1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Здрава храна

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Ariel, 10 февруари 2010.

  1. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    13.216
    Пол:
    Женски
    Грижата за квалитетот на храната што ја внесуваме треба да е дел од културата на живеење. Додека бев помлада не размислував многу, битно ми беше да не сум гладна. Но, како минуваат годините, сфаќам дека секоја негрижа си носи последици по здравјето. Плус како домаќинка имам одговорност кон семејството, а особено кон детето.

    Се обидувам да се хранам здраво колку е тоа возможно во денешни услови.
    Внимавам да доминира домашната храна, што помалку брза храна, избегнувам пржено, солено, масно. Готвам повеќе варива, наши традиционални јадења. За среќа, син ми јаде скоро се, а посебно јадењата кои обично младите ги мразат - леќа, боранија, грашок, спанаќ. Но, нормално понекогаш си сака и гиро, пица, хамбургер, но не пречесто.

    Но, имам и некои правила од кои не отстапувам. Во нашиот дом супа од ќеса никогаш не се користи. Исклучиво домашна со многу зеленчук, од коска, телешка. Цеден сок од портокал, лимон и цитрон, незасладен ни е нешто задолжително за добро утро. Бел шеќер освен за десерти, воопшто не користиме, но затоа пак не можеме без мед. Грицки, чипсови, такви работи, кај нас не се купуваат и не се јадат.
    За квалитетна храна спремна сум да платам и повеќе. Подобро ќе купам квалитетна морска риба од Веро, одколку некој замрзнат ослич од којзнае кое море.
    Во однос на овошјето и зеленчукот гледам да го набавувам од луѓе кои ги познавам, или од познати тезги на пазар од кои сме задоволни.

    Но сепак во денешни услови кога се живо е загадено, навистина е прашање колку можеме да веруваме дека она што го јадеме е здраво. Ако почнеме од лебот кој ни е основен продукт, а речиси сета пченица е веќе генетски модифицирана. Пред некој ден купив јаболки од еден маркет, ме привлекоа со изгледот, убави да тие е мерак да ги гледаш. Кога земав да ги мијам, гледам делуваат како масни. Абе ги мачкаат со некои восоци, масти да бидат полични и да не се сушат. Ми се идеше да ги заџиткарам. Се удрило на профит, а дали се храниме здраво, навистина не можеме да бидеме сигурни.
     
    На joy1, Annath, Cence и 7 други им се допаѓа ова.
  2. marija.hana.una

    marija.hana.una Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    35
    :hai: Кога сме кај здравата исхрана, се трудам све што внесувам да е здраво. Последниов месец особено консумирам јатки и сушено овошје. Верувајте се убива секоја потреба за чоколадо и све остало од таа фамилија (барем мене ми успева). Многу овошје и зеленчук, дури и премногу ако споредам со некои диети кои ги декларираат као режими за здрава исхрана.

    Ама, нормално живи суштества сме, се прават грешки јбг. Браво за оние што контролираат тие грешки да бидат минимални, но повеќето се навлекуваат на таква нездрава храна, која е така вкусна и примамлива. На почеток те крева до плафон, за после тоа пак да посакаш. Заради тоа, моето мото е воопшто да не пробувам. Ќе ми бидат благодарни и цревцата, и кожата и црниот дроб, ма све...

    Некоја од девојките праша за мислење за овошниот јогурт. Подобро земи обичен и сецни некое овошје внатре, и те како може да биде вкусен.
     
  3. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    535
    Пол:
    Женски
    Ако се хранам здраво не знаци дека треба да ја макробиотика,јадам свезо овосје најцесто во соковник го средувам и го пијам,зеленцукот го јадам направен во салата или обарен со сол,кај мене доминира зелена боја во зеленцукот(зелка,марула,брокула,кељ),јадам манџи во кој ставам лук секогас,супи обозавам секакви и крем и обични,од благо јадам мед а во медот изрендано рен.Секако дека некогас и милка цоколадце добро ми доаѓа.Од Виталија насата продавница за макробиотика скоро нисто не јадам мусли од време на време со млеко...и тоа е тоа :)
     
  4. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Здрава исхрана

    Мојата здрава исхрана е на најниско ниво, да се пофалам ако е за фалење, но еве од денес си ветив дека ќе се исхранувам здраво, ќе намалам со прженици, чипсови, тостови, чизбургер оброк од мегдоналс ;(
    али што се мора, се мора!
    Еве како би требала да изгледа пирамидата на исхрана:
    [​IMG]
     
