Се трудам да јадам здрава храна. Сепак од навиките стекнати до сега, човек тешко да се одвикне. Сега за сега, во бременоста, внесувам и овошје и зеленчук, но знам и да се опуштам со чоколадо и чипс. Имало периоди кога од мојата исхрана целосно сум го исклучувала лебот, конзумирав претежно салати, манџи и месо. Многу полесно и поенергично се осеќав. Да речам и посреќна. Обично на маса кога ќе седнеш негде на гости и кога ќе кажеш дека не јадеш леб добиваш еден чуден поглед Прженици избегнувам, односно се трудам. По сендвичари не сум се хранела никогаш. Од брза храна само пицата ме привлекува. Така да, тоа што го јадам дома спремено, сепак е поздраво од она што ќе го купиш во сендвичара.
Да, здраво се хранам и тоа ми е задоволство. Не значи дека ако е здраво не е толку вкусно како брзата храната и слатките. Напротив, здравата храна поготово суровата храна, овошјето сировите слатки ми се толку вкусни, уживам во таквата храна. Еве сега и за велигден ќе направам еден куп здрави и сурови колачи, има прсти да излижеме со семејството . Таквата храна ме прави да се чувствувам среќна, свежа и полна со енергија
Не нaјдoв темa Oвие Витaлијa се прoмoвирaaт кo тaкви и мoрaм дa пишaм Гo прoбaв у пoнеделникoт, у втoрник ме искинa стoмaкoт, средaтa бев oкеј, a вчерa вечер пaк јaдев зa дa прoверaм дaли е oд тoa, сaбaјлевo ме уби стoмaкoт Не е мoжнo дa е oд другa хрaнa А бaш се вкусни oнaкa
Јас ги јадам крекериве ама тие што се со мешан зеленчук и семки од тиква. Нешто посебно вкусни не ми се ама од два крекера веке сум сита...и мене нешто на желудник ме иритираат ама работава беше трпи бабо за убавина и за витка става
Не е најсоодветна тема, но посоодветна не ми дојде пред очи. Ме интересира колку е здраво интегралното брашно на Жито Алтан ( во темна опаковка, се продава во Кам)? Јас од него правам леб, но ми кажаа дека не ми било здрав избор, исто било како белото...
Да, се трудам да се хранам здраво, избегнувам брза храна, слатки, газирани и негазирани (фабрички прозведени) сокови, кои се полни со хемија, сувомеснати производи, бели пецива и тестенини и др., а преферирам зеленчук, овошје, месо, јајца и млечни производи, во умерени количини, риба и зрнести плодови.
Од вчера одлучив да почнам да се хранам здраво заради тоа шо у последно време почнав нагло да накачувам килограми. Одлучив за почеток да го исфрлам лебот целосно. После некое време ќе пробам што помалку благо да јадам. Е сеа, проблемот е што немам никаков план за здрава исхрана, рандом зеленчуци, овошја, смутиња и тн. не ми влијаеа добро првиот ден, немав енергија воопшто. Доколку некој/а има (неделен) план за здрава исхрана би ми било мило ако го сподели.
Здраво на сите, приметив дека нема ваква тема на форумов а мометално се повеќе и повеќе станува актуелна кај нас,па и во светот, Здравата исхрана. Колку се храните здраво, дали здравата исхрана е начин на живеење, колку пазите да не јадете junk food ? Дали здравата исхрана подразбира да е приготвена дома ?
