Здрава храна

Дискусија во 'Храна и пијалоци' започната од Ariel, 10 февруари 2010.

  1. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.253
    Допаѓања:
    24.163
    Дали се храните здраво, и што според вас е здрава храна? Колку здраво е доволно здраво?

    Дали е доволно да се јадат повеќе овошје и зеленчук, да се избегнуваат мајонез, колачи, газирани сокови и слично, или комплетно откажување од тие работи и конзумирање макробиотичка храна?

    Јас се трудам да се хранам колку - толку здраво, ама имам уште многу работа на себе :D Избегнувам пржена храна, маснотии, се трудам да јадам овошје и зеленчук, избегнувам сокови - освен природно цедени, ама сепак од време на време знам и да се напијам кока кола, да тркнам до мекдоналдс, и да каснам некој ред чоколадо...

    Тоа што ме загрижува е фактот што храната (и нездравиот начин на живот генерално) во последно време се посочува како причинител на најголемиот број современи заболувања, но од друга страна здравата храна не е толку достапна како нездравата, па тука се и желбите на луѓето околу мене - а сама да јадам нема смисла :D
     
  2. LaFille

    LaFille Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    51
    Се трудам колку толку здраво да се хранам, особено откако накачив некое кило повеќе после раскинот на една врска...Сега, на сабајле јадам овошје, и иако на почетокот ми беше ужасно тешко, сепак организмот ми се навикна...За ручек најчесто е некоја варена или печена храна и обавезно салата. Доста често ги забораваме салатите и супите, а тие придонесуваат побрзо да се најадеме и да се чувствуваме сити...Најважно е да се избегнува лебот, а ние сме лебарска нација па некако тешко ни оди тоа...А и мора да признаеме дека здравата исхрана е поскапа од брзата храна, па доста често правиме пресметка што повеќе ќе ни се исплати...
     
  3. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    4.303
    Пол:
    Женски
    Па и не е толку поскапа ама ние не сме свесни што здраво, не мора во зима да јадеме увозен зеленчук, имаме зимница полна Ц-витамин ама не си ја цениме, не мора јагоди во зима, си имаме јаболчиња наши а и бананите не се скапи :D
    Во главно секоја храна што не е термички многу обработувана е здрава, ама немаме навика за конзумирање здрава храна.
    Освен храната треба да имаме и навики за здрав живот, малку повеќе пешачење а не до продавница со кола, веслосипедите скапуваат во подруми, сите сме зависни од козметика а што се нема во тие млека за тело. Мене ми излегуваа флеки од млеката за тело па ги заменив со масло, го има во аптеки и некои продавници, има бадемово, кантарионово, маслиново, чичково..... каква разлика има неможам да ви опишам ,природно си е природно. Сега од козметика користам само шминка и тоа само кога морам.
    Треба малку повеќе да внимаваме на здравиот живот и здравите навики бидејќи се позагадена ни станува околинава. Во други земји се водат огромни кампаи за здрав живот а нас тоа ни изгледа смешно.
     
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    3.879
    Допаѓања:
    4.038
    Ohhooo mnogu interesna tema, bravo Ariel. Ok e zdravata hrana no mislam deka ne e se vo ishranata tuka ima i dr. faktori koi vlijaat na zdraviot zivot. Kako prvo stresot, nervozata, nedovolno spienje i po nekoj porok koj go ima, eve na pr, jas cigarite :). Vo red e ovoshjeto i zelencukot ama treba sekoj den da vnesuvas dovolni kolicini a dali toa go pravime....
    Mislam deka ne treba da bideme "robovi na hranata" i ne e grev ako eve na pr ispies koka-kola ili jades tost...
    Zdrava hrana mislam deka e navika i nacin na ziveenje, a i da se razbereme poskapa e, zavisi koj moze da si dozvoli i kolku moze da si dozvoli..............
     