  5. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Здрава исхрана

    ептен се хранамммм задраво..дури мајка ми ми вика дека претерувам :rofl: ..Т.Е.Таа како мајка секад ми вели дека претерувам и коа јадев ко луда и сеа коа јадам нормално..
    за доручек јадам овошје до 12-13 h..првите 7-8месеци јадев до 16.00 али сеа више ми се пријадува па ручам у 14.30 или манџа или рибче нешо...али никако мешање на храна или со леб :sweat: .............. :sweat: ..........За вечера ако ми текне да јадам ПС.откако почна ВЕЛИЧЕСТВЕНИОТ вечерам..или овесни со јогурт или пола или пак помалце од пола од ручекот или суво грозје или како последно на листата чаша до две јогурт...
    И така 2 до 3 саата пред спиење не јадам и пијам по едно на ден мултивитамин и мноооогу вода..СОК СО ШЕЌЕР НИКАКО :tmi:
     
  6. Okica

    Okica Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2012
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    477
    ALESIL дали со тој начин на исхрана ослабе и ако ослабе колку кг. за колку време? :)
     
  7. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    535
    Пол:
    Женски
    Според мене нема врска ако јадес црн леб или интегрален или не знам си каков е здрав за разлика од белиот,така и за кафеавиот секер,сметам дека тие работи се усте по нездрави од вообицаениот леб и секер
     
  8. Saani

    Saani Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    37
    Јас не се хранам баш здраво :lol:
     
  9. Dazey

    Dazey Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2011
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    123
    Интегралниот леб е направен од цело зрно и содржи многу хранливи состојки, додека пак белиот леб е направен само од срцевината на пченичното зрно, има само 7 хранливи состојки и веројатно многу повеќе адитиви. :) - Барем јас така знам.
     
  10. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.638
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    Јас не се хранам баш здраво
     
  11. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163
    Јас пак имам слушнато дрека белиот леб нема апсолутно никаква хранлива вредност додека црниот има поради семките и незнам што се ставало во него...
     
  12. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Поголема грешка здравје! Белиот леб се прави од бело брашно, а тоа пак се прави само од скробниот дел на зрното, се друго како витамини, минерали, растителни влакна е отстрането.Интегралното пак ги има сите 100% состојки од целото зрно и има многу поголема нутриционистичка вредност од белото.
     
    На Mama25 и DeMelo им се допаѓа ова.
  13. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.551
    Допаѓања:
    21.642
    Пол:
    Женски
  14. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    535
    Пол:
    Женски
    Можно е да сум грешка...како и да е не јадам ни бел ни црн леб :D
     
  15. Dona-Ares

    Dona-Ares Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    Се трудам колку толку правилно да се хранам и секогаш има ефект кога се исхранувам правилно...повеќе овошје,зеленчук,варено...
    чоколади и мајонези кога јадам веднаш се гледа помрсна ми е кожата,знае и понекоја бубуљица да ми излезе...така што секогаш кога можам гледам правилно да се исхранувам,тоа и на ќерка ми и го вметнувам зашто девојче е и треба да влегува во пубертет...па да си нема потоа проблеми со прекумерна тежина а и со нередовна и брза храна!!
     
  16. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    Пола-пола
     
  17. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    сакам да се хранам здраво,али понекогас не ми успева. :^)
     
  18. Dazey

    Dazey Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2011
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    123
    Се убидувам да се хранам најздраво што можам, и тоа се приметува на мене, а во врска со лебот - интегралниот леб е многу поздрав од белиот леб, како што кажа една феминка погоре во белиот нема никакви здрави хранливи вредности.
     
  19. the-girl1

    the-girl1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    1.297
    Допаѓања:
    664
    Се трудам да се хранам најздраво што можам. :)
     
  20. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    876
    Пол:
    Женски
    Јас внимавам да се хранам здраво и мислам дека успевам колку-толку. Најосновно е што многу ретко јадам брза храна, можеби еднаш во месецот јадам надвор од дома, а денот не ми минува без овошје и не ручам без салата. Газирани сокови избегнувам, пијам главно вода , единствено грицките ми се слабост :$ ама и нив ги прејадов веќе и не ми се толку вкусни па затоа и ретко ги купувам.
    Баш поради ова имам многу јак имунитет, а и на надворечниот изглед има многу влијание.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.