, туку и физички, ама ... тука има еден битен фактор - ако сака да има некое дете на 15 години секс - ќе има. Дали вие ќе му дајте амин или нема да му дајте амин - пак ќе има секс на 15, зошто сака и осеќа потреба за то. Е сега ова ме тера да го поставам следното прашање:

    Дали е подобро да го осудиме детето и по секоја цена да се осигураме да нема секс ( и најверојатно пак ќе има, незаштитен ради недостаток на едукација) или подобро е детето да ни кажи какви потреби има, да имаме пријателски и неосудувачки однос кон него и на тој начин да се осигураме дека барем ќе биди заштитено?
    • Према мене, ако некој науми да има секс на 15 (ова го земам како хипотетичка возраст, за хипотетичка ситуација пошто таа беше возраста која цела вечер вчера се споменуваше), јас знам дека ќе има безразлика дали моето дете ќе ми вети дека нема да има. И место да го осудувам, јас би му купила пакетче кондоми и на банана ќе му кажам како се користат правилно пошто сите знајме, постои грешно користење на кондоми иако има инструкции на пакетче. Ова е вака зошто сметам дека мора секој да има заштитен секс ако не е во врска каде двата партнери се проверени за сексуално преносливи болести и каде двата партнери не сакаат дете. И вака ќе се осигурам дека моето дете, на 15, ќе биди заштитено. Дали ќе нема секс, или ќе има пак е на неговите индивидуални потреби, ама ако реши да има јас сакам да знам за да можам да го научам да се заштити.
    И на крај, се ова се сведва на воспитување - дали сте пријател со детето или сте таму да го осудувате и да му прајте да се осеќа подолу од лајно ако напрај нешто шо не е нормално према вас, а ете, длабоко од себе има нагон и сака да го напрај и ќе го напрај по секоја цена. Ве молам, ве молам поставуавјте се кон децата како кон пријател. Некои работи е подобро да се отворени и да ви ги кажат за да можите да ги заштите. Нема да ги заштите ако му набивате вина и ако им правите да живеат под ненормален притисок. Не само за сексуалност, иако тоа е тема за која ете зборам, туку општо за апсолутно се во животот.

    Со имање на здрава сексуалност ќе се скрши тој невидлив ѕид на дискриминација и ќе имаме ментално здрава младина во иднина, физички здрава, без несакани бремености и уништени животи, и притисоци ради замислени социјални норми.

    Од кога го извадив ова од патот, можам да преминам на третата поента - сексуална едукација во училиштата. Децата ептен рано влегуваат во пубертет, ми се чини порано и порано. Едно девојче, на 10 години, не сфаќа зошто крвари, зошто таа крвари. На училиште на час по биологија сите деца се смеат кога ќе се спомени „пенис“ или „вагина“ или „вулва“ или „јајцепровод“ или „јајник“ или „тестиси“. Не е смешно. А, на деца им е смешно зошто дома ги научиле дека е срамно, а сега наставникот ги изговара сите тие срамни зборови!

    Кога е точно време да се започни со сексуална едукација?
    • НАЈРАНО што можи. НАЈрано. Пример од кај 10-13 години фокусот да е на телесни промени, пубертет, хормони. Секоја година, истото. После 13 години да се учи за секс, начини да се заштитиш, сексуалност. Зошто подобро е да спречиш, него да лечиш. Детето мора да знај. А дека толку рано се интересираат, се интересираат. Ако не ве прашало дете од ете, 11 години за секс, тогаш не мислам дека имате пријателски однос со то дете. Нормално, раната сексуална едукација за телесни промени, пубертет и хормони мора да е прилагодена на возраста на начин на кој ќе разберат поентата. Не смејме да си дозволиме децата да учат од порно културата како да имаат секс. Башка, мора да ги научиме да се заштитат. Да одат редовно на прегледи.
    Тука ќе кажам лично искуство. Добив менструација на 10 години. Јас сум пресреќна да кажам дека во 4 одд имав прекрасна наставничка. Само едно девојче доби менструација пред мене и кога таа беше известена зошто отсуствува тоа девојче не оддели, машките денес си одат после часови, ние, женските, остануваме уште пола саат, а следниот ден ние бегавме, тие останаа. И седна и ни објасна. Ни објасна шо е менструација, како настанува, зошто настанува. Шо се хормони, како се прат бебиња, ни објасна како е кај машките. Ни кажваше за контрацепција. Тој е еден ден кој јас го памтам како вчера да се случил, толку години покасно. И околу недела и нешто покасно ми дојде првиот пат мене и се сеќавам со тогашната другарка седевме и ѝ кажав зошто ме болеше стомакот. Па после ме праша: „значи ти сега можиш бебиња да имаш?“, па после зборавме за работите шо не научила наставничката пред извесен период. И тоа пак ќе речам, замислете, еден ден е овој шо го памтам, а према мене ова треба да е дел од секојдневната едукација после 10 годишна возраст. Така се израснуваат сексуално здрави личности. Личности кои нема да бидат дискримирани ради тоа кој го сакаат, и со колку луѓе имале секс зошто крај краева сексот е потреба и нагон, не е никаква норма.