  5. babyketi

    babyketi Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    608
    Откако кацив ЈАКА килажа после раѓањето на мојот син ,го сменив начинот на мојата исхрана.
    Од јадењето и пиењето исфрлив многу работи ...Не пијам сок -никаов,не јадам пица,тестенини ,грицки и сл.
    Откако тргнав на работа се соочив ,за мене,со сериозен проблем.
    Сите јадеа многу.Ај сто јадат многу,туку и јадат само сендвичи ,кифли..никако да се навикнам...
    Многу е теско ако сакас да јадес несто квалитетно тоа да го направиш на работа,барем јас така мислам...
     
  6. manevska.mila

    manevska.mila Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2010
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    18
    soja definiticno :))
     
  7. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.899
    Допаѓања:
    9.136
    Пол:
    Женски
    Ние денес се храниме нездраво,јадеме се и сешто,да не зборам за Мекдоналдс и сите сендвичари каде што се подготвува брза храна и отстоена со денови,значи ништо свежо и тазе,пиеме газирани сокови,посебно кока кола од газираните кои што содржат кофеин а се штетни за организмот,кафе,капучино,месо,особено сојата која е штетна, обавезно јадеме што на некој начин е и штетно и нештетно.Поголем дел од нив се канцерогени,затоа и се појавува ракот,не е случајно.Едноставно јадеме и пиеме се и сешто како нашево тело да е канта за ѓубре па фрлај се што треба и не треба и нормално дека ке се појавуваат болести.Јас ништо од тоа што набројав не конзумирам,затоа што до толку станав свесна,да за секое јадење мислам што содржи и дали е здраво.Туку секогаш кога болеста ке ни тропне на врата,тогаш одеднаш се свестуваме.Да не зборам за сите реклами за кока-кола што ги даваат,сето тоа го прават заради профит,било што не само за кока-кола.Тие рекламираат а на вас останува што ке јадете,дали здраво или нездраво.Затоа и постои интернет,книги,енциклопедии,каде што пишува што е здраво,штетно итн.Рекламите се само заработувачка ништо повеќе.Зарем во минатото луѓето јаделе месо,печење,се што се јаде денес и размислете дали и колку имало болести како што денес има.
     
    На Just.you му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.253
    Допаѓања:
    24.163
    Во право си Гордана, само тоа мислам дека одзема премногу време, треба да планираш се однапред, а тоа не е лесно. Особено ако другите во семејството сакаат да се хранат здраво.

    А ти што јадеш вообичаено? Во темата за овошје пиша дека ретко јадеш овошје. И од кога внимаваш толку на исхраната? Како стана свесна, ти влијаеше ли нешто?
     
  9. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.463
    Се трудам што поздраво да се хранам, а со тоа мислам да не консумирам газирани сокови, чипсови, грицки, препржена храна, конзервирана храна и сл.
    Но, скоро секоја храна има адитиви и покрај тоа што пишува „Здрава Храна“.

    Адетивите (емулгаторите (Е)) се користат за конзервирање, за подобар изглед и вкус на прехрамбените производи.

    ПРЕДИЗВИКУВАЧИ НА РАК: E 216, E 217, E 131, E 142, E 210, E 211, E 212, E 213, E 215

    ЗАБРАНЕТИ: E 103, E 105, E 111, E 121, E 125, E 126, E 130

    СОМНИТЕЛНИ: E 104, E 122, E 241, E 141, E 171, E 173, E 180, E 320, E 250, E 251

    ПРЕДИЗВИКУВААТ ПОРЕМЕТУВАЊЕ НА ЦРЕВАТА: E 221, E 222, E 223, E 224, E 407

    ШТЕТНИ ЗА КОЖАТА: E 226, E 231, E 232

    МНОГУ ОПАСЕН: Е 123

    ПРЕДИЗВИКУВААТ ОСИП: E 311, E 312

    ПРЕДИЗВИКУВААТ ПОРЕМЕТУВАЊА НА ЖЕЛУДНИКОТ: E 322, E 339, E 340, E 341, E 450, E 461, E 462, E 463, E 465, E 466


    Па проверете што точно јадете.
     
