@Yowannty , оваа тема ми се гледа ко посоодветна за одговор, да не ги оптеретувам друшките со (за некои) сувопарни муабети. Да почнам прво од тоа кој леб е полнозрнест, а кој црн. Полнозрнестиот леб е направен од целото (најчесто, пченично) зрно. Тоа значи дека ги вклучува обвивката (богата со растителни влакна, витамини и минерали и се продава засебно како трици), никулецот (богат со витамини Е и Б) и ендоспермот - срцевината на зрното (јаглехидрати и протеини) и затоа се смета за похранлив од белиот леб (белото брашно) во кој останува само срцевината. Црн леб (барем во моето опкружување, додека живеев во Мкд) беше секој леб што не е бел. Groundbreaking. Под црн леб порано, најчесто, се подразбирал 'ржаниот леб, 100% 'рж, тврд и тежок за џвакање. Денес мислам дека е општ, народен израз под кој се подразбира сè што не е бел леб и понекогаш може да биде и обоен бел леб, често украсен со сусам, ленено семе и сл, за да изгледа похранливо. Зборувам за купечкиот, индустриски леб. Не сите производители се свесни и совесни. Но, сега веќе и народот е далеку пообразуван во однос на исхрана, прави разлика, па спрема побарувачката се појавија и добри производи од цело изртено зрно (да не спомнувам имиња). Кој леб е најздрав? Спојлер Тој што нема да го изедеш. Се шегувам. Строго сум против демонизирање на било која хранлива група. И јаглехидрати ни се потребни, па и леб повремено. Меѓу бел и полнозрнест, нема двоумење, јасно дека похранлив е вториот. Но, важни се и количините. Леб, за доручек, ручек и вечера.... За вас, како семејство, мислам дека најдобар избор, засега е т.н ферментиран леб попознат како sourdough bread (ова под услов да немате - а, мислам дека немате во фамилија - нетолеранција на глутен). Претпоставувам дека имате пекари кои го прават, затоа што сте во туристичко место, а последнава декада е ултрапопуларен и туристите си го бараат. Прилично, лесно се прави и во домашни услови, особено ако некој ти даде добар стартер. И тоа не е тешко сама да си направиш, ама читајќите за кифличките, колку се нервираше, со страв ти го предлагам. Пробај, интересен процес е. Лебов, направен од полнозрнесто брашно има многу бенефити за цревната флора. И вкусен е. Ако се решите за чекор понатаму, одберете леб од спелта, 'рж, теф, некоја комбинација. Реално сè се сведува на вкус и лични преференци. Ако се решиш дома да експериментираш со месење леб - не се обесхрабрувај при евентуален неуспех. На почеток и тоа е можно. На Ирис понуди и' од ферментираниот, да грицка за почеток. Премала е за другиве предлози. Пробај и со некои домашни крекери од интегрално брашно, збогатени со семки. И најважо од сè, воведувајте промени во исхраната со ваш ритам. Ти најдобро си го познаваш и телото и семејството. Ако ви се јадат кифлички понекогаш - направи, ако сакате пица - почестете се. Само да не биде секој ден. Третирај ги ко празнична храна. Не сум сигурна дали покрив сè од твоите прашања. Ако сум заборавила, ќе се дополнам. Ако имаш прашања, слобоно, тука или лп. Колку знам, ќе споделувам.
@do-re-mi фала ти многу на опширното излагање. Уште утре одма ќе пробам да најдам од лебот, а и убава идеја ми даде за грицки со интегрално. Имам 2 кила дома, баш се мислев како да го искористам.
@do-re-mi пак јас Последно време правам некои измени во исхрана па ми требаат некои совети. Сега кога почнав да читам што јадам малку ме шокираат некои информации за храни кои сум сметала дека се здрави. На пример белиот ориз кој го јадеме во поголема количина дома, а правилно се јадело само 2 супени лажици. Што би препорачала како замена? Плус да се јаде малку повеќе од само 2 супени лажици ако има такво нешто. Темава не е активна, пишувам со надеж дека некој ќе прочита па ќе може да добијам некој совет плус. Дали некој има проблем со шекер/инсулин, па да сподели како изгледа дневното мени, да пробаме да го изрегулираме инсулинот со исхрана пред да стасаме до терапија.
