Да не ги пиеш на гладно можда? А и некои има не се комбинираат едни со други, треба да се пази. Да, да. Ја нишо од тоа не конзумирам. Кока колата зеро пак.. Ај нека се тешат дека нема шеќер, нема калории, можда и здрава е. Добро шо мене лично ми е гадна и ретко коа пијам, неам потреба ич. Ме дуе некако, безвезе ми е.
Јас пијам Магнезиум. Треба да се пие додека јадеш. Се распрашував и ми кажаа дека некои витамини на гладно не се пијат.
Нема потреба да се објаснува дека кока колата или кока кола зеро “не е здрава”, фала богу никој не ја зема за да ги исполни дневните потреби од некои витамини и минерали, истото и за кафеавиот шеќер, па и МЕДОТ. Луѓето мислат ако консумираат мед на дневна база или само мед наместо кристален шеќер кој знае колку поголеми бенефити ќе имаат.
Ама постојат такви што мислат дека Кока кола зеро, кафеав шеќер, протеински чоколадни барови се здрави за консумирање. Не смеел да користи шеќер, па затоа пие Кока кола зеро. Дали има во денешно време здрава храна? Односно, дали постои квалитет?
Во денешно време тешко дека ќе најдиш нешто здраво. Најздраво што можиш да направиш е да си имаш своја градина и животни дома па само ти си знаеш како си ги одгледувал. Ама тоа ретко кој го можи. Јас се радувам на тоа што имаме дома кај моите домати, краставици, пиперки, малку лубеници па лето можам да јадам нешто што не се осеќа како пластика. И за месо исто, обично еднаш годишно прасе од село делиме со некого па знам дека тоа месо е домашно, ама пилешко на пример сепак купувам. А за кока колата зеро, морам да признаам дека редовно конзумирам. Знам дека не е најздрава, но во мојот ум се тешам дека е помало зло од обичната полна со шеќер. Мада обична не пијам освен ако немам друг избор, бидејќи стварно ми е многу блага.
Дека нешто нутритивно добиваш од Кока Кола Зеро, не добиваш. Ама не е штетен аспартамот, т.е. засладувачот што се додава таму и во другите пијалоци, освен за една специфична група за луѓе што имаа некаква болест, ама не ми текнува конкретно што беше. За сите останати, иако се тврди дека е канцероген, во реалност за да имаш било каква штета, треба дневно да конзумираш 1000 лименки, до толку нема влијание... Затоа зеро верзиите се многу од помош кај луѓето што пијат често газирани сокови, а сакаат да ослабат, затоа што со зеро значително намалуваат внес на калории, односно испаѓа нешто како пиење газирана вода со вкус..
Јас пак имам слушнато дека зеро е полошата верзија и од basic кока-колата,повеќе шеќери имало дури Подобро да не знам што конзумирам,кој знае што е точно што не е...Кога ќе видиш секој производ има по некоја забранета,канцерогена состојка...Испаѓа се е опасно за јадење и пиење.. Абе ај...
Многу читам на интернет за ова. Не знам веќе ни што е здраво. Имам позната која работи во една наша фабрика за здрава храна (не би сакала да именувам). Позната фабрика е. Она е во делот за протеинските/житни барови. Кажуваше од што ги прават. Ни З од здраво нема во нив. А за цената да не правиме муабет. Едно такво чоколатце достигна цена од 50 денари.
Ова е за варење.Измиј под млаз вода во цедилка убаво,за да не горчи,па стави да се вари во дупло сооднос,јас варам 200 гр во 400 мл вода,нека заврие на јако па намали 15-20 мин на тивко.