Изблендај ги овесните снегулки во смутито, ќе добие на густина. И да, оброк се смета, оти има јх, масти и нешто протеини, може екстра протеин да додадеш (во прав, има од сурутка и вегански, од грашок и слично.)
За да смутито биде оброк во него треба да има и житарки и здрави масти, гледам дека користиш и путер од јатки, така да ок е. Во смути јас наместо путер од кикирики извесно време додавам интегрален таан кој е многу подобар во споредба со путерот од кикирики, често во смутито додавам спанаќ, блитва или рукола, барем за мојата здравствена состојба. За доручек комбинирам смути секако со јатки, или семки од тиква, сончоглед, чиа пудинг, бел леб одмна не јадам, па секогаш кога јадам леб тоа е парче или две ржан леб во комбинација со мешавина од мед и таан,намаз од сончоглед, домашен хумус со марула, маслинки, моцарела, краставица, пиперка, патлиџан кога му е сезона, во овој период не го сакам патлиџанит, авокадо пасирано со вилјушка и малку урда колку да добие вкус, секако со зеленчук кој го имам во моментот, интегрална проја, варено просо, пченица или овес со овошје и лажичка две интегрален таан, повремено варени интегрални кори, ретко интегрален двопек намачкан со тенок слој путер, зеленчук, чаша јогурт и маслинки, леб со мед и сркој ден без исклучок цеден сок од лимон и портокали, слата од цвекло, морков и јаболка со сол, лимон и малку маслиниво или салата од обарено цвекло, брокула, морков, марула со шери, моцаеела семки од тиква, маслинки, домашно обарен наут, варено јајце, домашно песто со моцарела рукола или марула и патлиџан, домашни интегрални крекери со семки и мала чаша јогурт... Ако имате некоја идеја за здрави оброци ве милам споделете, веќе некое време 95% се хранам здраво, пиради здравствен проблем па секој рецепт плус ми е добредојден. И да мноогууу е важно да се пијат најмалку 2 литри вода! По препорака од нутриционист, за мојата здравствена состојба користам само цело зрно житарки.
Може да пишеш хумусот како го правиш и некои слични намази!? На апликација pinterest имаш многууу рецепти.симни ја и разгледај!
Хумосот го правам со домашно киснат наут, се измива убаво, се става да зоврие половина час, и пото го оставам во врелата вода цела ноќ, следниот ден го измивам и лупам, го ставам во блендер, додавам маслиново масло, лимон, сол, 2-3 големи лажици интегрален таан, многу магданос, вода и понекогаш 1 чешне лук или лажичка пченична трева, се блендира и готово е. Се ставам птоизволно, од око. Намаз со сончоглед Се измива 100гр сончоглед, го ставам во голема шоља за чај и го преливам со врела вода и остава да отстои 4-5 часа. Потоа го плавам и истурам во блендер, додавам сок од половина лимон, сол по желба и 2-3 лажици интегрален таан, маслиново масло и вода и секако магданос. Се блендира и спремно е за јадење.
Јас би ти ја препорачала групата Излечи се сам и Здравјето од природата. Првата група е исклучиво со сирова исхрана, втората е комбинирана. Ќе најдеш многу корисни совети штом имаш здравствен проблем.
Ајде да ја активираме малце темава, да не се отвара нова. Да вметнеме и сезонска исхрана во микс со почит на сезоните и зимниците што ни претстојат; Што е на вашето есенско/зимско мени?
Од каде да почнаммм... овесна каша со цимет,јаболка,мед и путер од лешник/кикирики, грчки јогурт со додаток протеин во него+круша,капини, ленено семе,супа од домат и младо сирење за повеќе протеин, здрав пудинг од јапонски јаболка+авокадо+какао,печени пиперки на 100 начини ,зелена салата со пилешко ,смокви и зрнца калинка,сок од калинки... Ја обожавам есента .
Некаде сретнав коментар што сме кукале што суплементите (све тоа хемија било) поскапувале, да сме се хранеле здраво и немало да ни требаат. Куку нонен.
Па реално хемија се и добро ќе беше само природно преку храната да ги внесуваме сите витамини и минерали ама кога би бил светот утопија и кога храната би била вистински здрава, да беше достапна за сите подеднакво и да ги содржеше сите потребни состојки, затоа сакале нејќеле принудени сме на вештачки начин да ги внесуваме. За тие што јаделе бубрези и се праеле паметни дека откриле топла вода - фак оф. Не се интересни ич.
Дури и стварно да можеш да се храниш здраво, некогаш мора да си на ограничена исхрана и другото да внесуваш преку суплементи. Плус пролив да те фати ќе пиеш пробиотик.
Здравата храна е многу скапа. Чиа семе е оган и пламен со цените. Прашање е колку се здрави овошјето и зеленчукот. Некаде читав дека биле прскани со нешто. Одамна се изгуби квалитетот кај нас.
Se e kako plastika,od ovosje i zelencuk ostana samo izgledot,nema vkus,nema miris,,i nema nisto zdravo,srejka e koj ke zivee podolgo denes....
Не само тоа, почвата низ цел свет не е тоа што била пред 1 век, со што зеленчук и овошјето веќе не се толку нутритивни како што некогаш биле. Велат дека треба да изедеш 4-5 портокали за да ги внесеш истите нутритивни вредности како од 1 портокал пред 100 години.
Додека бев во Мк работев во маркет. Да не пишувам какви работи слушав од тие што носеа пиљара. Ни К од квалитет нема. Овошките за 2 дена скапуваа. А зошто? Затоа што беа прскани. Исто и зеленчукот. Ти носат краставици и ти викаат... Тазе се. Ма немој. Како може тазе краставица да е мека??? Портокали, лимони и друго цитрусно овошје... Тоа се е извадено од замрзнувач.
Znam,i sekade e isto,ete i Germanija mene mi e ist vkusot na se,nema razlika,pa organsko,pa neznam kakvo,dzabe e
И јас сум во Германија. И тука нема некој квалитет. А и не се баш евтини цените. Од кило и пол портокали цедам 600мл. сок. Реално, малку е. Ретко да начекам вкусни портокали. А дете кога бев... Убавина. Да ти е мерак да си каснеш.
Ни водата. Катастрофа е све. Абе да, ама порано мислиш суплементирале до овој степен? Па пак биле сто пати поздрави. Сеа што све нема од суплементи, а здравјето и општо имунитетот се послаб и послаб. Ама како фармацевтската мафија би опстанала ако не вака? Не дека сум против суплементи, таман работа. Баш од коа почна пандемијата се отрув од нив, де вакви, де онакви. Сеа преку летово шо не зимав ама буквално ни еден витамин со месеци па фала Богу се океј беше, супер се осеќав. Ама више редно е пак да почнам како залади и еве почнав па да видиме дали ќе билдаме имунутет или ветер во магла ќе биде, а ќе се тешиме дека делуваат. Ми се скурчи више од овие работи и од се аман. И чиата не е баш најздрава како што се прикажува, за жал.