@Yowannty , ако, прашувај, колку знам, ќе споделувам. Браво за одлуката, независно дали е поради здраствени причини или едноставно желба за промена. Околу оризот, прво што ми текна ко замена за него е киноата, но вкусот не е ист. Киноата има дискретен nutty flavor. Ако сакаш житарка што ќе биде буквална замена за белиот ориз во нашите традиционални рецепти (полнети пиперки, сарма, тава ориз, сутлијаш) и вкусот да биде ист - не знам таква.Можеби, јачмен. Подобар е од аспект на инсулинот. Кога човек подолго се храни вака, со време се менуваат и taste buds, па не сум многу релевантна за традиционални вкусови. Но, пробај со киноа. Особено е вкусна во полнети пиперки, а и само сварена во салата е превкусна или како основно јадење. Има и рецепти за десрет, пудинг со киноа. Не е житарка, семе е. И ги соджи сите 9 есенцијални аминокиселини, што значи е извор на протеин. Богата е со магнезиум, кој меѓудругото помага во регулирање на нивото на шеќерот во крвта. Има релативно низок гликемиски индекс, околу 50 и нешто и е gluten free. Се вари во сооднос 1:2 (киноа:вода). Sold? Други храни за одржување на стабилен шеќер во крвта се: овес, просо, чиа, авокадо, боровинки, бадеми, ореви, спанаќ, кејл, марули, тиквички, броколи, карфиол, лосос, јајца, путер...долга е листата, имате избор. Погледни го видеото во спојлер. Спојлер Најважно од сè е мајндсетот, овој начин на исхрана да не се сфаќа ко казна или привремено решение. Истражувај и експериментирај, најди си рецепти што стварно ви се допаѓаат и гответе и јадете со мерак, без да се грижите за количините. Добро, убаво е и на тоа малку да се внимава. Читај и за кето исхраната. И тука има тема. Кето е заснована на храни со низок гликемиски индекс. Не само што ќе сте сити, туку и задоволни. Promise. Знам дека сакав уште нешто да допишам, ама ќе ми текне.
@do-re-mi сакав од поодамна да направам некои измени, си реков чим за детево внимавам и гледам се да е здраво зошто да не и за нас? Всушност сакав и почнав полека, ама откако стасаа резултатите од испитувањата од маж ми, немам веќе време за чекање и за полека. Морам да направам драстични измени одма. Во принцип практична сум, правам неделно мени и ми стои на фрижидер. Па собирам рецепти што се полесни, побрзи и нормално поздрави, со намирници што ми се лесно достапни. Е сега морам да признаам, истражував деновиве, се изначитав се и сешто и пак мислам дека ништо не сум сфатила. Валда треба време дур се уходам. Колку често може да се јаде овес? Додека се снајдам со идеи за ручекот, се мислам да ги ставам овесот и просото во некои комбинации за доручек некое време, па да ми е бар краткорочно решен еден оброк. Иначе киноа ми е воведена, сите ја сакаме дома, обично ја мешам со овошје и јатки, не знаев дека може и во полнети пиперки да оди. Тоа е нешто што обавезно ќе го пробам. На страна детево, ние двајца имаме 2 главни оброка доручек и ручек, со тоа што навечер се јадат непотребни глупости. Не ми се воведува класична вечера, па барам начин да најдам соодветна замена за грицките. Моркови и јаболки можда? Фала ти многу, секој совет многу ми значи.
Не знам дали ќе ти бидам од помош, јас имам скриен шеќер. Од листите што ги добив од болница на првиот преглед, исхраната беше поделена во три категории - зелена: она што смеам да јадам слободно (зеленчук, салати, лимони, лимети, несолени јатки, месо, павлака, сирење, риба и пијалоци без шеќер), жолта - она што треба во умерени количини да го јадам (леќа, грав, грашок, тиква, пченка, киноа, кисело млеко, амарант, овесни снегулки и сл) и црвена - она што треба да се избегнува или во минимални количини да се конзумира (овошје, ситно овошје - боровница, малина, јагода..., палента, мусли, кускус, бел ориз, тестенини и др производи од бело брашно, гриз, млеко, овошен јогурт). Ми кажаа да се водам до правилото - колку една храна е полесна да се изџвака, повоздушеста, толку повеќе го покачува шеќерот. И ми рекоа да правам комбинации од сите групи на храна, дека морам да внесувам се, јх задолжително во секој оброк, ама да комбинирам добро. Битно исто што ми напоменаа, да имам 3 главни оброци, преку 4-5 саати, без ужинки, евентуално ако сум гладна, како ужинка може шака несолени јатки. Пр за едно мое дневно мени: Д: домашно лепче од полнозрнасто р'жано брашно, варено јајце, салата, павлака, сирење, хуммус + некогаш кашкавал, маслинки и сл. Р: Омлет од јајца, спанаќ, овесни снегулки од полно зрно, сирење, направен на капка маслиново масло + патлиџан + парче овошје или ред чоколадо со 80% какао В: стек или риба и компири или интегрален ориз + салата Со оваа исхрана успеав постојано го држам шеќерот под контрола, се брои на прсти колку пати скокнал и тоа поради неколку мои експерименти. Се надевам помогнав.