Секој ден се хранам здраво. Можеби еднаш неделно или на две недели јадам или мала пица или бургер. Доручекот ми е скоро секогаш дома приготвен и тоа или е овес со растително млеко и овошје или чиа пудинг. Ако немам време ,истото го купувам надвор. Сега барем има избор и надвор да се купи. За ручек јадам зеленчук најчесто, риба и месо поретко. Вечерата ми е салата,супа,чорба од зеленчук или омлет. Јадам овошје секој ден во мала количина и јатки исто така. Леб јадам ретко,еднаш на 4,5 дена можеби и тестенини исто така, гледам да не јадам толку јагленихидрати. Благо не јадам воопшто.Чоколади, колачи и било какво спакувано благо не постои за мене.Исто така и сувомеснато од било каков.Салами, виршли ,колбаси и паштети треба да се забранат со закон според мене. Ако ми се јаде благо јадам темно чоколадо со 80% какао,јадам урми или си правам домашни колачи без бел шеќер и останати глупости. Кафе пијам еднаш дневно,вештачки сокови не пијам.Вода минимум 2 литири дневно. Од млечно производи,јадам сирење и кашкавал некогаш,во мали количини, јогурт и млеко не пијам. Навика ми е , начин на живеење е. Некогаш имам периоди кога забегувам малку со исхраната, поготово ако патувам или ако ми се фатат седенки со пријатели почесто(кога се грицка)ама гледам одма да се вратам во нормала. Ете така
да ама не секогаш. има периоди кога активно вежбам а има и кога не и сум по мрзлива. ама пешачам скоро секој ден.
Мислам дека темава е дупла но небитно да одговорам. Да, мојот начин на хранење спаѓа во clean,whole вегетаријанска и медитеранска категорија . Не си стварам притисоци ако ми се јаде нешто junk(што е ретко ) пошто веќе за се имам изнајдено здрава алтернатива јадам. Затоа и ми се свиѓа медитеранскиот модел и начин на исхрана, може од се али се знае што е приоритет и најдобро за телото.Моето правило е ако го нема на пазар и неможеш да го направиш дома не го јади.
Не се хранам здраво затоа што обожавам благи работи и месо и колку и да е здраво другото што го јадам, џабе е А јадам домашно свинче хрането без концентрати, телешко хрането само со трева и сено, кокошки и јајца што колваат што најдат и што им фрлиме, домашни непрскани овошје и зеленчук, диви планински капини, малини, шумски јагоди, планински гоџи и аронија, печурки по мојата планина што си растат, домашно млеко, сирење и кашкавал.. Био демерара кафен шеќер или мусковадо, кокосов шеќер, палмов шеќер, брашно од тапиока за згуснување на јадењата, био оризово и бадемово брашно...ама леб и кифли признавам само од бело нездраво брашно и никакво друго..без семиња без чуда.. Тие брашната од наут, од киноа, од спелта, од штоТиЗнамШто - фала ама не.. Млеко признавам само од крава, овца или коза а може и од биволица и тоа домашно намолзено, а не тетрапак.. Тие био млеката од растително потекло не ми се убави, едино домашно бадемово можам да го пијам.. Мед, домашен чист најеколошки што може да е.. Какаово масло е последно нешто што пробав, супер е за сирови десерти ..тука да ставам и кокосово дека користам.. Сирово био какао исто за смуди и десерти, викаат поздраво било од другото па кај сите таму и јас, купив кило да се најде Од кремови и намази, од нутелата не се откажувам па колку сака нека е нездрава. Ама во последно користам една тегла био течно чоколадо со кокос, перверзии е био кокосов крем и еден намаз од бадеми.. И така..се на се иако избегнувам некои производи и наоѓам замена со поздрави, јас не се хранам здраво Алал да им е на тие што можат..иако дискутабилно е колку е здраво и тоа што е во продавница со етикета био или органско.. Сепак мислам дека здравата исхрана е умерено јадење на се што го има во природата, овошје, зеленчук, месо и риба, без избегнување на месото..
Јадам здрава храна почесто од колку нездрава, многу ретко или никогаш не јадам нездрава како месо, чоколади, чипсови, јајца, риби и сл.
Јадам се ама гледам да ја држам килажата во нормала бидејки многу брзо качувам кила. Јадам благо најкасно до 6 часот(освен сладолед него го јадам најкасно), вечерам најкасно до 8 часот. И пијам многу вода.
Каква риба користите замрзната, знам дека не е најздрава, свежа е најубава ама кај нас не се наога. Од замрзнатите која се смета како најсоодветна?