Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Здрава сексуалност

Дискусија во 'Секс' започната од theowndemon, 4 април 2020.

  1. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Дали за да го задржиш дечкото..?
    Пак, извини што вака ти навлегувам во приватноста.
     
  2. Crvche

    Crvche Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2018
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Женски
    Бевме договорени со дечкото. Ние секако сакавме дете, но откако ќе завршам со школувањето. На крајот се одлучивме за побрзо за да се преселам кај него и да не го трпам повеќе малтретирањето дома.
     
    На *Amethyst* и candy.cane им се допаѓа ова.
  3. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.474
    Допаѓања:
    165.784
    Пол:
    Женски
    Темава одамна умре ама то не значи дека нема уште простор за проширвање. :D Еве и линк за детално, јас тука ќе ископирам само неколку работи шо мислам дека треба да се знат во поглед на растење на дете и шо во кој развоен период го спознава. Или благо речено, лажење дете дека штркот го донесе е непотребно зошто можи да разбери дека бебето расти во стомакот.

    Мало дете: 13- 24 месеци
    Дете на оваа возраст треба да е способно да ги именува сите делови на телото, вклучително и гениталиите. Ова помага од повеќе аспекти, како на пример при повреди или злосторување, детето можи да искомуницира точно каде има болка. Спознавање на деловите на телото со име овозможува градење здрава слика за себе и своето тело водејќи до поголема самодоверба. Повеќето деца на две години се способни да се разликуваат себеси од другите и да разликуваат машко од женско.

    Деца на претшколска возраст: 2- 4 години
    Повеќето деца на претшколска возраст се способни да сфатат, тоа основното, како доаѓа бебе. А и во овој период изразуваат желба за знаење на темава. Можат да сфатат дека постои сперма и јајце клетка и дека нивното спојување резултира со бебе кое расти во „стомакот“ на мајката. Сепак, деца на оваа возраст не се заинтересирани за секс, мали деца најчесто се интересираат за бременост и бебиња. Тука можат да покажат интерес за тие кога биле бебиња и за бременоста со нив на мајката.
    На оваа возраст треба да разберат дека телото е нивно и дека никој не може да ги допри без нивна дозвола. Треба да знае дека постојат прифатливи и неприфатливи начини на допирање, особено допири на гениталиите и ова ќе овозможи детето да кажи доколку е допирано несоодветно. Деца на оваа возраст прашуваат пред да допрат некој.

    Деца на школска возраст: 5- 8 години
    Деца на оваа возраст треба да знаат дека хетеросексуалноста не е норма и да е запознаено со другите сексуални ориентации. Ова е возраст кога децата си ги спознаваат телата и треба да им се објасни дека тоа е нормално, но и приватно.
    Одреден број на деца пред десеттата година ќе доживеат промени поради пубертет и добро е да бидат запознаени со промените кои следуваат. Би било добро и момчиња и девојчиња да имаат часови заедно на оваа тема и заедно да учат за промените кои следуваат. Разговори за репродукција доаѓаат заедно со разговорите за пубертет.

    Пред тинејџерска возраст: 9- 12 години
    Се што е претходно научено тука веќе се случува и е доста важно да се повторува и постепено да се проширува. Се имаат тука основни информации за безбеден секс, контрацепција, основни информации за бременост и сексуално преносливи болести. Мора и да им се даде до знаење дека иако овие промени им се случуваат, тоа не значи дека мора да имаат секс, напротив.

    Тинејџерска возраст: 13- 18 години
    Тинејџерите мора да добијат подетални информации за менструација и влажни соништа и да знаат дека се нормални и здрави. Сите теми од претходната точка треба да ги проучат во длабочина - бременост и сексуално преносливи болести. Тука е и идеалното време тинејџерите да научат да разликуваат и градат здрави врски наспроти нездрави и токсични. Учење за здрав секс вклучува знаење како алкохолот и дрогата може да влијае на одлуките кои ги носиме. Тинејџерите мора да можат да кажат „не“ и да завршат врска.

    Има и други измени и исправки ама мислам дека ова шо тука го копирав е баш она основното шо ни овозможва да дознајме можда и кога рано е доволно рано да се почни со сексуална едукација во училишта.
     
    На Lolipop23, DojaCat, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
  4. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.865
    Пол:
    Женски
    Мајка ми прави да се осеќам лошо, затоа што сакам да имам секс.
    Кога пред 2 години и спомнав дека сакам да пробам со некој друг и да раскинам со партнерот, ме нарече курва, не сум можела со еден да седам, ќе сум се валкала и слично.

    Кога станува збор за секс, како ненаситна сум, сакам уште. Минатиот дечко не можеше повеќе од 15мин.

    Не знам дали има некаква врска со тоа што како мала, многу често ги гледав и слушав моите како имаат секс. Имав 5-6 години. Многу убаво се сеќавам, на позите, на звуците на све. Иако, многу сакам да го избришам тој дел.
    Не бев сигурна што се случува и мислев дека тато ја повредува мама.
    Не знаев како да ги спречам. Еднаш, намерно се тркалав од кревет да паднам за да престанат.
    После пораснав и имав моја соба и пак некогаш ги слушав, спиев со перници на глава, до ден денес така спијам, не затоа да не ги слушам, ама ми останало навика.


    Во секоја тема зборам за мајка ми аман веќе, ама по тоа се гледа колку ме заебала во секое поле.
     
