Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Здрава сексуалност

Дискусија во 'Секс' започната од theowndemon, 4 април 2020.

  1. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    Добро што спомна.

    Фетишизмот речиси секогаш со себе повлекува одредена дијагноза според психијатријата. Особено доколку е екстравагантен и нанесува телесни или психолошки повреди, како bdsm пример кој е имплициран како екстремна форма на уживање. Fisting на пример е исто така опасен. Останатите и не се толку критични од тој аспект.

    Други примери - ,,foot fetish" ,,golden shower" oсвен што се ризични од здраствени причини (читај - нехигиенски), немаат некаков опасен деминутивен ефект, освен ако не се користени во цели на субмисија што е повторно форма на деградација/повреда, ама тоа е веќе друга тема...

    Поентата е дека според повеќе дефиниции ,,природен" секс е само оној однос во мисионерска кој служи за репродукција, ама пошто човекот историски низ епохата ја менуваше формата и целта на сексот, сметани се како океј и некои други форми на општење... Колку се суштински умствено здрави не знам и не навлегувам, само зборувам како стојат стварите гледано од психијатриска гледна точка.

    Патем, внимавај друг пат со зборот ,,здрав", иако знам дека го користиш со добри намери. :l:
     
    Последна измена: 5 април 2020
    На Crvche, *Amethyst*, Angie1432 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. doubleg

    doubleg Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    4.406
    И каква врска има ова со темата што ја начна @theowndemon ? Прекумерна примена? На што?

    Поентата на нејзиниот пост е: здрава сексуалност за здрава психа. Кој на што се пали и колку е тоа здраво е друга работа.
     
  3. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    Не постои такво нешто како здрава психа, дури и како одделен поим.

    Фетишизмот секогаш има врска со сексуалното здравје на личноста. Консултирај се со психолози/психијатри, тие ќе ти го дадат истиот одговор. Истото важи и за bdsm и неговата примена во сексот.
     
    На Crvche, violetblue, deskarada и 3 други им се допаѓа ова.
  4. doubleg

    doubleg Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    4.406
    Не чуствувам потреба за консултација со психолози. Сепак, поентата на темата, барам колку јас разбрав е како да им се помогне на најмладите што допрва ќе го откриваат светот.
     
    На Nightwish11 и Dust им се допаѓа ова.
  5. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    Темата е за дискусија, не само за помош.
     
    На Crvche, candy.cane, doubleg и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    4.246
    Ова физички не спремни логички би можело да се однесува само на пенетрација(на пр.контакт пенис-вагина).
    Зошто при вакви едукативни теми го ограничувате сексот само на пенетрација?
    Сте слушнале ли за орален секс? А взаемна мастурбација? Под претпоставка дека се одржува хигиена и партнерите се здрави, физички се сосема спремни.

    И тука доаѓа следното:
    Токму така! И тоа ако еден вид на секс не, ќе имаат друг вид.

    Општествата грешат кога не ја препознаваат или осудуваат потребата за секс на тинејџерите, а од тоа произлегува и недостиг на едукацијао не само на физички план туку и на психички, имено сексуалноста може да се користи и за манипулација, уцени (и од двата пола) и сл. нешто што не е во ред и исто така треба да се учиме од рана возраст да се препознава и како да се спротивставуваме на евентуални такви ситуации.
     
    На Crvche и theowndemon им се допаѓа ова.
  7. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.648
    Допаѓања:
    29.324
    Пол:
    Женски
    Колку возрасни личности има, па и со деца што не знаат за некои работи поврзани со сексот. Посебно кај одредени религии, каде што нели е табу тема и срамота е да се учат за такви работи. Затоа темава мислам дека е за секого и јас би рекла дека треба да стои во pinned теми. @theowndemon опфати многу од тоа што имав да кажам на темава.