    Имаше период, рано во врската моја каде сакав секс, осеќав потреба за секс ама ми беше страв пошто не знаев како ќе ме гледа општеството. Ќе бев курва, валкана и си го криев нагонот и велев дека вака сум среќна. Не бев. За на крај професорка на факултет да сети на шо мака сум во прв семестар кога бевме тројца на нејзин предмет и да ме викни после предавање да збораме и зборавме долго тогаш, зборавме долго покасно во поќе наврати. А, ме сети зошто и таа на моја возраст имала ист проблем, кој патем го влечи сеуште во нови врски. И на ни еден човек не посакувам да се осети некогаш така во животот. Валкано зошто осеќа потреба за секс. Валкано зошто мастурбирал и се тоа ради осакатен образовен систем, и осакатено „морално“ општество. Ама на толку дискриминација, не вервам во тој лажен морал.

    И за апсолутен крај, сакам да затворам со заштита.

    Што се треба да знајте пред да имате секс?
    • Апсолутно се. Треба да си го познавате телото. Треба да бидите спремни. После, есенцијално е да знајте да се заштитите - видови на контрацепција, шо колку штити и како. Што штити од сексуално преносливи болести, а што само од бременост, а што од двете. Спојлер: користете кондоми. Предигра и зошто е важна. Треба да знајте како настанва менструација, колкав ви е циклусот, како се препознава овулација. За женските, мора да си знајте да ги распознавате телесните течности. Ако сакате можам и за то мислење да напишам. Да си знајте да си осетите промени во цервиксот. Треба да знајте кои се сексуално преносливи болести, како да ги препознаете, како да се заштитите. Треба да знајте како се затруднува, за да нема чудни и панични прашања и пиења на Норлево. Треба и да се знај позитивни и негативни страни на орална контрацепција. Треба да се знај зошто Норлево треба да не е главна контрацепција и зошто е за навистина грешки, а не намерно да се прават грешки ( ова го кажвам зошто познавам ваков случај). Исто така предсемена течност - шо е, зошто постои, дали има активна сперма, кога има активна сперма, кога нема. Следно, апче за ден потоа - кога се пие? Ова се мора да знајте пред да влезите во секс водите. И идеално да си прајте прегледи кои ќе докажат дека сте здрави.
    Многу е лесно да се оди само по нагонот, ама така се прат сите грешки при сексот. Иако е нагон, ако сакате да уживате, а не да се нервирате покасно, мора да ги знајте сите можности околу него. Телото ви кажва се, ваше е да го заштитите. Ама кога велам ви кажва се - не си играм мајтап. Ви кажва кога сте плодни, а кога не сте веќе. Ви кажва што ви се допаѓа, а што не. Ваше е да го пратите целосно, и да го заштитите максимално.

    Од преѓе седам над мислењево зошто се осеќам дека нешто заборавам, ама пошто препрочитав два пати мислењево и не ми текнува, тука и го завршвам овој текст, после заклучокот нормално.

    Заклучок: единствен приоритет бидете си самите себеси. Единствен фокус треба да биди кон себе и кон партнерот. Мора да гледате за се заштитите и да не правите ништо кое не го сакате. Не треба да имате повеќе партнери зошто некој ви врши притисок. Ама не треба ни да се срамите од тие повеќе партнери зошто некој друг ви набива вина. Зошто крај краева секој си го организира животот како шо сака. И мора да се руши оваа бариера и да имаме здрава сексуалност. И за крај, сакам да ве замолам да се сетите на некоја личност за која сте искористиле погрдни термини и зборови и да размислите како неговите/ нејзините одлуки влијаеле на вас и дали уствари сте си оцрниле само вашата уста со навредите?