@Yowannty , овес јадам секој ден, во форма на каша (porridge) или во смути. Но, немам проблем со шеќер, ниту скриен шеќер. Може за ова подобро е да се изјасни професионалец. Колку што знам, не би било проблем, барем повремено. Богат е со бета глукани кои се одлични за имуниот систем и растителни влакна, познати ко fiber. Не гледам опасност, но не сум стручна во областа. Пробајте и со јајца, авокадо тост, густ јогурт - во светот познат како greek , со бобинки, други полномасни млечни производи (ако нема други противиндикации), путер од било кои јатки (бадем, лешник, кикирики, макадамиа - ако нема алергии на истите), понекогаш дури и сланина, ако јадете месо - има и од мисирка, има рецепти и за кето палачинки и кето лепчиња. Мажите имаат различни енергетски потреби од нас, па штом јадете два оброка, има простор за квалитетен појадок. Барем за викенди. А, навечер, ако сакате да грицкате, нека биде шака јаткасти плодови, несолени; ако сте повеќе гладни и некој зеленчук (чери доматчиња, морков, целер или бабури - bell pepper) со хумус или гвакамоле, чаша јогурт или парче кашкавал, понекое варено јајце, лажичка пупер од кикирики или бадеми. Да бидам појасна, набројаново, не сè во една вечер, само нафрлав разни идеи. Тука е важна количината, за да се смета ко ужинка. Уште еднаш, сметам дека ќе ти биде од помош ако разгледаш кето рецепти на нет. И сама ќе добиеш нови идеи, оти најдобро си ги знаеш вашите прехрамбени преференци како семејство. Се надевам дека помогнав барем малку.
@Marge да, да, фала ти ептен. Поделбава по бои не ја сретнав до сега. Колку што читав грав се препорачува. И за денеска тоа спремав. Ама дома имав само ситно црвено гравче, па сега не знам дали тој вид на грав е во ред.. Во секој случај, фала ти многу на совети. Ќе имам во предвид. @do-re-mi јатки дома имам најразлични во секое време, е тие треба да се ограничат количински. Кето ќе разгледам обавезно. Уф, имам доста за учење. Фала ти женска уште еднаш.
Јас нешто многу битно што разбрав во целиов процес кај мене е дека балансот е најбитен, да има храна од секоја група, така кажано, од ништо да не се скратувам, но со паметно комбинирање на намирниците. Барем кај мене така реагира организмот. Пред да ми дијагностицираат шеќер, скоро секое утро мене појадокот ми беше овесни снегулки + овошје + билно млеко + коцка темно чоколадо. Ова сето помалку или повеќе е иста група на храна, без никаков баланс (според мене). Кога измерив со апаратче после ваков доручек (и тоа само 5 малини и без чоколадо), шеќерот беше вивнат многу високо. Сега ги јадам овесните со грчки јогурт и шеќерот е одличен. Гравче исто јадам, само додавам салата и месо на пример. Клучот кај мене е во балансот, комбинирањето и замена на продуктите (обични со интегрални и сл).
Не те следев баш каков проблем имаш, но гледам ти даваат совети за шеќерот. Јас имав скриен шеќер и сеуште ми се покачува, но сега заради ова малку млеко што го имам не можам на диети да се ставам. Но, кога внимавав на исхрана бев на протеинска диета (многу слична на кето, скоро иста) само барај на нет кето рецепти и тоа е тоа. Исто, ако не сакаш многу месо медитеранска диета е перфекција (риба и морски плодови, зеленчук, маслиново масло, маслинки, различни зачини, целозрнести житарки, јаткасти плодови).
