Малку е глупаво прашањево, ама сепак.. Може ли оваа крема да се користи и за тело? Лани летото на рамото ме касна некаков инсект, и црвенилото веднаш ми помина, ама еве после една година имам кафеава флека на истото место.
Фантастично ефтино решение за секој проблем што го имате надворешно на лицето а не е по сериозен проблем ... дефинитивно препорачувам....
Имав пирс на носот, и после го исчепкав местото и со цел памет ханзапласт ставав одозгора зошто ми се излупи кожата и црвено беше многу. После се формираше корупка, падна ама сега ми остана мало црвенило или розенило на местото и подолго време ми стои така. Мислите Здраве ќе ми помогне ако е лузна ова останато?
Јас мислам дека не. Прашај најдобро во аптека нека ти преопрачаат тие некоја крема,а мислам дека има креми за лузни
Здраве помага и за изгореници, црвенило, гребаници, мали лузнички и стварно има ефект.Секоја гребаница од мачката ја премачкувам со здраве и за краток период ја снемува.Ние дома го користиме здравето со години наназад, порано кога го немаше од тука мајка ми од Бугарија го земаше и од секогаш сме биле презадоволни.Го користам и на лице секако, има резултати, ги суши акните и почисто ми е лицето.
Здраве кремата во Тинекс е намалена на 35 денари. Проверете го рокот на траење во секој случај, иако за таа цена вреди да се купи.
Пред две недели ја купив Здраве кремата со цинков оксид и неколку пати навечер пред спиење го намачкав цело лице, морам да признаам дека бев изненадена, после првата апликација наредното утро од мозолките немаше ни трага!! Арно ама... после неколку дена осетив дека ми го суши и остатокот од лицето.... Така да почнав да ставам само тенок слој на местото на мозолчето и е ок... многу брзо го санира Е сега, јас имам комбинирана кожа па можеби затоа имаше таков ефект кај мене... Сума сумарум - го препорачувам за сушење на акните, но не за секојдневна употреба на цело лице.
Во главно имам чисто лице но ако некогаш ми се појави мозолка одма ставам и за следниот ден веќе ја нема Корисна е и за изгореници многу!
Јас не верував во неа ама ја купив, ептен ефтина си викам ке ја пробам, па и да не ја употребам никому ништо. Ама презадоволна сум. Не џабе велат лекот може е без пари ама треба да ти го каже некој.
Jas od denes pocnav da ja stavam imam eden del od liceto kako seboreicna promena pa da probam so Zdrave dali ke mi pomogne,dosta mi go isfalija
Еден моја другарка има многу чувствителна кожа, и и се имаат појавено бубуљици и црвенило еден тон на многу специфично место - на задникот, и не поминуваат нон стоп нови се појавуваат... дали кремава би помогнала во овој случај, знае ли некој???
Тоа не се бубуљици, туку чирови. И воопшто не се мачкаат со крем затоашто од мрсните кремови на чирот се создава гној и боли ненормално. Кај мене беше така. Неможев на гз да седнам. Воопшто нека не ги чепка и сами со себе си поминуваат.
Ова со години и се дешава не поминува... дајте совет некој ако користел нешто што помогнало или некој третман на природна база...?
Здраве ја користев. Ми помогна едно време, ми се исчисти лицето колку толку. Ама потоа веќе немаше ефект .. Барем така кај мене.