    Останете среќни и задоволни.
    Пратете си го телото.
     
    На Lolipop23, thequeen95, Hellobeautiful и 64 други им се допаѓа ова.
  2. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.074
    Допаѓања:
    44.180
    Пол:
    Женски
    Пред да напишам нешто на оваа тема, ќе дадам предлог со кој верувам ќе се согласат многумина.
    Нека биде истакнато ова, заедно со ова.
    Ќе речеме веќе пинувано е, истакнато, ама сведоци сме на тоа колку многу нови луѓе никнуваат по темите и прашуваат дали забремениле ако немало пенетрација.
    Очигледно е дека мора овие работи буквално в очи да те боцкаат насекаде за еднаш засекогаш да се решиш да се едуцираш пред да си го зафркнеш сопствениот живот со инфекции, бремености и секакви здравствени проблеми.
    Некако да биде истакнато и на сајтот како една побитна работа што секоја членка мора да ја знае- впрочем и затоа сме Фемина. Или нека биде истакнато како што е погоре тоа за короната.
    И пред да ме нападнете, НЕ, не велам оти коронава не е важна и слично, туку дека е премногу важна работа што 80% од помладите или ја запоставуваат или немале шанса да разговараат со близок/стручно лице на темава.

    А последниот дел од реченицата ме води до она што сакав да го кажам. Да речеме дека голем дел тинејџерите почнуваат со сексуални односи пред 18. За жал, живееме во конзервативно општество што е спремно попрво да осуди, отколку да подучи. Зошто, како и поради кое влијание- сме дискутирале и во други теми.
    Уште предолго време основните работи за нашево тело и нашиве природни нагони ќе бидат табу. Многу работи ги сметаат за ненормални или контра на природата во денешно време, а пазете- она што веќе Е природно и секој од нас го има, срамно е да го дискутираш.

    Особено кога ќе слушнам/прочитам дека нештото го рамнат со „животинска работа“. А единственото нешто што ова го прави човечко, а не животинско е имањето разум и совест за сите последици по здравјето. :D
    Поради ова, пречести се случаите со несакани бремености, здравствени проблеми и слично. Помладиве без придружба од родител колку што знам не можат да отидат на преглед, нека пише некој поточно како беше ова со годините, знам дека над 18 можеш и сам. Ова е огромен проблем и сметам дека одовде почнува се'.

    Премногу ме лути фактот што најпрво од родителите трпат осуда и плукање. Со сопствените родители немале основен разговор за тоа што значи да имаш секс, не па да ти покаже како се користи презерватив- Боже ме сачувај, тоа никако, ќе пукне брука и не е нормално де, срамна тема е.

    Па побогу, колку пати се случило на ТВ случајно да излезе таква сцена, па набрзина скокаат сите домашниве и се тепаат кој попрво канал да смени чиниш животот во тој момент од тоа им зависи. После татко ти решава дека ѕидовите треба да се варосаат, а мајка ти наеднаш се присетува дека има чинии за миење. Смрди на тензија и непријатна тишина.

    Како од ваков родител да очекуваш дека ќе се согласи да отиде со детето на преглед кога детето ќе се искаже за некој проблем? Без разлика дали е појава на осип, чешање и кај двата пола, нередовна менструација кај женските, исцедок надвор од нормалата. Не знаат да го препознаат тоа, а кога ќе кажат дека забележале нешто, потребна им е придружба, помош и финансии од родителите за детален преглед.

    Лично сум слушнала како нема потреба да се оди на лекар ако немаш некаков проблем. А до кој екстрем треба да стигне една личност за да се каже дека е совршен кандидат за преглед? Кога, скраја да е, ќе дојде време за ризичен зафат или јаки лекови што дефинитивно не се играчка?

    Кога од најблиските немаш поддршка и потпора, кога во нив не можеш да гледаш како на фигура што ќе те води и подучи на вакви клучни работи, сосема е очекувано да се прават грешки.
    И поради ова што го пишав има кликотење и урлање на часовите кога наставничката ќе рече да го гледаат цртежот во учебникот по биологија и да ги видат основните делови на вагината/пенисот.
    Да, во мојот клас ова се случи, а ни наставниците не беа цвеќиња за мирисање, седеа како на трње цело време и на фаца им се гледаше каков став и одбивност имаат кон ова. Оти, табу, срамота е нели.

