Леб не јадам, пецива исто така, овошје многууу особено киви и потрокали Но без благо не можам Така да ништо од мојата здрава исхрана
Општи прашања Каде во околината на центар има продавница за здрава храна? Или пак ако сте виделе некаде по маркетиве овес да ми кажете каде, пошто до сега нигде не можам да најдам
Јас лично за здрава храна ја сметам онаа која е природна,не е индустриски преработена и е зготвена на соодветен начин.Прехранбената индустрија ни сервира буквално ѓубре и храна со никаква нутритивна вредност.Што мислите што се случува со гадните и валкани остатоци од заклани животни(тука спаѓаат органи,кожа.очи,мускули,црева со сета содржина во нив )? фино ќе ги измелат до непрепознатливост,малку вештачки бои,ароми и повелете народе салами и виршли.Не се вкусни сами по себе мелените уши и опашки ,туку вештачките ароми.Ако здравата храна не ви е вкусна сте ги утнале зачините.Малку лукче,оригано,босилек,нане,мајчина душица ќе направат голема разлика,па дури и на обични печени компири.Кога природата ни нуди толку вкусни и ароматични продукти зошто да јадеме ѓубре?Зошто да се труеме?
Дали некој од вас користи во исхраната амарант, киноа, хељда и слични житарки? Може ли некој да ми каже некој рецепт и како се подготвуваат?
Овес? Овес имаш секаде..Веро,Тинекс,СП,Рептил,Стокомак...Инаку продавница за здрава храна имаш во ГТЦ,на 3 спрат.Биона се вика,а денес и утре имаат и на ВегеФестот штанд тие..ВегеФестот е во Ла Кања,во Чаршија...
Јас многу јадам задрава храна но не пијам многу вода можеби 4 или 5 чаши на ден а треба 8 и повеќе мене ми кажа мојата докторка да пијам на ден 2 литра вода ама ете незнам зошто ,пијам колку можам и пак е малку а не се чувствувам жедна
Се трудам да се хранам здраво колку што ми дозволуваат можностите.Не јадам леб,некогаш јадам црн или ржн но најчесто двопек.Не јадам прженици како пржени јајца,компири и слично.Гледам да јадам овошје колку толку но знам дека не е доволно.Без благо не можам дефинитивно.Брза храна јадам многу ретко 1 до 2 месечно.За сега е тоа бидејќи такви ми се можностите,но би сакала комплетно да ја сменам исхраната.И никако да се навикнам да јадам повеке пати во помали количини.
Признавам дека темава ми е опсесија Веќе две години се раководам по некој свој режим на исхрана( мада порано бев поригорозна до степен кој повеќе не беше здрав ). Секое сабајле чаша вода со лимон и ѓумбир , и уште многу вода плус . Денот го почнувам со сезонско овошје и цимет , а по околу три саати јадам овесна каша ( која ја правам на милион начини ). Всушност од житарки едино овес јадам - леб, пецива ( иако ми сака душата ) - не ! До ручек имам обавезно ужинка - шака јаткасти или салата со зеленчук ( само со малку сол ), а деновиве печена тиква . За ручек мешунки , спанаќ, некој микс од зеленчуци , супи ( исто домашни ) , печурки во рерна , омлет со зеленчук ( со капка масло ) , риба до два пати неделата , месо - пилешко, печено исто без масло ( многу ретко , скоро на две недели ) . И многу сезонска салата ! Од млечни производи ( кои ми се слабост ) - јогурт и млеко речиси секојдневно, урда на Идеал шипка која ретко можам да ја начекам, и еднаш до двапати некое сиренце, особено во грчка салата . Освен нив, и црно чоколадо некогаш, не купувам ништо друго обработено во фабрика : кечап, мајонез, конзерви, месни преработки, грицки, слатки , индустриски сокови и тако даље. Ако сакам кечап си правам во блендер со домат,ленено семе ( му дава густина ) , лукче , оригано.. Ако ми се јаде благо си блендирам 1- 2 урми, малку лешници и какао - и имам Нутела бомбици ( абе сигурно ) Ама не озбилно вкусни се . Вода пијам многу, не се форсирам, ми се пие. Исто и зелен чај без шеќер ( или црн кога ќе снемам ) секој ден. Да не ми е на урок, деновиве кинисав да вежбам. Знам да забегам лево десно од време на време ( човек сум ), но секојдневието ми е погоре пишаното Едноставно во мојата дефиниција за здрава храна не спаѓаат: - индустриски преработки - пржење како метод за подготовка - рафинирани шеќери и масла
Divajn јас те подржувам во идеата и сметам дека сме на ист пат и двете. Инаку денес денов не се важи, изедов парче торта и едно колаче со бело брашно, нејќам ни да помислам што друго имаше во него освен брашното и шеќерот во прав кој со свои очи го видов, јадев дури и бел леб Ама виновен е тој проклет ПМС, немаше јас вака да се зезнам иначе. Си месам лепче, си се откажав фино лепо од белото брашно и белиот шеќер, си јадам прилично здрави оброци, одбивам нездрава храна, се до денес , и мислам дека полека полека ќе се одвикнам од глупостите кои порано ги јадев. Уште да се вратам на старата добра навика да не мешам видови на храна, протеин со скроб и слично