    Сексуална едукација ни треба апсолутно, осудување поврзано со сексуалноста да се намали, да почнат луѓето да се чувствуваат слободно, младите да знаат во што се впуштаат, родителите да им ја дигнат свеста на децата. И дајте да прекинеме да ги стигматизираме ,,невините'' или па оние ,,посексуалните''. Секој си има право на избор.
     
    На KateKane, Crvche, Someonespecial и 4 други им се допаѓа ова.
  8. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.879
    Темата „сексуалност“ отсекогаш ми била болна тема, која ми евоцира лоши чувства.

    Како и многу други, пораснав со поконзервативни родители, на кои не се чувствував(м) доволно слободна да им кажам дека имам дечко (всушност, никогаш и не им ни кажав, сами сфатија), а камоли да зборувам за сексуалност. Конкретно мајка ми ми има(ше) набиено толкав голем комплекс во поглед на машки, што до 18 години не ни помислував да имам дечко, не пак нешто повеќе.

    Тоа на еден начин ме „спаси“ од прерано и незрело стапување во односи, ама мислам дека ми остави далеку поголеми психички „кочници“ на тема секс со кои и ден-денес се справувам. Сум се соочувала со моменти на страв и незнаење, за потоа панично да листам низ прашањата на Фемина и да читам 5000 статии на гугл за да се уверам дека сите го кажуваат истото. Среќа не сум менувала партнери за да налетам на СПБ (да, знам дека можеш да го погодиш и тој еден кој би имал), иако знам дека заштитата е задолжителна.

    И ден-денес не се чувствувам сексуално „ослободена“ или „едуцирана“. Иако објективно знам и сум свесна дека сексот не е голема работа и дека кога не би била во врска би можела да го имам слободно (со кого сакам), без потреба од чувство на вина, сепак во душата би се чувствувала како да правам нешто лошо, дека треба да останам „пресвета“ и со мал број на партнери. Исто така, би ми било срам (не shame, embarrassement) сега да треба да се вратам in the dating world, колку и да е апсурдно.

    Ова чувство ми е еден од проблемите кои ми е тешко да ги искоренам лично кај мене, иако не ми смета бројот на партнери кај другите. Имаше време, особено во средно кога сметав дека е „чест“ дека не сум се бакнала, особено не „со било кого“, па потаму „чест“ што не легнувам „со било кого“ и среќа што изминативе години постојано се трубеше на тема секс за жените, па ги променив тие ставови.

    За мастурбација не знам ни што би кажала, до пред некоја година не ни помислував на такво нешто, иако и сега не сметам дека се познавам многу добро. А не ни можам да опишам зошто „не истражувам“ нешто посебно. Мислам дека потајно е пак од срам, од потсвесно неприфаќање дека не е „гнасно таму долу“, барем така си претпоставувам...

    Тоа што сакав да го кажам и што се надевам дека го прикажувам во овој реферат е како мене психички ми влијае(ше) целата стигматизација за сексот, недостатокот од разговор и информираност, што од дома, што од училиште, па дури и меѓу врсници, со кои барем јас не сум била опкружена, а на времето можеби и недоволно отворена за таков разговор.

    Затоа и поддржувам сè напишано и предложено досега, бидејќи верувам дека доста ќе ми помогнеше да се опуштам во поглед на оваа тема, а еве сега, сè уште не можам целосно да се опуштам, иако се трудам :).
     
    На Lolipop23, Izaabella, KateKane и 23 други им се допаѓа ова.
  9. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.474
    Допаѓања:
    165.784
    Пол:
    Женски
    Заборајв бе. :D Дефинитивно ако не е пенетрација, ќе биди нешто друго, ако не е и нешто друго + пенетрација. Важно е дека има фактор каде детето се крие, каде се срами и има притисок дека тоа што го прави е грешно и од таму ако не се заштити соодветно ни оралниот секс не е толку безбеден. И за орален треба да си заштитен ако не си со партнер кој ти е сигурен. И мило ми е дека се раздлабва темата зошто ете, има работи кои ги имам изумено и други кои ги имам намерно изоставено за кои вреди да се збора, како сега шо целосно изумив да го спомнам сексот кој не е пенетрација. И тоа е добар „свеж“ поглед.