    На *Amethyst* и Lence2020 им се допаѓа ова.
  5. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.163
    Допаѓања:
    39.735
    Пол:
    Машки
    И што направи ти по повод ова да го решиш проблемот со мајка ти и сопствениот проблем? Наместо да ставеше крај на врската и да ги игнорираше зборовите на мајка ти, ти додека беше во врска, појде со друг и напоредно се гледаше со двата ликови (според тоа што имаш пишувано на форум), а знаеш ли дека тоа не е здрава сексуалност?
    Не е затоа што лажеш и изневеруваш, не само твојот партнер, туку и себе си и мајка ти и сите останати инволвирани во случајот.

    Здрава сексуалност претставува да имаш сексуални односи со кого сакаш и да не бидеш попречена, но само и само ако и двајцата сте слободни да го направите тоа. Инаку прекршувате морални и етички дилеми кои се баш спротивното од она што го има за цел темава.
    Како што гледаш, мајка ти иако била против, не влијаела на тебе и си го направила тоа што си сакала да го направиш, штета, што не си го направила на правилен начин.
     
    На cresa-jagoda и deskarada им се допаѓа ова.
  6. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Кој со кого ќе оди ама ич не е твоја работа. :)
     
  7. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.163
    Допаѓања:
    39.735
    Пол:
    Машки
    Се разбира дека не е, но исто така морално и етички треба да сме исправни ако веќе сакаме да практикуваме здрава сексуалност. Ова не е.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    А кај виде да праша девојката за мислење?
     
  9. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.865
    Пол:
    Женски
    Нормално е да застанеш од машка страна де, не те обвинувам.

    Грешка беше да, ама раскинав и му признав се.
    Сега и него и мене ми е подобро.
     
    На *Amethyst* и martiiinna им се допаѓа ова.
  10. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.865
    Пол:
    Женски
    И тоа што тогаш го имав не беше здрава сексуалност.
    Убаво пишува во воведот дека родителите влијаат во ова.
    Кога ќе бидеш во врска со некоја што не ти е по мерак, само за да ги задоволиш твоите, исто би направил и ти.
    Јас самата се лажев, никој друг.
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Fauhxy

    Fauhxy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2016
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    2.130
    Пол:
    Женски
    Тоа што го направила секако дека не е во ред ама не знам на кој начин ти ги повредила чувствата и се најде ти засегнат од тоа па реши да и набиваш вина и да спомнуваш работи и проблеми за кои пишувала претходно.
     
    На Lolipop23 и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  12. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.474
    Допаѓања:
    165.784
    Пол:
    Женски
    Прерано изложување на било што сексуално ( то вклучува гледање/ слушање родители да имаат секс, ама не инцидентно и/ ли гледање/ слушање порно) резултира со траума.
    https://psychcentral.com/blog/growing-up-too-fast-early-exposure-to-sex/
    https://www.practo.com/healthfeed/amp/6-effects-of-untimely-exposure-to-sex-on-a-child-10824/post


    За другиот дел за кој си коментирала само ќе речам дека ако не си задоволен сексуално од партнер е само фер да се престане тоа со него и да се оди со друг. Не си валкана ако сакаш да најдиш сексуално компатибилен партнер со себе. И жал ми е дека некој ти го кажал спротивното.
     
    На thequeen95, cresa-jagoda и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  13. Mona Sax

    Mona Sax Активен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2020
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    А на пример да останеш неактивен на сексуален план во триесети години тоа како не е здраво?
     
    На LoneWolfGuy и Lence2020 им се допаѓа ова.
  14. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.474
    Допаѓања:
    165.784
    Пол:
    Женски
    Не мислам дека некој спомна дека тоа е лошо. Избор е. Ако некој сака да е неактивен сексуално ради какви било причини до 30 години - нека. Негово си е. Особено ако нема нагон за то, а ако има нагон и му оди спротивно, ќе се фрустрира. Ама, ако смета дека то е подобра опција за себе - you do you. Целта на се ова е да се прати телото, да се носат одлуки за себе безразлика дали тоа значи имање или немање секс, да не се форсира ни една страна во активности кои можи да бидат опасни или едноставно работи кои партнерот не сака да ги прави.
     
    На hermosa и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  15. Mona Sax

    Mona Sax Активен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2020
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    Добро јас па се каам што искачав со некои подобро со никој да не идев немаше сега да имам лоши спомени, и ниту сум активна на сексуален план и не ни планирам најискрено а сум во рани триесети.
     
    На LoneWolfGuy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.474
    Допаѓања:
    165.784
    Пол:
    Женски
    Жал ми е дека си имала такво искуство. Сепак, неактивност на сексуален план е тоа што е - избор. Нема зошто некој да ти речи шо било за тоа. Сепак, избираш за себе.
     
    На hermosa и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  17. Mona Sax

    Mona Sax Активен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2020
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    Зошто одма луѓето ако си девица на пример и да останеш цел живот не е добро па и да останам девица цел живот мене ми одговара тоа.
     
    На hermosa и LoneWolfGuy им се допаѓа ова.
  18. nikibi

    nikibi Активен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2019
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    146
    Пол:
    Женски
    Мене ми си многу creepy и по муабетот и по аватарот. Таков vibe ми даваш.
    Значи асексуалец си.
    Нема врска, терај како сакаш со секс, без секс.

    Си одам :bandit:
     
  19. Mona Sax

    Mona Sax Активен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2020
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    Да малку сум дракерка. Па и не би рекла дека сум асексуалец ама можно е.
     
    Последна измена: 23 мај 2020
  20. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    А што мајкати ја боле со кој ке имаш секс, мене никогаш не ме питала тоа, слободни луѓе сме фала богу ке правеме што сакаме еден живот е а со 1 а со 1000 твое си е за тебе
     
    На thequeen95 му/ѝ се допаѓа ова.