    На meckicka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.899
    Допаѓања:
    9.136
    Пол:
    Женски
    Јадам домашна храна,мислам што се готви дома,домашни јадења,не јадам од сендвичари,Мекдоналдс,веќе не пијам газирани сокови,порано значи од пред 3 години пиев кока-кола,која ја конзумирав баш како вода и други газирани пијалоци,месо не јадам,риба не јадам,неможам да ја поднесам,вегетеријанец сум.Зеленчук јадам,ете споменав во мојата тема за овошје дека ретко јадам,дури може да се случи и да не ми текне на овошјето,незнам зошто така,но понекогаш не чуствувам потреба,едноставно не ми бара организмот.Што влијаеше на мене? Јогата влијаеше,која ја практикувам веќе три години,обичната ( хата) јога и јога каде што се работи со чакрите ( 7 нервни точки кај човекот кои придонесуваат за намалување на стресот кај човекот,како и за зголемување на свесноста,)иако и стресот,нервозата придонесува во појава на болестите покрај храната,во зависност од тоа што јадеме.Размслував многу за тоа зошто и што би можела да биде причината за појава на болестите,ете пример цистите кај жените се појавуваат но не се знае од што,дали самиот организам сам ги создава или пак од нешто друго е причинителот,си мислев зошто како бебиња или како деца сме здрави а отпосле се јавуваат болестите.Сега нормално и дека читам во врска за храната.Незнам дали сте приметиле,кога се раѓаме,се раѓаме не секогаш без коса и без заби,на ист начин и умираме.Да кажам и дека лек за ракот има,тоа е витамин Б17 ( има на гугл за овој витамин) го има во семките од овошјето,но не го кажуваат лекот заради профит,истото важи и за други болести.Ако имаш книга од Рика Зараи,можеш да видиш и во неа има многу начини на тоа како здраво да се храниме.
     
    На Cence и biggirlsdontcry им се допаѓа ова.
  11. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.253
    Допаѓања:
    24.163
    Вчера прв пат ја посетив веб страната на Виталија и многу ми се допадна, па мислев дека не е лошо да ја споделам со вас. Опишани сите производи, и за што се користат.

    www.vitalia.com.mk

    Исто така има една веб страна на која може да се најде составот и нутритивната вредност на речиси секоја храна. Мене многу ми се допаѓа. Ја имам ставено во темата броење калории кај диетите бидејќи многу помага за слабеење, но ќе го ставам и тука бидејќи навистина помага човек да се храни поздраво, и да ги внесува препорачаните дневни дози на поважните витамини и минерали.

    www.caloriecount.about.com
     
    На macence85 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    330
    Во последно време навистина здравата исхрана стана тренд, толку многу не бомбардираат со информации по медиумите што едноставно не можеш а да не се замислиш дали се храниш правилно, дали внесуваш се она што му е потребно на организмот или дали внесуваш непотребни материи, храна која содржи токсини, тешка е за обработка во организмот , ги оптоварува органите за варење, а и жлездите- првенствено јетрата која игра огромна улога во метаболизмот, пред се детоксификацијата... Значи неможеме да не сме свесни во денешно време што се ни се нуди на пазарот како храна. 70% од сето она што се нуди на пазарот е во блага форма речено отров. Навистина, на организмот му задаваме повеќе работа да се ослободи од токсините кои ќе не затрупаат внесувајќи ја цела таа храна, корист нема да има никаква-освен онаа енергетската, а нутритивна вредност никаква. Храната и се она што го внесуваме ни го диктира здравјето. Сметам дека мноогу болети настануваат како резултат на неправилна исхрана(се разбира и генетиката има тука врска). Затоа подобро е да се спречи тоа, да се чува здравјето додека го имеме, да си го заштитиме организмот онлку колку што можеме.
    Јас не сум приврзаник на некој одреден тип на храна, не сум приврзаник на ништо што е радикално. Јас сум за умереност во исхраната. Значи никако прженици, храна богата со заситени масни киселини, шекери, вештачка храна, храна со конзерванси, вештачки додатоци во храната... Претежно јадам готвено дома, освен кога морам да јадам надвор, а тоа гледам да е нешто повеќе на салата со некоја тестенина, грешам и со пица понекогаш... Јадам мнооогу свежо овошје и зеленчук, јадам житарки, семиња секакви- ги сставам во супи или во печени лепчиња, кифлички(приготвени од 50-50% бело-интегрално брашно), јогурт пијам, млеко не, месо јадам еднаш до два пати неделно (динстано најчесто со еден куп зачини), риба-печена без маснотии... Благо јадам, од благото неможам да се откажам, но не претерувам. Јадам скоро секој втор ден, знам дека е можеби многу но не јадам количински многу. Доволно ми е сосема малку ако ме задоволува вкусот. Газирани сокови не пијам никогаш, ниту пак вештачи напитоци. Кога купувам надвор купувам овошни 100%, иако и тоа е дискутабилно, затоа си цедам дома (најчестово зима кобминација од цвекло, лимун, портокал, морков, јаболко)...
    Отприлика тоа е мојот начин на исхрана за кој јас сметам дека мене ми одговара и е правилен, умерен, без оние продукти за кои со сигурност се знае дека се предизвикувачи на многу несакани појави во организмот.
     