    Се извинувам за рефератот, но сакам да кажам дека треба поголема и поактивна ангажираност за воведувањето на сексуалната едукација во училиштата и она што според мене е уште поважно- разговорот со домашните. Мора поактивно да се даваат предлози, идеи и секако, да се продискутираат во тим од просветни работници и психолози.
     
    На thequeen95, Hellobeautiful, KateKane и 23 други им се допаѓа ова.
  3. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.327
    Претпоставувам под здрава сексуалност спаѓа и тоа да одлучиш воопшто да немаш секс без разлика што си во врска/брак без некој да те жали.
    Да не ја почнувам пак таа тема, ако треба сечиј избор да го почитуваме дали ќе има, со каде и колку, треба да спаѓа и ова.
     
    На SleepingbeautySk, Snowflake97, Crvche и 9 други им се допаѓа ова.
  4. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.594
    Допаѓања:
    35.026
    Пол:
    Женски
    Да, и тоа е здрава сексуалност.
     
    На Victorian, Crvche, *Amethyst* и 4 други им се допаѓа ова.
  5. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.857
    Допаѓања:
    158.139
    Пол:
    Женски
    • Здрава сексуалност е способноста да имаш секс, кога сакаш, со кој сакаш. Да бидиш способен да збораш за твојот сексуален живот без да се осеќаш валкано, гнасно ради тоа. Здрава сексуалност е можноста никој да не те деградира ради твоите сексуални избори.
    Мислам дека низ текстот споменав дека ова се аплицира на апсолутно се во врска со сексуалност. Дали ќе апстинираш, дали ќе имаш секс со еден, двајца, дваесет души дури и со кој ќе имаш секс: ист пол, различен пол, двата пола. И правото вакви одлуки да носиш само и исклучиво за себе постои, без да "фрлиш" камен по никој друг.

    Накратко, да, спаѓа и тоа.

    Апсолутно! На сексуалноста се гледа на нешто срамно и валкано и зато се кикотат деца кога ќе се спомни "пенис" на училиште и зато нема напредок. Оти, замисли, наставникот кажа срамен збор. И жал ми е по е вака. Сексуалноста не е грешна и не е нешто за кое треба да се срамиме.
     
    На KateKane, Victorian, Crvche и 13 други им се допаѓа ова.
  6. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.926
    Здрава сексуалност вклучува и да не ги малтретираш другите заради твојот сексуален избор.
     
    На black-angel, smile:), Crvche и 16 други им се допаѓа ова.
  7. doubleg

    doubleg Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    4.406
    Децата уште долго ќе се "кикотат" кога ќе се спомне такво нешто зошто им е ново, неиспитано, забрането, грешно, итн. И така е со векови наназад и ќе остане се додека не почнеме да одиме голи по дома, а не верувам дека тоа ќе се случи набргу.

    Децата исто имаат свој карактер и е многу тешко да се разговара со нив на таква деликатна тема. Колку и да сакаме да им го пренесеме сето наше знаење, тоа не оди така лесно. Можеби мајка на ќерка е понеминовно да се стори тоа некако, за да се припреми детето со време за промените што следат, но не се сите родители исти. Татко на син, малку потешко, барем од моја перспектива.

    Дури не верувам дека и поголем дел од наставниците се спремни да разговараат на таа тема и тоа да биде сфатено од децата и да биде од корист. Ти веројатно си имала среќа со твојата наставничка, но ретки се таквите.

    Сексуално образование и заштита веројатно треба да се воведе уште од прво одделение, кога децата се уште не се во пубертет и немаат толку срам. Но, наставниот кадар би требало да е многу внимателно избиран, низ строга процедура. Не е секој за тоа.

    Секако потребна тема, поддршка.
     
    На Victorian, Crvche, *Amethyst* и 5 други им се допаѓа ова.
  8. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.857
    Допаѓања:
    158.139
    Пол:
    Женски
    Јас неќев да испадни демек „прерано“ кога пишав 10 години, ама колку порано - толку подобро. Зошто деца и на 9, 9 и пол влегуваат во пубертет, а само фер е да знаат што им се случува пред да им се случи и да бидат спремни. Пошто знам јас колку е подобро кога си спремен и очекуваш дека ќе имаш одредени промени и какви.
     