    Не дека (взаемна) мастурбацијата не е подеднакво осудувана како шо пиша погоре членката, сепак е опција:
    И многу ми се допаѓа делот за манипулација кој го пиша. Срам и страв од ситуација води до тоа некој друг да можи да ја искористи и манипулира ситуацијата во своја корист.
     
    На daylight, Crvche и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  10. Sweetlove_0312

    Sweetlove_0312 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2017
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    13.379
    Пол:
    Женски
    Здрава сексуалност

    Здравата сексуалност е таа од која не треба да се срамиме да ја искажиме : јас не сум искажувала никогаш на никого и секаде ако ми се испуштало се криев и така си ја сочувував моето сексуално искуство кое за мене е приватност и приватноста моја не ја кажувам на никого кога веќе знам какви безобразни луѓе се вртат наоколу и се ќе испревртат и потоа ќе се бламирам пред другите кажувајќи нешто што не е препорачливо да се каже освен на личноста со кого имам секс.

    Пред се, многу ми е мило што има овде во форумот личности во кои се пронаоѓам самата себе читајќи ги деловите каде се објаснуваат некои одредени случки и некои работи за кои сум си префрлала се врз себе, како да јас сум должна да возвратам на некој со нешто и како да сум изгубила многу што не сум се покажала како што тие сакаат. А баш кога сум сфатила дека никогаш ништо не сум изгубила и дека јас сум своја личност која си ги знае своите правила и ставови и која не преминува од коњот на магарето. Туку едноставно си пронајдов утеха и мотивација за да не се омаловажувам себе си и за да знам дека секое мое дело е мое и само мое и тие мои дела се само за својата усовршеност во мојот карактер и самопочит.

    Сега да кажам за сексуалноста и годините.
    Епа вака сега, неможе да се каже дека децата на која било возраст се саможелни за секс. Мора да се има тука граница и размислување.
    Човекот учи и никогаш не се знае кога и што ќе научи.
    Додека е дете, нели е детето во растот и тогаш треба само да се остави детето да ужива во младите години. Се додека не си ги каже самото дете работите што ги учи во текот на детството. И менструација е добро да се знае минимум кога е 4то одделение. Ако му кажат од школото е во ред сепак учи.
    Се што може да научи за сексот може и неочекувано да не го сфати баш како што треба. За безбедност на децата е најдобро да се преќути и да не се кажува рано. Да се почека да порасни и повеќе да разбира. Кога ќе има 14,15 години.
    Понатаму како што расте така самото дете има право да одлучи кога сака да има прв секс.
    А за менструација сакав да кажам ако нема тогаш може да се каже, ама ако има е убаво да се објасни.Јас да не кажвам многу надвор од контрола сепак ќе си кажам за себе.
    Јас неможев како мала да сватам што значи менструација и сватив кога имав 11 и пол години дека и тогаш добив прв пат и имав мали болки во стомакот ама со години кај што имам немам видено болка во стомакот.
    Најсигурно време за СЕКС е на 16 години како почетно време. Тогаш е луд период и можат свашта чуда да се случат. Или неправилен секс или пак грешка да се случи.
    Убаво е да се научи со кого можам да бидам сигурна, а со кого неможам. Неможам да прифатам да одам со насилник како случката во Штип што беше. Тука се откри дека била таа во врска претходно со едниот од нив па затоа споменав. Првин ќе го видам каков е па ќе го приметам, па и немора ќе се тргнам настрана нема да се зближувам со него макар и принцот бил. И ќе си речам јас не заслужувам да одам со таков, ќе имам поубави прилики се разбира.
    Секој заслужува да има среќна врска или да е среќен/а со самата себе што сака повеќе од тоа.


    Здрава сексуалност е според мене добра работа, добро е да се искаже секој што сака, само да се има доверба и разбирање. И сексот е уживање, а не злоупотреба.
     