  13. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    311
    Da proizvodite od Vitalia se mnogu dobri....jas koristam ovesni, pcenicni snegulki, gi jadam tie chocholate bar musli.....lele predobri se...so kafeaf seker, calcium i magnezium...em zdravi em blagicko mmmm!
     
  14. Marissa24

    Marissa24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    9
    Дечки и јас во последно време многу сакам здраво да се исхранувам, зашто многу подобро се осеќам така... а кога јадам некакви благи тогаш не се осеќам убаво... нели викаат одма откако ќе го изедеш си среќен и после си несреќен епа ја ни коа ќе го изедам не сум среќна а многу сакам да вкусам, ама не можам јас да земам една коцка чоколадо или едно мало колаче.Ако земам едно ќе ги изедам сите :D Ама коа си малце гладен е супер чуството, и кожата ти изгледа поубаво и се! А на Виталиа производите се супер, многу се вкусни а и здрави, ама сушеното овошје јас најмногу го сакам ама не можам да го јадам зашо после од шолја не станувам, а поубаво ми е и од чоколадо... :| Тоа ти е, битно е да си се осеќаш добро у своја кожа, а тоа лесно се постигнува со здрава исхрана :)
     
  15. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    137
    хмммм според мене најздрав начин на исхрана е вегетеријанството и нормално да се намалат слатките, да се користи помалку зејтин и тоа е тоа :)
     
  16. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    137
    хмммм според мене најздрав начин на исхрана е вегетеријанството и нормално да се намалат слатките, да се користи помалку зејтин и тоа е тоа :)
     
  17. Marissa24

    Marissa24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    9
    Pa tocno meso jadele lugeto vo minatoto :)
     
  18. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.382
    Јас не сфаќам како може месото да биде дел од нездрава исхрана. :^) Нормално со претерано консумирање се' е нездраво, но доколку количината е контролирана и е приготвено на скара или варено, дефинитивно ќе му направите услуга на организмот.
    Се трудам да се хранам поздраво, повеќе овошје и зеленчук, житарки, многу вода и зелен чај.
    Избегнувам пресолена, препржена храна, претпочитам маслиново масло, наместо сончогледово.

    Од брза храна единствен порок ми се пилешки прстиња, кои во комбинација со сос ми се слатко неодоливи, а така нездрави :( . Инаку од другото не сум фан ниту на хамбургери, буреци, можеби само некогаш си дозволувам пица.

    Сметам дека не треба да се претера ни со здравата храна... И мрсничко му треба на телото од време на време ;)
     
  19. zvezdakoska

    zvezdakoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    56
    Месото е здраво, баш како што Трендафилчето напишала само во нормални количини. Е јас јадев месо денеска. А за вегетаријанците, тие потешко ги примаат витамините, минералите, протеините и да не набројувам понатаму, бидејќи не јадат месо.
     
  20. fairytale

    fairytale Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    23
    Не знам за вас али јас јадам единствено вегетаријанска храна и во животот немам примено ни една од оние вакцини што ни ги даваа у школо па до сега се немам разболено. Уверена сум дека е до исхраната и ќе продолжам така да се хранам до крајот на мојот живот. ;)
     
    На Fitteen му/ѝ се допаѓа ова.