    На Crvche, *Amethyst*, candy.cane и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Здрава сексуалност значи да се грижиш за себе, без разлика дали имаш партнер или не, дали си сексуален или асексуален.

    Физички, тоа значи побезбеден секс, редовно тестирање за СПБ, превенција на несакана бременост, редовни гинеколошки контроли итн.

    А ментално? Тоа е таа сексуална едукација која треба да почне од најрана возраст. Тука треба да бидат вклучени пред се родителите, а потоа и училиштето. И како што кажа @theowndemon , што порано, тоа подобро, се разбира со речник прилагоден на возраста на детето. Преку таа сексуална едукација, детето учи не само за сексуалното здравје, туку учи и за себе, за своите ставови и чувства, физички и емотивни потреби.

    Децата се кикотат кога се разговара со нив на толку деликатна тема....да, а кој е виновникот? Родителите, пред се. Тие играат многу важна улога, затоа што ставот на една личност кон сексуалното однесување, најмногу зависи од влијанието на родителите, а потоа за жал и влијанието на општеството. И сексуалната едукација е дел од воспитувањето на детето и истата не треба да се занемарува и претставува како нешто за кое што е крајно срамно да разговараш. Родителите не разговарајќи со своите деца на тема секс и други табу теми, може да доведат до оштетување на способноста на своите деца да развијат сексуална и емоционална интимност и да го гледаат сексот како нешто што е срамно, а тоа пак со себе повлекува уште многу други последици по нивното ментално здравје.

    Предрасуди за бројот на сексуални партнери немам и мислам дека не треба никој да има. Секоја една сексуално активна индивидуа, си е одговорна за себе и за своите постапки. Секој треба да си гледа за себе, а не за другите.

    Идеална возраст за да се почни со односи нема. Тоа е индивидуално и различно кај секој човек. Но, сметам, дека деца на 14 години се само деца и се премногу мали, за да со првото зовривање на хормоните, знаат и се сигурни во тоа што го сакаат и чувствуваат.
     
    На Victorian, Crvche, Amellie13 и 8 други им се допаѓа ова.
  10. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    @theowndemon и јас како тебе добив на 10 години. Ама не се исплашив. Знаев се за менструацијата, знаев како да си ставам влошка (иако дома беше само татко ми, не ми беше срам да му кажам).
    Бев прва меѓу другарките и меѓу соученичките. Само ради тоа ми беше непријатно да им соопштам на сите наеднаш, па ги викав на страна.

    Пораснав во дом кај што не е срамота да прашаш нешто поврзано со секс. Ни татко, ни мајка. Ама не ги ни прашував често. Се информирав сама.
    На сцени со бакнување, допирање, секс.. јас бев таа што се чувствуваше засрамено затоа што ми играа хормоните. Никогаш моите не направиле непријатна ситуација со скокање пред ТВ, ама ете јас така си се осеќав.
    И бев со многу машки изминативе години (кратки врскички, едно излегување) ама знаев до кај сакам да одам. До кај ми треба да одам. Еднаш си дозволив да бидам поинтимна со партнер. Ама тоа испадна грешка, затоа што сфатив дека сум искористена. Не се чувствував лошо заради тоа што се случувало, туку заради тоа со кој.
    Е кога ја започнав оваа врска, не се колебав. Знаев што сакам. Знаев до кај сакам да одам. И направив се што сакав. Пребрзо, прерано за некои. За мене - таман.
    И се што ме учеа моите и што се едуцирав сама, покажа резултат. Соодветна заштита и правец на гинеколог (не ми беше прв пат).
    Не викам дека е совршено, ама е здраво. И кога немаше љубов беше здраво. Затоа што беше моја одлука, не беше само на слепо и по нагон.

    Морам да додадам: На час по биологија во основно (кога учевме за репродуктивни органи) влегов во дискусија со наставничката за контрацепција. Никогаш нема да заборавам како машките почнаа да се смеат и да ми зборат Што бе ти од кај знаеш? Аа Кенди од искуство збориш?
    Дури и некои девојчиња ме гледаа чудно. Вцрвенев и гласот ми трепереше, ама успеав да кажам дека е доволно некој да е едуциран за да има познавање од некои работи.
     