    На Crvche, S.W.A.G, *Amethyst* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.474
    Допаѓања:
    165.784
    Пол:
    Женски
    Значи, мислиш дека околу 15 или покасно треба да му се кажи за секс и заштита? Пробвам само целосно да сфатам мислењето.
     
    На Sweetlove_0312 и Mantub им се допаѓа ова.
  12. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Повеќе од неа ќе знае тогаш детето за секс :D
     
    На dayla му/ѝ се допаѓа ова.
  13. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.474
    Допаѓања:
    165.784
    Пол:
    Женски
    Јас се согласувам дека со едукација треба рано да се почни, дури и према мене 15 би било ете рано за секс ама касно за едукација, ама факт е дека многу деца тогаш и се спремни и сакаат секс и експериментираат. Во мои очи, само сакам да знам дека се заштитени.

    А дека порано прашуваат - прашуваат. Тоа го спомнав и пред некој ден кога реков и со други дека зборавме на темата, брат ми на 11 години прв пат изрази желба да испраша и шо е секс, и шо е менструација, и зошто некои работи настанват, па јас уз муабет решив да позборам и за кондоми. Тогаш беше згрозен, признавам дека не одбирав зборови, и тој дете и јас дете. Ама родител ќе знај да прилагоди овој разговор. И то зборав јас пошто моите одбија да зборат со него. И ако го одбиев и јас ќе отвореше порно и ќе учеше од таму и никогаш пак немаше да праша. По две години +/- учеше за полови органи по биологија па уште еднаш фино си зборавме на темава и искрено ако за година- две- три реши секс да има јас знам дека ќе биди заштитен и мирна ќе ми биди главата. Би била посреќна ако малку почека за да нема „леле зошто“ ситуации, ама во глобала знам дека ќе биди заштитен, и од сексуално преносливи болести и од несакана бременост.

    То ми е целата поента. Дома децата се одбивани на оваа тема. На училиште не се ни збора. Мора негде да се збора и нигде не можи да се контролира како им е дома, ама можи да се види како е на училиште и да се смени едно нешто за сите.
     
    На dayla и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  14. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.779
    Допаѓања:
    9.932
    Пол:
    Женски
    @theowndemon првин браво за темава.
    Во врска со темава и јас се приклучувам кон оние што се израснати во конзервативно семејство, почнувајќи од баба ми па се до мајка ми.

    Нема да заборавам кога прв пат имав симпатија (12г) и се бакнавме у маало и нормално тоа се стигна до баба ми која ми влета у соба и почна најгрди зборови да истура на мене како небаре да сум го направила најголемиот грев.

    Низ цело мое растење сексот ми го претставувале како најгрозоморно нешто што може да постои, за мајка ми машките сите беа исти. За жал таа повеќе се концентрирала да ми изврши едукација околу наркотични средства отколку за секс јер според нејзе тоа автоматски води кон нешто срамно.

    Сама учев во врска со сексуалноста и сама минував низ врски каде што сексот сум го имала само за да се задоволи партнерот а не и јас, одтука уште толку ми се стегна желудникот во врска со секс па после раскинување со првиот дечко добри 2г немав дечко а ниту секс, што беше и чудно ниту желба имав.

    Се сеќавам дека бев на гинеколог и толку бев стегната што докторот во неколку наврати ме праша дали сум била силувана:x

    Помина доста време дур да сфатам дека сексот е нешто што е нормално па и убаво.
    За жал пак, повторно влетав у врска каде што типот ме обвинуваше што сум имала секс(на мои 27г) пред него но оваа негова изјава ја гледам многу објективно и сфаќам дека тој има некои лимитирачки сфаќања во врска со сексот и дека конечно неговите сфаќања не мора да значат вистина за мене, во тој момент всушност почнав да разбирам што значи здрава сексуалност.

