Јас сум една од тие што не му помага кремата. Ниту ја влошува, ниту ја подобрува ситуација. Исто како да не ја ставам...
Знае ли некој дали здраве кремата помага за флеки од влакна (мислам на оние кои се појавуваат со ,,копање“ на поткожните влакна)? Сакав да ја купам но незнам дали делува...Или да ми препорача некоја друга крема што би помогнала? Благодарам однапред.
Izvonredna krema. Ja upotrebuvam uste od vremeto na Socializmot vo Bugarija. Bas sega naracav da mi donesat 4 kutivcinja.
Ја имам пробано.Ставав крем директно на мозолчето затоа што прочитав тука ако се става на цело лице,многу го суши,па мислам дека и не е наменета баш онака на цело лице да се мачкаш.Имаше ефект кај поголемите мозолчиња,го суши и по некое време почнува да се лупи,па станува помало.
И јас ја имам Здраве кремата. Не ја користев многу често бидејќи некако и немаше некој ефект. Потоа случајно дознав од другарка дека таа ја користела за откога ќе пукне мозолчето, па потоа ставала на местото за тоа да се исуши и излупи. Пробав и јас така па некако подобро ми беше и продолжив само така да ја користам.
Маж ми купи една темно плаво пакување. Му ја ставам на детето пред спиење во пеленската регија ама не секојдневно, кога е малку зацрвенето. Крута е да, ама мислам дека има пудра или талк, затоа. Инаку за пеленски осип кога имаше, најдобрами беше фарнцуската Gamard, макар што и оваа е квалитетна за некои помали иритации. Сепак, мислам дека не е баш избор за секојдневна употреба, што знам, да не ја исуши кожата заради талкот.
Ми текна баш на кремава пред некој ден, бидејќи бев во потрага по нешто што се нанесува на самата акна за да се исуши. Памтам пред некои 7-8 години и на мене и на брат ми доста ни помогна со акните. Само мислам оригиналот е многу подобра од онаа со полесна текстура.
Каде можам да ги најдам останатите производи на здраве во Македонија? Има само дел од линијата шампони против првут, но не и останатите.
Во маркетите Кит-Го има производи на Здраве, но не знам дали има од друга линија, освен шампони. Провери таму.
Не знам од каде си, но во Скопје имаат маркети во Бутел, Кисела Вода и Тафталиџе, а во внатрешноста во Велес, Штип, Куманово. Не знам дали има и во други градови.
Против акни дефинитивно ја препорачувам онаа сината, со цинков оксид НО лека формула! Мене ми траеше дооолго време. Немав никаков ефект од обичната. Оваа е земена по грешка но ја задржав и пробав секако. Дефинитивно имаше разлика. Ја користев исклучиво на делови каде што имав акни (не на цело лице) и имаше добар ефект. Пред некое време ми се потроши, ги превртев сите маркети и продавници и не ја најдов. Ја зедов обичната и само се потсетив колку не ми помага. Штета што не ја носат веќе онаа „лека формула“.