    На Izaabella, Victorian, Crvche и 8 други им се допаѓа ова.
  11. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.910
    Пол:
    Женски
    Темата е предобра и во се што сте напишале се имам пронајдено.
    Јас бев меѓу првите од другарките која влезе во овие „води“. Затоа цело време ме гледаа под око како некоја нечесница. Кај мене дома не се збореше за овие работи но кога и да ме интересираше нешто одев кај мајка ми. Без разлика дали е прашање за менструација, секс или бременост. Исто така многу работи научив и овде на форумов, регистрирана сум многу одамна и читав мислења на многу луѓе. Имам читано и многу други статии. Едноставно бев и сум многу заинтересирана за сопственото тело.
    Прва бев кај гинеколог иако бев преплашена, стравот ми се уште повеќе зголеми кај таа докторка после нејзиното некоректно однесување. После првиот преглед кај неа каде што резултатите беа фала богу добри, не се појавив кај гинеколог една година можеби и повеќе. После тоа ја најдов сегашната ми докторка и ми исчезна тој страв. Сега мислам дека можам и по 5 пати во годината да одам без да се чувствувам незгодно и непријатно.
    Сметам дека е потребно да се воведе сексуално образование уште од мала возраст. Така и ќе се ослободат од срамот и ќе станат повеќе заинтересирани за сопственото здравје и тело.
     
    На Victorian, Crvche, Mariii :) и 3 други им се допаѓа ова.
  12. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Зарем тоа не е асексуалност?
     
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.229
    Е значи, алал да ти е! :bow:
    Ваков уводен пост на тема, не сум видела никогаш до сега.
    Буквално ја отвори и 'затвори' темата со него.

    Немам што да додадам или одземам.
    Потпишувам од А до Ш , и то со двете раце!

    Постов треба да биде 'закачен' како уводен дел за целиот подфорум Секс.
     
    На Mentalna85, Izaabella, KateKane и 13 други им се допаѓа ова.
  14. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.477
    Допаѓања:
    38.113
    Пол:
    Женски
    Колку предобро напишанo, браво @theowndemon.
    Буквално не би додала ништо ништо на темава зашто тотално се согласувам со сѐ што си напишала и како си поврзала сѐ и си опфатила многу различни аспекти, го делам скроз истото мислење.
    Би можела да го објавиш некаде текстов како колумна, да се рашири и да го прочитаат повеќе луѓе.:D
     
    На Crvche, Ambitious, *Amethyst* и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.460
    Право на избор не секогаш значи ,,здрава сексуалност". :)

    Aко воопшто постои таков термин, и притоа ја изоставиме Дарвиновата теорија, како и примарната биолошка функција за која служи сексот - репродукцијата.
     
    На Crvche, DAngel, Angie1432 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.857
    Допаѓања:
    158.139
    Пол:
    Женски
    Океј @Nigredo Odor гледам од кај идиш. И сфаќам, особено и ради други работи кои не ги споменав пошто немав како и се согласувам. Ама да видиме иднина каде ете, никој не се срами од своето тело и потреби, шо би опфатил тој преоден процес? Пошто во суштина сме „животни“ и биолошка функција, да, е - репродукција. Ама сексот е нагон, неисполнување на нагон води до фурстации и самата свесност за тој нагон и неможноста да се исполни влијае неповолно на менталното здравје. Не треба да лекуваме само физичко туку и ментално.
     
    На Crvche, *Amethyst* и doubleg им се допаѓа ова.
  17. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.460
    Постојат не толку здрави форми на сексуално изразување, имам пишувано за тоа еднаш неодамна.

    Пример - прекумерна примена на BDSM пример не е и не може да биде здрава форма на сексуално општење и експерсија бидејќи спаѓа во категоријата психијатриски заболувања според листата на DSM.

    https://www.theravive.com/therapedia/sexual-masochism-disorder-dsm--5-302.83(f65.51)

    Статија е, има долу референци.
     
    На Crvche, *Amethyst* и theowndemon им се допаѓа ова.
  18. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    4.924
    Допаѓања:
    38.629
    Пол:
    Машки
    Само би се надоврзал на постот на @theowndemon оти веќе издискутиравме претходно и донесовме зсклучоците кои ги изнела во воведниот пост.