Колку и да се тешиме дека се храниме здраво,мора да си признаеме дека уствари и не се храниме здраво. Јас сум апсолутно ЗА за правење здрави замени,како на пример,бел леб со интегрален (ама домашен,не како обоениот од жито лукс),интегрален ориз наместо обичен итн. Здрава храна-сирова храна? Дали? Ако некој тврди дека здравите замени не се здрави а сировата е здрава за мене е шутрак,искрено.Стопроцентно е дека сировата е органска скроз,и нај нај најздрава? -Не. Ама пак за мене е врв да бидам веган. Туку,друштво еве ви група,да си помагаме. https://www.facebook.com/groups/631603773534123/
Здравата храна е и поскапа од брзата така што ретко кој се храни баш здраво али мора да се конзумира од се по нешто.Најважно е редовно да се внесуваат витаними и минерали во организмот. Јас како ќе бидам при пари така,иако повеќе готви мајками,кога готвам јас мора редовно да има салата на масата или ако зготвам некое месо гледам да биде што помалку мрсно
Не можам да се начудам на родител, кој своето дете го храни во Вили, Седмица, слични храни на бившиот Мекдоналдс, мајонези, пици, храна со емулгатори, родители кои купуваат чоколади и им бутаат во уста, им купуваат крофни полни со крем и чудо бел шеќер врз нив, паштети, месни нарезаци со конзерванси, тостови, помфрит од сендвичари пржени во зејтин менуван еднаш месечно...Мелено месо полно со сода и малце магаре во него, виршли и колбаси со нозе од кокошки... Зошто место чипс и смоки, не јадат моркови и лешници. Зошто место пица со кашкавал и салама, не јадат вегератијанска? Зошто место сендвичи од свиско-магарешко месо не јадат сендвич со пилешко на жар? Зошто мора купечки помфрит, кога дома само еднаш се прави во истиот зејтин? Зошто купечко кога може домашно пире? Зошто крофни со крем и шекер кога може колач од мед и лешници? Децата на школо јадат од блиската сендвичара и истото ги чека дома. Купечка супа, место зеленчукова со полно зеленчук исецкан во неа? После сите други се криви, освен родителите, оти девојчињата имале цицки на 9, а им расте брада на 15. Оти керките им се дебели на 14 и слабеат со никакви диети, а после им се анемични и трчаат по болници. Навиката од мали ја имаат. Родителите ја создаваат. Не викам да се оди во крајнот, ко 125 грама пилешко денеска и 4 кругчиња домат, туку да зготват нешто место да купат готово. Здравата храна не е на улица, не е во ресторан, туку дома, кај мајката.
Се трудам колку што можам да се хранам здраво. Најмногу гледам на тоа со секој оброк да јадам салата или вметнам зеленчук.После оброкот следи и овошје 2-3 пати дневно.Но со денешното динамично темпо кога почесто и не сме дома со саати, ни наметнува и хранење надвор каде најчесто изборот паѓа на брзата храна,башка и поевтина е.Мислам дека со здравата храна правиме добра инвестиција за која организмот еден ден ќе ни биде благодарен.И сите знаеме кои се последиците од нездравата храна.. така да треба да проработи свесноста кај секој од нас
Здраво, прашав и во друга тема ама да ве прашам и тука - Дали знаете каде можам да најдам природни прехрамбени бои за торти?
Се трудам колку толку да се хранам здраво.. Скоро секое утро пијам цеден лимон со млака вода, едно лажице мед со семе од коприва или мед со бадеми, лешници и ореви, 5-4 зрна аронија и бразилско оревче. За ручек обавезно обилна салата од крставица, брокула, карфиол, морков, спанаќ тоа што имам Иначе и јас знам да си каснам некогаш брза храна, но гледам да е поретко тоа.. обично кога седнувам некаде јадам ориз со зеленчуци.. Од страна на месо само риба и пилешко.. и тие поретко ги јадам.. Некогаш знам да си направам во блендер: банана, лажица мед, куркума, ленено семе, чиа, семки од тиква, сончоглед и може и др овошје за вкус малку.. Иначе си земам покрај бразилските оревчиња, обавезно бадеми, лешници, ореви, семки од тиква и сончоглед и семки од кајсија (горчливи) бидејки се многу здрави. Вежбам 4 пати неделно, пијам вода и чаеви. А знам да си каснам и некое чипсче и благо обавезно особено кога сум во пмс тогаш мислам дека се ми се јаде.. нормално самото тело бара помрсна и покалорична храна..