Мислам дека не постои ваква тема - дали вашите деца јадат исклучително здрава храна или понекогаш им давате чоколадо , чипс итн? Ќерка ми има 2 год и 7 м , јаде овошје , салати, ручекот без проблем си го јаде, знам да и дадсм по некое бисквитче , штрудла правена сл мармалад , таа не си е по благото , кроасан полнет дали со крем, марамалад кога ке дојде до филот - го фрла. За чипс не сум и дала до сега. Е понекогаш кај мм на работа ќе види некое чоколадо или лижавче и ќе сака да го отвори ама јас и го земам од рака. За чоколадо сум и дала да проба ама и тоа го фрла. Е денес свекрва ми и мм ме извадија од такт! Виде чоколадо го отвори и сакаше да гризне а јас сакав да и го земам од рака а свекрва ми ме спречи како не е добро толку претерано да и бранам, некој доктор и кажал дека не било добро да и бранам и да ја плашам дека чоколадото не е добро ќе сум и направела психички проблеми итн... а јас имам уплав , многу ми е страв дека ке се научи на такви работи и цело време ќе ми бара може сега не сака ама незнам може потоа да бара и да не јаде ништо друго. Исто така многу ми е страв од лошиве болести што многу често се појавуваат било да е стар и млад, мислам дека и здравата храна има врска со ова. Сите се испорасправавме меѓусебно за на крај да рече - на сите ни треба психијатар Зарем е толку лошо што внимавам на моето дете , што се грижам за нејзиното здравје ? А мислам дека треба прво да се јаде ручек пап отоа вакви работи , треба и детето да си иѓа некоја програма а не секој што сака да прави!
Што ќе јаде твоето дете според мене е твоја одлука на пример ќерками не сака овошје го јадеше без проблем до 5,5 месеци и оттогаш со молење , па така нас денот ни поминува со лино за доручек, за ручек обавезно ручек со месо или жолчка ицел ог јаде за ужинка колење за овошје едвам 3 лажички , потоак исело млеко или јогурт на екс тоа г обожава и за вечера повторно јогурт со лепче, палента со кисело млеко, тарана и сл , и давами бисквити но поретко , понекогаш ја частам хумана пудинг, тоа би билоона нездравото до сегаи чат пат екое купечко сокче еднаш ан 3 месеци
ние претежно сме на здрава храна, насабајле јади овошје со фрутолино и 1-2 лажички мед, за ручек манџичка со мевце и леб, за вечера лино. од време на време знае да ми прави проблеми за јадењето, зависи од денот.... е сега понекогаш јади и смоки или квики, чоколадно многу ретко, не го сака. сокови најчесто му цедам од портокал или мандарина. и јас сметам дека се зависи од здравата храна и здравите навики кои се стекнуваат сега. Спојлер и јас знам нешто да му грабнам од рака, најчесто ако сака да грицка нешто пред да треба да јади оброк!
Јас се трудам моето дете да јаде здраво, барем колку што можам. Ама откако тргна во градинка, навиките му се сменија, многу сака слатки и чоколадо, јас не му давам, ама ете, кај баба и дедо добива се Од благо дома му давам овошје, домашни слатки од типот на гранола без шеќер, или домашни кекси. Ужинките во градинка се катастрофа, ама бидејќи дома доаѓа пред да ја јаде втората ужинка, најчесто си ја земаме дома, но не му ја давам, бирам здрави варијанти. Друг битен момент - немаше проблеми со столицата претходно, откако тргна во градинка детево има проблем, тешко оди по голема нужда. Дали е од храната во градинката (почнал таму да пие млеко, им реков да не му даваат), дали од нешто друго, не знам. Нема што не пробав од природниве начини за омекнување на столица, не помага ништо. Антибиотикот што го пиеше малку помогна, ама сега пак има мака детето. Не сакам да му давам масла или сирупи за тоа, сакам по природен пат да се регулира.
Немам сеуште деца но уште оддамна сум размислувала за тоа како би се хранеле. Дефинитивно без благо (чоколадо) односно што покасно. Што покасно-тоа поубаво. Во никој случај чипсови/смоки/соленки переци, за сокови освен природни не станува ни збор! Убедена сум дека навиките за здрава исхрана се стекнуваат уште од мали нозе. Спојлер Не дека јас ќе бидам некој пример ама до тогаш мора да се поправам Зашто и децата учат од своите родители!
Ova ne go pisuvam ironicno tuku prasuvam, kolku se zdravi onie cokolino, medolino, frutolino? Ne se polni sekeri? Ne sum kupila nikogas a gledam dosta gi upotrebuvate.
Ние ги користиме сите освен медолино и кексолино и чоколино лешник,заради лешникот и медот, и во кексолиното има мед иако е за 6 месеци, и сите ги имам пробано ниедно нее преблаго би рекла зам ој вкус се бљантави , ќерками ужива особено во рижолиното кое според мене има најужасен вкус, а бидејќи и единствено од сите лино храни има и железо не и бранам најчесто си го кркаме
и ние сите ги имаме пробано и сите мене лично ми се убави, а син ми ги јади најмногу чоколешникот, кексолиното и карамелиното. лешник и мед му имам даено така да не ми е проблем дека имаат тоа во составот. му имам и овесна каша од виталија купено , тие новите децките, ама не ми ги јади. а за млечен оброк со житарици да не се линото незнам што би му давала, друго ништо не ми јади.... а тоа колку се здрави е знак ? не се баш некој нај здрав избор, ама па нема што друго.