    Во врска со едукација конкретно со брат ми за жал пак гледам од страна на мајка ни и татко му одбивност да се збори на таа тема. За среќа тој ме има мене па јас и не ја одбивам таа тема кога тој ке праша нешто во врска со секс а почнува да го интересира. Пред некој месец имаше сцена со секс малиов праша што прават, одговор на мајка ми беше "глупости што праат" ама пак јас отворено му реков дека имаат секс и секако добив еден одбивен поглед од мајка ми. Жал ми е што и тој расте во семејство каде што оваа тема вешто се одбегнува па затоа јас одоколу му ги расчистувам дилемите.

    Одтука за подтема едукација би кажала дека е сосема во ред да се почне од рани години но тука би додала дека би можело да се направи програма каде би учествувале и самите родители за да знаат дека од голема важност е нивното учество на темава.

    Се распишав :D
     
    На Nausicaa, S.W.A.G, Billy Idol и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Sweetlove_0312

    Sweetlove_0312 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2017
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    13.379
    Пол:
    Женски
    Па не баш на 15, детето всушност може кога сака да знае ама треба само убаво да му се објасни.
    Имав неубаво поставени реченици па ни самата не се разбирам сега кога читам.
    Дека некои родители не се грижат за детето толку многу па кога ќе дојде да има односи не ќе знае што значи. Па така можат да настанат проблеми некои.
    Најубаво е на 15 години.
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Се сложувам со се што сте напишале во темава. Ете јас како помала немав никаква едукација дома за ништо. Мајка ми ја прашував за менструација и ми го избегнуваше муабетот. Кога дозна дека одам на интимна депилација збесна и ми се дереше и ништо убаво и смирено не ми кажа, ниту пак некој совет добив. Среќа што јас бев таква мирна и не се расправав. На разни начини се едуцирав и дознавав работи кои се важни за моето сексуално здравје и општо за сексуалноста. Кога станав сексуално активна веќе бев запознаена со поважните работи, но за жал партнерот не беше и имав стресни ситуации. Со тек на време учев многу работи од книги, интернет и читање форумски искуства и совети. Полесно се учи на туѓите грешки, а најмногу од своите. Најтешко е да ти се дере некој и да се осеќаш глупо за нешто најнормално. Во иднина не знам како ќе можам на моите деца да им се поставам и да ги научам на се она што мене не ме учеле, но имам уште многу време до тогаш.
     
    На marija305, *Amethyst*, queen19 и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Crvche

    Crvche Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2018
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Женски
    На толку години можеш ти да го прашаш ако нешто те интересира:rofl:
     
    На Sweetlove_0312 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Crvche

    Crvche Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2018
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Женски
    Кога прв пат прашав што е секс на прашањето го добив буквално овој одговор "Оди прашај го татко ти ако сакаш да знаеш ќотек како се јади". Тоа мајка ми ми го кажа. И така моите конзервативни родители ништо не ми објаснуваа и го претставуваа сексот како нешто срамно. Добрата работа е што имам таков карактер да не се замарам што мислат другите па мене не ми беше срам од тоа, но нив не ги прашував. Се едуцирав на интернет од страни каде што имаа пишувано доктори, од форуми каде што се споделуваат лични искуства, ја прашував наставничката по биологија и на 14 години кога прв пат имав секс знаев доволно за тие работи. За тоа дали сум била мала не знам, но ми работеа хормоните и сакав тоа да го направам и не се покајав, бидејќи бев спремна. До сега ми се немаат случено работи кои ме изненадиле или ненамерни грешки (во кои што не спаѓа бременоста на 16 години затоа што намерно забременив). Порака до родителите: "Зборувајте со вашите деца додека не е прекасно затоа што вас тоа после ќе ви дојде на главата".
     
    На hermosa, *Amethyst*, queen19 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Намерно како свесно или со некоја задна намера?
    Знам дека збореше за ова во друга тема и извини што те прашувам, ако не сакаш не ми кажувај.
     
    На Crvche му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Crvche

    Crvche Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2018
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Женски
    Да свесно, само не разбрав во која смисла задна намера?