Варијанти колку сакаш ,авокадо и варени јајца ,пире со морков ,хумус и цвекло, колач со јаболка и моркови,палента, грчки јогурт ,јајца од препелица.
Мислам оти здрава храна моментално има лош глас бидејќи се советува со орторексија. И очигледно секој има разни стандарди за тоа шо е здраво. За мене е здраво да се јадат помалку процесирани работи, повеќе овошје и зеленчук и некој вид на протеин и житарки и доколку имаш стрв за нешто и твоето тело го бара тоа јас му го давам. Но кога ќе се навикнеш да јадеш одредена храна после самиот организам ти ја бара таа храна. Но тоа не значи дека не јадам благо некогаш или алкохол доколку сакам. Нема да пропадне светот ако изедам парче чоколадо или па цело чоколадо еднаш. Се е до балансот! Јас имав долг процес со тоа што е здраво и рестрикции и со тоа на самото тело му правев стрес. Те не јадев месо, па бев вегетеријанец па веган, па масло не користев, па пробав други начини на исхрана и сфатив дека сите тие драстични промени и размислување дали нешто е здраво или не и целото преиспитување и гуглање е многу лошо. Сега јадам тоа што бара моето тело и кога се осеќам сита престанувам и имам супер дигестија и гледам самата кожа ми е почиста.
доволно ми е да не внесувам грицки, газирани пијалоци, нешто благо на дневна база за да не качам килограми. пробав да бидам вегетаријанец ама скоро изгубив свест. диети не се за мене, внимавам да се хранам умерено.
Не сум вегетаријанец, кај нас има се по малце во граници на нормала. Месо не готвам секој ден, риба имам еднаш неделно исто и грав еднаш неделно, останатите денови секогаш различно. 97 % е секогаш готвена храна. Пржено освен јајца еднаш месечно друго не користиме. Користам тенџериња на пареа или топол воздух. Исклучиво маслинов зејтин користиме веќе 20 години. Конкретно јас кафе не пијам, газирано во цела година пола литар не испијам, не пушам. И пак сметам дека не се хранам здраво, затоа што без бел леб не можам, до скоро правев домашен постојано сега направив пауза ама пак ќе почнам. Од сувомеснати производи чајна користиме само пица кога правам, останатите сувомеснати производи не ги ни користиме. За ручек ретко сме без салати. Ама ручекот не можам да кажам дека ни е поголем дел вегетаријански. Јас понекогаш си правам веге пица ама маж ми и син ми нема шанси тоа да јадат. Млечни производи исто користиме кашкавал, сирење и јогурт. Путер обавезно. Од млечни производи единствено зденки никако не внесуваме дома, освен ако имаме некоја слава па како декорација или мезе да ги користиме. Горе, долу внимавам ама кога се споредам со едни пријатели дека чоколада не купуваат, секогаш прават домашни со бадеми и лешници, купечко благо јадат само во сабота, месо не користат, густи сокови освен домашни не, децата бонбони нема шанси да добијат, во споредба со нив јас сум шкарт
Хељда, овес, јачмен, предходно оставени во вода, јас понекогаш блендирам со овошје, понекогаш ќе исечкам одозгора дуњи, јаболки, киви, зависи од сезонското овошје, на почеток не е убаво можеби хељдата нема да ти се свиѓа, ама се е навика, мене лично овес со овошје ми е многу убаво.
Незнаев каде да пишам гледам нема тема за нудли меѓутоа напротив сакам да прашам за нешто спротивно од здрава храна Нудлите, дали стварно предизвикувале рак? Јас од коа се изнајадов со месеци нудли една пријателка ми вика дека ги откажала ради таа причина од што и она разбрала дека предизвикувале рак А јас лично многу ги сакам ми се вкусни а и брзо се готват. Коа немам време да јадам најбрзо што може да си направам е нудли ем брзо ем вкусно. И сега тотално ме разочара таа информација. Што мислите вие? Дали се само муабети или....?
Обожавам зеленчук воопшто не ми е грд како што им е на многумина. Овошје нејќам баш али јадам пошто е здраво.
Имам едно прашање секое утро си правам смути со овошје, обично банана,круша,јаболка,малини и лажица путер од кикирики Но незнам дали оваа смути може да се смета за оброк или не Пробав исто да комбинирам и со овесни снегулки но искрено неможам да поднесам да ги јадам Колку можам внимавам на исхрана но најголем проблем ми е утрото бидејки треба нешто набрзина да спремам