Сите тие мешавини и каши содржат непотребни состојки, не само шеќер, туку и емулгатори и адитиви. Подобро е да се купат и даваат чисти житарици измешани и по потреба сомелени (ако има потврди, како на пример јачменовите снегулки). Одлична замена за чоколиното е малку овес, какао во прав, цимет и млеко/бадемово млеко. Истото може да се измеша и со свежо цеден овошен сок, уште повкусно е така. Јас не давам од Лино производите, не купуваме такви, само чисти житарици.
За чоколината не знам, ама како што гледам по производите на Нестле за доручек на децата, несквик, коко попс, куки крисп, 25% е шеќер, цел четврт од грамажата на демек житарките за деца е чист шеќер, не ми се верува
Јас сум од неодамна на здрава храна, односно, го исфрлив белото брашно, белиот шеќер, млекото во неговата основна форма, значи не млечни производи, месни производи, не чисто месо, салами, паштети, се тоа, газирани и негазирани сокови кои се со шеќер, односно не 100 % без шеќери... Сметам дека ова може секоја една мајка да го применува за своето дете. Лебот е од брашно од рж и пченица, во моментов, иначе може и да се меша, да се комбинира, за вкус нејќам да коментирам, лудница е, вчера направив лепче и прсти изедовме со мм дома од што беше вкусно. Често го комбинирам со суво овошје и црна чоколада или со маслинки и семки, комотно можеш да си го јадеш само со јогуртче и едното и другото, јогуртот за да не биде само јогурт пак го јадам со аронија, една шака аронија изгмечена со вилушка во чашата и прелиена со јогурт, понекогаш и семчиња, купувам на Виталија микс од семиња, лен, сончоглед, сусам и семки, теглата цело време ми стои на работа. Наместо пица си правам исто тесто ко лебот, само го редам со маслинки, урда или сиренце, праз, патлиџанче.... Насместо благичко јадам суво овошје ама стрикно сушени без шеќер. Не е тешко, дури и за мало дете, целото бело брашно го заменив со мешано ржано и пченкарно Дури и палачинки правам од ова брашно
И јас сум за здрава храна. Основната храна ќе се состои од овошје,зеленчук и непроцесирна храна. Сокови претежно домашни, или купечки разредени со вода. Ама никако нема да дозволам да биде основен пијалок. Знам домови каде што мора да се има сок, и тоа накаде дури оној за растварање, и децата кога се жедни не бараат вода туку сок. Кај мене тоа нема да пројде. Како десерт би давала овошен јогурт, исто така направен дома. Или домашни слатки. Чисп,чоколади, смоки-никако. Медолино,фритолино, чоколино-такви работи не давам затоа што имаат мн шеќер и порадо би дала овесни житарици (имаа во кам едни мн добри, веќе сомелени, не знам дали ги има уште ) со јогуртче. И кај нас дома ќе важи правилото, ако не го изедеш оброкот не добиваш ништо друго. Вечното прашање со бабите и исхраната на децата. Јас сум кажала, мајката приметува, ако приметам дека и дава нешто што не би дала јас ќе има лутиш
Може ли некој рецепт за мешани житарки (мислам на однос колку со колку,на оние од кило) кои сами си ги приготвувате за доручек на вашите дечиња? Сакам да ми сомелат за малата ама да бидат на вкус примамливи
i jas isto sum za sdrava ishrana zosto mnogu vlijae za zdravjeto na deteto i pravilen rast i razvoj...moeto dete ima tri godini i za sega seuste zdravo se hrani...znaci smoki,cips,kupecki sokovi,pasteti,virsli i drugi takvi raboti NE MU DAVAM i nema da mu davam se dodeka mi e v race i jas odlucuvam sto da jade,edinstveno so blagoto imame problem mnogu go saka i go kontroliram kolku mozam mu dozvoluvam edno parce torta posle rucek ili red cokolado,seker seuste ne mu davam namesto toa caj sok i mleko mu zasladuvam so med,gledam da jade ovosje za rucek zelencuk so mevce ili nesto za nas sto imam prigotveno no bez zacini i taka...i mene mi se ima sluceno da mu zemam od race ona sto ne smee da jade na primer lizavcina eftini cokolatcina ili smoki i tie sto mu go dale me pravat budala no ne sum bitno deteto da mi e zdravo koj sto saka neka si kaze...
Прашањево не ми е баш за овде,но не се снајдов за каде. Некаде имам прочитано дека спаначот во комбинација со млечни производи го губи корисното железо во себе. Дали е вистина?
Напротив ,треба да се припрема со млеко,јогурт,павлака.Она што треба да се внимава е да се спрема непосредно пред оброкот и да не се подгрева.
Калциумот во млекото и млечните производи го оневозможува искористувањето на железото воопшто. Од друга страна, во комбинација со спанаќот ги врзува оксалатите и овозможува нивно исфрлање во вид на нерастворлив калциум оксалат за да не се оптоварат бубрезите (оксалатите се едни од виновниците за бубрежни камчиња). А така врзан калциумот може да нема влијание врз ресорпцијата на железото, барем не толку големо. Мислам дека така прочитав некаде, ама немам поим на која страна беше тоа.
И јас мислам така нешто имам прочитано,затттоа почнав без јогурт да го јадам. @lunicka сигурно е во право аннантх.Или да чекаме трет одгоор?
Jas frutolino medolino i takvite ne mu gi davam t.e ne mi gi saka zato dorucek palenta griz Kuś Kuś so biło kakvo ovosje kinoata e mn zdrava isto so bilo kakvo ovosje proso i toa moze za rucek domasno prigotveno jadenje sokovi isklucivo sokovnik samo za setanje kupecki rastvoren so voda. Čokoladu i smoki slabo dali edno zivotinsko na edna nedela i smoki samo baba mu mu dava ako ne jadę pa go laze