    Во текот на мојата средна школа, во прва година имавме едукативни часови по секс и заштита од СПБ спроведени од страна на волонтери од нашето школо од постарите години, во соработка со црвениот крст.
    Тогаш, на 14-15 години, воопшто не ми беше смешно како дел од моите врсници и сакав што повеќе да научам и да се едуцирам на темата. Знам дека имаше доста експлицитни слики покажано од полови органи заболени со некоја сексуално пренослива болест и за секоја детално, директно ни објаснуваа како се пренесува, симптоми, последици, и заштита од истите.
    Беа доста грозни слики кои ми останаа во глава до ден денешен и сум многу благодарен на истите затоа што поради нив секогаш сум гледал да се заштитам себе си и мојата партнерка. Сум знаел за ризикот на кој сум изложен при незаштитен однос и сум бил претпазлив.

    Многу се разочарав што денешните генерации не се изложени на оваква настава, и додека истите веќе стапуваат во сексуални односи, воопшто не знаат за последиците од истите и што всушност може да им се случи.

    Во подоцнежните години и самиот станав дел од црвениот крст и држев предавања на помалите генерации. И многу ми е драго што беше сфатено уште поозбилно од она кое јас го слушав, па правевме и акции на делење на бесплатни кондоми. Морам одма да кажам дека истите не беа воопшто сигурни, ама добри беа за вежби, за секој да може да научи и проба како е да се употреби и да се употреби правилно.
    Се сеќавам дека и тогаш имаше многу смеа, посебно на тие демонстрации на банани, но имаше и многу што научија од таквите лекции, ги сфатија сериозно и изградивме едни млади, едуцирани индивидуи кои беа свесни за ризиците и знаеа како да се заштитат себе си, и своите партнери.

    Апелирам, истото да се стори и сега, со помош на организации, професори и директно уклучување на учениците во делот на едукација и практична демонстрација. Подигање на свест за СПБ и едукација на овие теми ни е итекако потребна. Мораме да градиме послободно општество без предрасуди и табу теми.
     
    На Victorian, Crvche, Dust и 8 други им се допаѓа ова.
  19. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.087
    Пол:
    Женски
    Здрава сексуалност почнува кога нема родителите да им се дерат или да ги маваат децата кои мастурбираат. Не се тревожете толку мајки. Од мали ги учите дека прават нешто гнасно и дека треба да ја игнорираат сексуалноста ко нешто нездраво
     
    На Lolipop23, Crvche, Dust и 13 други им се допаѓа ова.
  20. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.857
    Допаѓања:
    158.139
    Пол:
    Женски
    Можам само да кажам дека скроз сфаќам од кај идиш и се согласувам. Ова беше нешто шо нарочно го изоставив зошто сакав да ставам акцент на број на партнер, избор на партнер, хомосексуалност, воспитување на дете, срам, пубертет и заштита како нешто шо ете се смета во т.н. „здрава“ сексуалност, работи од кој не треба да се срамиме и се нормални и ако ги прифатиме како такви ќе можиме да се заштитиме од ризиците без нахнадни ментални проблеми, еден од најголемите ризици се - сексуално преносливи болести и несакана бременост. Пошто иако ете секс има главна цел репродукција, факт е дека сите имаме секс за задовослтво.

    Сепак, отворена сум да збораме и за фетишизам на темава ако има некој да прокоментира и на та тема. Исто јас многу би сакала да збораме за порно култура и влијаење на сексуалноста кај децата. Пошто ако никој возрасен не збора со децата за нивниот сексуален живот, баш таму се освртнуват да научат и према мене, како шо пишав и претходно, то е поразително.

    Сакам да го прокоментирам овај дел Били, не знам како не ми текна на ова, со ученици и врсници е далеку подобро. Пошто не го гледа детето како надреден авторитет туку како еднаков соученик/ пријател, башка ќе користат јазик кој не е „повисок“ туку е нешто шо сите деца го разбираат. Ете ако некогаш има иницијатива за промена во едукацијата, ова е дефинитивно опција. За жал, не можам да споделам слично искуство како твоето. И многу ми е жал за то. Иако, према мене, 14-5 години е веќе касно. Јас сум за сексуална едукација рано, со почеток на пубертет барем. Само не знам како ова да стигни до уши на некој задолжен зошто очајно недостига вистинска сексуална едукација во образованието. Не сексуална едукација само од аспект на пубертетски промени и делови на гениталии. БАРЕМ за заштита, иако многу поќе треба. Многу.
     
    На Victorian, Crvche, Amellie13 и 6 други им се допаѓа ова.