воопшто не се хранам здраво,а многу сакам. Обично јадам дома и јадам зеленчук и јадења со него,но кога излезам надвор јадан се и сешто
Сакам да прасам дали некој јадел вакви снегулки... http://www.vitalia.com.mk/default-mk.as ... A485EED140 јас ги јадам долго време,ама пред некој ден баш ме виде една другарка и ми вика "шо јадеш" и кажувам овесни снегулки...и ме збуни целата кога ми рече дека брат и јадел такви...пошто билдал и демек за да се "надуе" ....е сеа незнам дали да продолжам да ги јадам,а јас колку со знам,се диетални...
Јас јадам вакви снегулки Си ги правам со млеко и пасирано овошје и баш е вкусно. Нема врска дека ги јадат и ''билдери'', т.е тие мораат да се хранат здраво. Ист е режимот на исхрана и за оние кои сакаат да се поправат и за оние кои сакаат да ослабат (така сум слушнала од нутриционистката Цвета Динева). Слободно јади ги ако ти се вкусни и не се грижи дека ќе се здебелиш
За билдери има други житарици(снегулки) кои се калорични...Јас јадам најобични житарици без никакви додатоци во нив..Незнам како се викаат,ги купувам од Кам...И баш ме заситуваат и некогаш ми заменуваат и цел оброк..
Се трудам да јадам здрава храна,колку што можам и колку што ми дозволуваат условите.Јадам овошје и зеленчук од нашата градина и сметам дека е тоа од голема предност.
фала ти butterfly.mimi...да иначе и мене ми се мн вкусни и ги јадам долго време,баш и затоа се замислив...ок значи грешно ме информирале
Бре ова што не ти имало бе во хранава А во смокиве што ги јадев ама баш ко за чудо не се спомнува ништо од ова
Мислам дека и во смоките има дел од горенаведените емулгатори.Обично кај секој производ пишува кои емулгатори ги содржи,односно дали има или нема емулгатори,треба да се внимава,сепак колку и да изгледа вкусно храната,доколку веќе ги содржи тие емулгатори,истата да не се конзумира.Истата листа со наведените емулгатори и нивната функција ја имам дома,познати ми се секако избегавам чипсови итн.Сепак на нас ни е кажано што е штетно,а што не, но од нас зависи каква храна ќе конзумираме, а со тоа следуваат ефектите од истата
Искрено воопшто не внимавам на храната, а баш би сакала да се хранам здраво. Едноставно јадам што ми се јаде и многу ретко обрнувам внимание на составот на истото
Јас последниве години се научив само здраво да се хранам,затоа што не за џабе рекле ко ке се изгориш и на ладно ке дуваш Па така консумирам само цедени сокови, многу овошје и зеленчук,црн леб, а избегнувам прЖена храна, освен јајце , потоа мајонези, салами, освен шунка или оние пушени, а исто така земам и витамини посебно спирулина (најдобра е за имунитет ) А за благото секако дека го земам, ама во помала доза, посeбно црното чоколадо A да, да напоменам не моЖам без чаша какао насабајле
http://www.tvinx.com/tajna_je_razot...5.hr?sms_ss=facebook&at_xt=4d31f65ce1b69deb,0 Погледнете го видеото. Можеби не се навистина во толкав процент застапени сите тие вештачки адитиви во индусртиски обработената храна или пак штетноста на генетски модифицираната не прави баш толку големи последици по човечкиот организам, но сепак ќе ве натера да се замислиме што јадеме. Зошто девојчињата влегуваат во пубертет на 8-9 години, наместо на 12, зошто се болестите во огромен пораст, зошто стерилитетот е е позачестен кај двата пола и зошто просечниот животен век е намален за 20 години во однос на една до две генерации претходно... Вреди да се замислиме. Неможеме многу да промениме, но можеме барем малку да се заштитиме себеси , имајќи ги сите информации.
не се хранам здраво, знам, ама ете... од сега ветувам(т.е. си ветувам) дека ке се потрудам да јадам само здрава храна!
Зна4и се обидувам да се хранам здраво и колку толку ми оди, зна4и здраво е се што е овошје и зелен4ук, житарките се супер, органски одгледувана соја, а месото не е баш здраво и не треба да се претерува со него. А ина4е мн е важен и на4инот на подготовка нормално дека брокулата или кромидот нема да бидат здрави ако ги испржиме во зејтин, туку ќе бидат здрави само ако се свежи, и така јас многу, многу ретко пржам нешто, всушност скоро воопшто не пржам, само ептен кога не знам што да јадам пржам јајце, ама оби4но варам јајца, а и не јадам мн јајца и така....
Малку надвор од темата ,но девојки дали знаете колку е здрав и што е позитивното кај овошниот јогурт.Сега секое утро доручкувам јогурт,па мислам дека е добар .
Се хранам здраво колку што можам. Салатите се присутни со секој ручек. Овошни јогурти, овошни салати, помалку конзумиран брза храна.
Во последно време практикувам што е можно повеќе да конзумирам здрава храна. Барав малку низ интернетов и најдов интересни страни за здравата храна: http://www.maxid.com.mk/semejstvo/ Лево има подкатегории каде можат да се најдат интересни информации. http://www.kulinar.mk/kategorii/statii/ ... Hrana.html http://www.vidivaka.com/index.php?optio ... Itemid=124 И стварно е жално што во останатите теми за хамбургери,пици и не знам таму што се тепаат да напишат колку се „дават„ во таквата храна,а бројот на мислења во теми како здрава храна,овошје и зеленчук е многу помал.Тоа е..
Mislam deka kolku pozdravo se hranis,tolku povekje ke ima rezultati vo podocneznite godini,kako za zdravjeto odnatre taka i odnadvor
Абе ништо убаво нема да излезе од сите тие мрсни сендвичи, помфрити, чоколади, газирани сокови... Ако не сега, нездравата храна ќе си го земе данокот многу подоцна. Кога на 40-50 година ќе станете дијабетичар, со покачени маснотии и триглицериди и нема да можете да се искачите 10 скали без задишување и болки во колената и половината, ќе сфатите колкаво е влијанието на нездрава исхрана. Јас сум за златна средина, не сакам да забегувам со сите тие емулгатори, манијачно да читам по опаковките и да забегувам, ама не би купила бре готови тестенини во ќесичка со сос - само пуп и готово е, апла вештачки производи, оние конзервирани готови јадења, како гулаш или грав... зошто ни е сето тоа, грав може да се свари и без тешки запршки, месото не мора да е препржено, пресолено, може да се пече со минимална количина на масло врз хартија за печење или под фолија... зошто никој не дава предност на риба или туна, туку сите порачуваат пица и хамбургер, или јаболко и житно чоколатце, наместо милка или торта... Нормално дека вториве имаат подобар вкус, но за здравјето се работи. Овошје, зеленчук, вода, чаеви, мешунки, житарки. Од пороците сосема го исфрлив газираното, а грицките и чипсот се многу поретко на мени, 1-2 пати во месецот. Не консумираме бел шеќер со години, но сосема сме навлечени на вештачки засладувач, т.е. натрен. Мислам дека тоа е дури полошо.