Здраво женски, имаме ваква тема каде што се објавуваат секакви рецепти и слики од различни јадење и оди супер. Сега сме во ера на некоја здрава храна и секоја една од нас верувам дека во текот на денот, неделата настојува да се храни поздраво. Па ја отварам оваа тема за сите да ги објавувате сликите од "healthy meals", рецепти за нив и може како идеја сега ми дојде да ставаме слики од оброци што ги спремате од дома за работа, училиште, факултет . Еве еден здрав десерт што сега го направив од мене -ореви, лешници, бадеми (било какви јатки) -едно лажиче какао и цимет -3,4 лажички мед -една убаво созреана банана -суво овошје (опционално) -прстофат сол -кокос Се оди во блендер, се блендира 10тина минути, смесата треба да биде густа и леплива, ако е течна ставете повеќе јатки. Во тава се става хартија за печење и се истура смесата, убаво се рамни одозгора. Може ако сакате поблаго да ја ишарате со стопено црно чоколадо. Јас овој пат ставив кокос и искршени јатки. Најубаво е да стои 5,6 часа во фрижидер за убаво да се стврдне. После ја сечете во каков и облик да сакате (јас правам квадрати или правоаголници). Идеално за кризни периоди за благо Исто пред некој ден направив "мафини" - се матат јајца 5 или 6 јас ги ставив и жолчка и белка а имам правено и само со белка (понискокалорични се тие), откако убаво ќе ги изматите ставате внатре ситно сечкан зеленчук буквално што и да имате дома - спањаќ, домати, пиперка, маслинки, пченка, печурки и сол бибер на крај. Во калап за мафини ја истурате смесата - не ги полнете калапите до горе нека остане простор и печете некои 20тина минути. Кога одам на факултет, во мала тегла правам овесна каша од вечер и пронајдок на годината ми е зашто ме држи сита многу долго време Најдобар сооднос за овесната каша ми е 1 шоља овес со 2 шољи вода. Јас ја сакам густам и ја мешам цело време со вода.Ја топлам водата, во сад настрана ставам овесни снегулки, лажичка какао, лажичка чија семе, лажичка мед, кокос и една рака мешано од јатки и суво овошје. После попарувам со водата и ја покривам со прозирна фолија и ја ставам фо фрижидер. Наредното утро само се префрлам во тегличка и ставам уште малку какос одозгора зашто сум опседната со кокос овој период Немам моментално слики од се, ама ветувам дека ќе ставам ! Се надевам дека темата ќе профункционира и дека ќе се даваат повеќе идеи како и што носите од дома за оброк надвор и како ви се одвива еден убав, здрав ден Ве гушкам
Eve vo momentov pojaduvam pa ajde da stavam slika .Inaku sekoe sabajle jadam oves,i vo zavisnost od toa kakvo suvo ovoshje imam,toa stavam,plus aronija.Ovoj pat staviv suvo grozje,leneno seme,i sveza aronija.Ovesot go pravam odvecer da nakisne vo voda.
Баш и јас сакав да отворам ваква тема се мислев деновиве. Би било супер да има сликче и под секоја слика рецепт
Исто идеја за појадок или па за после тренинг - варам какао, го ставам во блендер ставам 1 банана и 1 2 урми, преубав шејк излегува
Супер тема имам многу рецепти, ама немам навика да сликам храна. Почнав и на работа секојдневно да си носам ручек кој обично се состои од некоја варена житарка( просо, киноа, хељда, ориз)+ зеленчук. Ќе пробам да се сетам да сликам и постирам, можеби на некој ќе му послужи А и мене често ми треба инспирација
Киноа со печурки, супер и како салата и како оброк. Одев по овој рецепт, само ставив 250гр печурки и заборавив да додадам лимон. Супер беше и без него. Превкусен, здрав и брз оброк. Спојлер: Рецепт П.С. Дозата што испаѓа е супер за двајца.
Овесни снегулки со додатоци по желба Одма да кажам, не изгледа сјајно ама многу е вкусно. Ова е појадок за денови кога знам дека нема да имам време да јадам па ми е потребно нешто да ме држи и нема да сум гладна. Потребни се овесни снегулки кои треба да отстојат преку ноќ, ги поливам со жешка вода и после 10мин. ги ставам во фрижидер. ( така поубаво примаат) Утрото ставив лажица какао, лажица путер од кикирики и лажица шеќер( сега овде може и стевиа или мед претпоставувам), половина банана, семиња или мелени јатки по желба. Убаво промешајте и наздравје ! А дали може да ставаме рецепти ако ги немаме испробано и да додадеме слики од нет?
Појадок Смути од занрзнати банани и капини, некои семиња и вода Како каша ми испадна и со лажичка го јадев, мислам дека ако се замрзне ќе биде преубав сладолед
Оризови галети со јајце и авокадо Пола авокадо и едно варено јајце ги испасирав со вилушка, на јајцето додадов малку масло. Потоа ги "намачкав" галетите(или двопек) со смесата и истискав малку лимон за вкус. Уживајте!