Многу често. Чипсот го заменувам со ова. Јадам бадеми, ореви и лешници. Леблебиите ги јадам, ама не ми се исто вкусни, како горе спомнативе.
Ги обожавам јаткастите плодови ~ Превкусни ми се. Често ми се пријадува по некој лешник ! И ореви сакам-ама леблебии не баш.
Најчесто јадам лешници и бадеми а често се прашувам,спаѓаат ли кикириките во здрави грицки,и дали дебелеат?
Па сега често не јадам баш иако сакам али лошото е што секогаш здравата исхрана е поскапа и после се прашуваме зошто имаме вишок килограми на себе. Инаку најмногу сакам да јадам ореви, лешници, бадеми посебно испечени со сол и секако да не ги заборавам и фстаците кои најретко ги купувам, а најмногу ги сакам...
Спојлер http://bakokomerc.com/index.php?language=MK&submenu=peanuts&page=peanuts Ги заборавив фастаците. Омилени ми се.
Здрави грицки се и пуканките ама сите здрави грицки вклучувајќи ги и бадемите, лешниците, фстаците, семки, сончогледи и сл. преминуваат во нездрави со додавање на солта а без неа па и не се до толку вкусни. И пак треба да се има умереност во изедената количина бидејќи си содржат доста калории. Како велат..4-5 бадемчиња или една рака најмногу Други видови на здрави грицки кои се?
Имам слушнато дека и сувото грозје, суви сливи спагаат во здрави грицки или грешка сум? ако спагаат во здрави грицки тогаш, да тоа си јадам почесто суво грозје слатко ми е ептен + велат дека го намалува апетитот.
Ич не ги јадама од причини што се многууу калорични во 100грама бадем,орев,лешник,лупен сончоглед,кикирики..и све то има преку 700калории..а тоа е премногу..мене доручекот и ручекот заедно не ми се толку Иначе Кенди и јас мислам дек ае здраво сувото грозје и кога ќе ми се пријаде некогаш ептен благоо..си поткаснувам тоа..
Немам пробано. Инаку обожавам да јадам индиски оревчиња, печени бадеми и лешници, па и свежи ореви. Од суво овошје ако спаѓа во здрави грицки(а верувам дека спаѓа) обожавам урми да јадам, ко ништо 200 грама можам да смачкам. Ама дневен внес е доволно од 100 грама какви и да се сушени или свежи од здравиве грицки, па така и кај здравата храна мора човек да се воздржува.
Од сите тие, највеќе јадам печена соја како меѓуоброк. Ужинка. Бадеми, ореви , посебно лешниците ми се претешки и не би можела повеќе од 5 бадеми или 5 лешници да изедам.
Да да да! Јадам многу пошо ѓи чуваме на таван се качувам и си симнувам со мене едно ќесе полно со ореви и бадеми Понекогаш знам да изнакршам па да ги испечам мхм мхм мераци Леблебија исто така јадам ..само поради тоа што е многу сува знае понекогаш да ме подзадави
Јас ги обожавам бадемите,лешниците и оревиите ги јадам само во овај период додека се бели ммм кога ќе уздреат не ми се многу вкусни . Речиси секоја ден јадам и сончоглед и тој многу ми е вкусен,најчесто грицкам кога ќе ми е досадно